Стара чаршија Archives - Република https://republika.mk/tema/stara-charshija/ За подобро да се разбереме Sun, 05 Nov 2023 09:44:34 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Стара чаршија Archives - Република https://republika.mk/tema/stara-charshija/ 32 32 Обвинение за човекот кој нападна и се закануваше со смрт кон телевизиската екипа на Алсат во Старата чаршија https://republika.mk/vesti/crna-hronika/obvinenie-za-chovekot-koj-napadna-i-se-zakanuvashe-so-smrt-kon-televiziskata-ekipa-na-alsat-vo-starata-charshija/ Sun, 05 Nov 2023 09:44:34 +0000 https://republika.mk/?p=698348

Основното јавно обвинителство Скопје до надлежниот суд поднесе обвинение против 53-годишник за кривично дело – Насилство според член 386 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Обвинетиот, на 21 август, пред берберница во Старата скопска чаршија, малтретирал, грубо навредувал и насилнички се однесувал кон новинарска екипа на ТВ Алсат и предизвикал чувство на вознемиреност и страв кај сведоци на настанот, соопшти Обвинителството.

Додека снимател и две новинарки снимале за потребите на телевизијата, тој најпрвин излегол од берберницата и почнал гласно да ги пцуе. Потоа влегол внатре и зел ножици, по што се вратил кај оштетените и директно им се заканил дека ќе ги убие. Тие почнале да се повлекуваат на друга локација, но во тој момент обвинетиот му пришол од зад грб на снимателот и го удрил со тупаници по главата. Оштетениот во прв момент изгубил рамнотежа од ударот и ја спуштил камерата. Потоа се исправил и почнал да се брани од ударите на обвинетиот. Наскоро интервенирале и други граѓани за да го спречат натамошното насилство и го одвлекле обвинетиот во берберницата, посочуваат од Обвинителството.

Како што се наведува, од поведувањето на постапката за осомничениот на сила се мерки на претпазливост.

https://republika.mk/vesti/crna-hronika/izlegol-od-berbernitsa-i-pochnal-da-go-udira-i-navreduva-napadnat-snimatel-na-tv-alsat-vo-starata-skopska-charshija/

The post Обвинение за човекот кој нападна и се закануваше со смрт кон телевизиската екипа на Алсат во Старата чаршија appeared first on Република.

]]>

Основното јавно обвинителство Скопје до надлежниот суд поднесе обвинение против 53-годишник за кривично дело – Насилство според член 386 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Обвинетиот, на 21 август, пред берберница во Старата скопска чаршија, малтретирал, грубо навредувал и насилнички се однесувал кон новинарска екипа на ТВ Алсат и предизвикал чувство на вознемиреност и страв кај сведоци на настанот, соопшти Обвинителството.
Додека снимател и две новинарки снимале за потребите на телевизијата, тој најпрвин излегол од берберницата и почнал гласно да ги пцуе. Потоа влегол внатре и зел ножици, по што се вратил кај оштетените и директно им се заканил дека ќе ги убие. Тие почнале да се повлекуваат на друга локација, но во тој момент обвинетиот му пришол од зад грб на снимателот и го удрил со тупаници по главата. Оштетениот во прв момент изгубил рамнотежа од ударот и ја спуштил камерата. Потоа се исправил и почнал да се брани од ударите на обвинетиот. Наскоро интервенирале и други граѓани за да го спречат натамошното насилство и го одвлекле обвинетиот во берберницата, посочуваат од Обвинителството.
Како што се наведува, од поведувањето на постапката за осомничениот на сила се мерки на претпазливост. https://republika.mk/vesti/crna-hronika/izlegol-od-berbernitsa-i-pochnal-da-go-udira-i-navreduva-napadnat-snimatel-na-tv-alsat-vo-starata-skopska-charshija/

The post Обвинение за човекот кој нападна и се закануваше со смрт кон телевизиската екипа на Алсат во Старата чаршија appeared first on Република.

]]>
Излегол од берберница и почнал да го удира и навредува: Нападнат снимател на ТВ Алсат во Старата скопска чаршија https://republika.mk/vesti/crna-hronika/izlegol-od-berbernitsa-i-pochnal-da-go-udira-i-navreduva-napadnat-snimatel-na-tv-alsat-vo-starata-skopska-charshija/ Mon, 21 Aug 2023 18:32:26 +0000 https://republika.mk/?p=674320

Полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода С.Е. (53) од Скопје, постапувајќи по добиена пријава од Б.Ј. (39) од Скопје, снимател во ТВ Алсат, дека, додека заедно со уште две лица снимале интервју во Старата скопска чаршија, од берберски салон излегло машко лице и физички го нападнало.

Како што соопшти МВР, веднаш по добиената пријава, преземени се соодветни мерки и активности и напаѓачот е идентификуван и приведен од страна на полициски службеници.

По документирање на случајот, ќе биде поднесен соодветен поднесок.

За инцидентот реагираа и од Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ), од каде побараа да се спроведе брза и ефикасна истрага за нападот врз колегите од ТВ Алсат.

За време на снимањето инсерти за промо на емисија во Скопската чаршија на јавна површина, нападнати се снимател и новинарките Ера Ѓакова и Сара Хоџа од страна на сопственик на берберница во скопската чаршија.

Според изјавите на нашите колеги, додека снимале инсерти во чаршијата за потребите на емисијата од еден од дуќаните излегол сопственикот, бербер со ножици и им се обратил со вербални навреди и закани по живот, при што на снимателот му нанел видливи повреди на главата.

При физичкиот напад била оштетена и опремата на снимателот. ЗНМ веднаш контактираше со новинарката од Алсат, Ера Ѓакова која беше видно вознемирена ни го потврди инцидентот и ни даде конкретни информации дека: Екипата со која снимале на терен била нападната без причина од страна на непознато лице, ситуацијата била непредвидлива и многу вознемирувачка, особено за нападнатиот снимател а и за колешката Сара Хоџа на која ова не и е прв пат да биде нападната, “лицето по нападот се врати во дуќанот а потоа повторно илезе, но кога виде дека веќе се собраа минувачи да помогнат а и дека е повикана полициска екипа се упати во непознат правец ”.

ЗНМ бара од Министерството за внатрешни работи да спроведе брза и ефикасна истрага во интерес на пронаоѓање и санкционирање на напаѓачот.

Потенцираме дека заканите по живот се кривични дела предвидени во Кривичниот законик а МВР и ОЈО, треба итно да ги истражат и процесираат со цел да ги казнат оние кои го прекршуваат законот но и да превенираат евентуални вакви кривични дела во иднина, се наведува во реакцијата на ЗНМ.

 

The post Излегол од берберница и почнал да го удира и навредува: Нападнат снимател на ТВ Алсат во Старата скопска чаршија appeared first on Република.

]]>

Полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода С.Е. (53) од Скопје, постапувајќи по добиена пријава од Б.Ј. (39) од Скопје, снимател во ТВ Алсат, дека, додека заедно со уште две лица снимале интервју во Старата скопска чаршија, од берберски салон излегло машко лице и физички го нападнало. Како што соопшти МВР, веднаш по добиената пријава, преземени се соодветни мерки и активности и напаѓачот е идентификуван и приведен од страна на полициски службеници. По документирање на случајот, ќе биде поднесен соодветен поднесок. За инцидентот реагираа и од Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ), од каде побараа да се спроведе брза и ефикасна истрага за нападот врз колегите од ТВ Алсат.
За време на снимањето инсерти за промо на емисија во Скопската чаршија на јавна површина, нападнати се снимател и новинарките Ера Ѓакова и Сара Хоџа од страна на сопственик на берберница во скопската чаршија. Според изјавите на нашите колеги, додека снимале инсерти во чаршијата за потребите на емисијата од еден од дуќаните излегол сопственикот, бербер со ножици и им се обратил со вербални навреди и закани по живот, при што на снимателот му нанел видливи повреди на главата. При физичкиот напад била оштетена и опремата на снимателот. ЗНМ веднаш контактираше со новинарката од Алсат, Ера Ѓакова која беше видно вознемирена ни го потврди инцидентот и ни даде конкретни информации дека: Екипата со која снимале на терен била нападната без причина од страна на непознато лице, ситуацијата била непредвидлива и многу вознемирувачка, особено за нападнатиот снимател а и за колешката Сара Хоџа на која ова не и е прв пат да биде нападната, “лицето по нападот се врати во дуќанот а потоа повторно илезе, но кога виде дека веќе се собраа минувачи да помогнат а и дека е повикана полициска екипа се упати во непознат правец ”. ЗНМ бара од Министерството за внатрешни работи да спроведе брза и ефикасна истрага во интерес на пронаоѓање и санкционирање на напаѓачот. Потенцираме дека заканите по живот се кривични дела предвидени во Кривичниот законик а МВР и ОЈО, треба итно да ги истражат и процесираат со цел да ги казнат оние кои го прекршуваат законот но и да превенираат евентуални вакви кривични дела во иднина, се наведува во реакцијата на ЗНМ.
 

The post Излегол од берберница и почнал да го удира и навредува: Нападнат снимател на ТВ Алсат во Старата скопска чаршија appeared first on Република.

]]>
Во Охрид затворени 37 занаетчиски дуќани, ја изгубија битката со високите сметки за струја https://republika.mk/vesti/ekonomija/vo-ohrid-zatvoreni-37-zanaetchiski-dukjani-ja-izgubija-bitkata-so-visokite-smetki-za-struja/ Wed, 21 Dec 2022 08:38:40 +0000 https://republika.mk/?p=588245

Од почетокот на годинава до денес, 37 занаетчии во Охрид ги затвориле дуќаните, објави Телевизија Алфа. Причината лежи во економската криза и превисоките сметки за струја, велат од регионалната занаетчиска комора.

Да згаснуваат занаети вака драстично и во олку голем обем не се случило никогаш до сега, но повеќе не е издржливо да се работи. Поголемиот број занаетчии не можат да ја покријат потршувачката кошница со прометот кој го остваруваат во текот на еден месец. Ние сме ситни занаетчии, самостојни вршители на дејност, самовработени и за нас во прв ред сметките за стуја се превисоки. Од Владата побаравме помош уште од крајот на месец август, но одговор велат нема.

Побаравме од Влада, испративиме допис да се стави некоја ставка барем онолку колку што плаќаат домаќинствата, да не сме на индустриска струја. Самиот збор индустриска поврзано со занаетчиство нема никаква врска, значи ние сме занаетчии, не сме индустријалци. Првичниот одговор беше од Владата примено е вашето барање и доставено до таму и таму, од таму и таму е доставено до таму и таму и ние сега чекаме да видиме до каде е стигнато нашето барање“ – рече Сашо Богоески, потпретседател на занаетчиска комора на Македонија.

За време на корона пандемијата Владата не залажуваше со тоа што добивме по некоја плата, за потоа на одреден број знаетчии да им биде побарано да ги вратат парите назад, но и преку тоа преминаваме, се крпаревме некако, но сега веќе не можеме, огорчени се занаетчиите.

Целиот текст прочитајте го ТУКА

The post Во Охрид затворени 37 занаетчиски дуќани, ја изгубија битката со високите сметки за струја appeared first on Република.

]]>

Од почетокот на годинава до денес, 37 занаетчии во Охрид ги затвориле дуќаните, објави Телевизија Алфа. Причината лежи во економската криза и превисоките сметки за струја, велат од регионалната занаетчиска комора. Да згаснуваат занаети вака драстично и во олку голем обем не се случило никогаш до сега, но повеќе не е издржливо да се работи. Поголемиот број занаетчии не можат да ја покријат потршувачката кошница со прометот кој го остваруваат во текот на еден месец. Ние сме ситни занаетчии, самостојни вршители на дејност, самовработени и за нас во прв ред сметките за стуја се превисоки. Од Владата побаравме помош уште од крајот на месец август, но одговор велат нема. Побаравме од Влада, испративиме допис да се стави некоја ставка барем онолку колку што плаќаат домаќинствата, да не сме на индустриска струја. Самиот збор индустриска поврзано со занаетчиство нема никаква врска, значи ние сме занаетчии, не сме индустријалци. Првичниот одговор беше од Владата примено е вашето барање и доставено до таму и таму, од таму и таму е доставено до таму и таму и ние сега чекаме да видиме до каде е стигнато нашето барање“ – рече Сашо Богоески, потпретседател на занаетчиска комора на Македонија. За време на корона пандемијата Владата не залажуваше со тоа што добивме по некоја плата, за потоа на одреден број знаетчии да им биде побарано да ги вратат парите назад, но и преку тоа преминаваме, се крпаревме некако, но сега веќе не можеме, огорчени се занаетчиите. Целиот текст прочитајте го ТУКА

The post Во Охрид затворени 37 занаетчиски дуќани, ја изгубија битката со високите сметки за струја appeared first on Република.

]]>
18-годишен возач на Ауди А4 прегазил старица во Скопје https://republika.mk/vesti/crna-hronika/18-godishen-vozach-na-audi-a4-pregazil-starica-vo-skopje/ Tue, 25 Jan 2022 20:25:58 +0000 https://republika.mk/?p=449415

Полицијата соопшти дека млад возач на 18-годишна возраст прегазил 72-годишна жена. Старицата добила тешки телесни повреди.

Несреќата се случила тесната и прометна улица „Славеј планина“ зад старата Скопска Чаршија.

Полицијата не соопшти дали младото момче кое возело моќен Ауди А4 е приведено.

На 24.01.2022 во 10.20 часот било пријавено дека на ул.„Славеј Планина“ во Скопје, патничко возило „ауди А4“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Е.Р.(18) од Скопје удрило во пешакот Ќ.У.(72) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Ќ.У., констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје, соопштија од МВР.

The post 18-годишен возач на Ауди А4 прегазил старица во Скопје appeared first on Република.

]]>

Полицијата соопшти дека млад возач на 18-годишна возраст прегазил 72-годишна жена. Старицата добила тешки телесни повреди. Несреќата се случила тесната и прометна улица „Славеј планина“ зад старата Скопска Чаршија. Полицијата не соопшти дали младото момче кое возело моќен Ауди А4 е приведено.
На 24.01.2022 во 10.20 часот било пријавено дека на ул.„Славеј Планина“ во Скопје, патничко возило „ауди А4“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Е.Р.(18) од Скопје удрило во пешакот Ќ.У.(72) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Ќ.У., констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје, соопштија од МВР.

The post 18-годишен возач на Ауди А4 прегазил старица во Скопје appeared first on Република.

]]>