стадиони Archives - Република https://republika.mk/tema/stadioni/ За подобро да се разбереме Wed, 07 Feb 2024 12:08:28 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png стадиони Archives - Република https://republika.mk/tema/stadioni/ 32 32 Од април влез на стадионите во Грција само со дигитална лична идентификација https://republika.mk/sport/fudbal/od-april-vlez-na-stadionite-vo-grtsija-samo-so-digitalna-lichna-identifikatsija/ Wed, 07 Feb 2024 12:08:28 +0000 https://republika.mk/?p=741438

По пауза од два месеци, натпреварите од првата фудбалска лига во Грција, од вторник повторно ќе се играат со публика, од следниот месец задолжителни ќе бидат безбедносните камери, а од април влезот на стадионите ќе се врши со специјална апликација за дигитална лична идентификација на навивачите, јави дописничката на МИА од Атина.

Алтернативниот министер за спорт на Грција Јанис Вруцис и министерот за дигитална политика Димитрис Папастергиу денеска ги презентираа новините и реформите што во следните два месеци ќе се воведат на стадионите во Грција, со цел да се спречи спортското насилство кое во земјата сè почесто одзема човечки животи.

Вруцис порача дека и при најмало прекршување на предвидените мерки по 13 февруари, односно како што рече, ако биде фрлен и само еден опасен предмет се затвора стадионот и следниот натпревар екипата домаќин ќе го игра без публика, зад затворени врати.

Нашата цел е да не влијаеме на првенството. Го почитуваме раководното тело на фудбалот и Грчката фудбалска федерација, како и на секој друг спорт, исто како што ги почитуваме прописите на УЕФА и ФИФА. Но, наше право е да ја гарантираме безбедноста на граѓаните на стадионите, затоа кога ќе процениме дека постои небезбедна средина, тогаш строго ќе се запази сè што е предвидено во законот, порача Вруцис.

Објасни дека од 6 март ќе биде задолжителен електронски надзор на спортски објекти за натпреварите од првата фудбалска и кошаркарска лига со поставување современи камери со конкретни спецификации, обврска што ја имаат самите екипи.

Од 9 април се воведува дигитална идентификација на сопствениците на билетите, што ќе се врши преку мобилните телефони.

Министерот за дигитална политика на Грција Димитрис Папастергиу, детално објасни како ќе функционира идентификацијата, посочувајќи дека иако досега постоеше електронски билет не можеше да има лична идентификација, а решението сега доаѓа од технологијата преку мобилниот телефон.

Ќе се користи апликацијата на грчката Влада, односно дигиталниот паричник каде што веќе постојат сите лични податоци, ќе се внесува билетот и автоматски ќе излегува единствениот баркод на сопственикот на билетот, кој ќе се скенира на влезовите на стадионите.

За странските државјани, процедурата е идентична, но со скенирање на пасошот и вметнување на билетот.

Паралелно ќе постои и „црна листа“, односно апликацијата преку личниот и единствен број ќе ги исфрла оние кои имаат забрана за влез на стадионите и нема да можат да внесат податоци за електронскиот билет.

Исклучок од овие правила се меѓународните натпревари што се под УЕФА, бидејќи како што објаснија надлежните министри, таму важат правилата на европската федерација.

По зголемениот број случаи на спортско насилство и откако полицаец им подлегна на повредите по напад од навивачи за време на одбојкарски натпревар во Атина во декември минатата година, грчката Влада воведе мерки, меѓу кои сите натпревари од првата фудбалска лига во Грција, два месеци да се играат зад затворени врати до 12 февруари.

The post Од април влез на стадионите во Грција само со дигитална лична идентификација appeared first on Република.

]]>

По пауза од два месеци, натпреварите од првата фудбалска лига во Грција, од вторник повторно ќе се играат со публика, од следниот месец задолжителни ќе бидат безбедносните камери, а од април влезот на стадионите ќе се врши со специјална апликација за дигитална лична идентификација на навивачите, јави дописничката на МИА од Атина. Алтернативниот министер за спорт на Грција Јанис Вруцис и министерот за дигитална политика Димитрис Папастергиу денеска ги презентираа новините и реформите што во следните два месеци ќе се воведат на стадионите во Грција, со цел да се спречи спортското насилство кое во земјата сè почесто одзема човечки животи. Вруцис порача дека и при најмало прекршување на предвидените мерки по 13 февруари, односно како што рече, ако биде фрлен и само еден опасен предмет се затвора стадионот и следниот натпревар екипата домаќин ќе го игра без публика, зад затворени врати.
Нашата цел е да не влијаеме на првенството. Го почитуваме раководното тело на фудбалот и Грчката фудбалска федерација, како и на секој друг спорт, исто како што ги почитуваме прописите на УЕФА и ФИФА. Но, наше право е да ја гарантираме безбедноста на граѓаните на стадионите, затоа кога ќе процениме дека постои небезбедна средина, тогаш строго ќе се запази сè што е предвидено во законот, порача Вруцис.
Објасни дека од 6 март ќе биде задолжителен електронски надзор на спортски објекти за натпреварите од првата фудбалска и кошаркарска лига со поставување современи камери со конкретни спецификации, обврска што ја имаат самите екипи. Од 9 април се воведува дигитална идентификација на сопствениците на билетите, што ќе се врши преку мобилните телефони. Министерот за дигитална политика на Грција Димитрис Папастергиу, детално објасни како ќе функционира идентификацијата, посочувајќи дека иако досега постоеше електронски билет не можеше да има лична идентификација, а решението сега доаѓа од технологијата преку мобилниот телефон. Ќе се користи апликацијата на грчката Влада, односно дигиталниот паричник каде што веќе постојат сите лични податоци, ќе се внесува билетот и автоматски ќе излегува единствениот баркод на сопственикот на билетот, кој ќе се скенира на влезовите на стадионите. За странските државјани, процедурата е идентична, но со скенирање на пасошот и вметнување на билетот. Паралелно ќе постои и „црна листа“, односно апликацијата преку личниот и единствен број ќе ги исфрла оние кои имаат забрана за влез на стадионите и нема да можат да внесат податоци за електронскиот билет. Исклучок од овие правила се меѓународните натпревари што се под УЕФА, бидејќи како што објаснија надлежните министри, таму важат правилата на европската федерација. По зголемениот број случаи на спортско насилство и откако полицаец им подлегна на повредите по напад од навивачи за време на одбојкарски натпревар во Атина во декември минатата година, грчката Влада воведе мерки, меѓу кои сите натпревари од првата фудбалска лига во Грција, два месеци да се играат зад затворени врати до 12 февруари.

The post Од април влез на стадионите во Грција само со дигитална лична идентификација appeared first on Република.

]]>
Апартхејд? Само Шкендија смее да тренира и игра на двата стадиони во Тетово https://republika.mk/sport/fudbal/aparthejd-samo-shkendija-smee-da-trenira-i-igra-na-dvata-stadioni-vo-tetovo/ Wed, 16 Aug 2023 10:49:58 +0000 https://republika.mk/?p=672671

Во моментов на стариот градски стадион, но и на новиот градски стадион, ФК Тетекс, ФК Љуботен и ЖФК Љуботен немаат право на нивно користење, тренинзи, одигрување на натпревари во лигата од засега непознати причини, информираат од фудбалскиот клуб Тетекс Тетово, додавајќи дека екслузивно право на користење на двата стадиони има само фк шкендија!

Се запрашуваме, дали во 21-от век е нормално само поради тоа што сме МАКЕДОНЦИ кои живеат во Општина Тетово да немаме право на тренинзи на природна трева?, прашуваат од ФК Тетекс.

Информираат дека со месеци, односно поточно од февруари навака одржани се неколку состаноци со градоначалникот и со челниците на општинската власт, но, од нив нема никаков договор и реализација на нивните барања.

Низ историјата, без никакви проблеми, со меѓусебна координација, сите клубови тренирале и ги играле своите натпревари на овие два стадиони. Денеска, наместо да се работи на што погоема кохезија кога е спортот во прашање, очигледно некои работаат на тоа македонските клубови да се дестабилизираат и дефоксуираат од целта. Во истиот контекст, сакаме да потенцираме дека на стариот градски стадион се наоѓаат и нашите простории, соблекувална, простор за перална и слично, а тренинзите и натпреварите се играат на стадиончето на АМС, на вештачка трева. Чиста небулоза! Па оттука сакаме да прашаме: Дали Шкендија е единствен клуб од Тетово кој има право на ова или се игра некоја дргуа игра во поаздина? Апелираме до општинските власти за итно свикување на заедничка средба на сите тетовски фудбалски клубови и под нивно покровителство итно да се изнајде решение за овој проблем, без никој да е оштетен. Во спротивно, ќе бидеме принудени да повикаме на протести се додека не обезбедиме фундаментални право за спортот и развој на спотрскиот дух кај младите, велат од ФК Тетекс.

The post Апартхејд? Само Шкендија смее да тренира и игра на двата стадиони во Тетово appeared first on Република.

]]>

Во моментов на стариот градски стадион, но и на новиот градски стадион, ФК Тетекс, ФК Љуботен и ЖФК Љуботен немаат право на нивно користење, тренинзи, одигрување на натпревари во лигата од засега непознати причини, информираат од фудбалскиот клуб Тетекс Тетово, додавајќи дека екслузивно право на користење на двата стадиони има само фк шкендија!
Се запрашуваме, дали во 21-от век е нормално само поради тоа што сме МАКЕДОНЦИ кои живеат во Општина Тетово да немаме право на тренинзи на природна трева?, прашуваат од ФК Тетекс.
Информираат дека со месеци, односно поточно од февруари навака одржани се неколку состаноци со градоначалникот и со челниците на општинската власт, но, од нив нема никаков договор и реализација на нивните барања. Низ историјата, без никакви проблеми, со меѓусебна координација, сите клубови тренирале и ги играле своите натпревари на овие два стадиони. Денеска, наместо да се работи на што погоема кохезија кога е спортот во прашање, очигледно некои работаат на тоа македонските клубови да се дестабилизираат и дефоксуираат од целта. Во истиот контекст, сакаме да потенцираме дека на стариот градски стадион се наоѓаат и нашите простории, соблекувална, простор за перална и слично, а тренинзите и натпреварите се играат на стадиончето на АМС, на вештачка трева. Чиста небулоза! Па оттука сакаме да прашаме: Дали Шкендија е единствен клуб од Тетово кој има право на ова или се игра некоја дргуа игра во поаздина? Апелираме до општинските власти за итно свикување на заедничка средба на сите тетовски фудбалски клубови и под нивно покровителство итно да се изнајде решение за овој проблем, без никој да е оштетен. Во спротивно, ќе бидеме принудени да повикаме на протести се додека не обезбедиме фундаментални право за спортот и развој на спотрскиот дух кај младите, велат од ФК Тетекс.

The post Апартхејд? Само Шкендија смее да тренира и игра на двата стадиони во Тетово appeared first on Република.

]]>