ССКМ Archives - Република https://republika.mk/tema/sskm/ За подобро да се разбереме Tue, 10 Sep 2024 12:10:20 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png ССКМ Archives - Република https://republika.mk/tema/sskm/ 32 32 ССКМ: Фер пазарна конкуренција ќе донесе придобивки за сите https://republika.mk/vesti/ekonomija/sskm-fer-pazarna-konkurentsija-ke-donese-pridobivki-za-site/ Tue, 10 Sep 2024 12:10:20 +0000 https://republika.mk/?p=814970

Со примена на Законот за нефер трговски практики ќе се регулираат
односите меѓу претпријатијата во синџирот на снабдување со земјоделство
и храна, кој треба да обезбеди примена на трговски практики во
целокупниот синџир на снабдување со земјоделски и прехранбени производи.
Во законот се уредени правилата и мерките за спречување на наметнување
нефер трговски практики, кои отстапуваат од доброто трговско однесување,
се утврдуваат нефер трговските практики во синџирот на снабдување со
земјоделски и прехранбени производи со чие наметнување се искористува
значителната преговарачка моќ на купувачот во однос на неговите
добавувачи, постапките за утврдување нефер трговски практики, како и
соработката помеѓу надлежните органи за спроведување на надзорот над
примената на нефер трговските практики. Според Законот, силата на
супериорна преговарачка моќ е регулирана во прагови на остварен вкупен
годишен приход од продажбата на производи и услуги искажан во годишната
сметка и во годишниот финански извештај, односно билансот на успех на
купувачот и добавувачот.

 

“Ставот на ССК е јасен за законот за нефер трговски практики, ние нашите
предлози ги поднесовме до сите релевантни институции навремено, предлог
за сите основи прехрамбени производи кои се со 5 % и 10 % данок, со
неговата примена македонската економија треба да биде пазарно
ориентирана и во согласност со европските движења и на македонската
економија е потребен реформски процес на либерализација, со носењето на
законот ќе има порамноправен третман и ќе намали јазот на мали и големи
компании. Ако се укинат предложените мерки, законот ќе нема во целост да
може да се применува, каде е потребно државата по европски терк да ги
регулира цените, ќе се зголеми конкурентноста и легитимно право како
потрошувачи да го избереме најдобриот производ. Законот на долг рок ќе
има бенефит и на големите маркети, заради присутност на он -лине
продавници кои се ценовно конкурентни и заради он -лине купување кој е
веќе тренд и многу застапен кај купувачите.

 

Дополнителен проблем се царинските стапки, македонските царински стапки
во однос на европските се до 3-5 пати поголеми, самите производители во
целокупното деловно работење им е предизвик како да успешно
функционираат, каде одредени производи имаат 30-40 % поголеми царински
стапки во спредба со европските.

Потребено е на македонската економија економски натпревар за пристојни
цени, досегашниот ситем го гуши тој натпревар,долгорочна стратегија и
со примената на овој закон производите ќе го добијат своето место ,и
најмалиот производител да биде застапен на пазарот”, истакна Ангелоски.
При склучување на договор за снабдување со земјоделски и прехранбени
производи, добавувачот и купувачот се должни на јасен и недвосмислен
начин да прикажат објективна и разумна проценка за трошоците и плаќањето
по единица, или вкупно плаќање, според утврден ценовник на купувачот. Во
ценовникот на купувачот треба да се наведени цените односно износите врз
основа на кои ќе се пресметуваат надоместоците за наведените точки.
Висината на сите надоместоци вкупно не смее да биде повисока од 10% од
остварениот промет во тековната година, кои јасно ќе се искаже во
договорите според новиот закон за нефер трговски практики, посочија од
ССКМ.

The post ССКМ: Фер пазарна конкуренција ќе донесе придобивки за сите appeared first on Република.

]]>

Со примена на Законот за нефер трговски практики ќе се регулираат односите меѓу претпријатијата во синџирот на снабдување со земјоделство и храна, кој треба да обезбеди примена на трговски практики во целокупниот синџир на снабдување со земјоделски и прехранбени производи. Во законот се уредени правилата и мерките за спречување на наметнување нефер трговски практики, кои отстапуваат од доброто трговско однесување, се утврдуваат нефер трговските практики во синџирот на снабдување со земјоделски и прехранбени производи со чие наметнување се искористува значителната преговарачка моќ на купувачот во однос на неговите добавувачи, постапките за утврдување нефер трговски практики, како и соработката помеѓу надлежните органи за спроведување на надзорот над примената на нефер трговските практики. Според Законот, силата на супериорна преговарачка моќ е регулирана во прагови на остварен вкупен годишен приход од продажбата на производи и услуги искажан во годишната сметка и во годишниот финански извештај, односно билансот на успех на купувачот и добавувачот.
  “Ставот на ССК е јасен за законот за нефер трговски практики, ние нашите предлози ги поднесовме до сите релевантни институции навремено, предлог за сите основи прехрамбени производи кои се со 5 % и 10 % данок, со неговата примена македонската економија треба да биде пазарно ориентирана и во согласност со европските движења и на македонската економија е потребен реформски процес на либерализација, со носењето на законот ќе има порамноправен третман и ќе намали јазот на мали и големи компании. Ако се укинат предложените мерки, законот ќе нема во целост да може да се применува, каде е потребно државата по европски терк да ги регулира цените, ќе се зголеми конкурентноста и легитимно право како потрошувачи да го избереме најдобриот производ. Законот на долг рок ќе има бенефит и на големите маркети, заради присутност на он -лине продавници кои се ценовно конкурентни и заради он -лине купување кој е веќе тренд и многу застапен кај купувачите.   Дополнителен проблем се царинските стапки, македонските царински стапки во однос на европските се до 3-5 пати поголеми, самите производители во целокупното деловно работење им е предизвик како да успешно функционираат, каде одредени производи имаат 30-40 % поголеми царински стапки во спредба со европските. Потребено е на македонската економија економски натпревар за пристојни цени, досегашниот ситем го гуши тој натпревар,долгорочна стратегија и со примената на овој закон производите ќе го добијат своето место ,и најмалиот производител да биде застапен на пазарот”, истакна Ангелоски. При склучување на договор за снабдување со земјоделски и прехранбени производи, добавувачот и купувачот се должни на јасен и недвосмислен начин да прикажат објективна и разумна проценка за трошоците и плаќањето по единица, или вкупно плаќање, според утврден ценовник на купувачот. Во ценовникот на купувачот треба да се наведени цените односно износите врз основа на кои ќе се пресметуваат надоместоците за наведените точки. Висината на сите надоместоци вкупно не смее да биде повисока од 10% од остварениот промет во тековната година, кои јасно ќе се искаже во договорите според новиот закон за нефер трговски практики, посочија од ССКМ.

The post ССКМ: Фер пазарна конкуренција ќе донесе придобивки за сите appeared first on Република.

]]>
ССК бара активирање на државните резерви https://republika.mk/vesti/ekonomija/ssk-bara-aktiviranje-na-drzavnite-rezervi/ Thu, 02 Jun 2022 12:09:37 +0000 https://republika.mk/?p=510167

Итно да се елиминираат непотребните и комплицирани бирократски процедури за инсталирање обновливи извори на енергија кои траат по 60 до 90 дена, да се зголеми домашното производство на основните земјоделски култури и да се активираат државните резерви ако сакаме полесно да ги пребродиме ценовните шокови, апелира денеска Сојузот на стопански комори (ССК).

Според ССК, компаниите се подготвени да инвестираат во обновливи извори, но главна пречка им се сложените административни постапки. Иако некои веќе ја имаат обезбедено опремата и треба да ја монтираат, губат време за вадење дозволи и документи, „трчајќи“ во општините и низ институциите.

Бараме решителна реакција, сега и веднаш. Има најави, но бараме дела. Ако сакаме да се заштитиме од ценовни шокови, треба да одиме во еден правец – домашно производство и на енергенти и на прехранбени производи. На тој начин шоковите би биле помали и ситуацијата би се држела некако под контрола. Производството може да се зголеми, можеби не драстично, но секојдневно секако да, рече претседателот на ССК Трајан Ангелоски, одговорајќи на новинарски прашања по промоцијата на проектот за Сертификат за деловна успешност.

Според Ангелоски, главното прашање, сепак, е енергетиката и државата мора да реагира веднаш. Доцниме со инвестициите и сега, кога приватниот сектор презема иницијативи, тие се закочени, не можат да се реализираат.

Од тука доаѓаат сите ценовни шокови и тука имаме апсолутно барање: реакција веднаш – укинување на комплицираните процедури за добивање дозволи за инсталирање обновливи извори. Компаниите можат добар дел од енергетските потреби сами да ги задоволат, а неопходното ќе го купат. Нема потреба да имаме толку сложени процедури, да губиме време по општини за градежни дозволи или по институции за вадење документи. Чекаме по 60 – 90 дена. Според неофицијални информации, само во една од скопските општини има 30 – 40 предмети за обновливи извори. Денес не е проблем да се обезбеди опремата, но на обезбедена опрема и можност таа да се монтира, ние сме закочени во административните процедури, подвлече Ангелоски.

Тој укажа дека земјава годишно увезува преку една милијарда евра енергенти.

Веќе доаѓаат новите понуди и има две алтернативи: да инвестирате во обновливи извори и инвестицијата да ја вратите за три до четири години или да платите високи сметки и ништо да не добиете. Мислам дека е најпаметно да се инвестира во обнолниви извори, овој бран да се искористи во позитивен правец. Има многу површини на кои може да се инсталираат уредите, достапни се на пазарот, многу компании навлегоа во нивна монтажа и поставување, бирократските процедури се навистина непотребни. Затоа бараме се што е бирократска процедура да се симплифицра и тоа веднаш да се стори. Во оваа криза така најадекватно сите што можат да инвестираат, ќе се заштитат од ценовните шокови, потенцира претседателот на ССК.

Во однос на мелничко-пекарската индустрија, тој потсети дека подолго време се бара интервенција и активирање на државните резерви.

-Не ни е јасно зошто нема интервенција. Можеби владините структури имаат други методологии на активирање, но ние сметаме дека резервите служат за кога има недостаоци на пазарот или на високи ценовни шокови. Еден услов е исполнет. Не можам да кажам дали активирањето е задоцнето, но нашето барање е да се актиираат резервите сега, во услови на ценовни шокови, истакна Ангелоски и додаде дека „сега е моментот да покажеме дали сме навистина земјоделска земја како што постојано велиме“.

Коментирајќи ги цените во светски рамки, Ангелоски рече дека повеќето производи се на стабилно ниво.

-Три групи производи беа идентификувани како пробматични во февруари и март: металите, енергетните и прехранебите производи. Металите се горе-долу стабилизирани, со прехранбените се случува нешто слично ако се занемари делот со даноците, а во однос на енергентите, летен период е и не можеме да кажеме точно што ќе се случува со оглед и на новите санцкии кои ги наметнува ЕУ. Непознаница е следната зима во кој правец ќе одат цените, оцени претседателот на ССК.

Сојузот нема дилеми дека ценовниот шок од вчера до денеска е резултат на непродолжувањето на владината одлука за висината на ДДВ. Водно оценува и дека беше сосема нелогична одлуката со која се укина маржата за некои производи.

-Нашите очекувања беа постепено да се нивелираат даночните ослободувања, рече Ангелоски.

The post ССК бара активирање на државните резерви appeared first on Република.

]]>

Итно да се елиминираат непотребните и комплицирани бирократски процедури за инсталирање обновливи извори на енергија кои траат по 60 до 90 дена, да се зголеми домашното производство на основните земјоделски култури и да се активираат државните резерви ако сакаме полесно да ги пребродиме ценовните шокови, апелира денеска Сојузот на стопански комори (ССК). Според ССК, компаниите се подготвени да инвестираат во обновливи извори, но главна пречка им се сложените административни постапки. Иако некои веќе ја имаат обезбедено опремата и треба да ја монтираат, губат време за вадење дозволи и документи, „трчајќи“ во општините и низ институциите.
Бараме решителна реакција, сега и веднаш. Има најави, но бараме дела. Ако сакаме да се заштитиме од ценовни шокови, треба да одиме во еден правец – домашно производство и на енергенти и на прехранбени производи. На тој начин шоковите би биле помали и ситуацијата би се држела некако под контрола. Производството може да се зголеми, можеби не драстично, но секојдневно секако да, рече претседателот на ССК Трајан Ангелоски, одговорајќи на новинарски прашања по промоцијата на проектот за Сертификат за деловна успешност.
Според Ангелоски, главното прашање, сепак, е енергетиката и државата мора да реагира веднаш. Доцниме со инвестициите и сега, кога приватниот сектор презема иницијативи, тие се закочени, не можат да се реализираат.
Од тука доаѓаат сите ценовни шокови и тука имаме апсолутно барање: реакција веднаш – укинување на комплицираните процедури за добивање дозволи за инсталирање обновливи извори. Компаниите можат добар дел од енергетските потреби сами да ги задоволат, а неопходното ќе го купат. Нема потреба да имаме толку сложени процедури, да губиме време по општини за градежни дозволи или по институции за вадење документи. Чекаме по 60 – 90 дена. Според неофицијални информации, само во една од скопските општини има 30 – 40 предмети за обновливи извори. Денес не е проблем да се обезбеди опремата, но на обезбедена опрема и можност таа да се монтира, ние сме закочени во административните процедури, подвлече Ангелоски.
Тој укажа дека земјава годишно увезува преку една милијарда евра енергенти.
Веќе доаѓаат новите понуди и има две алтернативи: да инвестирате во обновливи извори и инвестицијата да ја вратите за три до четири години или да платите високи сметки и ништо да не добиете. Мислам дека е најпаметно да се инвестира во обнолниви извори, овој бран да се искористи во позитивен правец. Има многу површини на кои може да се инсталираат уредите, достапни се на пазарот, многу компании навлегоа во нивна монтажа и поставување, бирократските процедури се навистина непотребни. Затоа бараме се што е бирократска процедура да се симплифицра и тоа веднаш да се стори. Во оваа криза така најадекватно сите што можат да инвестираат, ќе се заштитат од ценовните шокови, потенцира претседателот на ССК.
Во однос на мелничко-пекарската индустрија, тој потсети дека подолго време се бара интервенција и активирање на државните резерви. -Не ни е јасно зошто нема интервенција. Можеби владините структури имаат други методологии на активирање, но ние сметаме дека резервите служат за кога има недостаоци на пазарот или на високи ценовни шокови. Еден услов е исполнет. Не можам да кажам дали активирањето е задоцнето, но нашето барање е да се актиираат резервите сега, во услови на ценовни шокови, истакна Ангелоски и додаде дека „сега е моментот да покажеме дали сме навистина земјоделска земја како што постојано велиме“. Коментирајќи ги цените во светски рамки, Ангелоски рече дека повеќето производи се на стабилно ниво. -Три групи производи беа идентификувани како пробматични во февруари и март: металите, енергетните и прехранебите производи. Металите се горе-долу стабилизирани, со прехранбените се случува нешто слично ако се занемари делот со даноците, а во однос на енергентите, летен период е и не можеме да кажеме точно што ќе се случува со оглед и на новите санцкии кои ги наметнува ЕУ. Непознаница е следната зима во кој правец ќе одат цените, оцени претседателот на ССК. Сојузот нема дилеми дека ценовниот шок од вчера до денеска е резултат на непродолжувањето на владината одлука за висината на ДДВ. Водно оценува и дека беше сосема нелогична одлуката со која се укина маржата за некои производи. -Нашите очекувања беа постепено да се нивелираат даночните ослободувања, рече Ангелоски.

The post ССК бара активирање на државните резерви appeared first on Република.

]]>