срце на дланка Archives - Република https://republika.mk/tema/srtse-na-dlanka/ За подобро да се разбереме Sun, 12 Nov 2023 17:51:43 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png срце на дланка Archives - Република https://republika.mk/tema/srtse-na-dlanka/ 32 32 Зборовите на Кети од кои горчи во душа: Никогаш не сме пробале смоки, кифли, сите јадат јас и Лука со празни раце https://republika.mk/vesti/makedonija/zborovite-na-keti-od-koi-gorchi-vo-dusha-nikogash-ne-sme-probale-smoki-kifli-site-jadat-jas-i-luka-so-prazni-ratse/ Sun, 12 Nov 2023 17:50:16 +0000 https://republika.mk/?p=700791

„Сите јадат, јас со празни раце – гледам и трпам, другарчињата ми се смеат дека живеам во многу стара куќа, немам ниту патики ниту тренерки“.

Ова дефинитивно не треба да биде судбина на ниту едно дете во светот, за жал, во Македонија ги има многу. 12-годишната Кети во емисијата „Срце на дланка“ на телевизија Алфа раскажа за голготата низ која минуваат таа и нејзиното семејство. Николовски кои живеат во трошна куќа во планинско село, километри оддалчено од Кратово.

Во една соба сите, и во едно корито се бањаме од 5-6 години. Во тоа се переме, и во тоа се. Немам пари за во училиште. Сите јадат, јас трпам. Тие имаат јас немам. Многу ми е тежок животот. Никогаш не сме пробале смоки, ниту кифли. Доаѓаме дома, јадеме што ќе има. Сега снемавме и вода, вели Кети.

Со градот ги спојува неасфалтиран и ископан пат, по кој не поминува автобус. Поради ова, најголемиот син Марио и таткото Благе, и да најдат, не можат да стигнат на работа. Мајката Мери е постојано со најмалото дете – 10 годишниот Лука, кој не е самостоен поради природата на неговата болест.

Колку што гледате, нема ни пат. Да падне една роса, не можеш пешки да излезеш. Немаме помош од никого. Сега девојчето е големо, бара. Сакаше да и купам патики. На рати и купив едни тренерки. Сакаат, чорапи, долен веш. Не можам да им удоволам, вели Мери.

И покрај големата оддалеченост, Благе често оди до градот пеш, да заработи за корка леб. Ниските плати се уште еден проблем плус, вели. Тоа што ќе го заработиш едвај стигнува за сметки.

Малку социјално, друго ништо, од никого не сме виделе аир. Да можам да го вработам детето, да зема 30.000 да може да заработи, а не, 10.000 кој сака нека живее со 10.000 не може. Ние никакви услови немаме. Се што сум спечалил, со десет прста, сум ги исчувал децата. За деца, колку можам ќе дадам, колку не можам, нема, вели Благе.

Петчленото семејство живее од 6000 денари – толку направила државата за болниот Лука. Јадат леб и вода, млеко од стоката или сирење, а ако некогаш им се посреќи може да си дозволат макарони. Едвај постигнуваат за сметки и скромно јадење, камо ли за лекување на малиот Лука.

https://youtu.be/X1YD1OQ7TCI?si=XqN8f9eKzQaX97Z-

The post Зборовите на Кети од кои горчи во душа: Никогаш не сме пробале смоки, кифли, сите јадат јас и Лука со празни раце appeared first on Република.

]]>

„Сите јадат, јас со празни раце – гледам и трпам, другарчињата ми се смеат дека живеам во многу стара куќа, немам ниту патики ниту тренерки“. Ова дефинитивно не треба да биде судбина на ниту едно дете во светот, за жал, во Македонија ги има многу. 12-годишната Кети во емисијата „Срце на дланка“ на телевизија Алфа раскажа за голготата низ која минуваат таа и нејзиното семејство. Николовски кои живеат во трошна куќа во планинско село, километри оддалчено од Кратово.
Во една соба сите, и во едно корито се бањаме од 5-6 години. Во тоа се переме, и во тоа се. Немам пари за во училиште. Сите јадат, јас трпам. Тие имаат јас немам. Многу ми е тежок животот. Никогаш не сме пробале смоки, ниту кифли. Доаѓаме дома, јадеме што ќе има. Сега снемавме и вода, вели Кети.
Со градот ги спојува неасфалтиран и ископан пат, по кој не поминува автобус. Поради ова, најголемиот син Марио и таткото Благе, и да најдат, не можат да стигнат на работа. Мајката Мери е постојано со најмалото дете – 10 годишниот Лука, кој не е самостоен поради природата на неговата болест.
Колку што гледате, нема ни пат. Да падне една роса, не можеш пешки да излезеш. Немаме помош од никого. Сега девојчето е големо, бара. Сакаше да и купам патики. На рати и купив едни тренерки. Сакаат, чорапи, долен веш. Не можам да им удоволам, вели Мери.
И покрај големата оддалеченост, Благе често оди до градот пеш, да заработи за корка леб. Ниските плати се уште еден проблем плус, вели. Тоа што ќе го заработиш едвај стигнува за сметки.
Малку социјално, друго ништо, од никого не сме виделе аир. Да можам да го вработам детето, да зема 30.000 да може да заработи, а не, 10.000 кој сака нека живее со 10.000 не може. Ние никакви услови немаме. Се што сум спечалил, со десет прста, сум ги исчувал децата. За деца, колку можам ќе дадам, колку не можам, нема, вели Благе.
Петчленото семејство живее од 6000 денари – толку направила државата за болниот Лука. Јадат леб и вода, млеко од стоката или сирење, а ако некогаш им се посреќи може да си дозволат макарони. Едвај постигнуваат за сметки и скромно јадење, камо ли за лекување на малиот Лука. https://youtu.be/X1YD1OQ7TCI?si=XqN8f9eKzQaX97Z-

The post Зборовите на Кети од кои горчи во душа: Никогаш не сме пробале смоки, кифли, сите јадат јас и Лука со празни раце appeared first on Република.

]]>
Конечно се огласи „Срце на дланка“: Зарем човек нема право на понатамошен живот, ако згрешил? https://republika.mk/zivot/kaleidoskop/konechno-se-oglasi-srtse-na-dlanka-zarem-chovek-nema-pravo-na-ponatamoshen-zhivot-ako-zgreshil/ Sat, 14 Jan 2023 16:43:44 +0000 https://republika.mk/?p=596865

Се огласија од Срце на дланка за случајот на велешанецот Тале Витанов кој ја бранува македонскат јавност. Граѓаните кои донирале се почувствуваа измамени откако дознаа деа Витанов не е самохран татко, дека ја тепал сопствената сопруга, за што објави неговата сестра, дека е коцкар и дека сега сопругата живее повторно со него.

Тие велат дека нивниот став е дека ќе продолжат на ист начин со хуманоста во проектот Срце на Дланка.

„Срце на дланка“ е хуман и благороден проект кој веќе трета година работи во интерес на подобрување на животот на семејства од социјален ризик. Досега сме посетиле повеќе од двесте семејства со најразлични проблеми. Ни се јавиле и помош побарале луѓе со сериозни здравствени проблеми, луѓе кои донеле погрешни одлуки во животот, луѓе кои некогаш имале сè но поради сплет на околности, не среќа или по рок останале без ништо. За нас, сите заслужуваат подеднаква шанса да поверуваат во надежта за подобро утре и да се сретнат повторно во својот живот со хуманоста на граѓаните, поддршката, разбирањето и благородноста на човечноста. Не судиме никого и ничие минато, туку се водиме од човечкиот порив да се помогне секој во неволја, бидејќи знаеме дека денес е многу лесно да се најдеш во безизлезност. Сите кои ја побарале нашата помош и се понудиле да го стават своето срце на дланка, имале разговор со нас во кој ни ги објасниле причините, поради кои се наоѓаат на тешко место во животот во тој момент. И на сите сме им подале рака, бидејќи тоа е човечки и тоа е најмалку што можеме сите ние да направиме, без да судиме. Покрај луѓето кои доаѓаат од сиромашни семејства или ги нашла некоја зла судбина, имало (и ќе има) и луѓе кои направиле погрешни избори во животот. Ние веруваме во сечие право да се добие прилика и да се учи од грешките, а тоа полесно се прави кога човек во мака ќе ја почувствува љубовта и грижата на други луѓе, за него непознати, но сите до еден, со еден заеднички именител: благосостојба и хуманост. Сите наши дарители се луѓе кои сочувствуваат со оние кои дошле во ситуација јавно да замолат за хуманост и помош, бидејќи знаат дека и тие се луѓе, и тие заслужуваат подобар живот од оној кој го имаат моментално.

„Кој не погрешил никогаш, нека го фрли првиот камен“ е животна филозофија од добрите книги по која се водиме секојдневно. Меѓу луѓето со кои сме се сретнале во текот на нашата хумана мисија, има и луѓе кои биле или се во затвор, местото кое по дефиниција е казнено-поправен дом во кој освен што ќе ти биде одземена слободата поради грешката која си ја сторил, имаш и шанса да се поправиш и да продолжиш да живееш нормално. Зарем човек нема право на понатамошен живот, ако згрешил?

Зарем ако бил коцкар и должник кој на пример се соочува со болест, докторот не смее да го прегледа и лекува, бидејќи имал сомнително минато? Зарем во затвор не треба да им се дава храна на затв орениците? Зарем ако некој згрешил во минатото, не заслужува втора шанса? Ставот на емисијата бил и ќе биде дека секој граѓанин кој се чувствува лошо и загрозено, има право да се пријави во нашата емисија и да побара да му се помогне. И ние ќе сториме сè што е во наша моќ, да им помогнеме на оние на кои најмногу и навистина им треба голема помош, малку надеж и многу љубов од сите нас.

Се разбира дека сметаме дека донациите треба да се искористат рационално и наменски, а луѓето кои се дел од емисијата, да започнат подобар живот. Впрочем и постојано објавуваме успешно завршени приказни за дарителите да знаат дека правилно и на вистинско место ги вложиле своите средства. Донациите што се донирани, досега не биле
злоупо требени. Во повеќе од 90 проценти, луѓето имаат поубав живот. Направиле куќа, реновирале дом, добиле стан, ги собрале потребните средства за лекување, платени им се сметките за струја и долговите, живеат подостоинствено.

Нашиот став е дека секој има право на нормален живот и тој став на емисијата нема да го менуваме. Бидејќи едноставно за нас, сите луѓе се исти. Ниту сме правеле, ниту ќе правиме поделба и дискриминација на луѓето, по ниту еден основ, особено не за она што тие луѓе некогаш биле и поради која причина биле такви во минатото. Кај нас и за нас, сите се исти и секој има право да се покае, да побара помош и да го стави своето срце на дланка. Тука ќе наиде на хуманост, љубов и несебичната помош на сите искрени, чесни, добри хумани луѓе. Бидејќи никој од нас не е „осамен остров среде океан“. И не смее да биде - велат од Продукцијата

Доколку не се согласувате со нашиот став,не донирајте,бидејќи и тоа е демократско право на секој да одлучи сам.

The post Конечно се огласи „Срце на дланка“: Зарем човек нема право на понатамошен живот, ако згрешил? appeared first on Република.

]]>

Се огласија од Срце на дланка за случајот на велешанецот Тале Витанов кој ја бранува македонскат јавност. Граѓаните кои донирале се почувствуваа измамени откако дознаа деа Витанов не е самохран татко, дека ја тепал сопствената сопруга, за што објави неговата сестра, дека е коцкар и дека сега сопругата живее повторно со него. Тие велат дека нивниот став е дека ќе продолжат на ист начин со хуманоста во проектот Срце на Дланка. „Срце на дланка“ е хуман и благороден проект кој веќе трета година работи во интерес на подобрување на животот на семејства од социјален ризик. Досега сме посетиле повеќе од двесте семејства со најразлични проблеми. Ни се јавиле и помош побарале луѓе со сериозни здравствени проблеми, луѓе кои донеле погрешни одлуки во животот, луѓе кои некогаш имале сè но поради сплет на околности, не среќа или по рок останале без ништо. За нас, сите заслужуваат подеднаква шанса да поверуваат во надежта за подобро утре и да се сретнат повторно во својот живот со хуманоста на граѓаните, поддршката, разбирањето и благородноста на човечноста. Не судиме никого и ничие минато, туку се водиме од човечкиот порив да се помогне секој во неволја, бидејќи знаеме дека денес е многу лесно да се најдеш во безизлезност. Сите кои ја побарале нашата помош и се понудиле да го стават своето срце на дланка, имале разговор со нас во кој ни ги објасниле причините, поради кои се наоѓаат на тешко место во животот во тој момент. И на сите сме им подале рака, бидејќи тоа е човечки и тоа е најмалку што можеме сите ние да направиме, без да судиме. Покрај луѓето кои доаѓаат од сиромашни семејства или ги нашла некоја зла судбина, имало (и ќе има) и луѓе кои направиле погрешни избори во животот. Ние веруваме во сечие право да се добие прилика и да се учи од грешките, а тоа полесно се прави кога човек во мака ќе ја почувствува љубовта и грижата на други луѓе, за него непознати, но сите до еден, со еден заеднички именител: благосостојба и хуманост. Сите наши дарители се луѓе кои сочувствуваат со оние кои дошле во ситуација јавно да замолат за хуманост и помош, бидејќи знаат дека и тие се луѓе, и тие заслужуваат подобар живот од оној кој го имаат моментално. „Кој не погрешил никогаш, нека го фрли првиот камен“ е животна филозофија од добрите книги по која се водиме секојдневно. Меѓу луѓето со кои сме се сретнале во текот на нашата хумана мисија, има и луѓе кои биле или се во затвор, местото кое по дефиниција е казнено-поправен дом во кој освен што ќе ти биде одземена слободата поради грешката која си ја сторил, имаш и шанса да се поправиш и да продолжиш да живееш нормално. Зарем човек нема право на понатамошен живот, ако згрешил? Зарем ако бил коцкар и должник кој на пример се соочува со болест, докторот не смее да го прегледа и лекува, бидејќи имал сомнително минато? Зарем во затвор не треба да им се дава храна на затв орениците? Зарем ако некој згрешил во минатото, не заслужува втора шанса? Ставот на емисијата бил и ќе биде дека секој граѓанин кој се чувствува лошо и загрозено, има право да се пријави во нашата емисија и да побара да му се помогне. И ние ќе сториме сè што е во наша моќ, да им помогнеме на оние на кои најмногу и навистина им треба голема помош, малку надеж и многу љубов од сите нас. Се разбира дека сметаме дека донациите треба да се искористат рационално и наменски, а луѓето кои се дел од емисијата, да започнат подобар живот. Впрочем и постојано објавуваме успешно завршени приказни за дарителите да знаат дека правилно и на вистинско место ги вложиле своите средства. Донациите што се донирани, досега не биле злоупо требени. Во повеќе од 90 проценти, луѓето имаат поубав живот. Направиле куќа, реновирале дом, добиле стан, ги собрале потребните средства за лекување, платени им се сметките за струја и долговите, живеат подостоинствено. Нашиот став е дека секој има право на нормален живот и тој став на емисијата нема да го менуваме. Бидејќи едноставно за нас, сите луѓе се исти. Ниту сме правеле, ниту ќе правиме поделба и дискриминација на луѓето, по ниту еден основ, особено не за она што тие луѓе некогаш биле и поради која причина биле такви во минатото. Кај нас и за нас, сите се исти и секој има право да се покае, да побара помош и да го стави своето срце на дланка. Тука ќе наиде на хуманост, љубов и несебичната помош на сите искрени, чесни, добри хумани луѓе. Бидејќи никој од нас не е „осамен остров среде океан“. И не смее да биде - велат од Продукцијата Доколку не се согласувате со нашиот став,не донирајте,бидејќи и тоа е демократско право на секој да одлучи сам.

The post Конечно се огласи „Срце на дланка“: Зарем човек нема право на понатамошен живот, ако згрешил? appeared first on Република.

]]>