српски динар Archives - Република https://republika.mk/tema/srpski-dinar/ За подобро да се разбереме Mon, 26 Feb 2024 12:04:13 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png српски динар Archives - Република https://republika.mk/tema/srpski-dinar/ 32 32 Фокус на утрешниот дијалог Белград-Приштина ќе биде забраната за употреба на српскиот динар во Косово https://republika.mk/vesti/balkan/fokus-na-utreshniot-dijalog-belgrad-prishtina-ke-bide-zabranata-za-upotreba-na-srpskiot-dinar-vo-kosovo/ Mon, 26 Feb 2024 12:04:13 +0000 https://republika.mk/?p=748501

Фокус на утрешната средба во Брисел во рамки на дијалогот меѓу Белград и Приштина ќе биде ставен на изнаоѓање решенија за отворените прашања, најави денеска портпаролката за Европската комисија за надворешни работи и безбедносна политика Набила Масрали.

Според неа, главна тема на утрешниот дијалог ќе биде неодамнешната одлука на косовската Централна банка за забрана за користење на други валути во Косово, освен еврото.

- Средбата ќе се одржи во вообичаениот формат за дијалогот и колку што знам, учеството е потврдено. Сепак, со повеќе детали ќе ве информираме подоцна, изјави Масрали во одговор на новинарско прашање околу најавите на Приштина дека нивни претставници нема да учествуваат на утрешната средба, бидејќи била закажана без консултација со косовските власти.

Како што јави дописникот на МИА од Брисел, ЕУ претходно изрази жалење поради тоа што одлуката на косовската Централна банка за забрана на користењето на други валути во Косово освен еврото од 1 февруари, е донесена без претходни консултации, оценувајќи дека таа може да има последици врз српската и врз другите косовски заедници, бидејќи не остава простор за други алтернативи.

Според ЕУ, во Косово има институции, вклучително и училишта и болници, кои „функционираат во друга рамка“ добивајќи финансиска поддршка од Србија и ним им треба време да се прилагодат на ваквата одлука.

ЕУ оцени дека ќе беше посоодветно пред да биде донесена за оваа одлука да се разговараше во рамки на дијалогот Белград-Приштина за да се најде практично решение и побара воведување преоден период за стапување во сила на мерката. 

The post Фокус на утрешниот дијалог Белград-Приштина ќе биде забраната за употреба на српскиот динар во Косово appeared first on Република.

]]>

Фокус на утрешната средба во Брисел во рамки на дијалогот меѓу Белград и Приштина ќе биде ставен на изнаоѓање решенија за отворените прашања, најави денеска портпаролката за Европската комисија за надворешни работи и безбедносна политика Набила Масрали. Според неа, главна тема на утрешниот дијалог ќе биде неодамнешната одлука на косовската Централна банка за забрана за користење на други валути во Косово, освен еврото.
- Средбата ќе се одржи во вообичаениот формат за дијалогот и колку што знам, учеството е потврдено. Сепак, со повеќе детали ќе ве информираме подоцна, изјави Масрали во одговор на новинарско прашање околу најавите на Приштина дека нивни претставници нема да учествуваат на утрешната средба, бидејќи била закажана без консултација со косовските власти.
Како што јави дописникот на МИА од Брисел, ЕУ претходно изрази жалење поради тоа што одлуката на косовската Централна банка за забрана на користењето на други валути во Косово освен еврото од 1 февруари, е донесена без претходни консултации, оценувајќи дека таа може да има последици врз српската и врз другите косовски заедници, бидејќи не остава простор за други алтернативи. Според ЕУ, во Косово има институции, вклучително и училишта и болници, кои „функционираат во друга рамка“ добивајќи финансиска поддршка од Србија и ним им треба време да се прилагодат на ваквата одлука. ЕУ оцени дека ќе беше посоодветно пред да биде донесена за оваа одлука да се разговараше во рамки на дијалогот Белград-Приштина за да се најде практично решение и побара воведување преоден период за стапување во сила на мерката. 

The post Фокус на утрешниот дијалог Белград-Приштина ќе биде забраната за употреба на српскиот динар во Косово appeared first on Република.

]]>