српска влада Archives - Република https://republika.mk/tema/srpska-vlada/ За подобро да се разбереме Sat, 15 Apr 2023 13:30:01 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png српска влада Archives - Република https://republika.mk/tema/srpska-vlada/ 32 32 Српската Влада го усвои пакетoт-мерки договорен на состанокот со косовските Срби https://republika.mk/vesti/balkan/srpskata-vlada-go-usvoi-paketot-merki-dogovoren-na-sostanokot-so-kosovskite-srbi/ Sat, 15 Apr 2023 13:30:01 +0000 https://republika.mk/?p=631046

Српската Влада на денешниот состанок усвои пакет мерки, што беше договрен меѓу претседателот Александар Вучиќ и косовските Срби на средбата во Рашка пред два дена, јави дописникот на МИА од Белград.

Како што соопшти Владата, пакет мерките опфаќаат пет точки, а во првата Србија бара итна реакција на меѓународната заедница кон косовските власти за прекинување на кршење на договорот за регистарски таблички и овозможување на целосна слобода на движење на Србите чии возила користат легални и легитимни таблички.

Во случај да косовските власти да го отфрлат компромисното решение (доставен од преговрачкиот тим), надлежните органи на Србија ќе возвратат со силни и адекватни политички мерки во заштита на уставниот поредок, се наведува во владиното соопштение.

Втората точка се однесува на „безусловното и итно формирање на Заедницата на српски општини (ЗСО), според четирите договори постигнати во Бриселскиот дијалог, како и предусловот за враќање на Србите во косовските институтуции“.

Трета точка, како што се наведува во соопштението, е враќањето во Приштина на косовските полициски сили од северниот дел на Косово, „каде се наоѓаат противправно“.

Во четвртата точка се наведува дека српската Влада „остро ги осудува недемократските обиди на Приштина да одржи избори за локалната администрација во четирите општини во северно Косово каде има српско мнозинство на жители“.

Владата на Србија ја поддржува одлуката на легитимните политички претставници на Србите во Косово да не учествува во овој недемократски и нелегитимен процес, како и нивната одлука за враќање во политичкиот живот, тогаш кога ќе бидат исполнети услови за воспоставување на ЗСО, се наведува во соопштението.

Како петта точка се наведува дека српската Влада ќе ги преземе сите законски политички и економски мерки за да го осигури животот и правата на Србите во Косово, и преку посебен инвестициски програми за инфраструктурни, стопански и аграрни мерки.

Петте мерки се обврзувачки за сите органи на државната управа и за преговарачите на српската страна во Дијалогот на Белград – Приштина, соопштија српската Влада.

The post Српската Влада го усвои пакетoт-мерки договорен на состанокот со косовските Срби appeared first on Република.

]]>

Српската Влада на денешниот состанок усвои пакет мерки, што беше договрен меѓу претседателот Александар Вучиќ и косовските Срби на средбата во Рашка пред два дена, јави дописникот на МИА од Белград. Како што соопшти Владата, пакет мерките опфаќаат пет точки, а во првата Србија бара итна реакција на меѓународната заедница кон косовските власти за прекинување на кршење на договорот за регистарски таблички и овозможување на целосна слобода на движење на Србите чии возила користат легални и легитимни таблички. Во случај да косовските власти да го отфрлат компромисното решение (доставен од преговрачкиот тим), надлежните органи на Србија ќе возвратат со силни и адекватни политички мерки во заштита на уставниот поредок, се наведува во владиното соопштение. Втората точка се однесува на „безусловното и итно формирање на Заедницата на српски општини (ЗСО), според четирите договори постигнати во Бриселскиот дијалог, како и предусловот за враќање на Србите во косовските институтуции“. Трета точка, како што се наведува во соопштението, е враќањето во Приштина на косовските полициски сили од северниот дел на Косово, „каде се наоѓаат противправно“. Во четвртата точка се наведува дека српската Влада „остро ги осудува недемократските обиди на Приштина да одржи избори за локалната администрација во четирите општини во северно Косово каде има српско мнозинство на жители“. Владата на Србија ја поддржува одлуката на легитимните политички претставници на Србите во Косово да не учествува во овој недемократски и нелегитимен процес, како и нивната одлука за враќање во политичкиот живот, тогаш кога ќе бидат исполнети услови за воспоставување на ЗСО, се наведува во соопштението. Како петта точка се наведува дека српската Влада ќе ги преземе сите законски политички и економски мерки за да го осигури животот и правата на Србите во Косово, и преку посебен инвестициски програми за инфраструктурни, стопански и аграрни мерки. Петте мерки се обврзувачки за сите органи на државната управа и за преговарачите на српската страна во Дијалогот на Белград – Приштина, соопштија српската Влада.

The post Српската Влада го усвои пакетoт-мерки договорен на состанокот со косовските Срби appeared first on Република.

]]>