српска министерка за култура Archives - Република https://republika.mk/tema/srpska-ministerka-za-kultura/ За подобро да се разбереме Tue, 13 Jun 2023 12:29:50 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png српска министерка за култура Archives - Република https://republika.mk/tema/srpska-ministerka-za-kultura/ 32 32 Српската министерка за култура ги осуди заканите упатени до актерите https://republika.mk/vesti/balkan/srpskata-ministerka-za-kultura-gi-osudi-zakanite-upateni-do-akterite/ Tue, 13 Jun 2023 12:29:50 +0000 https://republika.mk/?p=650877

Министерката за култура на Србија, Маја Гојковиќ денеска ги осуди заканите упатени до актерската двојка Тамара Драгичевиќ и Петар Бенчина, како и до нивните деца, поради нивната поддршка за протестите „Србија против насилството“.

Како што јави телевизијата N1, Гојковиќ во своето гостување на телевизија Прва апелираше до полицијата и обвинителството што поскоро да ги пронајдат сторителите.

Апелирам до полицијата и обвинителството што поскоро да ги најдат сторителите и да ја информираат јавноста за тоа кој си дал дозвола на ваков начин да ги навредува и да им се заканува на децата, рече министерката.

Таа ги осуди и навредите на актерите кои не ги поддржуваат протестите, ниту се согласуваат со политиката на опозицијата.

Морам да реагирам и на моментот кога беа навредувани и омаловажувани Светислав Гончиќ, Растко Јанковиќ, Лазаr Ристовски и многу други актери кои не се согласуваат со политиката на опозицијата кои решија да поддржат одредени политички протести. Никој не реагираше кога еден од членовите на опозицијата упадна на прес-конференцијата на Белградскиот драмски театар и кога Милош Биковиќ беше нападнат од опозициски политичар, рече Гојковиќ.

На прашањето за коментарите на барањата на актерите учесници на протестите да им се обезбеди заштита, министерката истакна дека е „против остри зборови“ и повторно ја покани актерската фела да дојде на разговор во Министерството.

Секако дека сум против употреба на остри зборови, навреда на некого и мој апел е тоа да престане од сите страни“, рече министерката.

Таа апелираше до пратениците во српското Собрание да престанат да користат груби зборови.

The post Српската министерка за култура ги осуди заканите упатени до актерите appeared first on Република.

]]>

Министерката за култура на Србија, Маја Гојковиќ денеска ги осуди заканите упатени до актерската двојка Тамара Драгичевиќ и Петар Бенчина, како и до нивните деца, поради нивната поддршка за протестите „Србија против насилството“. Како што јави телевизијата N1, Гојковиќ во своето гостување на телевизија Прва апелираше до полицијата и обвинителството што поскоро да ги пронајдат сторителите.