Српска листа Archives - Република https://republika.mk/tema/srpska-lista/ За подобро да се разбереме Mon, 08 Apr 2024 10:20:41 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Српска листа Archives - Република https://republika.mk/tema/srpska-lista/ 32 32 Српска листа го бојкотира референдумот за разрешување на градоначалниците во северно Косово https://republika.mk/vesti/balkan/srpska-lista-go-bojkotira-referendumot-za-razreshuvane-na-gradonachalnitsite-vo-severno-kosovo/ Mon, 08 Apr 2024 10:20:41 +0000 https://republika.mk/?p=763752

Најголемата партија на косовските Срби, Српска листа, соопшти дека одлучила да не учествува на гласањето на 21 април за разрешување на градоначалниците на четирите општини во северно Косово, населени со мнозинско српско население.

Претседателот на таа партија, Златан Елек на прес-конференција во неделата изјави дека премиерот Албин Курти направил сé за да не успее референдумот за смена на градоначалниците Албанци во Северна Митровица, Звечан, Лепосавиќ и Зубин Поток, кои беа избрани на последните локални избори со многу мал број гласови, откако Србите истите ги бојкотираа.

Елек рече дека ставот на партијата е и волја на Србите, кои го сочинуваат мнозинството во четирите општини во северно Косово.

Тој наведе неколку причини зошто овој процес треба да се бојкотира.

Можеби залудно ќе излеземе на референдум и ќе ги малтретираме граѓаните кои беа доволно малтретирани од репресијата на режимот во Приштина. И се поставува прашањето - дали референдумот е во согласност со Уставот. Една ластовичка не носи пролет. Со доаѓањето на нашите четворица градоначалници, албанските советници ќе останат до крајот на мандатот. За ова им укажавме на странските амбасадори, рече Елек.

Тој се пожали и на бројот на гласачи кои се утврдени според Централната изборна комисија, нагласувајќи дека објавената бројка не се совпаѓа со реалноста на терен.

Во некои случаи, при средби со претставници на Квинта и други амбасадори, предупредивме дека овие податоци не се точни и дека не се совпаѓаат со реалната состојба на теренот, бидејќи во последните месеци повеќе од 15 проценти од луѓето од северно Косово се иселија. За жал, не наидовме на разбирање. Имаше многу други можности за смена на градоначалници, како што е нивното разрешување, рече Елек.

Според админитративното упатство на Владата во Приштина, за разрешување на градоначалниците потребни се на 50 отсто плус еден глас од избирачкото тело.

Србите и српските партии ги бојкотираа општинските избори во четирите северни општини на 23 април 2023 година.

По поставувањето на градоначалниците Албанци во општинските згради, со асистенција на полицијата, Србите предизвикаа големи немири на северот.

После тоа се појави барањето за одржување нови избори, за што се изготви административното упатство, врз основа на кое е покрената петиција за разрешување на градоначалниците.

Следната фаза е гласањето за разрешување, кое е закажано за 21 април.

Доколку се изгласа разрешувањето, тогаш ќе се закажат нови избори за градоначалници во четирите општини со мнозинско српско население.

The post Српска листа го бојкотира референдумот за разрешување на градоначалниците во северно Косово appeared first on Република.

]]>

Најголемата партија на косовските Срби, Српска листа, соопшти дека одлучила да не учествува на гласањето на 21 април за разрешување на градоначалниците на четирите општини во северно Косово, населени со мнозинско српско население. Претседателот на таа партија, Златан Елек на прес-конференција во неделата изјави дека премиерот Албин Курти направил сé за да не успее референдумот за смена на градоначалниците Албанци во Северна Митровица, Звечан, Лепосавиќ и Зубин Поток, кои беа избрани на последните локални избори со многу мал број гласови, откако Србите истите ги бојкотираа. Елек рече дека ставот на партијата е и волја на Србите, кои го сочинуваат мнозинството во четирите општини во северно Косово. Тој наведе неколку причини зошто овој процес треба да се бојкотира. Можеби залудно ќе излеземе на референдум и ќе ги малтретираме граѓаните кои беа доволно малтретирани од репресијата на режимот во Приштина. И се поставува прашањето - дали референдумот е во согласност со Уставот. Една ластовичка не носи пролет. Со доаѓањето на нашите четворица градоначалници, албанските советници ќе останат до крајот на мандатот. За ова им укажавме на странските амбасадори, рече Елек. Тој се пожали и на бројот на гласачи кои се утврдени според Централната изборна комисија, нагласувајќи дека објавената бројка не се совпаѓа со реалноста на терен. Во некои случаи, при средби со претставници на Квинта и други амбасадори, предупредивме дека овие податоци не се точни и дека не се совпаѓаат со реалната состојба на теренот, бидејќи во последните месеци повеќе од 15 проценти од луѓето од северно Косово се иселија. За жал, не наидовме на разбирање. Имаше многу други можности за смена на градоначалници, како што е нивното разрешување, рече Елек. Според админитративното упатство на Владата во Приштина, за разрешување на градоначалниците потребни се на 50 отсто плус еден глас од избирачкото тело. Србите и српските партии ги бојкотираа општинските избори во четирите северни општини на 23 април 2023 година. По поставувањето на градоначалниците Албанци во општинските згради, со асистенција на полицијата, Србите предизвикаа големи немири на северот. После тоа се појави барањето за одржување нови избори, за што се изготви административното упатство, врз основа на кое е покрената петиција за разрешување на градоначалниците. Следната фаза е гласањето за разрешување, кое е закажано за 21 април. Доколку се изгласа разрешувањето, тогаш ќе се закажат нови избори за градоначалници во четирите општини со мнозинско српско население.

The post Српска листа го бојкотира референдумот за разрешување на градоначалниците во северно Косово appeared first on Република.

]]>
Српска листа: Доколку не престане насилството над Србите од 1 јуни ќе пружиме отпор со сите средства https://republika.mk/vesti/balkan/srpska-lista-dokolku-ne-prestane-nasilstvoto-nad-srbite-od-1-juni-ke-pruzhime-otpor-so-site-sredstva/ Fri, 19 May 2023 12:32:01 +0000 https://republika.mk/?p=642677

Потпретседателот на Српската листа на Косово, Игор Симиќ, денеска изјави дека српската заедница на северот на Косово ќе пружи отпор од 1 јуни и додаде дека овој рок е даден доколку Приштина и меѓународната заедница не влијаат на престанок на репресијата врз Србите, што е резултат на институционално насилство, јави дописникот на МИА од Белград.

Народот не може да го толерира режимот на Албин Курти. Даваме рок до 1 јуни да се престане репресијата над народот и одземањето на земјиштето и лажната експропријација, со апсења и лажни обвиненија. Да престане прогонот, бидејќи низ казаматите на Косово има невини Срби. Да се престане со негирање на основните права како лекување и образование. Доколку овие акции продолжат, на 1 јуни ќе уследи одговор на српскиот народ, со сите средства - изјави Симиќ.

Претседателот на Српската листа, Горан Ракиќ, по заклетвата на новиот градоначалник на Северна Митровица изјави дека благодарение на натчовечките напори успеале да го зачуваат мирот и да го задржат народот да не реагира на провокациите на режимот на Албин Курти.

Покажавме дека и кога се одржаа лажните избори, па и денес, мирот е натчовечки зачуван, посочи тој и додаде дека не гледа дека некој друг е подготвен да го зачува мирот, „особено не во Приштина“. Со сите средства ќе го браниме правото на Србите да останат во нивните огништа - рече Ракиќ.

Ова е крајниот рок, додаде тој, за режимот на Албин Курти, претставниците на Квинта и меѓународната заедница.

Потсетуваме дека денеска Ерден Атиќ (Атик) положи заклетва како нов градоначалник на Северна Митровица, со што и официјално го означи почетокот на неговиот мандат.

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, поради ситуацијата на Косово, ги одложи за денеска сите закажани активности.

The post Српска листа: Доколку не престане насилството над Србите од 1 јуни ќе пружиме отпор со сите средства appeared first on Република.

]]>

Потпретседателот на Српската листа на Косово, Игор Симиќ, денеска изјави дека српската заедница на северот на Косово ќе пружи отпор од 1 јуни и додаде дека овој рок е даден доколку Приштина и меѓународната заедница не влијаат на престанок на репресијата врз Србите, што е резултат на институционално насилство, јави дописникот на МИА од Белград.
Народот не може да го толерира режимот на Албин Курти. Даваме рок до 1 јуни да се престане репресијата над народот и одземањето на земјиштето и лажната експропријација, со апсења и лажни обвиненија. Да престане прогонот, бидејќи низ казаматите на Косово има невини Срби. Да се престане со негирање на основните права како лекување и образование. Доколку овие акции продолжат, на 1 јуни ќе уследи одговор на српскиот народ, со сите средства - изјави Симиќ.
Претседателот на Српската листа, Горан Ракиќ, по заклетвата на новиот градоначалник на Северна Митровица изјави дека благодарение на натчовечките напори успеале да го зачуваат мирот и да го задржат народот да не реагира на провокациите на режимот на Албин Курти.
Покажавме дека и кога се одржаа лажните избори, па и денес, мирот е натчовечки зачуван, посочи тој и додаде дека не гледа дека некој друг е подготвен да го зачува мирот, „особено не во Приштина“. Со сите средства ќе го браниме правото на Србите да останат во нивните огништа - рече Ракиќ.
Ова е крајниот рок, додаде тој, за режимот на Албин Курти, претставниците на Квинта и меѓународната заедница. Потсетуваме дека денеска Ерден Атиќ (Атик) положи заклетва како нов градоначалник на Северна Митровица, со што и официјално го означи почетокот на неговиот мандат. Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, поради ситуацијата на Косово, ги одложи за денеска сите закажани активности.

The post Српска листа: Доколку не престане насилството над Србите од 1 јуни ќе пружиме отпор со сите средства appeared first on Република.

]]>
Српска листа ќе ги бојкотира локалните избори поради континуираното институционално насилство врз Србите од страна на режимот на Албин Курти https://republika.mk/vesti/balkan/srpska-lista-ke-gi-bojkotira-lokalnite-izbori-poradi-kontinuiranoto-institutsionalno-nasilstvo-vrz-srbite-od-strana-na-rezhimot-na-albin-kurti/ Thu, 23 Mar 2023 20:37:19 +0000 https://republika.mk/?p=623014

Српска листа соопшти дека одлуката да не учествува на претстојните локални избори на северот на Косово е „последица на континуираното институционално насилство врз Србите од страна на режимот на Албин Курти“.

Во соопштението, Српска листа потсетува дека не се исполнети барањата што тие ги поставуваат како услов за враќање во косовските институции, формирање Заедница на српски општини (ЗСО) и повлекување на сите специјални единици од северот на Косово.

Во претходните две години, антисрпскиот режим на Албин Курти им го скрати правото на косовските Срби да гласаат на избори и референдуми, ја забрани вакцинацијата против коронавирусот и спречи испорака на лекови и медицински материјали, апсеше, прогонуваше и обвинуваше Срби без никакви докази“, наведуваат од Српска листа.

Тие го обвинија Курти дека „и покрај договорот од Брисел“, спречил употреба на регистарски таблички на КМ и со тоа „го лишил српскиот народ од правото на слободно движење“.

Казнените орди на косовските специјалци им ја одземаа земјата на српските домаќини во Зубин Поток и Лепосавиќ и изградија диви бази во овие општини, а тие секојдневно го малтретираат српскиот народ и пукаат во Србите. Го потсетуваме Албин Курти дека од почетокот на годината од службеното огнено оружје на припадниците на КБС е пукано врз српските деца Стефан и Милош во Штрпац, а од зад грб на мостот Бистрица е пукано во Миљан Делевиќ“, се додава во соопштението.

Од Српска листа наведуваат дека со односот кон српскиот народ Курти го покажал и со поставувањето на немулојалните Срби, како Ненад Рашиќ за министер, иако нема поддршка од граѓаните и од ниту еден пратеник во парламентот во Приштина, како и со одбивањето да ја почитува одлуката на Уставниот суд за враќање на земјиштето на манастирот Високи Дечани.

Со оглед на сето горенаведено, Српската листа, согласно ставовите на граѓаните кои ги застапуваме со години, одлучи да не учествува на овие избори. Недовербата што Србите ја чувствуваат кон Курти е забетонирана со неговите последни потези“, се наведува во соопштението.

Локалните избори во четири општини на северот на Косово се најавени за 23 април, а рокот за пријавување партии и кандидати истече вчера.

The post Српска листа ќе ги бојкотира локалните избори поради континуираното институционално насилство врз Србите од страна на режимот на Албин Курти appeared first on Република.

]]>

Српска листа соопшти дека одлуката да не учествува на претстојните локални избори на северот на Косово е „последица на континуираното институционално насилство врз Србите од страна на режимот на Албин Курти“. Во соопштението, Српска листа потсетува дека не се исполнети барањата што тие ги поставуваат како услов за враќање во косовските институции, формирање Заедница на српски општини (ЗСО) и повлекување на сите специјални единици од северот на Косово.
Во претходните две години, антисрпскиот режим на Албин Курти им го скрати правото на косовските Срби да гласаат на избори и референдуми, ја забрани вакцинацијата против коронавирусот и спречи испорака на лекови и медицински материјали, апсеше, прогонуваше и обвинуваше Срби без никакви докази“, наведуваат од Српска листа.
Тие го обвинија Курти дека „и покрај договорот од Брисел“, спречил употреба на регистарски таблички на КМ и со тоа „го лишил српскиот народ од правото на слободно движење“.
Казнените орди на косовските специјалци им ја одземаа земјата на српските домаќини во Зубин Поток и Лепосавиќ и изградија диви бази во овие општини, а тие секојдневно го малтретираат српскиот народ и пукаат во Србите. Го потсетуваме Албин Курти дека од почетокот на годината од службеното огнено оружје на припадниците на КБС е пукано врз српските деца Стефан и Милош во Штрпац, а од зад грб на мостот Бистрица е пукано во Миљан Делевиќ“, се додава во соопштението.
Од Српска листа наведуваат дека со односот кон српскиот народ Курти го покажал и со поставувањето на немулојалните Срби, како Ненад Рашиќ за министер, иако нема поддршка од граѓаните и од ниту еден пратеник во парламентот во Приштина, како и со одбивањето да ја почитува одлуката на Уставниот суд за враќање на земјиштето на манастирот Високи Дечани.
Со оглед на сето горенаведено, Српската листа, согласно ставовите на граѓаните кои ги застапуваме со години, одлучи да не учествува на овие избори. Недовербата што Србите ја чувствуваат кон Курти е забетонирана со неговите последни потези“, се наведува во соопштението.
Локалните избори во четири општини на северот на Косово се најавени за 23 април, а рокот за пријавување партии и кандидати истече вчера.

The post Српска листа ќе ги бојкотира локалните избори поради континуираното институционално насилство врз Србите од страна на режимот на Албин Курти appeared first on Република.

]]>
Српска листа ги повлече пратеничките мандати во Собранието на Косово https://republika.mk/vesti/balkan/srpska-lista-gi-povleche-pratenichkite-mandati-vo-sobranieto-na-kosovo/ Mon, 07 Nov 2022 11:20:12 +0000 https://republika.mk/?p=570872

Пратениците на најголемата партија на косовските Срби, Српска листа (СЛ), денеска ги вратија мандатите во Собранието на Косово, откако во саботата партијата ги повика Србите да ги напуштат косовските институции, јави дописникот на МИА од Приштина.

Информацијата во изјава за медиумите ја потврди Илир Керчели, шеф на кабинетот на собранискиот спикер Глаук Коњуфца, а со соопштение се огласи и собраниската служба за информирање.

Ве информираме дека десет пратеници на Собранието на Република Косово од парламентарниот субјект Српска листа поднесоа неотповикливи оставки, се наведува во соопштението.

Српска листа одлучи да ги повлече своите членови од институциите на Косово, поради најавите од косовската Влада дека ќе ги казнува лицата кои нема да ги сменат регистерските таблички издадени од Србија со таблички со ознаката РКС – Република Косово.

Лидерот на СЛ, Горан Ракиќ, кој исто така поднесе оставка од функцијата министер за заедници и враќање во косовската Влада, порача дека Србите ќе останат надвор од институциите сé додека не се повлече одлуката за табличките и не се формира заедницата на општини со мнозинско српско население во Косово.

The post Српска листа ги повлече пратеничките мандати во Собранието на Косово appeared first on Република.

]]>

Пратениците на најголемата партија на косовските Срби, Српска листа (СЛ), денеска ги вратија мандатите во Собранието на Косово, откако во саботата партијата ги повика Србите да ги напуштат косовските институции, јави дописникот на МИА од Приштина. Информацијата во изјава за медиумите ја потврди Илир Керчели, шеф на кабинетот на собранискиот спикер Глаук Коњуфца, а со соопштение се огласи и собраниската служба за информирање.
Ве информираме дека десет пратеници на Собранието на Република Косово од парламентарниот субјект Српска листа поднесоа неотповикливи оставки, се наведува во соопштението.
Српска листа одлучи да ги повлече своите членови од институциите на Косово, поради најавите од косовската Влада дека ќе ги казнува лицата кои нема да ги сменат регистерските таблички издадени од Србија со таблички со ознаката РКС – Република Косово. Лидерот на СЛ, Горан Ракиќ, кој исто така поднесе оставка од функцијата министер за заедници и враќање во косовската Влада, порача дека Србите ќе останат надвор од институциите сé додека не се повлече одлуката за табличките и не се формира заедницата на општини со мнозинско српско население во Косово.

The post Српска листа ги повлече пратеничките мандати во Собранието на Косово appeared first on Република.

]]>
Најголемата партија на косовските Срби одлучи да ги повлече своите членови од институциите на Косово https://republika.mk/vesti/balkan/najgolemata-partija-na-kosovskite-srbi-odluchi-da-gi-povleche-svoite-chlenovi-od-instituciite-na-kosovo/ Sat, 05 Nov 2022 13:24:12 +0000 https://republika.mk/?p=570039

Најголемата партија на косовските Срби, Српска листа (СЛ) одлучи денеска да ги повлече своите членови од институциите на Косово, јави дописникот на МИА од Приштина.

Лидерот на СЛ, Горан Ракиќ, кој беше единствен министер Србин во владата на Албин Курти, поднесе оставка од челната функција во Министерството за заедници и враќање.

По денешната седница на партиското раководство, одржана во Звечане во северно Косово, Ракиќ изјави дека е одлучено Србите да се повлечат од сите политички институции – Собранието, Владата и четирите општини кои таа партија ги води, како и од правните институции, полицијата и администрацијата на Косово.

Одлуката уследи по разрешувањето на директорот на полицијата на Косово за северниот регион, Ненад Ѓуриќ, кој одби да ја спроведе одлуката на владата за пререгистрација на возилата со таблички издадени од Србија и опремување со таблички со ознаката РКС – Република Косово.

The post Најголемата партија на косовските Срби одлучи да ги повлече своите членови од институциите на Косово appeared first on Република.

]]>

Најголемата партија на косовските Срби, Српска листа (СЛ) одлучи денеска да ги повлече своите членови од институциите на Косово, јави дописникот на МИА од Приштина. Лидерот на СЛ, Горан Ракиќ, кој беше единствен министер Србин во владата на Албин Курти, поднесе оставка од челната функција во Министерството за заедници и враќање. По денешната седница на партиското раководство, одржана во Звечане во северно Косово, Ракиќ изјави дека е одлучено Србите да се повлечат од сите политички институции – Собранието, Владата и четирите општини кои таа партија ги води, како и од правните институции, полицијата и администрацијата на Косово. Одлуката уследи по разрешувањето на директорот на полицијата на Косово за северниот регион, Ненад Ѓуриќ, кој одби да ја спроведе одлуката на владата за пререгистрација на возилата со таблички издадени од Србија и опремување со таблички со ознаката РКС – Република Косово.

The post Најголемата партија на косовските Срби одлучи да ги повлече своите членови од институциите на Косово appeared first on Република.

]]>