српска амбасадорка Archives - Република https://republika.mk/tema/srpska-ambasadorka/ За подобро да се разбереме Mon, 09 Sep 2024 07:03:02 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png српска амбасадорка Archives - Република https://republika.mk/tema/srpska-ambasadorka/ 32 32 Маж ја нападнал српската амбасадорка во Мадрид https://republika.mk/vesti/balkan/mazh-ja-napadnal-srpskata-ambasadorka-vo-madrid/ Mon, 09 Sep 2024 07:03:02 +0000 https://republika.mk/?p=814525

Амбасадорката на Србија во Шпанија, Ирена Шарац била нападната во центарот на Мадрид и за случајот е отворена истрага.

Амбасадорката била нападната на улицата каде што живее, а напаѓачот и го повредил грбот. Од изјавите на присутните сведоци се сомнева дека, според неговиот говор, се работи за лице со албанско потекло.

Ирена Шарац е родена на 9 април 1980 година во Белград. Завршила Специјални академски студии – Меѓународни односи.

Има долгогодишно работно искуство во дипломатијата како помошник министер за надворешни работи за билатерална соработка со звање амбасадор, во МНР работела и како раководител на Одделот за Азија, Австралија и Пацифик, како и во секторот за билатерална соработка. Била и советник задолжен за Народна Република Кина, Република Кореја и Монголија. Работела и во Амбасадата на Република Србија во Народна Република Кина и Грција.

Зборува англиски и кинески, како и шпански и француски.

Веднаш по нападот, министерот за надворешни работи Марко Ѓуриќ објави дека амбасадорката Шарац била физички нападната во Мадрид.

Најостро го осудувам физички напад врз амбасадорот Шарац во центарот на Мадрид. Бараме од сите власти целосна истрага и одговорност за овој невиден инцидент и чин на насилство врз највисокиот дипломатски претставник на нашата земја, изјави шефот на српската дипломатија.

 

The post Маж ја нападнал српската амбасадорка во Мадрид appeared first on Република.

]]>

Амбасадорката на Србија во Шпанија, Ирена Шарац била нападната во центарот на Мадрид и за случајот е отворена истрага. Амбасадорката била нападната на улицата каде што живее, а напаѓачот и го повредил грбот. Од изјавите на присутните сведоци се сомнева дека, според неговиот говор, се работи за лице со албанско потекло. Ирена Шарац е родена на 9 април 1980 година во Белград. Завршила Специјални академски студии – Меѓународни односи. Има долгогодишно работно искуство во дипломатијата како помошник министер за надворешни работи за билатерална соработка со звање амбасадор, во МНР работела и како раководител на Одделот за Азија, Австралија и Пацифик, како и во секторот за билатерална соработка. Била и советник задолжен за Народна Република Кина, Република Кореја и Монголија. Работела и во Амбасадата на Република Србија во Народна Република Кина и Грција. Зборува англиски и кинески, како и шпански и француски. Веднаш по нападот, министерот за надворешни работи Марко Ѓуриќ објави дека амбасадорката Шарац била физички нападната во Мадрид.
Најостро го осудувам физички напад врз амбасадорот Шарац во центарот на Мадрид. Бараме од сите власти целосна истрага и одговорност за овој невиден инцидент и чин на насилство врз највисокиот дипломатски претставник на нашата земја, изјави шефот на српската дипломатија.
 

The post Маж ја нападнал српската амбасадорка во Мадрид appeared first on Република.

]]>
Српската амбасадорка се огради од паролите на „гробарите“ https://republika.mk/vesti/balkan/srpskata-ambasadorka-se-ogradi-od-parolite-na-grobarite/ Thu, 02 Mar 2023 12:58:57 +0000 https://republika.mk/?p=615101

Министерството за надворешни работи на Македонија упати реакција до Министерството за надворешни работи на Република Србија со осуда за провокативните навреди и пароли демонстрирани за време на натпреварот меѓу РК Партизан и РК Вардар во Белград од страна на навивачката група на домашниот клуб.

Со овие непријатни активности освен што беа погазени принципите за фер и спортско однесување, беа длабоко повредени  достоинството на Република Македонија и нејзините граѓани. Ваквите реакции од групи поединци воопшто не се во духот на одличните билатерални односи кои ги негуваат двете земји.

Српската страна, преку својата амбасадорка во Македонија, изрази жалење и се огради од овие изолирани случаи на поединци кои на никаков начин не ги отсликуваат позициите на официјален Белград во однос на нашата земја, ниту пак се во духот на заемните заложби за јакнење на севкупни билатерални односи меѓу двете земји, соопшти МНР.

The post Српската амбасадорка се огради од паролите на „гробарите“ appeared first on Република.

]]>

Министерството за надворешни работи на Македонија упати реакција до Министерството за надворешни работи на Република Србија со осуда за провокативните навреди и пароли демонстрирани за време на натпреварот меѓу РК Партизан и РК Вардар во Белград од страна на навивачката група на домашниот клуб.
Со овие непријатни активности освен што беа погазени принципите за фер и спортско однесување, беа длабоко повредени  достоинството на Република Македонија и нејзините граѓани. Ваквите реакции од групи поединци воопшто не се во духот на одличните билатерални односи кои ги негуваат двете земји. Српската страна, преку својата амбасадорка во Македонија, изрази жалење и се огради од овие изолирани случаи на поединци кои на никаков начин не ги отсликуваат позициите на официјален Белград во однос на нашата земја, ниту пак се во духот на заемните заложби за јакнење на севкупни билатерални односи меѓу двете земји, соопшти МНР.

The post Српската амбасадорка се огради од паролите на „гробарите“ appeared first on Република.

]]>