сретства Archives - Република https://republika.mk/tema/sretstva/ За подобро да се разбереме Mon, 29 Jul 2024 11:11:09 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png сретства Archives - Република https://republika.mk/tema/sretstva/ 32 32 Ќе се формира тело кое ќе истражи како се делеле парите во време на ковид кризата без критериуми, народот мора да знае каде оделе нивните пари, вели Мицкоски https://republika.mk/vesti/makedonija/ke-se-formira-telo-koe-ke-istrazhi-kako-se-delele-parite-vo-vreme-na-kovid-krizata-bez-kriteriumi-narodot-mora-da-znae-kade-odele-nivnite-pari-veli-mitskoski/ Mon, 29 Jul 2024 11:11:09 +0000 https://republika.mk/?p=801328

Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски, денеска одговарајќи на новинарско прашање дали ќе се формира комисијата и ќе се испита како се доделувала ковид поддршката за компаниите, рече дека на владина седница ќе се формира тело кое што ќе истражи како и на што се доделувала помошта без критериуми во време на ковид кризата, потенцирајќи дека народот мора да знае каде се трошеле нивните пари.

Во периодот којшто следи на владина седница ќе формираме такво тело коешто во детали ќе ги истражи сите овие индиции, односно сето она што го имаме на располагање и не само таму и во Фондот познат како ФИТР во јавноста и сето тоа ќе биде изнесено пред јавноста.

Јавноста треба да знае каде се трошат народните пари, вели премиерот Мицкоски.

The post Ќе се формира тело кое ќе истражи како се делеле парите во време на ковид кризата без критериуми, народот мора да знае каде оделе нивните пари, вели Мицкоски appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски, денеска одговарајќи на новинарско прашање дали ќе се формира комисијата и ќе се испита како се доделувала ковид поддршката за компаниите, рече дека на владина седница ќе се формира тело кое што ќе истражи како и на што се доделувала помошта без критериуми во време на ковид кризата, потенцирајќи дека народот мора да знае каде се трошеле нивните пари. Во периодот којшто следи на владина седница ќе формираме такво тело коешто во детали ќе ги истражи сите овие индиции, односно сето она што го имаме на располагање и не само таму и во Фондот познат како ФИТР во јавноста и сето тоа ќе биде изнесено пред јавноста.   Јавноста треба да знае каде се трошат народните пари, вели премиерот Мицкоски.  

The post Ќе се формира тело кое ќе истражи како се делеле парите во време на ковид кризата без критериуми, народот мора да знае каде оделе нивните пари, вели Мицкоски appeared first on Република.

]]>
Владата ќе обезбеди пари за довршување на реконструкцијата на Театар Куманово https://republika.mk/vesti/kultura/vladata-ke-obezbedi-pari-za-dovrshuvane-na-rekonstruktsijata-na-teatar-kumanovo/ Fri, 17 Feb 2023 12:21:07 +0000 https://republika.mk/?p=610151

Средства за продолжување на реконструкцијата на зградата на Кумановскиот тетар ќе се одобрат од владина програма за капитални инвестиции, поради тоа овој проект не се најде во годишната програма на Министерството за култура, велат надлежните.

Според директорот на Центарот за култура Сашо Тодоровски, во објавената програма нема ставки за реализација на капитални објекти, вклучително и за Театар Куманово, но парите за овие проекти преку владата се обезбедуваат на предлог на министерката за култура. Висината на одобрените средства ќе биде позната откако одлуката ќе помина на седница на Влада, која треба да се одржи овие денови.

„Обезбедени се средства за третата фаза од реконструкцијата на Театар Куманово за 2023 година од големата владина програма.  Најавено ни е дека износот ќе биде поголем од побараното. Очекуваме дека во целост ќе може да ја реализираме реконструкцијата на кровот и светлечкиот мост. Засега не можеме ништо да планираме додека не добиеме повратна информација од Владата колку средства ќе обезбедат за овој проект. Ние се надеваме дека планот за 2023 ќе се оствари во целост“, изјави Тодоровски.

Реконструкцијата на зградата на Театар Куманово започна во летото 2021 година и првите две фази се успешно завршени, а со планот  предвидено е реконструкцијата да трае 2 до 3 години. Во меѓувреме сите активности на Кумановскиот театар се одвиваат во зградата на Центарот за култура.

извор: Кумановоњуз

The post Владата ќе обезбеди пари за довршување на реконструкцијата на Театар Куманово appeared first on Република.

]]>

Средства за продолжување на реконструкцијата на зградата на Кумановскиот тетар ќе се одобрат од владина програма за капитални инвестиции, поради тоа овој проект не се најде во годишната програма на Министерството за култура, велат надлежните. Според директорот на Центарот за култура Сашо Тодоровски, во објавената програма нема ставки за реализација на капитални објекти, вклучително и за Театар Куманово, но парите за овие проекти преку владата се обезбедуваат на предлог на министерката за култура. Висината на одобрените средства ќе биде позната откако одлуката ќе помина на седница на Влада, која треба да се одржи овие денови.
„Обезбедени се средства за третата фаза од реконструкцијата на Театар Куманово за 2023 година од големата владина програма.  Најавено ни е дека износот ќе биде поголем од побараното. Очекуваме дека во целост ќе може да ја реализираме реконструкцијата на кровот и светлечкиот мост. Засега не можеме ништо да планираме додека не добиеме повратна информација од Владата колку средства ќе обезбедат за овој проект. Ние се надеваме дека планот за 2023 ќе се оствари во целост“, изјави Тодоровски.
Реконструкцијата на зградата на Театар Куманово започна во летото 2021 година и првите две фази се успешно завршени, а со планот  предвидено е реконструкцијата да трае 2 до 3 години. Во меѓувреме сите активности на Кумановскиот театар се одвиваат во зградата на Центарот за култура. извор: Кумановоњуз

The post Владата ќе обезбеди пари за довршување на реконструкцијата на Театар Куманово appeared first on Република.

]]>
Свети Николе за развој на локалитетот Била Зора има издвоено 500 илјади денари https://republika.mk/vesti/kultura/sveti-nikole-za-razvoj-na-lokalitetot-bila-zora-ima-izdvoeno-500-iljadi-denari/ Thu, 09 Feb 2023 18:08:42 +0000 https://republika.mk/?p=607019

 Половина милион денари има издвоено Општина Свети Николе за археолошкиот локалитет Била Зора. Градоначалникот на Општина Свети Николе, Дејан Владев за МИА вели дека денеска го потпишал и вториот меморандум за соработка и развој на овој локалитет. Потписи на овој меморандум ставија Владев и ректорот на Славјанскиот универзитет, Јордан Ѓорчев.

Посочува дека лани соработката ја воспоставија со Филозофскиот факултет при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“-Скопје.

Се надеваме дека во 2023 година согласно со нашите скромни буџети ќе овозможиме понатамошен развој на овој локалитет. Во исто време како Музеј имаме и аплицирано до Министерството за култура да ни помогне финансиски да го развиваме и промовираме на овој локалитет, кој е од Пајонско време и мислам дека вакви наоѓалишта има само на две или три локации на Балканот, вели Владев.

Директорот на штипскиот Музеј, Митко Штерјов посочи дека лани Министерството за култура  за  конзерваторски работи на локалитетот „Била зора“ има издвоено 1.800.000 денари. Очекува да продолжи истражувањето на Била зора и оваа година, бидејќи веќе аплицирале во Министерството за култура. Смета дека кога институциите се единствени, може да се направи многу за заштита на културното богатство.

The post Свети Николе за развој на локалитетот Била Зора има издвоено 500 илјади денари appeared first on Република.

МТСП: 35 000 граѓани од ранливите категории ќе добијат ваучери од 1.000 денари ​ https://republika.mk/vesti/ekonomija/mtsp-35-000-gragjani-od-ranlivite-kategorii-kje-dobijat-vaucheri-od-1-000-denari/ Fri, 11 Mar 2022 19:54:29 +0000 https://republika.mk/?p=471480

Министерство за труд и социјална политика во време на светска економска криза, силно е посветено на грижата за сите граѓани, особено на ранливите категории. Со новиот пакет 26 мерки, Владата понуди  издржани решенија со цел ублажување на последиците. За поддршка на граѓаните и компаниите Владата од буџетот одвои 400 милиони евра.

Пакетот мерки кои се однесуваат на заштитата на животниот стандард на граѓаните, економската стабилност и ликвидноста на компаниите, произлезе од Економскиот совет во кој учествуваа, претставници од академијата, стопанските комори, поголемите компании од земјава, синдикалните организации и други експерти од економскиот и финансискиот сектор.

Во таа насока 35.000 граѓани од  најранливите категории ќе добијат субвенции односно ваучери во вредност од 1.000 денари, за три месеци,  за купување на основните производи за исхрана.

Во рамките на социјалниот дијалог обезбедена е директна  финансиска помош за околу  330 илјади пензионери со што највозрасните граѓани ќе добијат дополнителни 3.000 денари за три месеци, или  по 1.000 денари плус со мартовската, априлската и пензијата во мај.

Со прифаќање на предлогот на Сојузот на здруженија на пензионери се воведува нова методологија за континуиран раст на пензиите. Со новата методологија со која усогласувањето на пензиите ќе се врзе за порастот на трошоците за живот  со 50%,  и 50% растот на просечната плата,  ќе започне да се применува без дополнителни одлагања, со септемвриската пензија годинава. Измените и дополнувањето на Законот за пензиско и инвалидско осигурување, по скратена постапка Владата ги достави до Собранието.

Ова е историско и рекордно зголемување - пензионерите со просечна пензија која во моментот е 16.300 денари, по завршувањето на финансискиот пакет од по 1.000 денари, а со воведувањето на новата методологија од септември па натаму, секој месец ќе имаат просечно по 900 денари плус на својата сметка. Согласно проекциите на крајот на 2022 година се очекува зголемување на просечната месечна пензија на околу 17.300 денари, споредено со крајот на 2021 година, кога во просек пензијата беше 15.876 денари.

The post МТСП: 35 000 граѓани од ранливите категории ќе добијат ваучери од 1.000 денари ​ appeared first on Република.

]]>

Министерство за труд и социјална политика во време на светска економска криза, силно е посветено на грижата за сите граѓани, особено на ранливите категории. Со новиот пакет 26 мерки, Владата понуди  издржани решенија со цел ублажување на последиците. За поддршка на граѓаните и компаниите Владата од буџетот одвои 400 милиони евра. Пакетот мерки кои се однесуваат на заштитата на животниот стандард на граѓаните, економската стабилност и ликвидноста на компаниите, произлезе од Економскиот совет во кој учествуваа, претставници од академијата, стопанските комори, поголемите компании од земјава, синдикалните организации и други експерти од економскиот и финансискиот сектор. Во таа насока 35.000 граѓани од  најранливите категории ќе добијат субвенции односно ваучери во вредност од 1.000 денари, за три месеци,  за купување на основните производи за исхрана. Во рамките на социјалниот дијалог обезбедена е директна  финансиска помош за околу  330 илјади пензионери со што највозрасните граѓани ќе добијат дополнителни 3.000 денари за три месеци, или  по 1.000 денари плус со мартовската, априлската и пензијата во мај. Со прифаќање на предлогот на Сојузот на здруженија на пензионери се воведува нова методологија за континуиран раст на пензиите. Со новата методологија со која усогласувањето на пензиите ќе се врзе за порастот на трошоците за живот  со 50%,  и 50% растот на просечната плата,  ќе започне да се применува без дополнителни одлагања, со септемвриската пензија годинава. Измените и дополнувањето на Законот за пензиско и инвалидско осигурување, по скратена постапка Владата ги достави до Собранието.   Ова е историско и рекордно зголемување - пензионерите со просечна пензија која во моментот е 16.300 денари, по завршувањето на финансискиот пакет од по 1.000 денари, а со воведувањето на новата методологија од септември па натаму, секој месец ќе имаат просечно по 900 денари плус на својата сметка. Согласно проекциите на крајот на 2022 година се очекува зголемување на просечната месечна пензија на околу 17.300 денари, споредено со крајот на 2021 година, кога во просек пензијата беше 15.876 денари.

The post МТСП: 35 000 граѓани од ранливите категории ќе добијат ваучери од 1.000 денари ​ appeared first on Република.

]]>
Град Скопје ќе додели средства за сите 10 скопски општини за нови паркови и зеленило https://republika.mk/vesti/skopje/grad-skopje-kje-dodeli-sredstva-za-site-10-skopski-opshtini-za-novi-parkovi-i-zelenilo/ Thu, 24 Feb 2022 14:29:00 +0000 https://republika.mk/?p=463243

Советот на Град Скопје на денешната седница донесе повеќе одлуки за меѓуопштинска соработка со скопските општини. Со првата одлука, предвидено е Град Скопје да издвои средства за 10те скопски општини за реконструкција и хортикултурно уредување на постојните зелени парковски површини, како и садење нови садници и цвеќе.

Од овие средства ќе се реализираат голем број на заеднички проекти со општините со кои ќе зголеми зеленилото во градот Скопје.

Советиците на денешната седница донесоа и две одлуки за воспоставување на меѓуопштинска соработка со општината Кисела Вода, првата за изградба на атмосферска, додека втората за изградба на фекална канализација.

Со првата одлука е предвидено целосно финансирање на изградбата на атмосферска канализација по дел од улиците Димо Хаџи Димов и Божидар Аџија – крак 2.

Со втората одлука, Град Скопје ќе ја финансира изградбата на фекалната канализација во населбата Градинар. Општина Кисела Вода во проектот ќе учествува преку финансирање на изработка на Урбанистички и Основен проект за линиски инфраструктурни градби на дел од булеварот Борис Трајковски за фекална канализација во населба Градинар.

The post Град Скопје ќе додели средства за сите 10 скопски општини за нови паркови и зеленило appeared first on Република.

]]>

Советот на Град Скопје на денешната седница донесе повеќе одлуки за меѓуопштинска соработка со скопските општини. Со првата одлука, предвидено е Град Скопје да издвои средства за 10те скопски општини за реконструкција и хортикултурно уредување на постојните зелени парковски површини, како и садење нови садници и цвеќе. Од овие средства ќе се реализираат голем број на заеднички проекти со општините со кои ќе зголеми зеленилото во градот Скопје. Советиците на денешната седница донесоа и две одлуки за воспоставување на меѓуопштинска соработка со општината Кисела Вода, првата за изградба на атмосферска, додека втората за изградба на фекална канализација. Со првата одлука е предвидено целосно финансирање на изградбата на атмосферска канализација по дел од улиците Димо Хаџи Димов и Божидар Аџија – крак 2. Со втората одлука, Град Скопје ќе ја финансира изградбата на фекалната канализација во населбата Градинар. Општина Кисела Вода во проектот ќе учествува преку финансирање на изработка на Урбанистички и Основен проект за линиски инфраструктурни градби на дел од булеварот Борис Трајковски за фекална канализација во населба Градинар.

The post Град Скопје ќе додели средства за сите 10 скопски општини за нови паркови и зеленило appeared first on Република.

]]>
Кумановскиот музеј доби над 4,9 милиони денари за реализација на 35 проекти од годишната програма https://republika.mk/vesti/kultura/kumanovskiot-muzej-dobi-nad-4-9-milioni-denari-za-realizacija-na-35-proekti-od-godishnata-programa/ Mon, 21 Feb 2022 10:33:41 +0000 https://republika.mk/?p=461385

НУ Музеј Куманово доби над 4,9 милиони денари од Министерството за култура за реализирање на проекти од годишната програма за тековната година, соопштија денеска надлежните од установата.

Меѓу проектите, поодделно одвоени 1,8 милиони за музејска дејност и заштита на нематеријалното културно наследство за реализирање на 22 проекти од областа на етнологија, археологија, историја и историја на уметност.

За визуелнa уметност, архитектура и дизајн предвидена е реализација на девет проекти поддржани со 845.000 денари, за издавачка дејност и литература 100.000 денари за музејски гласник, инвестициско одржување, санација на платото пред Меморијалниот Центар АСНОМ во Пелинце одвоени се 1,6 милиони денари. За санација на музејски згради, покривот на постојаната музејска поставка, на галеријата и административната зграда предвидени се 419.000 денари. За меѓународна дејност, „Конекции на кралството на античка Македонија со кумановскиот регион“ одвоени се 52.000 денари.

Задоволни сме од она што го понудивме и она што ни е одобрено од Министерството за култура како годишна програма за 2022 година,изјави директорот на НУ Музеј Куманово, Богдан Таневски.

Дел од проектите продолжуваат, некои се нови, појаснуваат од Музејот. Вкупно одобрени се 35 проекти, што е повеќе за десет проекти во однос на минатата година. Меѓу одобрените проекти е продолжување на минатогодишните археолошки истражувања на трите локалитети „Градиште“ едниот во близина на село Пчиња, вториот во Младо Нагоричане и локалитет Црквиште во близина на Клечовце.

Во текот на годината ќе се работи на истражување од областа на етнологија во селата од козјачијата, изложба од областа на историја на уметност, наменета за резби, одржување и конзервација на нумизматичката збирка, конзервација на етнилолошки предмети, музејот доби и проект за истражувања на женската свадба кај албанската етничка заедница во Куманово.

И годинава ќе откупуваме музејски предмети, историски, археолошки, етнолошки, ги поканувам граѓаните, сето она што претставува културно богатство да ни го понудат за откуп и да го презентираме пред јавноста, изјави Таневски.

Како што е најавено летска ќе се одржи ликовната колонија „Куманово 2022“, изложби од претходна колонија на кумановските ликовни уметници, на македонски уметници, на тие кои самостојно аплицирале на конкурсот, во програмата се четири кумановски уметници, издавање на монографии, етнолошки изложби, едукација на ученици.

The post Кумановскиот музеј доби над 4,9 милиони денари за реализација на 35 проекти од годишната програма appeared first on Република.

]]>

НУ Музеј Куманово доби над 4,9 милиони денари од Министерството за култура за реализирање на проекти од годишната програма за тековната година, соопштија денеска надлежните од установата. Меѓу проектите, поодделно одвоени 1,8 милиони за музејска дејност и заштита на нематеријалното културно наследство за реализирање на 22 проекти од областа на етнологија, археологија, историја и историја на уметност. За визуелнa уметност, архитектура и дизајн предвидена е реализација на девет проекти поддржани со 845.000 денари, за издавачка дејност и литература 100.000 денари за музејски гласник, инвестициско одржување, санација на платото пред Меморијалниот Центар АСНОМ во Пелинце одвоени се 1,6 милиони денари. За санација на музејски згради, покривот на постојаната музејска поставка, на галеријата и административната зграда предвидени се 419.000 денари. За меѓународна дејност, „Конекции на кралството на античка Македонија со кумановскиот регион“ одвоени се 52.000 денари.
Задоволни сме од она што го понудивме и она што ни е одобрено од Министерството за култура како годишна програма за 2022 година,изјави директорот на НУ Музеј Куманово, Богдан Таневски.
Дел од проектите продолжуваат, некои се нови, појаснуваат од Музејот. Вкупно одобрени се 35 проекти, што е повеќе за десет проекти во однос на минатата година. Меѓу одобрените проекти е продолжување на минатогодишните археолошки истражувања на трите локалитети „Градиште“ едниот во близина на село Пчиња, вториот во Младо Нагоричане и локалитет Црквиште во близина на Клечовце. Во текот на годината ќе се работи на истражување од областа на етнологија во селата од козјачијата, изложба од областа на историја на уметност, наменета за резби, одржување и конзервација на нумизматичката збирка, конзервација на етнилолошки предмети, музејот доби и проект за истражувања на женската свадба кај албанската етничка заедница во Куманово.
И годинава ќе откупуваме музејски предмети, историски, археолошки, етнолошки, ги поканувам граѓаните, сето она што претставува културно богатство да ни го понудат за откуп и да го презентираме пред јавноста, изјави Таневски.
Како што е најавено летска ќе се одржи ликовната колонија „Куманово 2022“, изложби од претходна колонија на кумановските ликовни уметници, на македонски уметници, на тие кои самостојно аплицирале на конкурсот, во програмата се четири кумановски уметници, издавање на монографии, етнолошки изложби, едукација на ученици.

The post Кумановскиот музеј доби над 4,9 милиони денари за реализација на 35 проекти од годишната програма appeared first on Република.

]]>
Завод и музеј-Охрид доби повеќе од 12 милиони денари за реализација на активностите предвидени со годишната програма https://republika.mk/vesti/kultura/zavod-i-muzej-ohrid-dobi-povekje-od-12-milioni-denari-za-realizacija-na-aktivnostite-predvideni-so-godishnata-programa/ Mon, 21 Feb 2022 10:09:35 +0000 https://republika.mk/?p=461371

Националната установа „Завод и Музеј – Охрид“ оваа година од Министерството за култура доби значителни средства за реализација на активностите предвидени со годишната програма.

Вкупно за реализација на програмата за 2022 година на Националната установа се издвоени повеќе од 12 милиони денари или четири милиони денари повеќе отколку лани.

Од нив за проекти за заштита на недвижното културно наследство се предвидени 10,5 милиони денари, 1,3 милиони за музејската дејност додека останатите средства се со намена за галериска и меѓународна дејност.

Охридскиот Завод и Музеј остварува и сопствени приходи од влезници продадени на посетителите на музеите и локалитетите. Тие средства се далеку од износот потребен за реализација на проектите, така што најчесто се наменети за подобрување на условите за работа.

Најголем дел од буџетските средства се трошат за конзерваторско-реставраторски активности на недвижно и на движно културно наследство, изработка на проекти за конзервација, археолошки истражувања, тековно одржување на локалитетите, музеите и предметите во збирките, доопремување на конзерваторските лаборатории и на музејските поставки, откуп на етнолошки предмети, изложби на современа уметност, како и организација на меѓународна школа.

The post Завод и музеј-Охрид доби повеќе од 12 милиони денари за реализација на активностите предвидени со годишната програма appeared first on Република.

]]>

Националната установа „Завод и Музеј – Охрид“ оваа година од Министерството за култура доби значителни средства за реализација на активностите предвидени со годишната програма. Вкупно за реализација на програмата за 2022 година на Националната установа се издвоени повеќе од 12 милиони денари или четири милиони денари повеќе отколку лани. Од нив за проекти за заштита на недвижното културно наследство се предвидени 10,5 милиони денари, 1,3 милиони за музејската дејност додека останатите средства се со намена за галериска и меѓународна дејност. Охридскиот Завод и Музеј остварува и сопствени приходи од влезници продадени на посетителите на музеите и локалитетите. Тие средства се далеку од износот потребен за реализација на проектите, така што најчесто се наменети за подобрување на условите за работа. Најголем дел од буџетските средства се трошат за конзерваторско-реставраторски активности на недвижно и на движно културно наследство, изработка на проекти за конзервација, археолошки истражувања, тековно одржување на локалитетите, музеите и предметите во збирките, доопремување на конзерваторските лаборатории и на музејските поставки, откуп на етнолошки предмети, изложби на современа уметност, како и организација на меѓународна школа.

The post Завод и музеј-Охрид доби повеќе од 12 милиони денари за реализација на активностите предвидени со годишната програма appeared first on Република.

]]>
Димитриеска Кочоска: Загрижувачки е што нема средства да се плати гасот, ситуацијата може да стане алармантна https://republika.mk/vesti/ekonomija/dimitrieska-kochoska-zagrizuvachki-e-shto-nema-sredstva-da-se-plati-gasot-situacijata-moze-da-stane-alarmantna/ Mon, 10 Jan 2022 20:42:30 +0000 https://republika.mk/?p=442829

Загрижувачка е изјавата на претседателот на Регулаторна комисија за енергетика дека нема финансиски средства да се плати гасот, затоа што ако се нема пари што ќе добиеме, вели Гордана Димитриеска Кочоска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ за Анализа на ТВ24, додавајќи дека тоа објаснува зошто граѓаните имаат послабо греење во домовите.

Димитриеска Кочоска потенцира дека затоа не е прашање дали БЕГ испорачува или не, туку прашањето е која е температурата на радијаторите во просториите дома, бидејќи ако ги слушнете граѓаните секаде има премногу поплаки.

Тоа е така затоа што ТЕ-ТО кој произведува електрична енергија за цел месец јануари има договорено производство за периодот од понеделник до петок, а за сабота и недела нема производство. ТЕ-ТО е приватна фирма, работи за профит, тоа значи дека кога произведува струја има остатоци на топлинска енергија која ја предава, на БЕГ, односно во ситуацијата тоа е од понеделник до петок, рече Димитриеска Кочоска.

Таа истакна дека прашањето е колку гас има затоа што очигледно не е доволен, и радијаторите кај граѓаните дома послабо грејат.

Финансиската состојба на БЕГ загрижува и ако не се во состојба да ги платат обврските тоа е аларматно и владата треба да разговара по ова прашање. Граѓаните ќе се доведат во тешка состојба дома, некои се грејат со клима плус и дополнително ќе го оптовари тој систем, но и финансиите, нагласи Димитриеска Кочоска.

The post Димитриеска Кочоска: Загрижувачки е што нема средства да се плати гасот, ситуацијата може да стане алармантна appeared first on Република.

]]>

Загрижувачка е изјавата на претседателот на Регулаторна комисија за енергетика дека нема финансиски средства да се плати гасот, затоа што ако се нема пари што ќе добиеме, вели Гордана Димитриеска Кочоска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ за Анализа на ТВ24, додавајќи дека тоа објаснува зошто граѓаните имаат послабо греење во домовите. Димитриеска Кочоска потенцира дека затоа не е прашање дали БЕГ испорачува или не, туку прашањето е која е температурата на радијаторите во просториите дома, бидејќи ако ги слушнете граѓаните секаде има премногу поплаки.