срегеј лавров Archives - Република https://republika.mk/tema/sregej-lavrov/ За подобро да се разбереме Thu, 30 Mar 2023 14:15:40 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png срегеј лавров Archives - Република https://republika.mk/tema/sregej-lavrov/ 32 32 Лавров доаѓа во Турција https://republika.mk/vesti/svet/lavrov-doaga-vo-turtsija/ Thu, 30 Mar 2023 14:15:40 +0000 https://republika.mk/?p=625537

 Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров ќе ја посети Турција на 6 и 7 април на покана на неговиот турски колега Мевлут Чавушоглу, изјави портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова.

Таа прецизира дека двајцата планираат да разговараат, пред сè, за состојбата и перспективите на билатералните односи во областите од заемен интерес, вклучувајќи ги трговијата, енергетиката и туризмот.

Лавров и Чавушоглу ќе „разменуваат мислења“ и за регионални и меѓународни прашања, вклучително и за ситуацијата во Украина, Сирија и Нагорно Карабах, како и во Централна Азија и Авганистан.

Министрите ќе прецизираат „распоред за билатерални контакти на различни нивоа“, рече Захарова.

The post Лавров доаѓа во Турција appeared first on Република.

]]>

По забрана за испорака на гас, Русија најавува дека ќе ги протера амбасадорите на Македонија, Црна Гора и Бугарија https://republika.mk/vesti/balkan/po-zabrana-za-isporaka-na-gas-rusija-najavuva-deka-kje-gi-protera-ambasadorite-na-makedonija-crna-gora-i-bugarija/ Mon, 06 Jun 2022 16:37:10 +0000 https://republika.mk/?p=511880

Рускиот дипломат Сергеј Орџоникиџе предупреди дека Русија може да ги отповика амбасадорите на  Македонија, Црна Гора и Бугарија поради ситуацијата со Лавров.

„Мислам дека реакцијата треба да биде најостра, бидејќи спречија висок функционер на нашата земја да ја изврши својата дипломатска должност. Ова е политички чекор на антируска ориентација“, изјави тој за РИА Новости. Тој предвиде дека би можело да дојде до прекин на дипломатските односи меѓу Русија и трите земји, но, коментирајќи ја можноста за отповикување на амбасадорите, рече: „Тоа е прилично веројатно“.

Се најавува дека Русија ќе ј запре испорката на гас за трите земји кои го затворија воздушниот простор за авионот на Лавров да стигне во Белград на средба со Вучиќ.

https://republika.mk/vesti/makedonija/rusija-najavuva-deka-kje-go-zapre-gasot-za-makedonija-otkako-vladata-ne-dozvoli-prelet-na-avionot-na-lavrov/

The post По забрана за испорака на гас, Русија најавува дека ќе ги протера амбасадорите на Македонија, Црна Гора и Бугарија appeared first on Република.

]]>

Рускиот дипломат Сергеј Орџоникиџе предупреди дека Русија може да ги отповика амбасадорите на  Македонија, Црна Гора и Бугарија поради ситуацијата со Лавров.
„Мислам дека реакцијата треба да биде најостра, бидејќи спречија висок функционер на нашата земја да ја изврши својата дипломатска должност. Ова е политички чекор на антируска ориентација“, изјави тој за РИА Новости. Тој предвиде дека би можело да дојде до прекин на дипломатските односи меѓу Русија и трите земји, но, коментирајќи ја можноста за отповикување на амбасадорите, рече: „Тоа е прилично веројатно“.
Се најавува дека Русија ќе ј запре испорката на гас за трите земји кои го затворија воздушниот простор за авионот на Лавров да стигне во Белград на средба со Вучиќ. https://republika.mk/vesti/makedonija/rusija-najavuva-deka-kje-go-zapre-gasot-za-makedonija-otkako-vladata-ne-dozvoli-prelet-na-avionot-na-lavrov/  

The post По забрана за испорака на гас, Русија најавува дека ќе ги протера амбасадорите на Македонија, Црна Гора и Бугарија appeared first on Република.

]]>
Лавров: Директна средба меѓу Путин и Зеленски би била контрапродуктивна https://republika.mk/vesti/svet/lavrov-direktna-sredba-megju-putin-i-zelenski-bi-bila-kontraproduktivna/ Mon, 28 Mar 2022 13:21:35 +0000 https://republika.mk/?p=479906

Директните разговори меѓу рускиот претседател Владимир Путин и украинскиот Володимир Зеленски би биле „контрапродуктивни“, оцени рускиот министер за надворешни работи, додека делегациите се подготвуваа за разговори, чиј домаќин ќе биде Турција.

Путин „рече дека никогаш не одбил да се сретне со претседателот Зеленски. Единственото нешто што го смета за суштински важно е овие состаноци да бидат добро подготвени“, рече рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров во телевизиските коментари за новинарите, откако Зеленски повика на средба со неговиот руски колега.

Лавров рече дека сегашната криза „толку долго тлее, сите овие години, што се создадоа огромен број проблеми, затоа само состанокот и размената на мислења … мислам дека сега би било контрапродуктивно“.

Зеленски и Путин се сретнаа само еднаш на разговори во Париз во 2019 година.

Претходно денеска, Зеленски рече дека постои можност и потреба за средба во четири очи во Турција.

Претстои нова рунда преговори, затоа што ние се стремиме кон мир, навистина, без одлагање. Како што ме информираа, постои можност и потреба за средба во четири очи во Турција. Тоа не е лошо. Да го видиме резултатот“, рече тој во видео порака, објавена рано утринава.

The post Лавров: Директна средба меѓу Путин и Зеленски би била контрапродуктивна appeared first on Република.

]]>

Директните разговори меѓу рускиот претседател Владимир Путин и украинскиот Володимир Зеленски би биле „контрапродуктивни“, оцени рускиот министер за надворешни работи, додека делегациите се подготвуваа за разговори, чиј домаќин ќе биде Турција. Путин „рече дека никогаш не одбил да се сретне со претседателот Зеленски. Единственото нешто што го смета за суштински важно е овие состаноци да бидат добро подготвени“, рече рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров во телевизиските коментари за новинарите, откако Зеленски повика на средба со неговиот руски колега. Лавров рече дека сегашната криза „толку долго тлее, сите овие години, што се создадоа огромен број проблеми, затоа само состанокот и размената на мислења … мислам дека сега би било контрапродуктивно“. Зеленски и Путин се сретнаа само еднаш на разговори во Париз во 2019 година. Претходно денеска, Зеленски рече дека постои можност и потреба за средба во четири очи во Турција.