Средства Archives - Република https://republika.mk/tema/sredstva/ За подобро да се разбереме Fri, 08 Nov 2024 10:33:18 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Средства Archives - Република https://republika.mk/tema/sredstva/ 32 32 МО: Модернизацијата на Армијата тече согласно плановите, подготовки за прием на првите оклопни возила од типот Stryker https://republika.mk/vesti/makedonija/mo-modernizatsijata-na-armijata-teche-soglasno-planovite-podgotovki-za-priem-na-prvite-oklopni-vozila-od-tipot-stryker/ Fri, 08 Nov 2024 10:33:18 +0000 https://republika.mk/?p=835459

Министерот за одбрана Владо Мисајловски денеска во касарната „Страшо Пинџур“ во Петровец присуствуваше на брифинг на кој беше презентиран процесот за воведување во оперативна употреба на лесните оклопни возила „Stryker“ во рамките на Армијата.

На брифингот , како што соопшти Министерството за одбрана, присуствувале и началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски, амбасадорката на САД во нашата земја, Ангела Агелер и директорот на Царинската управа, Бобан Николовски.

Набавката на овие оклопни возила е во рамките на процесот за модернизација на Армијата и согласно плановите првите возила од овој тип треба да пристигнат во нашата држава следната година, информираат од Министерството за одбрана.

На овој брифинг му претходела еднонеделна заедничка работилница на припадници на Армијата со Институтот за безбедносно управување, Националната гарда од Вермонт и 4та Бригада за асистенција во безбедноста од САД.

The post МО: Модернизацијата на Армијата тече согласно плановите, подготовки за прием на првите оклопни возила од типот Stryker appeared first on Република.

]]>

Министерот за одбрана Владо Мисајловски денеска во касарната „Страшо Пинџур“ во Петровец присуствуваше на брифинг на кој беше презентиран процесот за воведување во оперативна употреба на лесните оклопни возила „Stryker“ во рамките на Армијата. На брифингот , како што соопшти Министерството за одбрана, присуствувале и началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски, амбасадорката на САД во нашата земја, Ангела Агелер и директорот на Царинската управа, Бобан Николовски. Набавката на овие оклопни возила е во рамките на процесот за модернизација на Армијата и согласно плановите првите возила од овој тип треба да пристигнат во нашата држава следната година, информираат од Министерството за одбрана. На овој брифинг му претходела еднонеделна заедничка работилница на припадници на Армијата со Институтот за безбедносно управување, Националната гарда од Вермонт и 4та Бригада за асистенција во безбедноста од САД.

The post МО: Модернизацијата на Армијата тече согласно плановите, подготовки за прием на првите оклопни возила од типот Stryker appeared first on Република.

]]>
ЕК додели над 380 милиони евра за 133 еколошки проекти во Европа, меѓу кои и 1,2 милиони за енергетска ефикасност на објекти во земјава https://republika.mk/vesti/svet/ek-dodeli-nad-380-milioni-evra-za-133-ekoloshki-proekti-vo-evropa-megu-koi-i-1-2-milioni-za-energetska-efikasnost-na-objekti-vo-zemjava/ Mon, 21 Oct 2024 14:20:39 +0000 https://republika.mk/?p=829511

Европската комисијата денеска донесе одлука да додели повеќе од 380 милиони евра за реализација на 133 нови проекти ширум Европа во рамките на Програмата за активности поврзани со животната средина и климата „Лајф“, меѓу кои и за обезбедување на енергетска ефикасност на постојните станбени објекти во земјава.

Инаку, овие 380 милиони евра претставуваат над половина од вкупните инвестициски потреби за реализација на проектите, кои изнесуваат 574 милиони евра. Преостанатите средства ќе бидат обезбедени од националните, регионалните или локалните власти, преку јавно-приватни партнерства, како и од бизнисите и граѓанските организации.

Проектот во земјава е дел од напорите за усогласување на сопствените со климатските и енергетските цели на ЕУ до 2030 година и има за цел да обезбеди систем на услуги за реновирање на станбени објекти со цел обезбедување на нивна енергетска ефикасност.

За време на пилот фазата ќе биде субвенционирано реновирањето на 200 куќи и станови во Скопје, Куманово и Кочани со цел да се обезбеди заштеда на енергија и намалување на емисиите на штетни гасови.

За проектот од ЕУ се предвидени речиси 1,20 од вкупно потребните над 1,26 милиони евра за негова реализација, за што крајниот рок е 30 септември 2027 година. Координатор на проектот е Здружението за хумано домување „Хабитат Македонија“ од Скопје.

Проектот се базира врз основа на усогласувањето на македонското законодавство за енергетска ефикасност на зградите со она на ЕУ, што се очекува значително да влијание врз изградбата на енергетски поефикасни нови згради.

Но, од друга страна кога станува збор за реновирање на постојните станбени објекти, тоа се изведува со темпо од околу еден отсто од нивниот вкупен број, што е далеку под препорачаната стапка за реновирање на ЕУ од пет проценти.

Овој проект има за цел да поттикне дополнителни напори за „бранот на реновирања“ на зградите за да се постигне целосно спроведување на директивите на ЕУ, па со него се предвидува развој и имплементирање на интегрирани услуги за енергетско ефикасно реновирање на станбени згради и куќи.

Се очекува со проектот да се надминат предизвиците поврзани со недостигот на вештини, капацитети и финансии за имплементирање на комплексниот и амбициозен план за транзиција кон чиста енергија.

Се предвидува со проектот да се поттикнат инвестиции од околу три милиони евра, заштеда на примарна енергија од 3,75 гигават часови годишно, генерирање на обновлива енергија од 2.976 гигават часови годишно и намалување на емисиите на стакленички гасови за 3584,75 тони еквивалент на јаглерод диоксид годишно.

Преку програмата „Лајф“ треба да остварат голем број на цели од Европскиот зелен договор поврзани со климата, енергијата и животната средина, вклучително и целта на ЕУ да стане климатски неутрална до 2050 година и да ја запре загубата на биолошкиот диверзитет до 2030 година.

Според ЕК, покрај обезбедувањето на долгорочен просперитет за Европа, овие средстава ќе се искористат за обезбедување трајно влијание врз животна средина, економијата и благосостојбата на сите Европејци.

Со денешната одлука ЕУ ќе обезбеди 74 милиони евра од вкупно потребните 143 милиони евра, за проекти за поттик на циркуларната економија и подобрување на квалитетот на животот, преку намалување на употребата на вода, на отпадот од индустријата и домаќинствата, на загадувањето на воздухот и на бучавата, како и за поттикнување на рециклирањето.

Вкупно 144,5 милиони евра од ЕУ ќе бидат наменети за проекти за заштита на природата и биолошкиот диверзитет, за обнова на слатководните, морските и крајбрежните екосистеми и живеалиштата, како и за подобрено зачувување на птиците, инсектите, рептилите, водоземците и цицачите. Вкупната потребна сума за овие проекти е 216 милиони евра.

Од вкупно неопходните 110 милиони евра, ЕУ ќе обезбеди речиси 62 милиони евра за проекти за климатската отпорност и ублажување на последиците од климатските промени.

Дополнително, уште 99 милиони од потребните 105 милиони евра, ЕУ ќе намени за проекти за забрзување на транзицијата кон чиста енергија.

Меѓу проектите за кои се обезбедени средства се и оние за рециклирање на графитниот отпад од батериите во Италија, за намалување на последиците од отпадот од текстилната индустрија во Шпанија, за производство на свежа вода на шпанските Канарски Острови, за спас на ретката птица воден трскар (Acrocephalus paludicola) во Белгија, Германија, Литванија, Полска, Португалија, Украина, Унгарија, Франција, Холандија и Шпанија, како и за промоција на „мирниот соживот на природата и урбаниот начин на живот“ во Будимпешта.

Дополнително преведени се и средства за зголемување на отпорноста на влијанието на екстремни временски настани на лозовите насади во Шпанија, Франција и Италија и на производството на познатите сирења Пармиџано реџано, Нормандиски камембер и Рокефор, за прилагодување на земјоделството на климатските промени и недостигот на вода во повеќе земји, како и за намалување на емисиите на стакленички гасови од електричните прекинувачи во Белгија.

Меѓу проектите кои ќе се реализираат ширум Европа се и оние за дигитална обука за изградба на поефикасен и иновативен градежен сектор, за поттик на инвестиции во одржлива енергија и за поддршка на енергетските заедници за развој на бизнис модели со долгорочна одржливост.

Средства се обезбедени и за проектот за користење на виртуелната реалност за изградба и реновирање на објекти со цел да се обезбеди нулта емисија на штетни гасови во Бугарија, Грција, Романија, Хрватска и Чешка.

Овие 133 проекти што ќе добијат финансиска помош од ЕУ беа избрани од вкупно 653 апликации за проектна поддршка доставени на конкурсот за Програмата „Лајф“ во 2023 година.

Во рамки на Програмата „Лајф“, лансирана во 1992 година, досега се поддржани над 6.000 еколошки и климатски проекти во ЕУ и партнерските земји. За буџетскиот период 2021 - 2027 година за оваа програма се наменети 5,43 милијарди евра, што претставува зголемување за 60 отсто во споредба со средствата одвоени во претходните седум години.

The post ЕК додели над 380 милиони евра за 133 еколошки проекти во Европа, меѓу кои и 1,2 милиони за енергетска ефикасност на објекти во земјава appeared first on Република.

]]>

Европската комисијата денеска донесе одлука да додели повеќе од 380 милиони евра за реализација на 133 нови проекти ширум Европа во рамките на Програмата за активности поврзани со животната средина и климата „Лајф“, меѓу кои и за обезбедување на енергетска ефикасност на постојните станбени објекти во земјава. Инаку, овие 380 милиони евра претставуваат над половина од вкупните инвестициски потреби за реализација на проектите, кои изнесуваат 574 милиони евра. Преостанатите средства ќе бидат обезбедени од националните, регионалните или локалните власти, преку јавно-приватни партнерства, како и од бизнисите и граѓанските организации. Проектот во земјава е дел од напорите за усогласување на сопствените со климатските и енергетските цели на ЕУ до 2030 година и има за цел да обезбеди систем на услуги за реновирање на станбени објекти со цел обезбедување на нивна енергетска ефикасност. За време на пилот фазата ќе биде субвенционирано реновирањето на 200 куќи и станови во Скопје, Куманово и Кочани со цел да се обезбеди заштеда на енергија и намалување на емисиите на штетни гасови. За проектот од ЕУ се предвидени речиси 1,20 од вкупно потребните над 1,26 милиони евра за негова реализација, за што крајниот рок е 30 септември 2027 година. Координатор на проектот е Здружението за хумано домување „Хабитат Македонија“ од Скопје. Проектот се базира врз основа на усогласувањето на македонското законодавство за енергетска ефикасност на зградите со она на ЕУ, што се очекува значително да влијание врз изградбата на енергетски поефикасни нови згради. Но, од друга страна кога станува збор за реновирање на постојните станбени објекти, тоа се изведува со темпо од околу еден отсто од нивниот вкупен број, што е далеку под препорачаната стапка за реновирање на ЕУ од пет проценти. Овој проект има за цел да поттикне дополнителни напори за „бранот на реновирања“ на зградите за да се постигне целосно спроведување на директивите на ЕУ, па со него се предвидува развој и имплементирање на интегрирани услуги за енергетско ефикасно реновирање на станбени згради и куќи. Се очекува со проектот да се надминат предизвиците поврзани со недостигот на вештини, капацитети и финансии за имплементирање на комплексниот и амбициозен план за транзиција кон чиста енергија. Се предвидува со проектот да се поттикнат инвестиции од околу три милиони евра, заштеда на примарна енергија од 3,75 гигават часови годишно, генерирање на обновлива енергија од 2.976 гигават часови годишно и намалување на емисиите на стакленички гасови за 3584,75 тони еквивалент на јаглерод диоксид годишно. Преку програмата „Лајф“ треба да остварат голем број на цели од Европскиот зелен договор поврзани со климата, енергијата и животната средина, вклучително и целта на ЕУ да стане климатски неутрална до 2050 година и да ја запре загубата на биолошкиот диверзитет до 2030 година. Според ЕК, покрај обезбедувањето на долгорочен просперитет за Европа, овие средстава ќе се искористат за обезбедување трајно влијание врз животна средина, економијата и благосостојбата на сите Европејци. Со денешната одлука ЕУ ќе обезбеди 74 милиони евра од вкупно потребните 143 милиони евра, за проекти за поттик на циркуларната економија и подобрување на квалитетот на животот, преку намалување на употребата на вода, на отпадот од индустријата и домаќинствата, на загадувањето на воздухот и на бучавата, како и за поттикнување на рециклирањето. Вкупно 144,5 милиони евра од ЕУ ќе бидат наменети за проекти за заштита на природата и биолошкиот диверзитет, за обнова на слатководните, морските и крајбрежните екосистеми и живеалиштата, како и за подобрено зачувување на птиците, инсектите, рептилите, водоземците и цицачите. Вкупната потребна сума за овие проекти е 216 милиони евра. Од вкупно неопходните 110 милиони евра, ЕУ ќе обезбеди речиси 62 милиони евра за проекти за климатската отпорност и ублажување на последиците од климатските промени. Дополнително, уште 99 милиони од потребните 105 милиони евра, ЕУ ќе намени за проекти за забрзување на транзицијата кон чиста енергија. Меѓу проектите за кои се обезбедени средства се и оние за рециклирање на графитниот отпад од батериите во Италија, за намалување на последиците од отпадот од текстилната индустрија во Шпанија, за производство на свежа вода на шпанските Канарски Острови, за спас на ретката птица воден трскар (Acrocephalus paludicola) во Белгија, Германија, Литванија, Полска, Португалија, Украина, Унгарија, Франција, Холандија и Шпанија, како и за промоција на „мирниот соживот на природата и урбаниот начин на живот“ во Будимпешта. Дополнително преведени се и средства за зголемување на отпорноста на влијанието на екстремни временски настани на лозовите насади во Шпанија, Франција и Италија и на производството на познатите сирења Пармиџано реџано, Нормандиски камембер и Рокефор, за прилагодување на земјоделството на климатските промени и недостигот на вода во повеќе земји, како и за намалување на емисиите на стакленички гасови од електричните прекинувачи во Белгија. Меѓу проектите кои ќе се реализираат ширум Европа се и оние за дигитална обука за изградба на поефикасен и иновативен градежен сектор, за поттик на инвестиции во одржлива енергија и за поддршка на енергетските заедници за развој на бизнис модели со долгорочна одржливост. Средства се обезбедени и за проектот за користење на виртуелната реалност за изградба и реновирање на објекти со цел да се обезбеди нулта емисија на штетни гасови во Бугарија, Грција, Романија, Хрватска и Чешка. Овие 133 проекти што ќе добијат финансиска помош од ЕУ беа избрани од вкупно 653 апликации за проектна поддршка доставени на конкурсот за Програмата „Лајф“ во 2023 година. Во рамки на Програмата „Лајф“, лансирана во 1992 година, досега се поддржани над 6.000 еколошки и климатски проекти во ЕУ и партнерските земји. За буџетскиот период 2021 - 2027 година за оваа програма се наменети 5,43 милијарди евра, што претставува зголемување за 60 отсто во споредба со средствата одвоени во претходните седум години.

The post ЕК додели над 380 милиони евра за 133 еколошки проекти во Европа, меѓу кои и 1,2 милиони за енергетска ефикасност на објекти во земјава appeared first on Република.

]]>
Средствата од унгарскиот заем треба да легнат на сметката во Народна банка, започната постапката за втората транша https://republika.mk/vesti/ekonomija/sredstvata-od-ungarskiot-zaem-treba-da-legnat-na-smetkata-vo-narodna-banka-zapochnata-postapkata-za-vtorata-transha-2/ Thu, 17 Oct 2024 16:12:07 +0000 https://republika.mk/?p=827898

Процедурата за префрлање на средствата од заемот од унгарската Експорт-импорт банка е завршена и денеска се очекува да легнат на сметката на Народната банка, а веќе утре да се трансферираат во Буџетот. Ова го најави министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска во гостувањето на ТВ Алфа.

Секторот од МФ ме информираше дека сѐ е подготвено и очекувам средствата да бидат префрлени на сметката во Народната банка, а потоа ќе бидат насочени кон општините и компаниите. Проектите на општините кои ќе бидат финансирани од средствата се веќе избрани. Износот што го побараа општините за реализација на нивните проекти беше поголем, при што важно беше тие да бидат во завршна фаза за да може да придонесат и кон економскиот развој - рече министерката.

Во однос на оној дел од заемот којшто е планиран за приватните компании, соопшти дека во петок ќе има средба со Македонската банкарска асоцијација на која ќе се разговара за распределба на средствата кон компаниите, кои ќе бидат распределени по завршување на постапката за нивно префрлање во Развојната банка.

Министерката најави дека веќе е започната процедурата за повлекување и на втората транша од заемот од Унгарија, а тие средства ќе се искористат за отплата на еврообврзницата која доспева во јанаури 2025 година.

Во интервјуто таа се осврна и на Предлог-буџетот за 2025 година, истакнувајќи дека фокусот ќе биде ставен на фискалната консолидација, поточно зголемување на приходите и намалување на расходите. Следната година, како што посочи, буџетскиот дефицит е планиран на 4%, а потоа да се намали на 3,5% и во 2027 година да достигне 3%.

Посочи дека она што беше главна определба или ветување на Владата е предвидено со Буџетот за 2025 година, а тоа е пораст на пензиите за 2.500 денари, средства за образовниот сектор, потоа 250 милиони евра за проекти во општините, средства за инфраструктурни проекти, за коридорите 8 и 10д и сл.

Се осврна и на резултатите од работењето на Управата за јавни приходи и на Царинската управа и притоа напомена дека повратот на ДДВ кон компаниите се врши континуирано, па така во септември е извршен поврат во износ од 2,250 милијарди денари, во август 2,116 милијарди денари и во јули 1,740 милијарди денари.

The post Средствата од унгарскиот заем треба да легнат на сметката во Народна банка, започната постапката за втората транша appeared first on Република.

]]>

Процедурата за префрлање на средствата од заемот од унгарската Експорт-импорт банка е завршена и денеска се очекува да легнат на сметката на Народната банка, а веќе утре да се трансферираат во Буџетот. Ова го најави министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска во гостувањето на ТВ Алфа.
Секторот од МФ ме информираше дека сѐ е подготвено и очекувам средствата да бидат префрлени на сметката во Народната банка, а потоа ќе бидат насочени кон општините и компаниите. Проектите на општините кои ќе бидат финансирани од средствата се веќе избрани. Износот што го побараа општините за реализација на нивните проекти беше поголем, при што важно беше тие да бидат во завршна фаза за да може да придонесат и кон економскиот развој - рече министерката.
Во однос на оној дел од заемот којшто е планиран за приватните компании, соопшти дека во петок ќе има средба со Македонската банкарска асоцијација на која ќе се разговара за распределба на средствата кон компаниите, кои ќе бидат распределени по завршување на постапката за нивно префрлање во Развојната банка. Министерката најави дека веќе е започната процедурата за повлекување и на втората транша од заемот од Унгарија, а тие средства ќе се искористат за отплата на еврообврзницата која доспева во јанаури 2025 година. Во интервјуто таа се осврна и на Предлог-буџетот за 2025 година, истакнувајќи дека фокусот ќе биде ставен на фискалната консолидација, поточно зголемување на приходите и намалување на расходите. Следната година, како што посочи, буџетскиот дефицит е планиран на 4%, а потоа да се намали на 3,5% и во 2027 година да достигне 3%. Посочи дека она што беше главна определба или ветување на Владата е предвидено со Буџетот за 2025 година, а тоа е пораст на пензиите за 2.500 денари, средства за образовниот сектор, потоа 250 милиони евра за проекти во општините, средства за инфраструктурни проекти, за коридорите 8 и 10д и сл. Се осврна и на резултатите од работењето на Управата за јавни приходи и на Царинската управа и притоа напомена дека повратот на ДДВ кон компаниите се врши континуирано, па така во септември е извршен поврат во износ од 2,250 милијарди денари, во август 2,116 милијарди денари и во јули 1,740 милијарди денари.

The post Средствата од унгарскиот заем треба да легнат на сметката во Народна банка, започната постапката за втората транша appeared first on Република.

]]>
ЕУ одобри 6 милијарди евра за раст на Западен Балкан: Македонија добива 750 милиони евра https://republika.mk/vesti/makedonija/eu-odobri-6-milijardi-evra-za-rast-na-zapaden-balkan-makedonija-dobiva-750-milioni-evra/ Sat, 12 Oct 2024 11:45:27 +0000 https://republika.mk/?p=825871

Реформските агенди на Македонија, Албанија, Србија, Црна Гора и Косово се одобрени во рамки на новиот Инструмент за реформи и раст во износ 6 милијарди евра, познат како План за раст на Западен Балкан, објави на мрежата „Х’“ унгарското претседателство со ЕУ.

Ова го трасира патот пре-финансирањето да започне за време на унгарското претседателство со Унијата. Поддршката на интеграцијата на Западен Балкан, останува клучен приоритет на унгарското претседателство, се наведува во соопштението.

Согласно Планот за раст на Западен Балкан вреден 6 милијарди евра, земјава треба да добие 750 милиони евра поделени на неколку транши, а првата транша од 7 проценти, односно 52,5 милиони евра, државава ќе ја добие најдоцна до крајот на годината.

Според формулата од Регулативата за инструментот за реформи и раст, усвоена од страна на Европскиот парламент и Советот на ЕУ,  Македонија треба да добие 750,4 милиони евра за периодот 2024-2027 година. Овие средства ќе бидат условени со реализација на конкретни квалитативни и квантитативни чекори поврзани со мерките за планираните реформи.

The post ЕУ одобри 6 милијарди евра за раст на Западен Балкан: Македонија добива 750 милиони евра appeared first on Република.

]]>

Реформските агенди на Македонија, Албанија, Србија, Црна Гора и Косово се одобрени во рамки на новиот Инструмент за реформи и раст во износ 6 милијарди евра, познат како План за раст на Западен Балкан, објави на мрежата „Х’“ унгарското претседателство со ЕУ. Ова го трасира патот пре-финансирањето да започне за време на унгарското претседателство со Унијата. Поддршката на интеграцијата на Западен Балкан, останува клучен приоритет на унгарското претседателство, се наведува во соопштението. Согласно Планот за раст на Западен Балкан вреден 6 милијарди евра, земјава треба да добие 750 милиони евра поделени на неколку транши, а првата транша од 7 проценти, односно 52,5 милиони евра, државава ќе ја добие најдоцна до крајот на годината. Според формулата од Регулативата за инструментот за реформи и раст, усвоена од страна на Европскиот парламент и Советот на ЕУ,  Македонија треба да добие 750,4 милиони евра за периодот 2024-2027 година. Овие средства ќе бидат условени со реализација на конкретни квалитативни и квантитативни чекори поврзани со мерките за планираните реформи.

The post ЕУ одобри 6 милијарди евра за раст на Западен Балкан: Македонија добива 750 милиони евра appeared first on Република.

]]>
Кремљ ќе возврати ако ЕУ го користи профитот од замрзнатите руски средства за купување оружје за Украина https://republika.mk/vesti/svet/kreml-ke-vozvrati-ako-eu-go-koristi-profitot-od-zamrznatite-ruski-sredstva-za-kupuvane-oruzhje-za-ukraina/ Thu, 21 Mar 2024 12:01:14 +0000 https://republika.mk/?p=756979

Кремљ соопшти дека Русија ќе преземе возвратни мерки во согласност со сопствените интереси и ќе ги искористи сите правни механизми со кои располага, доколку Европската унија го користи профитот од замрзнатите руски средства за купување оружје за Украина.

Ова го коментираше портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, пред состанокот на лидерите на ЕУ на кој треба да се разговара за ова прашање.

The post Кремљ ќе возврати ако ЕУ го користи профитот од замрзнатите руски средства за купување оружје за Украина appeared first on Република.

]]>

Кремљ соопшти дека Русија ќе преземе возвратни мерки во согласност со сопствените интереси и ќе ги искористи сите правни механизми со кои располага, доколку Европската унија го користи профитот од замрзнатите руски средства за купување оружје за Украина. Ова го коментираше портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, пред состанокот на лидерите на ЕУ на кој треба да се разговара за ова прашање.

The post Кремљ ќе возврати ако ЕУ го користи профитот од замрзнатите руски средства за купување оружје за Украина appeared first on Република.

]]>
ДНК: Собравме 80.000 евра за Лео, парите ги предадовме на тетка му https://republika.mk/zivot/servisi/dnk-sobravme-80-000-evra-za-leo-parite-gi-predadovme-na-tetka-mu/ Thu, 29 Feb 2024 21:15:24 +0000 https://republika.mk/?p=749811

Групата ДНК соопшти дека се собрани 80.000 евра за лекувањето на Леонид Индов.

Собраните средства од хуманата лицитација заедно со златната бубамара, денес беа предадени на тетката на Лео. Господинот Кирче Митрески беше категоричен и не замоли “бубамарата” да стигне кај Лео, се со цел да го потсетува дека не е сам, соопшти групата ДНК на „Фејсбук“.

Како што велат, се уште не е позната донираната сума преку телефонски повици.

Досега само од донации (не се искалкулирани телефонските донации) се собрани околу 80.000 евра, и се надеваме дека со нив ќе ја затвориме сумата која е потребна за неговото лекување во Австрија. Тука нема да застанеме, и заедно со сите вас ќе застанеме до Лео и неговата фамилија, со што ќе докажеме дека сме сплотени кога е најпотребно. Во име на Лео и неговата фамилија, Фала ви од срце, стои во објавата на групата.

Музичарите Панчо и Андреј претходно објавија дека успеале да соберат 690.000 денари за лекувањето на Леонид откога ја ставија на лицитација статуетката што ја добија на доделувањето на наградите на „Златна бубамара“.

Статуетката заврши кај Митрески Кирче од Охрид, кој ја дал најголемата понуда во износ од 250.000 денари.

И Владата и Министерството за здравство изјавија дека ќе помогнат да се покријат трошоците за лекување на младиот Леонид во Виена. Тоа го вети министерот за здравство Илир Демири, но кажа дека во предизборен период и во време на техничка влада системско решение не може да се најде.

The post ДНК: Собравме 80.000 евра за Лео, парите ги предадовме на тетка му appeared first on Република.

]]>

Групата ДНК соопшти дека се собрани 80.000 евра за лекувањето на Леонид Индов. Собраните средства од хуманата лицитација заедно со златната бубамара, денес беа предадени на тетката на Лео. Господинот Кирче Митрески беше категоричен и не замоли “бубамарата” да стигне кај Лео, се со цел да го потсетува дека не е сам, соопшти групата ДНК на „Фејсбук“. Како што велат, се уште не е позната донираната сума преку телефонски повици. Досега само од донации (не се искалкулирани телефонските донации) се собрани околу 80.000 евра, и се надеваме дека со нив ќе ја затвориме сумата која е потребна за неговото лекување во Австрија. Тука нема да застанеме, и заедно со сите вас ќе застанеме до Лео и неговата фамилија, со што ќе докажеме дека сме сплотени кога е најпотребно. Во име на Лео и неговата фамилија, Фала ви од срце, стои во објавата на групата. Музичарите Панчо и Андреј претходно објавија дека успеале да соберат 690.000 денари за лекувањето на Леонид откога ја ставија на лицитација статуетката што ја добија на доделувањето на наградите на „Златна бубамара“. Статуетката заврши кај Митрески Кирче од Охрид, кој ја дал најголемата понуда во износ од 250.000 денари. И Владата и Министерството за здравство изјавија дека ќе помогнат да се покријат трошоците за лекување на младиот Леонид во Виена. Тоа го вети министерот за здравство Илир Демири, но кажа дека во предизборен период и во време на техничка влада системско решение не може да се најде.

The post ДНК: Собравме 80.000 евра за Лео, парите ги предадовме на тетка му appeared first on Република.

]]>
САД префрлија 500.000 долари од запленетите руски средства за помош на Украина https://republika.mk/vesti/svet/sad-prefrlija-500-000-dolari-od-zaplenetite-ruski-sredstva-za-pomosh-na-ukraina/ Sun, 18 Feb 2024 07:50:17 +0000 https://republika.mk/?p=745262

Соединетите Американски Држави и’ префрлија на Естонија речиси 500.000 долари од запленетите руски средства за да и’ помогнат на Украина, соопшти денеска американското Министерство за правда.

Ова е прв ваков трансфер на средства од Соединетите Американски Држави на странски сојузник со цел директна помош за Украина. Конфискуваните средства се префрлаат во Естонија бидејќи сегашните околности не дозволуваат тие да бидат директно префрлени во Украина, се вели во соопштението.

Се додава дека Естонија ќе ги искористи овие средства за проект поврзан со поправка на електродистрибутивните и преносните системи на Украина кои, како што се наведува, биле нападнати од руски војници.

The post САД префрлија 500.000 долари од запленетите руски средства за помош на Украина appeared first on Република.

]]>

Соединетите Американски Држави и’ префрлија на Естонија речиси 500.000 долари од запленетите руски средства за да и’ помогнат на Украина, соопшти денеска американското Министерство за правда. Ова е прв ваков трансфер на средства од Соединетите Американски Држави на странски сојузник со цел директна помош за Украина. Конфискуваните средства се префрлаат во Естонија бидејќи сегашните околности не дозволуваат тие да бидат директно префрлени во Украина, се вели во соопштението. Се додава дека Естонија ќе ги искористи овие средства за проект поврзан со поправка на електродистрибутивните и преносните системи на Украина кои, како што се наведува, биле нападнати од руски војници.

The post САД префрлија 500.000 долари од запленетите руски средства за помош на Украина appeared first on Република.

]]>
Агенцијата за филм: Средствата за филмските проекти се потребни веднаш, не може да се чека прераспределба до крајот на годината https://republika.mk/vesti/kultura/agentsijata-za-film-sredstvata-za-filmskite-proekti-se-potrebni-vednash-ne-mozhe-da-se-cheka-preraspredelba-do-krajot-na-godinata/ Tue, 19 Sep 2023 13:47:22 +0000 https://republika.mk/?p=683263

Реализацијата на филмските проекти мора да продолжи во согласност со предвидените динамики, велат од Агенцијата за филм.

Од тука нагласија дека во моментот најавени се два филма за снимање локации во Македонија. Интернационалните екипи на земјите учесници, кои се дел од овие проекти, се веќе пристигнати во нашата држава. Финансиските средства, кои се планирани за овие и за другите филмски проекти, се потребни веднаш и не може да чекаат прераспределба на средствата помеѓу буџетските корисници и преземање активности од страна на Министерството за култура до крајот на годината за исплата на договорените проекти.

Агенцијата предупреди на опасноста дека ако овие планирани средства не се стават во функција на проектите како што е планирано и не се исплатат веднаш, се нанесува директна штета на самите проекти бидејќи ќе се случи зголемување на буџетите изразено во илјадници евра и ќе се наштети на реномето на македонската кинематографија.

За ова да се спречи, Агенцијата за филм предлага заедно со Министерството за култура да се разгледаат и ревидираат одлуките на Министерството за прераспределба на средствата од причина што во спротивно штетата би била од огромни размери за македонската кинематографија, која моментно е наш најголем културен амбасадор.

„Агенцијата за филм на Македонија со ова соопштение и со сите дејства што ги презема и предлага заедно со Министерството за култура да се изнајде трајно решение за да се спречи трендот на кратење на буџетот за филмска дејност поради кој тренд во последните четири години буџетот за филмската дејност по основ на ребаланси е намален за 116.000.000,00 (сто и шеснаесет милиони) денари и со тоа да изнајдеме системско решение за стандардизиран буџет за македонската кинематографија“, велат од Агенцијата.

Претходно вчера, 53 режисери и продуценти во отворено писмо до Министерството за култура тврдеа дека се крати предвидениот годишен буџет за филмска дејност, без претходно најава и без консултации од Агенцијата за филм. Како што пишува во писмото, според неофицијални информации, на предлог од страна на Министерството за култура до Владата на Македонија доставен е предлог за кратење на предвидениот годишен буџет за филмска дејност, без претходна најава и без консултација со Агенцијата за филм.

„Доколку овие информации се точни и бидат изгласани во Собранието, ќе дојде до целосно блокирање на филмската дејност бидејќи наведените средства се планирани за проекти од национален интерес, кои се во тек на реализација. На овој начин се нанесува штета на и онака кревката филмска индустрија во Македонија и се доведува во прашање егзистенцијата на филмските автори, продуценти, филмски работници, актери и сите други учесници во процесите на реализација на филмските проекти“, се вели во писмото.

Министерството за култура вчера објави дека не пристапило кон никакво кратење на буџетот во културата, а уште помалку на буџетот на Агенцијата за филм. Министерството потврди дека во моментот во собраниска процедура е донесување одлука за прераспределба на средства помеѓу буџетските корисници и фондовите. Се наведува дека до крајот на буџетската година Министерството ќе ги преземе сите активности за исплата на обврските во согласност со склучените договори, меѓу кои и кон Агенцијата за филм.

 

The post Агенцијата за филм: Средствата за филмските проекти се потребни веднаш, не може да се чека прераспределба до крајот на годината appeared first on Република.

]]>

Реализацијата на филмските проекти мора да продолжи во согласност со предвидените динамики, велат од Агенцијата за филм. Од тука нагласија дека во моментот најавени се два филма за снимање локации во Македонија. Интернационалните екипи на земјите учесници, кои се дел од овие проекти, се веќе пристигнати во нашата држава. Финансиските средства, кои се планирани за овие и за другите филмски проекти, се потребни веднаш и не може да чекаат прераспределба на средствата помеѓу буџетските корисници и преземање активности од страна на Министерството за култура до крајот на годината за исплата на договорените проекти. Агенцијата предупреди на опасноста дека ако овие планирани средства не се стават во функција на проектите како што е планирано и не се исплатат веднаш, се нанесува директна штета на самите проекти бидејќи ќе се случи зголемување на буџетите изразено во илјадници евра и ќе се наштети на реномето на македонската кинематографија. За ова да се спречи, Агенцијата за филм предлага заедно со Министерството за култура да се разгледаат и ревидираат одлуките на Министерството за прераспределба на средствата од причина што во спротивно штетата би била од огромни размери за македонската кинематографија, која моментно е наш најголем културен амбасадор. „Агенцијата за филм на Македонија со ова соопштение и со сите дејства што ги презема и предлага заедно со Министерството за култура да се изнајде трајно решение за да се спречи трендот на кратење на буџетот за филмска дејност поради кој тренд во последните четири години буџетот за филмската дејност по основ на ребаланси е намален за 116.000.000,00 (сто и шеснаесет милиони) денари и со тоа да изнајдеме системско решение за стандардизиран буџет за македонската кинематографија“, велат од Агенцијата. Претходно вчера, 53 режисери и продуценти во отворено писмо до Министерството за култура тврдеа дека се крати предвидениот годишен буџет за филмска дејност, без претходно најава и без консултации од Агенцијата за филм. Како што пишува во писмото, според неофицијални информации, на предлог од страна на Министерството за култура до Владата на Македонија доставен е предлог за кратење на предвидениот годишен буџет за филмска дејност, без претходна најава и без консултација со Агенцијата за филм. „Доколку овие информации се точни и бидат изгласани во Собранието, ќе дојде до целосно блокирање на филмската дејност бидејќи наведените средства се планирани за проекти од национален интерес, кои се во тек на реализација. На овој начин се нанесува штета на и онака кревката филмска индустрија во Македонија и се доведува во прашање егзистенцијата на филмските автори, продуценти, филмски работници, актери и сите други учесници во процесите на реализација на филмските проекти“, се вели во писмото. Министерството за култура вчера објави дека не пристапило кон никакво кратење на буџетот во културата, а уште помалку на буџетот на Агенцијата за филм. Министерството потврди дека во моментот во собраниска процедура е донесување одлука за прераспределба на средства помеѓу буџетските корисници и фондовите. Се наведува дека до крајот на буџетската година Министерството ќе ги преземе сите активности за исплата на обврските во согласност со склучените договори, меѓу кои и кон Агенцијата за филм.  

The post Агенцијата за филм: Средствата за филмските проекти се потребни веднаш, не може да се чека прераспределба до крајот на годината appeared first on Република.

]]>
Владата ќе додели 50 стипендии за странски студенти од Балканот со македонско потекло https://republika.mk/vesti/makedonija/vladata-ke-dodeli-50-stipendii-za-stranski-studenti-od-balkanot-so-makedonsko-poteklo/ Tue, 01 Aug 2023 14:25:56 +0000 https://republika.mk/?p=667698

Владата на денешната седница, на предлог на Министерството за образование и наука, донесе Одлука за доделување стипендии на странски државјани, од интерес за Република  Македонија.

Како што информира владината прес-служба, станува збор за предвидени 50 стипендии за странски државјани, студенти со македонско потекло кои живеат во државите на Балканскиот Полуостров, кои ќе се запишат како редовни студенти на државните универзитети: „Св. Кирил и Методиј“ - Скопје, „Св. Климент Охридски“ - Битола, „Гоце Делчев“ - Штип, Универзитетот за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“ - Охрид, „Мајка Тереза“ - Скопје и Универзитетот во Тетово, во студиската 2023/2024 година.

На предлог на Министерството за образование и наука, Владата донесе и Одлука за давање согласност на конкурсите за запишување студии од втор циклус на јавните високообразовни установи на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, Универзитетот „Св. Климент Охридски“ - Битола, Универзитетот во Тетово, Државниот универзитет „Гоце Делчев“ во Штип, Универзитетот за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“ - Охрид и Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје, во академската 2023/2024 година, а по доставување на предлозите за запишување на студенти во втор циклус на студии за академската 2023/2024 година, соопшти владината прес-скужба.

Исто така, на предлог на МОН, Владата донесе Одлука и за давање согласност на конкурсите за запишување студии од трет циклус на универзитетите „Св. Кирил и Методиј“ - Скопје, „Св. Климент Охридски“ – Битола, „Гоце Делчев“ - Штип и Универзитетот за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“ – Охрид, во академската 2023/2024 година, а по доставување на предлозите од универзитетите за конкурсите за запишување студенти во трет циклус - докторски студии, за студиската 2023/2024 година.

The post Владата ќе додели 50 стипендии за странски студенти од Балканот со македонско потекло appeared first on Република.

]]>

Владата на денешната седница, на предлог на Министерството за образование и наука, донесе Одлука за доделување стипендии на странски државјани, од интерес за Република  Македонија. Како што информира владината прес-служба, станува збор за предвидени 50 стипендии за странски државјани, студенти со македонско потекло кои живеат во државите на Балканскиот Полуостров, кои ќе се запишат како редовни студенти на државните универзитети: „Св. Кирил и Методиј“ - Скопје, „Св. Климент Охридски“ - Битола, „Гоце Делчев“ - Штип, Универзитетот за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“ - Охрид, „Мајка Тереза“ - Скопје и Универзитетот во Тетово, во студиската 2023/2024 година. На предлог на Министерството за образование и наука, Владата донесе и Одлука за давање согласност на конкурсите за запишување студии од втор циклус на јавните високообразовни установи на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, Универзитетот „Св. Климент Охридски“ - Битола, Универзитетот во Тетово, Државниот универзитет „Гоце Делчев“ во Штип, Универзитетот за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“ - Охрид и Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје, во академската 2023/2024 година, а по доставување на предлозите за запишување на студенти во втор циклус на студии за академската 2023/2024 година, соопшти владината прес-скужба. Исто така, на предлог на МОН, Владата донесе Одлука и за давање согласност на конкурсите за запишување студии од трет циклус на универзитетите „Св. Кирил и Методиј“ - Скопје, „Св. Климент Охридски“ – Битола, „Гоце Делчев“ - Штип и Универзитетот за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“ – Охрид, во академската 2023/2024 година, а по доставување на предлозите од универзитетите за конкурсите за запишување студенти во трет циклус - докторски студии, за студиската 2023/2024 година.

The post Владата ќе додели 50 стипендии за странски студенти од Балканот со македонско потекло appeared first on Република.

]]>
ЕУ ќе и конфискува на Русија 300 милијарди евра https://republika.mk/vesti/svet/eu-kje-i-konfiskuva-na-rusija-300-milijardi-evra/ Wed, 30 Nov 2022 12:28:54 +0000 https://republika.mk/?p=580042

Европска комисија денеска објави дека предложила план за конфискација на руски средства што се замрзнати за да се казни Москва за нејзината инвазија врз Украина.

Блокиравме 300 милијарди евра, резерви на руската Централна банка и замрзнавме 19 милијарди евра пари на руските олигарси, изјави претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен.

Според неа, ЕУ и нејзините партнери би можеле краткорочно да управуваат со овие средства и да ги инвестираат. Приходите ќе одат во Украина за да се компензира штетата предизвикана од војната.

Ќе работиме на постигнување меѓународен договор со нашите партнери за да се овозможи тоa. Заедно можеме да најдеме правни начини тоа да го оствариме, наведе Лајен.

Таа додаде дека ЕУ предлага да се формира специјален суд, со поддршка на Обединетите нации, кој ќе ги истражува руските злосторства во Украина.

The post ЕУ ќе и конфискува на Русија 300 милијарди евра appeared first on Република.

]]>

Европска комисија денеска објави дека предложила план за конфискација на руски средства што се замрзнати за да се казни Москва за нејзината инвазија врз Украина. Блокиравме 300 милијарди евра, резерви на руската Централна банка и замрзнавме 19 милијарди евра пари на руските олигарси, изјави претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен. Според неа, ЕУ и нејзините партнери би можеле краткорочно да управуваат со овие средства и да ги инвестираат. Приходите ќе одат во Украина за да се компензира штетата предизвикана од војната. Ќе работиме на постигнување меѓународен договор со нашите партнери за да се овозможи тоa. Заедно можеме да најдеме правни начини тоа да го оствариме, наведе Лајен. Таа додаде дека ЕУ предлага да се формира специјален суд, со поддршка на Обединетите нации, кој ќе ги истражува руските злосторства во Украина.

The post ЕУ ќе и конфискува на Русија 300 милијарди евра appeared first on Република.

]]>
Собранието донесе Одлука за прераспределба на неискористени буџетски средства https://republika.mk/vesti/ekonomija/sobranieto-donese-odluka-za-preraspredelba-na-neiskoristeni-budzetski-sredstva/ Tue, 01 Nov 2022 14:00:15 +0000 https://republika.mk/?p=568350

Собранието денеска на седница донесе Одлука за прераспределба на средства помеѓу буџетските корисници на централната власт и помеѓу фондовите за 2022 година. Неискористените средства од државни институции, со Одлуката се пренаменуваат за други цели и за обезбедување дополнителни пари онаму каде што е најпотребно.

Средства ќе се пренаменат за ЕСМ – за домашно производство на енергија и надминување на последиците од енергетската криза, потоа за редовно финансирање на политичките партии, за финансиска поддршка на МЖ Транспорт, средства ќе се пренасочат за уредување на ТИР-зоните, дополнителни средства ќе има за мерки за контрола и искоренување на болеста африканска чума кај свињите, за електрична енергија за хидросистемот на Дојранско Езеро, за набавка на технологија за управување со отпад.

Со прераспределбата ќе се обезбедат и дополнителни средства за дотации од приходите од ДДВ за општините, односно дополнителни 0,5 отсто од наплатениот ДДВ во претходната година, распределен во два нови дополнителни дела – 0,25 отсто за дел за перформанси и 0,25 отсто за дел за воедначување, согласно последните измени на Законот за финансирање на единиците на локалната самоуправа.

Според Одлуката, средствата за наведените намени се обезбедени по основ на заштеди од помалку реализираните расходи кај одредени буџетски корисници и дополнително обезбедени средства по основ на КАПЕФ-механизмот заради слабата реализација на капиталните расходи.

Во расправата по оваа точка од дневниот ред на 88-та седница, пратеникот Бојан Стојановски од ВМРО-ДПМНЕ рече дека ќе гласаат за одлуката зашто се скратуваат, како што рече, уште 100-ина милиони евра непродуктивни трошоци и затоа што сметаат дека „граѓаните и стопанството не треба да трпат и плаќаат за неспособноста на функционерите на оваа влада“.

Според него, лага е дека Владата има пакет за помош од 350 милиони евра и дека во реалноста тоа не е повеќе од 20 милиони евра. Притоа посочи дека е одбиен нивниот амандман што го поднеле вчера за 1,46 милијарда денари за да им се помогне на граѓаните, т.е. седум антикризни мерки со кои ќе биле опфатени поголема група граѓани, вклучително средношколци и пензионери.

Во полемиката околу капиталните инвестиции и на критиката од опозицијата дека тие не се реализираат, пратеничката Жаклина Лазаревска реплицираше дека СДСМ има направено двојно повеќе од ВМРО-ДПМНЕ за двојно пократок период. Во 11 години, рече таа, ВМРО реконструирала 1100 километри патишта, изградила или реконструирала 45 градинки и 74 училишта, а СДСМ за пет годни – 2300 км патишта, 67 градинки и 99 училишта.

Пратениците претходно гласаа да се донесе Законот за ратификација на Рамковната спогодба за финансиско партнерство помеѓу Европската комисија и Република Македонија, за спроведување на Инструментот за претпристапна помош ИПА III, за периодот 2021- 2027 година.

Вицепремиерот за европски прашања и национален ИПА-координатор Бојан Маричиќ во образложението истакна дека со потпишување на Спогодбата се отвора патот за потпишување на Финансиските спогодби во рамките на ИПА III, меѓу кои и Финансиската спогодба за програмата од 2021 година.

Оваа финансиска спогодба треба да се потпише до крајот на оваа година, а во спротивно, ќе ја изгубиме можноста за користење на повеќе од 100 милиони евра веќе дефинирани проекти - рече Маричиќ.

Објасни дека проектите се финансираат по принципот на блендирање односно грант од ИПА и заеми од меѓународните финансиски институции, како што се: Европската инивестициска банка, Европската банка за обнова и развој, Светска банка, Банката на Советот на Европа, Француската развојна агенција.

Посочи дека земјава има добри резултати во користење на овие средства и како пример го издвои финансирањето на патот Скопје – Блаце, градењето на пречистителна станица во Скопје, изградбата на железничката секција кон Бугарија втора и трета фаза, изградбата на фотоволтаичните централи во Осломеј 1 и 2 и Битола итн.

Во пресрет на билатералните состаноци, економските критериуми за пристапувањето во Унијата, рече Маричиќ, стануваат дополнителни стандарди и одредници со кои граѓаните ќе го оценуваат напредокот и развојот на земјата, подобрувањето на нивниот животен стандард и зголемувањето на одржливите можности за секого.

Вложуваме напори за максимално да ги искористиме сите расположливи европски фондови за развој и благосостојба на граѓаните, кои ќе бидат многу поголеми и повеќе достапни по пристапувањето во Европската Унија. Со тоа го забрзуваме процесот на реформи, кои се неопходни во процесот на напредување кон членство во Унијата, а граѓаните ќе почувствуваат конкретни придобивки од истиот - додаде Маричиќ.

ИПА III е нов концепт на Европската Унија во однос на поддршката на земјите од Западен Балкан, кој започна да се програмира во 2020 година и е тековна активност. Годишната програма за 2021 е одобрена, за 2022 е во фаза на оценување на зрелоста, додека програмирањето за програмата за 2023 е во тек.

Собраниската 88. седница ќе продолжи во 15 часот, по редовната пауза

The post Собранието донесе Одлука за прераспределба на неискористени буџетски средства appeared first on Република.

]]>

Собранието денеска на седница донесе Одлука за прераспределба на средства помеѓу буџетските корисници на централната власт и помеѓу фондовите за 2022 година. Неискористените средства од државни институции, со Одлуката се пренаменуваат за други цели и за обезбедување дополнителни пари онаму каде што е најпотребно. Средства ќе се пренаменат за ЕСМ – за домашно производство на енергија и надминување на последиците од енергетската криза, потоа за редовно финансирање на политичките партии, за финансиска поддршка на МЖ Транспорт, средства ќе се пренасочат за уредување на ТИР-зоните, дополнителни средства ќе има за мерки за контрола и искоренување на болеста африканска чума кај свињите, за електрична енергија за хидросистемот на Дојранско Езеро, за набавка на технологија за управување со отпад. Со прераспределбата ќе се обезбедат и дополнителни средства за дотации од приходите од ДДВ за општините, односно дополнителни 0,5 отсто од наплатениот ДДВ во претходната година, распределен во два нови дополнителни дела – 0,25 отсто за дел за перформанси и 0,25 отсто за дел за воедначување, согласно последните измени на Законот за финансирање на единиците на локалната самоуправа. Според Одлуката, средствата за наведените намени се обезбедени по основ на заштеди од помалку реализираните расходи кај одредени буџетски корисници и дополнително обезбедени средства по основ на КАПЕФ-механизмот заради слабата реализација на капиталните расходи. Во расправата по оваа точка од дневниот ред на 88-та седница, пратеникот Бојан Стојановски од ВМРО-ДПМНЕ рече дека ќе гласаат за одлуката зашто се скратуваат, како што рече, уште 100-ина милиони евра непродуктивни трошоци и затоа што сметаат дека „граѓаните и стопанството не треба да трпат и плаќаат за неспособноста на функционерите на оваа влада“. Според него, лага е дека Владата има пакет за помош од 350 милиони евра и дека во реалноста тоа не е повеќе од 20 милиони евра. Притоа посочи дека е одбиен нивниот амандман што го поднеле вчера за 1,46 милијарда денари за да им се помогне на граѓаните, т.е. седум антикризни мерки со кои ќе биле опфатени поголема група граѓани, вклучително средношколци и пензионери. Во полемиката околу капиталните инвестиции и на критиката од опозицијата дека тие не се реализираат, пратеничката Жаклина Лазаревска реплицираше дека СДСМ има направено двојно повеќе од ВМРО-ДПМНЕ за двојно пократок период. Во 11 години, рече таа, ВМРО реконструирала 1100 километри патишта, изградила или реконструирала 45 градинки и 74 училишта, а СДСМ за пет годни – 2300 км патишта, 67 градинки и 99 училишта. Пратениците претходно гласаа да се донесе Законот за ратификација на Рамковната спогодба за финансиско партнерство помеѓу Европската комисија и Република Македонија, за спроведување на Инструментот за претпристапна помош ИПА III, за периодот 2021- 2027 година. Вицепремиерот за европски прашања и национален ИПА-координатор Бојан Маричиќ во образложението истакна дека со потпишување на Спогодбата се отвора патот за потпишување на Финансиските спогодби во рамките на ИПА III, меѓу кои и Финансиската спогодба за програмата од 2021 година. Оваа финансиска спогодба треба да се потпише до крајот на оваа година, а во спротивно, ќе ја изгубиме можноста за користење на повеќе од 100 милиони евра веќе дефинирани проекти - рече Маричиќ. Објасни дека проектите се финансираат по принципот на блендирање односно грант од ИПА и заеми од меѓународните финансиски институции, како што се: Европската инивестициска банка, Европската банка за обнова и развој, Светска банка, Банката на Советот на Европа, Француската развојна агенција. Посочи дека земјава има добри резултати во користење на овие средства и како пример го издвои финансирањето на патот Скопје – Блаце, градењето на пречистителна станица во Скопје, изградбата на железничката секција кон Бугарија втора и трета фаза, изградбата на фотоволтаичните централи во Осломеј 1 и 2 и Битола итн. Во пресрет на билатералните состаноци, економските критериуми за пристапувањето во Унијата, рече Маричиќ, стануваат дополнителни стандарди и одредници со кои граѓаните ќе го оценуваат напредокот и развојот на земјата, подобрувањето на нивниот животен стандард и зголемувањето на одржливите можности за секого. Вложуваме напори за максимално да ги искористиме сите расположливи европски фондови за развој и благосостојба на граѓаните, кои ќе бидат многу поголеми и повеќе достапни по пристапувањето во Европската Унија. Со тоа го забрзуваме процесот на реформи, кои се неопходни во процесот на напредување кон членство во Унијата, а граѓаните ќе почувствуваат конкретни придобивки од истиот - додаде Маричиќ. ИПА III е нов концепт на Европската Унија во однос на поддршката на земјите од Западен Балкан, кој започна да се програмира во 2020 година и е тековна активност. Годишната програма за 2021 е одобрена, за 2022 е во фаза на оценување на зрелоста, додека програмирањето за програмата за 2023 е во тек. Собраниската 88. седница ќе продолжи во 15 часот, по редовната пауза

The post Собранието донесе Одлука за прераспределба на неискористени буџетски средства appeared first on Република.

]]>
Го имате во бањата: Ова ви помага за устата, а не сте знаеле дека може да ви помогне и за проблем со косата https://republika.mk/zivot/zdravje/go-imate-vo-banjata-ova-vi-pomaga-za-ustata-a-ne-ste-znaele-deka-moze-da-vi-pomogne-i-za-problem-so-kosata/ Wed, 14 Sep 2022 21:14:25 +0000 https://republika.mk/?p=550858

Првутот е една од најнепријатните работи што можат да се случат кога станува збор за правилната нега и убавина на косата. Може да биде доста напорен за справување.

Затоа, прочитајте за овој необичен и неконвенционален трик кој ќе ви помогне да се ослободите од првутот без да трошите пари за скапите продукти и непотребно да се нервирате за нивната неефикасност.

Сѐ што ви е потребно е средство за плакнење уста, вода и шишенце од кое може да прскате како спреј. Она што треба да го направите е да ставите еднакви количини вода и средството за плакнење во шишенцето и добро да го протресете. Потоа, нанесете ја смесата директно на скалпот бидејќи таа е пресува за остатокот на вашата коса. Оставете да делува неколку минути и темелно измијте ја косата.

Листеринот има антисептични и антивоспалителни состојки како ментол и еукалиптус и покрај тоа што ги уништува бактериите во вашата усна празнина, помага и во грижата на сувиот скалп кој ве чеша и кој има првут.

The post Го имате во бањата: Ова ви помага за устата, а не сте знаеле дека може да ви помогне и за проблем со косата appeared first on Република.

]]>

Првутот е една од најнепријатните работи што можат да се случат кога станува збор за правилната нега и убавина на косата. Може да биде доста напорен за справување. Затоа, прочитајте за овој необичен и неконвенционален трик кој ќе ви помогне да се ослободите од првутот без да трошите пари за скапите продукти и непотребно да се нервирате за нивната неефикасност. Сѐ што ви е потребно е средство за плакнење уста, вода и шишенце од кое може да прскате како спреј. Она што треба да го направите е да ставите еднакви количини вода и средството за плакнење во шишенцето и добро да го протресете. Потоа, нанесете ја смесата директно на скалпот бидејќи таа е пресува за остатокот на вашата коса. Оставете да делува неколку минути и темелно измијте ја косата. Листеринот има антисептични и антивоспалителни состојки како ментол и еукалиптус и покрај тоа што ги уништува бактериите во вашата усна празнина, помага и во грижата на сувиот скалп кој ве чеша и кој има првут.

The post Го имате во бањата: Ова ви помага за устата, а не сте знаеле дека може да ви помогне и за проблем со косата appeared first on Република.

]]>
ЕУ предлага да се деблокираат средствата на руските банки за да ѝ се помогне на трговијата со храна https://republika.mk/vesti/svet/eu-predlaga-da-se-deblokiraat-sredstvata-na-ruskite-banki-za-da-se-pomogne-na-trgovijata-so-hrana/ Tue, 19 Jul 2022 18:59:21 +0000 https://republika.mk/?p=531189

Европска комисија до земјите-членки на Европска Унија достави документ со што се предлага да се ослободат „одредени средства” од руските банки замрзнати по санкциите на ЕУ со цел да се помогне во обнова на трговијата со земјоделски и прехранбени производи.

ЕУ сака совршено да стави до знаење дека ништо во санкциите не го спречува транспортот на жито од Русија или Украина … Надлежните органи на земјите-членки може да одобрат ослободување на одредени замрзнати средства или економски ресурси кои им припаѓаат на банките, откако ќе утврдат дека тие средства се неопходни за купување, увоз или транспорт на земјоделски и прехранбени производи, вклучително и жито и ѓубрива, се наведува во документот.

Според неименуван дипломат изјави дека тоа се однесува на седум руски банки и оти земјите-членки наскоро треба да одлучат за тоа.

Претседателот на Сенегал и актуелен претседател на Африканска Унија, Меки Сал, неодамна изрази загриженост за последиците од европските санкции врз трговијата со жито, особено за исклучувањето на главните руски банки од меѓународниот финансиски систем Свифт, што е клучен за трансфер на пари.

The post ЕУ предлага да се деблокираат средствата на руските банки за да ѝ се помогне на трговијата со храна appeared first on Република.

]]>

Европска комисија до земјите-членки на Европска Унија достави документ со што се предлага да се ослободат „одредени средства” од руските банки замрзнати по санкциите на ЕУ со цел да се помогне во обнова на трговијата со земјоделски и прехранбени производи. ЕУ сака совршено да стави до знаење дека ништо во санкциите не го спречува транспортот на жито од Русија или Украина … Надлежните органи на земјите-членки може да одобрат ослободување на одредени замрзнати средства или економски ресурси кои им припаѓаат на банките, откако ќе утврдат дека тие средства се неопходни за купување, увоз или транспорт на земјоделски и прехранбени производи, вклучително и жито и ѓубрива, се наведува во документот. Според неименуван дипломат изјави дека тоа се однесува на седум руски банки и оти земјите-членки наскоро треба да одлучат за тоа. Претседателот на Сенегал и актуелен претседател на Африканска Унија, Меки Сал, неодамна изрази загриженост за последиците од европските санкции врз трговијата со жито, особено за исклучувањето на главните руски банки од меѓународниот финансиски систем Свифт, што е клучен за трансфер на пари.

The post ЕУ предлага да се деблокираат средствата на руските банки за да ѝ се помогне на трговијата со храна appeared first on Република.

]]>
Велика Британија „за неколку дена“ ќе ги замрзне средствата на сите руски банки https://republika.mk/vesti/svet/velika-britanija-za-nekolku-dena-kje-gi-zamrzne-sredstvata-na-site-ruski-banki/ Mon, 28 Feb 2022 16:30:37 +0000 https://republika.mk/?p=465432

На сите руски банки во Велика Британија ќе им биде замрзнат имотот во рок од неколку дена. Тоа дeнеска го изјави министерката за надворешни работи Лиз Трас, како дел од плановите за засилување на економските санкции.

Ќе обезбедиме целосно замрзнување на средствата на сите руски банки за неколку дена, тоа е барање од координација со нашите сојузници - наглaси Трас во Парламентот.

Таа додаде дека тоа е со цел да го спречи Кремљ да ја финансира својата инвазија врз Украина.

The post Велика Британија „за неколку дена“ ќе ги замрзне средствата на сите руски банки appeared first on Република.

]]>

На сите руски банки во Велика Британија ќе им биде замрзнат имотот во рок од неколку дена. Тоа дeнеска го изјави министерката за надворешни работи Лиз Трас, како дел од плановите за засилување на економските санкции.
Ќе обезбедиме целосно замрзнување на средствата на сите руски банки за неколку дена, тоа е барање од координација со нашите сојузници - наглaси Трас во Парламентот.
Таа додаде дека тоа е со цел да го спречи Кремљ да ја финансира својата инвазија врз Украина.

The post Велика Британија „за неколку дена“ ќе ги замрзне средствата на сите руски банки appeared first on Република.

]]>
Собрани се парите потребни за операција на малата Ина https://republika.mk/zivot/kaleidoskop/sobrani-se-parite-potrebni-za-operacija-na-malata-ina/ Wed, 16 Feb 2022 22:20:33 +0000 https://republika.mk/?p=459559

Собрани се средствата потребни за операција на шестгодишната Ина Илиевска, беше соопштено вечерва преку Фејсбук, при што се нагласува дека во тек е затворање на броевите за донациите.

Во објавата е изразена огромна благодарност од семејството на Ина за сите што се вклучија во акцијата за собирање на паричните средства, покрената од родителите на девојчето. Семејството упати и апел за понатамошно донирање за оние кои имаат потреба.

The post Собрани се парите потребни за операција на малата Ина appeared first on Република.

]]>

Собрани се средствата потребни за операција на шестгодишната Ина Илиевска, беше соопштено вечерва преку Фејсбук, при што се нагласува дека во тек е затворање на броевите за донациите. Во објавата е изразена огромна благодарност од семејството на Ина за сите што се вклучија во акцијата за собирање на паричните средства, покрената од родителите на девојчето. Семејството упати и апел за понатамошно донирање за оние кои имаат потреба.

The post Собрани се парите потребни за операција на малата Ина appeared first on Република.

]]>