средозеемно море Archives - Република https://republika.mk/tema/sredozeemno-more/ За подобро да се разбереме Thu, 08 Sep 2022 07:13:27 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png средозеемно море Archives - Република https://republika.mk/tema/sredozeemno-more/ 32 32 Почина четиригодишно девојче, спасени над 60 мигранти во Средоземното Море https://republika.mk/vesti/svet/pochina-chetirigodishno-devojche-spaseni-nad-60-migranti-vo-sredozemnoto-more/ Wed, 07 Sep 2022 13:16:32 +0000 https://republika.mk/?p=548378

Четиригодишно девојче почина, а 61 мигрант беше пренесен на грчкиот остров Крит, откако чамецот со кој се пренесувале во Средоземното Море се соочил со проблеми и биле спасени од танкер во морскиот дел во надлежност на Малта, но била побарана помош од Грција, јави дописничката на МИА од Атина.

Девојчето вчера, со хеликоптер на грчката воена морнарица било пренесено во болница на Крит, каде што била констатирана смртта.

Како што соопштија од крајбрежната служба на Грција, странските државјани, вкупно 63 лица биле спасени од танкер во морскиот дел во надлежност на Малта, а капетанот преку координативниот центар за спасување на Малта побарал помош за две лица кои ја загубиле свеста.

Барањето било упатено и до грчките власти, по што веднаш бил испратен хеликоптер на воената морнарица и го пренел четиригодишното девојче во болницата на Крит, но лекарите само ја констатирале смртта.

Мајката на девојчето е згрижена во болницата, додека пак останатите мигранти (61 лице) денеска биле пренесени на Крит, откако претходно од капетанот на танкерот било побарано да го смени курсот и да се упати во морската област во одговорност на Грција, со оглед на тоа дека на некои од патниците им била потребна медицинска помош.

Рано утрово, мигрантите, 33 мажи, седум жени и 21 дете пристигнале на Крит, а две лица, еден маж и една жена биле пренесени во болница каде што се хоспитализирани.

The post Почина четиригодишно девојче, спасени над 60 мигранти во Средоземното Море appeared first on Република.

]]>

Четиригодишно девојче почина, а 61 мигрант беше пренесен на грчкиот остров Крит, откако чамецот со кој се пренесувале во Средоземното Море се соочил со проблеми и биле спасени од танкер во морскиот дел во надлежност на Малта, но била побарана помош од Грција, јави дописничката на МИА од Атина. Девојчето вчера, со хеликоптер на грчката воена морнарица било пренесено во болница на Крит, каде што била констатирана смртта. Како што соопштија од крајбрежната служба на Грција, странските државјани, вкупно 63 лица биле спасени од танкер во морскиот дел во надлежност на Малта, а капетанот преку координативниот центар за спасување на Малта побарал помош за две лица кои ја загубиле свеста. Барањето било упатено и до грчките власти, по што веднаш бил испратен хеликоптер на воената морнарица и го пренел четиригодишното девојче во болницата на Крит, но лекарите само ја констатирале смртта. Мајката на девојчето е згрижена во болницата, додека пак останатите мигранти (61 лице) денеска биле пренесени на Крит, откако претходно од капетанот на танкерот било побарано да го смени курсот и да се упати во морската област во одговорност на Грција, со оглед на тоа дека на некои од патниците им била потребна медицинска помош. Рано утрово, мигрантите, 33 мажи, седум жени и 21 дете пристигнале на Крит, а две лица, еден маж и една жена биле пренесени во болница каде што се хоспитализирани.

The post Почина четиригодишно девојче, спасени над 60 мигранти во Средоземното Море appeared first on Република.

]]>