средно стручно училиште Archives - Република https://republika.mk/tema/sredno-struchno-uchilishte/ За подобро да се разбереме Wed, 17 Jan 2024 15:05:23 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png средно стручно училиште Archives - Република https://republika.mk/tema/sredno-struchno-uchilishte/ 32 32 Од учебната 2024/25 година покрај стручна матура се воведува и академски испит за учениците во средните стручни училишта кои сакаат да се запишат на факултет https://republika.mk/vesti/makedonija/od-uchebnata-2024-25-godina-pokraj-struchna-matura-se-voveduva-i-akademski-ispit-za-uchenitsite-vo-srednite-struchni-uchilishta-koi-sakaat-da-se-zapishat-na-fakultet/ Wed, 17 Jan 2024 15:05:23 +0000 https://republika.mk/?p=733979

Од учебната 2024/25 година покрај стручна матура се воведува и академски испит за учениците во средните стручни училишта кои сакаат да се запишат на факултет. Ова е една од новините кои ги предвидува новиот Закон за средно образование кој помина на Влада, заедно со Законот за стручно образование и обука, на иницијатива на Министествтото за обазование и наука (МОН).

Влезен академски испит за запишување во високото образование полагаат ученици кои сакаат да го продолжат образованието на високообразовните установи, а исполнуваат најмалку еден од условите: се запишани на четврта година од средно стручно образование или средно уметничко образование; завршиле средно стручно четиригодишно образование и положиле стручна матура; завршиле средно уметничко образование и положиле уметничка матура или имаат решение за признавање на диплома за завршено средно образование во странство којашто е еквивалентна на завршено средно стручно четиригодишно образование или средно уметничко образование во земјава.

Ова законско решение е усогласено со Државниот испитен центар (ДИЦ) и со Унијата на средношколци. Со нив дискутиравме додека законите беа во подготовка. Посебна новина што се воведува во овој закон е воведување на стручна матура и влезен академски испит. По завршување на последната година од гимназиско образование, учениците полагаат државна матура или училишна матура. По завршување на меѓународната програма во средно образование учениците полагаат меѓународна матура или државна матура. Но, по завршување на последната година во стручното образование, кај четиригодишното образование, ќе има право да се полага и приемниот академски испит во делот на стручното образование. По тригодишните програми во стручното образование сите ученици ќе полагаат завршен испит. Ќе се реализира преку ДИЦ, тие ги подготуваат прашањата, нема голема разлика во делот на интерните и екстерните испити, иста е формата како и претходно, но плус ќе има дополнителен испит за стручните струки, изјави на денешната прес-конференција министерот за образоваие и наука Јетон Шаќири.

На прес-конференција ресорниот министер нагласи дека со донесувањето на овие законски решенија ќе се подигне квалитетот на воспитно-образовниот процес со оглед на тоа што актуелните закони се од 1995 односно од 2007 година и, како што рече, не соодветствуваат со реалните потреби.

Новиот Закон за средно образование ќе овозможи развој на клучните компетенции и вештини кај младите, со особен фокус на дигиталните, неопходни за понатамошното образование и успешно вработување. Првпат се воведува и кариерно советување, кариерен советник и координатор за практично образование. Особено е важно што се овозможува и ученичко организирање и учество во носење одлуки што досега им недостигаше на учениците, рече Шаќири.

Со новиот Закон за стручно образование и обука, пак, посочи тој, се регулира концептот на дуално образование за чија надградба и проширување, рече, се заложуваме повеќе години.

Законот го зголемува обемот на практично образование во средните стручни училишта, односно фокусот е повеќе кон стекнување практични и применливи вештини преку учење директно на работно место во компаниите за сметка на намалување на теоретската настава, додаде Шаќири и посочи дека има тренд на зголемен број ученици запишани во стручното образование и наспроти 11 дуални паралелки пред четири години, денес има 592 со речиси 7000 ученици.

The post Од учебната 2024/25 година покрај стручна матура се воведува и академски испит за учениците во средните стручни училишта кои сакаат да се запишат на факултет appeared first on Република.

]]>

Од учебната 2024/25 година покрај стручна матура се воведува и академски испит за учениците во средните стручни училишта кои сакаат да се запишат на факултет. Ова е една од новините кои ги предвидува новиот Закон за средно образование кој помина на Влада, заедно со Законот за стручно образование и обука, на иницијатива на Министествтото за обазование и наука (МОН). Влезен академски испит за запишување во високото образование полагаат ученици кои сакаат да го продолжат образованието на високообразовните установи, а исполнуваат најмалку еден од условите: се запишани на четврта година од средно стручно образование или средно уметничко образование; завршиле средно стручно четиригодишно образование и положиле стручна матура; завршиле средно уметничко образование и положиле уметничка матура или имаат решение за признавање на диплома за завршено средно образование во странство којашто е еквивалентна на завршено средно стручно четиригодишно образование или средно уметничко образование во земјава.