Србинка Archives - Република https://republika.mk/tema/srbinka/ За подобро да се разбереме Fri, 12 Jul 2024 09:46:25 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Србинка Archives - Република https://republika.mk/tema/srbinka/ 32 32 Србинка со јавна благодарност до храбрата Ана од Скопје: Твоите дела се непроценливи https://republika.mk/zivot/patuvanja/srbinka-so-javna-blagodarnost-do-hrabrata-ana-od-skopje-tvoite-dela-se-neprotsenlivi/ Fri, 12 Jul 2024 09:46:25 +0000 https://republika.mk/?p=796089

Србинката Александра преку големата фејсбук-група „Грчка инфо“ испрати јавна благодарност до скопјанката која ѝ го спасила животот додека патувала за Грција на одмор со семејството, кога ненадејно ѝ се слошило и се онесвестила покрај патот.

За жал, многу минувачи не застанаа да помогнат, но една храбра и милосрдна жена, Ана Петровски од Скопје, не се двоумеше. Ана беше единствената која го запре својот автомобил и дојде да помогне. Таа ми пружи прва помош и ме врати во живот, додека моите деца плачеа, а мојот сопруг очајнички се обидуваше да запре други возила, пишува Србинката.

Како што понатаму истакнува, нејзината несебична и професионална реакција била пресудна во тој тежок момент.

Ана, ти благодарам од се срце што покажа дека се уште има добри луѓе на светот. Вашата скромност и несебичност се навистина трогателни. На крајот Ана само не поздрави и ни посака Божја заштита, а потоа дискретно си замина. Вашите дела се бесценети и вечно ќе ви бидеме благодарни. Ви благодариме што сте наш ангел чувар, вели Александра, бидејќи од благодарност и почит кон Ана, која од скромност одбила да размени контакти за да не се чувствуваат должни, решила да го напише овој поста за јавно да и се заблагодари.

The post Србинка со јавна благодарност до храбрата Ана од Скопје: Твоите дела се непроценливи appeared first on Република.

]]>

Уапсена Србинка во Италија: Сопругот го избодела со нож додека спиел https://republika.mk/vesti/svet/uapsena-srbinka-vo-italija-soprugot-go-izbodela-so-noz-dodeka-spiel/ Sat, 10 Dec 2022 21:00:47 +0000 https://republika.mk/?p=584146

Италијанската полиција уапси жена со српско потекло, која вчера во Трст со кујнски нож го избодела својот сопруг додека спиел. Ранетиот маж потоа побегнал од станот и истрчал крвав на улица за да повика помош.

„ Нападот се случил околу 19 часот и 30 минути, а според верзијата на повредениот (60), исто така со српско потекло, жената со кујнски нож го прободела во вратот додека спиел. Оружјето подоцна било пронајдено на улица, недалеку од куќата“ – пишува италијански Triesteprima.

Според сведочењето на соседите од влезот каде што живее овој пар, никогаш досега не правеле проблеми.

https://youtu.be/DSv1orxPVB8

„ Тоа се двајца добри луѓе, пиеа повремено, но како и многу други, не претерано. Имаа финансиски проблеми бидејќи и двајцата останаа без работа. Ги познавам и навистина не можам да објаснам што се случи“ – изјавила сосетката.

Друг сосед открива дека го разбудил телефонски повик во 23 часот, дека му се јавиле да го прашаат што се случува во населбата.

„ Потоа излегов низ вратата и видов многу крв, трагите водеа до третиот кат од зградата, каде што живеат сопружниците. Сепак, воопшто не слушнав никакво врескање или тепачка. Секое семејство живее на свој начин, но колку што знам тие се нормални луѓе. Жал ми е за нив, бидејќи и двајцата добро ги познавам“ – рече тој.

Осомничената е уапсена, а рочиште е закажано за в понеделник.

The post Уапсена Србинка во Италија: Сопругот го избодела со нож додека спиел appeared first on Република.

]]>

Италијанската полиција уапси жена со српско потекло, која вчера во Трст со кујнски нож го избодела својот сопруг додека спиел. Ранетиот маж потоа побегнал од станот и истрчал крвав на улица за да повика помош.
„ Нападот се случил околу 19 часот и 30 минути, а според верзијата на повредениот (60), исто така со српско потекло, жената со кујнски нож го прободела во вратот додека спиел. Оружјето подоцна било пронајдено на улица, недалеку од куќата“ – пишува италијански Triesteprima.
Според сведочењето на соседите од влезот каде што живее овој пар, никогаш досега не правеле проблеми.   https://youtu.be/DSv1orxPVB8