србија - хрватска Archives - Република https://republika.mk/tema/srbija-hrvatska/ За подобро да се разбереме Mon, 15 Apr 2024 07:43:22 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png србија - хрватска Archives - Република https://republika.mk/tema/srbija-hrvatska/ 32 32 Нови тензии меѓу Србија и Хрватска, откако српски министер бил избркан од Јасеновац https://republika.mk/vesti/balkan/novi-tenzii-megu-srbija-i-hrvatska-otkako-srpski-minister-bil-izbrkan-od-jasenovats/ Mon, 15 Apr 2024 06:46:40 +0000 https://republika.mk/?p=766089

На министерот во Владата на Србија задолжен за односи со дијаспората, Ѓорѓе Милиќевиќ денеска му беше забрането да положи цвеќе и да запали свеќа на споменикот на жртвите од усташкиот логор Јасеновац, по што беше протеран од таму, јави дописникот на МИА од Белград.

Министерот Милиќевиќ на нивна покана беше во работна посета на Србите во околината на Новска.

По средбите со претставниците на Србите од локалното културно-уметничко друштво и руралните локални заедници, министерот и неговите соработници се упатија кон меморијалниот парк во Јасеновац, со цел да им оддадат почит на убиените Срби во злогласниот логор на НДХ, се наведува во соопштението од кабинетот на Милиќевиќ.

Но, на самиот влез во спомен-комплексот комбето во кое се наоѓаше министерот беше запрено од хрватски полицајци кои го опколија возилото на министерот со три свои автомобили.

Според соопштенеито, полицаецот, кој не се претставил, наредил комбето со министерот и неговите соработници веднаш да го напушти Јасеновац.

Свртете го возилото и веднаш упатете се кон граничниот премин Бајаково, без застанување на територијата на Република Хрватска, нагласил овој полицаец, додавајќи дека „има наредба од врвот“, се вели во соопштението.

Министерот Милиќевиќ потоа излегол од комбето и побарал само да го фотографира спомен-комплексот, при што бил опкружен од неколку полицајци кои го повториле барањето, придружуван од нив веднаш да тргне на граничниот премин со Србија, се додава во соопштението.

The post Нови тензии меѓу Србија и Хрватска, откако српски министер бил избркан од Јасеновац appeared first on Република.

]]>

На министерот во Владата на Србија задолжен за односи со дијаспората, Ѓорѓе Милиќевиќ денеска му беше забрането да положи цвеќе и да запали свеќа на споменикот на жртвите од усташкиот логор Јасеновац, по што беше протеран од таму, јави дописникот на МИА од Белград. Министерот Милиќевиќ на нивна покана беше во работна посета на Србите во околината на Новска.
По средбите со претставниците на Србите од локалното културно-уметничко друштво и руралните локални заедници, министерот и неговите соработници се упатија кон меморијалниот парк во Јасеновац, со цел да им оддадат почит на убиените Срби во злогласниот логор на НДХ, се наведува во соопштението од кабинетот на Милиќевиќ.
Но, на самиот влез во спомен-комплексот комбето во кое се наоѓаше министерот беше запрено од хрватски полицајци кои го опколија возилото на министерот со три свои автомобили. Според соопштенеито, полицаецот, кој не се претставил, наредил комбето со министерот и неговите соработници веднаш да го напушти Јасеновац.
Свртете го возилото и веднаш упатете се кон граничниот премин Бајаково, без застанување на територијата на Република Хрватска, нагласил овој полицаец, додавајќи дека „има наредба од врвот“, се вели во соопштението.
Министерот Милиќевиќ потоа излегол од комбето и побарал само да го фотографира спомен-комплексот, при што бил опкружен од неколку полицајци кои го повториле барањето, придружуван од нив веднаш да тргне на граничниот премин со Србија, се додава во соопштението.

The post Нови тензии меѓу Србија и Хрватска, откако српски министер бил избркан од Јасеновац appeared first on Република.

]]>
Ескобар: Србија не глуми кога вели дека сака подобри односи со Хрватска https://republika.mk/vesti/balkan/eskobar-srbija-ne-glumi-koga-veli-deka-saka-podobri-odnosi-so-hrvatska/ Mon, 23 Jan 2023 22:15:55 +0000 https://republika.mk/?p=600190

Специјалниот пратеник на САД за Западен Балкан Габриел Ескобар денеска во Загреб изјави дека Србија не се преправа дека сака да ги подобри односите со Загреб.

Во разговор со новинарите во Загреб, Ескобар оцени дека неодамна покренатата иницијатива на Белград за „одмрзнување“ на односите со Загреб е „реална“ и дека Србија „сака и мора да ги подобри односите со еден од своите најпросперитетни соседи“, пренесе Хина.

Американскиот функционер рече дека зад ова стои потребата Белград да сфати дека „Русија не е доверлив партнер“ како што се смета во Србија и дека рускиот претседател Владимир Путин „никогаш повеќе нема да биде веродостоен соговорник“.

-Тие треба да почнат да ја преиспитуваат својата меѓународна позиција и мислам дека дел од тоа е подобрување на односите со соседите, посочи Ескобар.

Тој смета дека Србија мора да се приклучи на западните санкции против Русија бидејќи тоа е законска обврска за неа на нејзиниот пат кон ЕУ, а додека тоа не се случи, САД ќе продолжат да работат за Србија да ги „разбере последиците од малигното руско влијание во Балканот“.

Исто така, Ескобар оцени дека хрватскиот претседател Зоран Милановиќ греши кога вели дека САД индиректно војуваат со Русија преку Украина.

Милановиќ неколку пати изјави дека САД водат „прокси“ војна против Русија преку Украина, дека важи и обратното и дека војната во Украина затоа ќе се реши меѓу Вашингтон и Москва.

-Во овој поглед, Милановиќ греши, ова не е прокси војна, ова е обид да и се помогне на жртвата на неиспровоцирана агресија за да се одбрани, изјави денеска Ескобар во Загреб.

– Во овој поглед, она што го прави Хрватска е поважно од она што го велат нејзините политичари. Во сите аспекти, Хрватска е на вистинската страна во секоја одлука, во секоја декларација, во нејзините постапки, истакна американскиот политичар.

The post Ескобар: Србија не глуми кога вели дека сака подобри односи со Хрватска appeared first on Република.

]]>

Специјалниот пратеник на САД за Западен Балкан Габриел Ескобар денеска во Загреб изјави дека Србија не се преправа дека сака да ги подобри односите со Загреб. Во разговор со новинарите во Загреб, Ескобар оцени дека неодамна покренатата иницијатива на Белград за „одмрзнување“ на односите со Загреб е „реална“ и дека Србија „сака и мора да ги подобри односите со еден од своите најпросперитетни соседи“, пренесе Хина. Американскиот функционер рече дека зад ова стои потребата Белград да сфати дека „Русија не е доверлив партнер“ како што се смета во Србија и дека рускиот претседател Владимир Путин „никогаш повеќе нема да биде веродостоен соговорник“. -Тие треба да почнат да ја преиспитуваат својата меѓународна позиција и мислам дека дел од тоа е подобрување на односите со соседите, посочи Ескобар. Тој смета дека Србија мора да се приклучи на западните санкции против Русија бидејќи тоа е законска обврска за неа на нејзиниот пат кон ЕУ, а додека тоа не се случи, САД ќе продолжат да работат за Србија да ги „разбере последиците од малигното руско влијание во Балканот“. Исто така, Ескобар оцени дека хрватскиот претседател Зоран Милановиќ греши кога вели дека САД индиректно војуваат со Русија преку Украина. Милановиќ неколку пати изјави дека САД водат „прокси“ војна против Русија преку Украина, дека важи и обратното и дека војната во Украина затоа ќе се реши меѓу Вашингтон и Москва. -Во овој поглед, Милановиќ греши, ова не е прокси војна, ова е обид да и се помогне на жртвата на неиспровоцирана агресија за да се одбрани, изјави денеска Ескобар во Загреб. – Во овој поглед, она што го прави Хрватска е поважно од она што го велат нејзините политичари. Во сите аспекти, Хрватска е на вистинската страна во секоја одлука, во секоја декларација, во нејзините постапки, истакна американскиот политичар.

The post Ескобар: Србија не глуми кога вели дека сака подобри односи со Хрватска appeared first on Република.

]]>
Вучиќ и Пленковиќ од Давос: Неопходни се напори за решавање на отворените прашања https://republika.mk/vesti/balkan/vuchik-i-plenkovik-od-davos-neophodni-se-napori-za-reshavane-na-otvorenite-prashana/ Thu, 19 Jan 2023 16:51:00 +0000 https://republika.mk/?p=598777

Српскиот претседател Александар Вучиќ и хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ се сретнаа во Давос, каде што учествуваат на годишниот состанок на Светскиот економски форум.

Претседателот на Србија на Инстаграм профил објави фотографија, за која напиша:

Многу коректен разговор за српско-хрватските односи. Верувам дека во периодот пред нас ќе успееме да напредуваме и на економски и на политички односи.

Хрватскиот премиер по средбата со претседателот Вучиќ рече дека разговарале за билатералните односи и европскиот пат на земјите од Западен Балкан.

За време на Светскиот економски форум во Давос со претседателот на Србија Александар Вучиќ разговарав за билатералните односи и европскиот пат на соседните земји. Заедно со политиката на дијалог и смирување на тензиите, неопходно е да се направат дополнителни напори за решавање на отворените прашања, напиша Пленковиќ на Твитер.

The post Вучиќ и Пленковиќ од Давос: Неопходни се напори за решавање на отворените прашања appeared first on Република.

]]>

Српскиот претседател Александар Вучиќ и хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ се сретнаа во Давос, каде што учествуваат на годишниот состанок на Светскиот економски форум. Претседателот на Србија на Инстаграм профил објави фотографија, за која напиша:
Многу коректен разговор за српско-хрватските односи. Верувам дека во периодот пред нас ќе успееме да напредуваме и на економски и на политички односи.
Хрватскиот премиер по средбата со претседателот Вучиќ рече дека разговарале за билатералните односи и европскиот пат на земјите од Западен Балкан.
За време на Светскиот економски форум во Давос со претседателот на Србија Александар Вучиќ разговарав за билатералните односи и европскиот пат на соседните земји. Заедно со политиката на дијалог и смирување на тензиите, неопходно е да се направат дополнителни напори за решавање на отворените прашања, напиша Пленковиќ на Твитер.

The post Вучиќ и Пленковиќ од Давос: Неопходни се напори за решавање на отворените прашања appeared first on Република.

]]>
Пленковиќ: Односите меѓу Србија и Хрватска треба да се подобрат, ама помирувањето да се заснова на вистината https://republika.mk/vesti/balkan/plenkovik-odnosite-megu-srbija-i-hrvatska-treba-da-se-podobrat-ama-pomiruvaneto-da-se-zasnova-na-vistinata/ Fri, 06 Jan 2023 13:32:26 +0000 https://republika.mk/?p=594171

Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ, на Божиќниот прием на Српскиот национален совет (СНВ) во Загреб, изјави дека е потребно да се унапредат односите помеѓу Хрватска и Србија и оти помирувањето мора да се заснова на факти и вистини.

Пленковиќ наведе дека Хрватска „била жртва на агресија“ од режимот на поранешниот српски лидер Слободан Милошевиќ и додаде дека ова наследство е „тешко“ и дека ги „оптоварува односите Белград и Загреб.

Хрватска беше жртва на агресијата на режимот на Милошевиќ и тој факт живее со нас, живее со семејствата на исчезнатите, со војници, ветерани, цивили. Тоа наследство е тешко, посочи Пленковиќ.

Тој додаде дека неговата Влада ќе направи се за да ги најде исчезнатите во војната во 90-тите години, но и да изгради „мостови на солидарноста“.

Пленковиќ им се заблагодари на претставниците на Српскиот национален совет и на политичките претставници на Србите во Хрватска за поддршката и лојалноста. Тој укажа на важноста од влезот на претседателот на Демократскиот сојуз на Хрватите во Војводина, Томислав Жигманов во Владата на Србија, оценувајќи дека хрватското малцинство во Србија „доби нов живот“.

Шефот на српската дипломатија Ивица Дачиќ денеска во Загреб изјави дека Србија и Хрватска треба да се натпреваруваат во изградба на мир и добри односи наместо во омраза и сите отворени прашања да се решаваат со дијалог.

Моето доаѓање овде е силна порака за потребата да се разговара и да се редефинираат актуелните односи помеѓу Белград и Загреб. Не размислуваме исто за многу прашања, но мораме да разговараме и да се договориме. Затоа сме овде денеска, посочи Дачиќ.

Тој додаде дека обновувањето на конструктивниот дијалог меѓу Белград и Загреб на рамноправна основа, е „единствениот начин за решавање на отворените прашања кои продолжуваат да ги оптоваруваат“ односите меѓу двете земји.

Србите и Хрватите имаат многу заеднички интереси. Без оглед што се случило пред 10 или 30 години, ние мора да ги разгледаме прашањата поврзани со минатото, сегашноста и иднината. Треба да се обидеме да најдеме заеднички интерес дури и кога не размислуваме исто, посочи Дачиќ.

На божиќниот прием на СНВ присуствуваат и министерката за европска интеграција на Србија, Тања Мишчевиќ, министерката за човекови и малцински права во Владата на Србија и претседателот на Демократскиот сојуз на Хрватите во Војводина Томислав Жигманов, патријархот на Српската православна црква, Порфирија.

Исто така присутни беа и членови на Владата на Хрватска, меѓу кои и премиерот Андреј Пленковиќ, потпретседателката на хрватската Влада Ања Шимпрага, претставник на Независната демократска српска партија, министерот за надворешни работи Гордан Грлиќ Радман и министерот за правда и администрација Иван Маленица.

Домаќинот, претседателот на Независна демократска српска партија во Хрватска, Милорад Пуповац наведе дека главна задача на српските и хрватските политичари е да го замолчат говорот на омраза.

The post Пленковиќ: Односите меѓу Србија и Хрватска треба да се подобрат, ама помирувањето да се заснова на вистината appeared first on Република.

]]>

Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ, на Божиќниот прием на Српскиот национален совет (СНВ) во Загреб, изјави дека е потребно да се унапредат односите помеѓу Хрватска и Србија и оти помирувањето мора да се заснова на факти и вистини. Пленковиќ наведе дека Хрватска „била жртва на агресија“ од режимот на поранешниот српски лидер Слободан Милошевиќ и додаде дека ова наследство е „тешко“ и дека ги „оптоварува односите Белград и Загреб.
Хрватска беше жртва на агресијата на режимот на Милошевиќ и тој факт живее со нас, живее со семејствата на исчезнатите, со војници, ветерани, цивили. Тоа наследство е тешко, посочи Пленковиќ.
Тој додаде дека неговата Влада ќе направи се за да ги најде исчезнатите во војната во 90-тите години, но и да изгради „мостови на солидарноста“. Пленковиќ им се заблагодари на претставниците на Српскиот национален совет и на политичките претставници на Србите во Хрватска за поддршката и лојалноста. Тој укажа на важноста од влезот на претседателот на Демократскиот сојуз на Хрватите во Војводина, Томислав Жигманов во Владата на Србија, оценувајќи дека хрватското малцинство во Србија „доби нов живот“. Шефот на српската дипломатија Ивица Дачиќ денеска во Загреб изјави дека Србија и Хрватска треба да се натпреваруваат во изградба на мир и добри односи наместо во омраза и сите отворени прашања да се решаваат со дијалог.
Моето доаѓање овде е силна порака за потребата да се разговара и да се редефинираат актуелните односи помеѓу Белград и Загреб. Не размислуваме исто за многу прашања, но мораме да разговараме и да се договориме. Затоа сме овде денеска, посочи Дачиќ.
Тој додаде дека обновувањето на конструктивниот дијалог меѓу Белград и Загреб на рамноправна основа, е „единствениот начин за решавање на отворените прашања кои продолжуваат да ги оптоваруваат“ односите меѓу двете земји.
Србите и Хрватите имаат многу заеднички интереси. Без оглед што се случило пред 10 или 30 години, ние мора да ги разгледаме прашањата поврзани со минатото, сегашноста и иднината. Треба да се обидеме да најдеме заеднички интерес дури и кога не размислуваме исто, посочи Дачиќ.
На божиќниот прием на СНВ присуствуваат и министерката за европска интеграција на Србија, Тања Мишчевиќ, министерката за човекови и малцински права во Владата на Србија и претседателот на Демократскиот сојуз на Хрватите во Војводина Томислав Жигманов, патријархот на Српската православна црква, Порфирија. Исто така присутни беа и членови на Владата на Хрватска, меѓу кои и премиерот Андреј Пленковиќ, потпретседателката на хрватската Влада Ања Шимпрага, претставник на Независната демократска српска партија, министерот за надворешни работи Гордан Грлиќ Радман и министерот за правда и администрација Иван Маленица. Домаќинот, претседателот на Независна демократска српска партија во Хрватска, Милорад Пуповац наведе дека главна задача на српските и хрватските политичари е да го замолчат говорот на омраза.

The post Пленковиќ: Односите меѓу Србија и Хрватска треба да се подобрат, ама помирувањето да се заснова на вистината appeared first on Република.

]]>
Спортско-добрососедските манири на една дама: Поради дресот на Хрватска не отидов на натпреварот на Србија https://republika.mk/sport/fudbal/sportsko-dobrososedskite-maniri-na-edna-dama-poradi-dresot-na-hrvatska-ne-otidov-na-natprevarot-na-srbija/ Fri, 16 Dec 2022 17:08:48 +0000 https://republika.mk/?p=586625

Поранешната хрватска претседателка Колинда Грабар-Китановиќ изјави денеска дека во Катар сакала да оди на натпреварот на репрезентацијата на Србија на Светското фудбалско првенство, но не го сторила тоа бидејќи на себе носела дрес на Хрватска, па не сакала тоа да биде протолкувано како провокација.

Таа исто така изјави дека на Олимписките игри во Токио навивала за српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ.

„Со цело срце го поддржував Новак Ѓоковиќ и сакав тој да го освои олимпискиот медал. Според мене, спортот е темел на една нација и треба многу повеќе да се инвестира во спортот. Политиката треба да се отстрани од навивањето. Навивам и за многу српски спортисти и за српската репрезентација кога е можно“, изјави поранешната претседателка на Хрватска за ТВ К1.

Таа додаде дека во Доха запознала многу српски обожаватели, некои од Србија, некои од БиХ и дека многу од нив сакале да се фотографираат со неа и да се дружат.

„Мило ми е што делиме ист географски простор и мораме да направиме се за сите да бидеме исполнети со позитивност и пријателство. Сите сакаме да покажеме спортски дух и позитивна конкуренција. Се бориме на спортските терени, а надвор од нив сите сме пријатели и луѓе“, изјави Грабар-Китаровиќ.

На прашањето дали односите меѓу Хрватска и Србија биле подобри кога таа беше претседателка, Китаровиќ одговори дека секако дека има отворени прашања меѓу нашите земји.

Има работи што се решаваат зад затворени врати, а има работи што треба да се негуваат на јавен простор и да се избегнуваат какви било инциденти“, рече Грабар-Китаровиќ.

Таа посочува дека како претседателка се борела за влез на соседните земји во ЕУ и НАТО, „која го сака тоа секако“.

Таа на Србија ѝ посака многу успех во реализација на зацртаните цели.

The post Спортско-добрососедските манири на една дама: Поради дресот на Хрватска не отидов на натпреварот на Србија appeared first on Република.

]]>

Поранешната хрватска претседателка Колинда Грабар-Китановиќ изјави денеска дека во Катар сакала да оди на натпреварот на репрезентацијата на Србија на Светското фудбалско првенство, но не го сторила тоа бидејќи на себе носела дрес на Хрватска, па не сакала тоа да биде протолкувано како провокација. Таа исто така изјави дека на Олимписките игри во Токио навивала за српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ.
„Со цело срце го поддржував Новак Ѓоковиќ и сакав тој да го освои олимпискиот медал. Според мене, спортот е темел на една нација и треба многу повеќе да се инвестира во спортот. Политиката треба да се отстрани од навивањето. Навивам и за многу српски спортисти и за српската репрезентација кога е можно“, изјави поранешната претседателка на Хрватска за ТВ К1.
Таа додаде дека во Доха запознала многу српски обожаватели, некои од Србија, некои од БиХ и дека многу од нив сакале да се фотографираат со неа и да се дружат.
„Мило ми е што делиме ист географски простор и мораме да направиме се за сите да бидеме исполнети со позитивност и пријателство. Сите сакаме да покажеме спортски дух и позитивна конкуренција. Се бориме на спортските терени, а надвор од нив сите сме пријатели и луѓе“, изјави Грабар-Китаровиќ.
На прашањето дали односите меѓу Хрватска и Србија биле подобри кога таа беше претседателка, Китаровиќ одговори дека секако дека има отворени прашања меѓу нашите земји. Има работи што се решаваат зад затворени врати, а има работи што треба да се негуваат на јавен простор и да се избегнуваат какви било инциденти“, рече Грабар-Китаровиќ. Таа посочува дека како претседателка се борела за влез на соседните земји во ЕУ и НАТО, „која го сака тоа секако“. Таа на Србија ѝ посака многу успех во реализација на зацртаните цели.

The post Спортско-добрососедските манири на една дама: Поради дресот на Хрватска не отидов на натпреварот на Србија appeared first on Република.

]]>
„Јутарњи“ кој ликуваше кога Швајцарија победи сега изненаден од убавите наслови во Србија https://republika.mk/sport/fudbal/jutarnji-koj-likuvashe-koga-shvajcarija-pobedi-sega-iznenaden-od-ubavite-naslovi-vo-srbija/ Fri, 09 Dec 2022 21:15:21 +0000 https://republika.mk/?p=583870

„Фудбалот е чудо“ пишува хрватски „Јутарњи лист“ споделувајќи ги насловите за победата на Хрватска над Брзил на српските медиуми. Во нив Хрватска е сензација, чудо, неверојатна, а Огнените вистински тим на кого му симнуваат капа.

Истиот „Јутарњи“ пред само неколку дена ликуваше кога Швајцарија ја елиминираше Србија од светското прввенство, па во коментарите јавноста ги прашува:

„Јутарњи“ како ќе го преживеете ова? 

The post „Јутарњи“ кој ликуваше кога Швајцарија победи сега изненаден од убавите наслови во Србија appeared first on Република.

]]>

„Фудбалот е чудо“ пишува хрватски „Јутарњи лист“ споделувајќи ги насловите за победата на Хрватска над Брзил на српските медиуми. Во нив Хрватска е сензација, чудо, неверојатна, а Огнените вистински тим на кого му симнуваат капа. Истиот „Јутарњи“ пред само неколку дена ликуваше кога Швајцарија ја елиминираше Србија од светското прввенство, па во коментарите јавноста ги прашува:
„Јутарњи“ како ќе го преживеете ова? 
 
The post „Јутарњи“ кој ликуваше кога Швајцарија победи сега изненаден од убавите наслови во Србија appeared first on Република.

]]>
Вучиќ: Побаравме Западен Балкан да биде изземен од одлуките за нафтата, Хрватска само го правеше тоа што го прави со децении https://republika.mk/vesti/balkan/vuchikj-pobaravme-zapaden-balkan-da-bide-izzemen-od-odlukite-za-naftata-hrvatska-samo-go-praveshe-toa-shto-go-pravi-so-decenii/ Thu, 06 Oct 2022 13:30:34 +0000 https://republika.mk/?p=558013

Србија побара Западен Балкан да биде изземен од забраната за увоз на руска нафта преку гасоводот Јанаф, но „тогаш нашите соседи се пофалија дека тие се заслужни што тоа не се случи“, изјави српскиот претседател Александар Вучиќ, пристигнувајќи на самитот на Европската политичка заедница во Прага, јави дописникот на МИА од Белград.

Имам информации дека оваа одлука е донесена многу порано, а ние баравме да се изземе Западен Балкан и во нацртот требаше да биде така. Тогаш нашите соседи се пофалија дека се заслужни за тоа што не дојде до изземање од таа норма за општо воведување санкции за увоз на руска нафта, рече Вучиќ.

Тој истакна дека некои земји од ЕУ, како Бугарија и Унгарија, се изземени, додека Србија не е и дека „Хрватска само си ја вршеше својата работа, што го прави со децении“.

Што се однесува до нас, во наредниот период ќе зборувам за длабински, стратешки важни и економски и политички далекусежни одлуки, рече претседателот на Србија, а како одговор на прашање на хрватските новинари „зошто ја обвинува Хрватска, а Србија не воведува санкции кон Русија“, тој додаде: – А што се однесува до Хрватска, вие самите се пофаливте во вашите медиуми дека стоите зад тоа против Србија и ние ви честитаме за тоа.

Како што наведе, Србија ќе мора да се снаоѓа на друг начин, да плати повисока цена и тука „нема филозофија“.

A, во однос на воведувањето или невоведувањето санкции, уште еднаш ќе ви повторам, не сте вие тие од Хрватска, ниту вие, ниту вашето раководство, кои ќе ја водите политиката на Република Србија. Политиката на Србија ќе биде предводена од граѓаните на Србија преку слободно избрани претставници и против сите оние кои мислат дека можат да и ја наметнат својата волја на Србија, рече тој.

На новинарско прашање дали може да има целосен прекин на преговорите со ЕУ, Вучиќ рече: „Не. Зошто? Мислите затоа што Хрватска инсистира на тоа? Ви посакувам многу успех по тоа прашање“.

The post Вучиќ: Побаравме Западен Балкан да биде изземен од одлуките за нафтата, Хрватска само го правеше тоа што го прави со децении appeared first on Република.

Се повампири уште една балканска историја: ХАЗУ бара хрватската влада да ѝ го блокира патот на Србија кон ЕУ https://republika.mk/vesti/balkan/se-povampiri-ushte-edna-balkanska-istorija-hazu-bara-hrvatskata-vlada-da-go-blokira-patot-na-srbija-kon-eu/ Wed, 25 May 2022 19:42:39 +0000 https://republika.mk/?p=506915

Хрватската академија на науките и уметностите (ХАЗУ) бара од хрватската влада да ѝ го блокира патот на Србија кон Европската унија доколку Белград не исполни дури 14 услови, меѓу кои и откажување од „митот за Јасеновац“, пишува Блиц.

Документот насловен „Придонеси за заштита на хрватските национални интереси во преговорите на Република Хрватска со БиХ, Црна Гора и Србија во однос на нивното пристапување во ЕУ“ ги наведува условите што овие три земји треба да ги исполнат за Хрватска да им дозволи пристап до преговори со ЕУ. Документот беше објавен претходниот петок и испратен до Владата на Хрватска како барање.

Во првата точка ХАЗУ бара Србија да се откаже од „големосрпската пропаганда“, што подразбира „откажување од митот за Јасеновац“, но и од односот кон ликот и делото на кардиналот Алојзије Степинац.

Меѓу наведените барања е и „признавањето на староста на Хрватска“ во војните од 90-тите, што значи „исплата на воена отштета и извинување“. Исто така, како барање се споменува и позицијата на СПЦ во Хрватска како „државна црква“, чија положба е регулирана во реципроцитет со верските права на хрватското малцинство во Србија.

Меѓу барањата се разграничување на Дунав (Шаренградска ада), враќање на имотот на сите протерани за време на војните, реципрочни права на српското и хрватското малцинство, признавање на хрватскиот јазик како малцинство на „сите нивоа“ во Србија, признавање на „хрватскиот етнички интегритет на буњевачкото малцинство“, доставување документи за убиените и исчезнатите, доставување на сите архиви, потоа документи од болницата Вуковар, а едно од барањата е дури и од еколошки карактер и се однесува на контролата на експлоатација на литиум во Србија.

На барањата на ХАЗУ одговори САНУ. Извршниот одбор на Српската академија на науките и уметностите рече дека „и покрај искуството, членовите на САНУ биле изненадени од „примитивниот тон на омраза во Хрватската академија на науките и уметностите“ кон Црна Гора и Србија во однос на нивното пристапување во Европската унија.

Без илузии дека некој од оние во меѓународната заедница кои неуморно нè учеа на нови цивилизациски вредности ќе се огласат по повод овој запален политички памфлет, сами, од почит кон сите жртви на „логорот на смртта“, нема да навлегуваат во обезвреднениот простор на репликата бесрамно го користат терминот „мит на Јасеновац“. Но, добро е и корисно да се знае што мислат тие, вели српската страна.

Српскиот претседател Александар Вучиќ по кратката средба со хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ, изјави дека „Хрватите мислат дека имаат право ни да кажат што да правиме“.

Како што Хрватска сака да им забрани на Финска и Шведска да влезат во НАТО, така сакаат да и забранат на Србија да влезе во ЕУ, рече Вучиќ.

Тој повтори дека Јасеновац бил „местото на најголемите страдања на Србите во Втората светска војна“ и додаде дека „можел да зборува за жртвите за кои Србите се виновни“, додека другата страна не може да го стори тоа.

The post Се повампири уште една балканска историја: ХАЗУ бара хрватската влада да ѝ го блокира патот на Србија кон ЕУ appeared first on Република.

]]>

Хрватската академија на науките и уметностите (ХАЗУ) бара од хрватската влада да ѝ го блокира патот на Србија кон Европската унија доколку Белград не исполни дури 14 услови, меѓу кои и откажување од „митот за Јасеновац“, пишува Блиц. Документот насловен „Придонеси за заштита на хрватските национални интереси во преговорите на Република Хрватска со БиХ, Црна Гора и Србија во однос на нивното пристапување во ЕУ“ ги наведува условите што овие три земји треба да ги исполнат за Хрватска да им дозволи пристап до преговори со ЕУ. Документот беше објавен претходниот петок и испратен до Владата на Хрватска како барање. Во првата точка ХАЗУ бара Србија да се откаже од „големосрпската пропаганда“, што подразбира „откажување од митот за Јасеновац“, но и од односот кон ликот и делото на кардиналот Алојзије Степинац. Меѓу наведените барања е и „признавањето на староста на Хрватска“ во војните од 90-тите, што значи „исплата на воена отштета и извинување“. Исто така, како барање се споменува и позицијата на СПЦ во Хрватска како „државна црква“, чија положба е регулирана во реципроцитет со верските права на хрватското малцинство во Србија. Меѓу барањата се разграничување на Дунав (Шаренградска ада), враќање на имотот на сите протерани за време на војните, реципрочни права на српското и хрватското малцинство, признавање на хрватскиот јазик како малцинство на „сите нивоа“ во Србија, признавање на „хрватскиот етнички интегритет на буњевачкото малцинство“, доставување документи за убиените и исчезнатите, доставување на сите архиви, потоа документи од болницата Вуковар, а едно од барањата е дури и од еколошки карактер и се однесува на контролата на експлоатација на литиум во Србија. На барањата на ХАЗУ одговори САНУ. Извршниот одбор на Српската академија на науките и уметностите рече дека „и покрај искуството, членовите на САНУ биле изненадени од „примитивниот тон на омраза во Хрватската академија на науките и уметностите“ кон Црна Гора и Србија во однос на нивното пристапување во Европската унија.