спречување корупција Archives - Република https://republika.mk/tema/sprechuvane-koruptsija/ За подобро да се разбереме Fri, 30 Jun 2023 14:35:57 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png спречување корупција Archives - Република https://republika.mk/tema/sprechuvane-koruptsija/ 32 32 Платформата за борба против корупција бара од Ковачевски да сопре притисокот врз независните институции https://republika.mk/vesti/makedonija/platformata-za-borba-protiv-koruptsija-bara-od-kovachevski-da-sopre-pritisokot-vrz-nezavisnite-institutsii/ Fri, 30 Jun 2023 14:31:51 +0000 https://republika.mk/?p=656912

Платформата на граѓански организации за борба против корупција бара од претставниците на Владата да престанат со креирање притисок врз независните институции кои работат во областа на борбата против корупцијата и да обезбедат нивно непречено работење и остварување на нивните надлежности.

Како што велат од Платформата, реакцијата најмногу се однесува кон притисоците врз Државната комисија за спречување на корупцијата.

Платформата инсистира да се престане со притисоците кон независните тела за борба против корупцијата, особено кон ДКСК и да се овозможи нивно непречено работење со цел зачувување на владеењето на правото. Дерогирањето на работата на овие институции од страна на високи владини функционери е спротивно на заложбите за борба против корупцијата и очекувањата на граѓаните за унапредување на состојбата во која за нив корупцијата е најголем општествен проблем“, се вели во писмото упатено до премиерот Димитар Ковачевски.

Од Платформата напоменуваат дека критики за исполнување на надлежностите на која било институција се добронамерни и прифатливи сè додека се засноваат врз докази и остварени или неостварени резултати.

Во спротивно, кога критиките се засновани врз лични, паушални, перцепции и доаѓаат од високи функционери се сметаат за директен притисок врз работењето на институциите“, се вели во соопштението.

Од Платформата укажуваат дека со одбивањето на одговорност на институциите за
непреземените обврски од своја надлежност, само се покажува незрелост и неспремност и освен декларативни заложби за борба против корупцијата нема реални резултати кои ќе придонесат кон подобра општествена состојба.

Апелираме дека во овој момент тоа што треба да е приоритет на секој министер и на Владата во целост е да се фокусираат на антикорупциските ветувања кои земјата ги дала кон граѓаните и кон меѓународната заедница, меѓу кои се и реформа и независност на правосудството, департизација на јавната администрација, професионализација на раководната служба“, стои во соопштението.

The post Платформата за борба против корупција бара од Ковачевски да сопре притисокот врз независните институции appeared first on Република.

]]>

Платформата на граѓански организации за борба против корупција бара од претставниците на Владата да престанат со креирање притисок врз независните институции кои работат во областа на борбата против корупцијата и да обезбедат нивно непречено работење и остварување на нивните надлежности. Како што велат од Платформата, реакцијата најмногу се однесува кон притисоците врз Државната комисија за спречување на корупцијата.
Платформата инсистира да се престане со притисоците кон независните тела за борба против корупцијата, особено кон ДКСК и да се овозможи нивно непречено работење со цел зачувување на владеењето на правото. Дерогирањето на работата на овие институции од страна на високи владини функционери е спротивно на заложбите за борба против корупцијата и очекувањата на граѓаните за унапредување на состојбата во која за нив корупцијата е најголем општествен проблем“, се вели во писмото упатено до премиерот Димитар Ковачевски.
Од Платформата напоменуваат дека критики за исполнување на надлежностите на која било институција се добронамерни и прифатливи сè додека се засноваат врз докази и остварени или неостварени резултати.
Во спротивно, кога критиките се засновани врз лични, паушални, перцепции и доаѓаат од високи функционери се сметаат за директен притисок врз работењето на институциите“, се вели во соопштението.
Од Платформата укажуваат дека со одбивањето на одговорност на институциите за непреземените обврски од своја надлежност, само се покажува незрелост и неспремност и освен декларативни заложби за борба против корупцијата нема реални резултати кои ќе придонесат кон подобра општествена состојба.