спортски легенди Archives - Република https://republika.mk/tema/sportski-legendi/ За подобро да се разбереме Fri, 30 Aug 2024 09:03:10 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png спортски легенди Archives - Република https://republika.mk/tema/sportski-legendi/ 32 32 Борко Ристовски: На спортските легенди кои ќе рекламираат казина и обложувалници ќе им биде одземена државната помош https://republika.mk/vesti/borko-ristovski-na-sportskite-legendi-koi-ke-reklamiraat-kazina-i-oblozhuvalnitsi-ke-im-bide-odzemena-drzhavnata-pomosh/ Fri, 30 Aug 2024 09:03:10 +0000 https://republika.mk/?p=811478

Долгогодишниот македонски ракометен репрезентативец со 155 настапи во националниот дрес, голманот со богата интернационална кариера Борко Ристовски, од пред два месеци, е во комплетно нова професионална улога. Тој е на чело на новото Министерство за спорт. Ќе го вратиме спортот каде што му е местото во македонското општество, обезбедени се пари за ваучерите, со Даниел Димевски немам намера да комуницирам, спортисти и спортски работници не смее да ја рекламираат индустријата за игри на среќа, а оние што го прават тоа ќе ја загубат државната помош, вели во интервју за Рес Публика.

Повеќепати од доаѓањето на функцијата зборувате за воведување ред, односно за систем на вредност и начин на однесување на спортските функционери и на спортистите. Дали мислите на рекламирањето обложувалници и казина, бидејќи појавувањето на дел од нашите спортски легенди во ваквите реклами предизвика жестоки реакции во јавноста?

Ристовски: Се однесува и на рекламирањето на обложувалници, се однесува и на недостојно однесување, генерално, на сите претседатели коишто се однесуваат така, на нивното работно место и надвор од него. Мора да создадеме градација, да кажеме дека дотука е доволно, а на сите оние коишто добиваат државна помош и притоа рекламираат казина и обложувалници да им биде прекината помошта што ја земаат од државата, затоа што мислам дека е недостојно за кој било спортист да рекламира спортски обложувалници.

https://youtu.be/qMpQj03TbEU?si=vFkQVm3BSptT_HZ4

The post Борко Ристовски: На спортските легенди кои ќе рекламираат казина и обложувалници ќе им биде одземена државната помош appeared first on Република.

]]>

Долгогодишниот македонски ракометен репрезентативец со 155 настапи во националниот дрес, голманот со богата интернационална кариера Борко Ристовски, од пред два месеци, е во комплетно нова професионална улога. Тој е на чело на новото Министерство за спорт. Ќе го вратиме спортот каде што му е местото во македонското општество, обезбедени се пари за ваучерите, со Даниел Димевски немам намера да комуницирам, спортисти и спортски работници не смее да ја рекламираат индустријата за игри на среќа, а оние што го прават тоа ќе ја загубат државната помош, вели во интервју за Рес Публика. Повеќепати од доаѓањето на функцијата зборувате за воведување ред, односно за систем на вредност и начин на однесување на спортските функционери и на спортистите. Дали мислите на рекламирањето обложувалници и казина, бидејќи појавувањето на дел од нашите спортски легенди во ваквите реклами предизвика жестоки реакции во јавноста? Ристовски: Се однесува и на рекламирањето на обложувалници, се однесува и на недостојно однесување, генерално, на сите претседатели коишто се однесуваат така, на нивното работно место и надвор од него. Мора да создадеме градација, да кажеме дека дотука е доволно, а на сите оние коишто добиваат државна помош и притоа рекламираат казина и обложувалници да им биде прекината помошта што ја земаат од државата, затоа што мислам дека е недостојно за кој било спортист да рекламира спортски обложувалници. https://youtu.be/qMpQj03TbEU?si=vFkQVm3BSptT_HZ4

The post Борко Ристовски: На спортските легенди кои ќе рекламираат казина и обложувалници ќе им биде одземена државната помош appeared first on Република.

]]>
Спортските великани Лечиќ, Богоевски, Насев, Костовски и потхумно Буштур одликувани со Медал за заслуги https://republika.mk/sport/ostanati-sportovi/sportskite-velikani-lechik-bogoevski-nasev-kostovski-i-pothumno-bushtur-odlikuvani-so-medal-za-zaslugi/ Fri, 23 Jun 2023 09:52:08 +0000 https://republika.mk/?p=654370

Шефот на државата Стево Пендаровски денеска на свечена церемонија во претседателскиот кабинет одликува со „Медал за заслуги за Република Македонија“ петмина доајени кои оставија траен белег на спортските терени и дадоа огромен придонес за афирмација на македонскиот спорт и држава.

Со „Медал за заслуги“ се одликувани великаните на македонската кошарка Лазар Лечиќ (84) и постхумно Благоја Георгиевски Буштур, кој загина во сообраќајна несреќа во 2020 на 69 годишна возраст, како и одбојкарската легенда Владимир Богоевски (69), долгогодишниот селектор на македонската репрезентација во борење слободен стил Насе Насев (70) и актуелниот претседател на Македонската Таекводно федерација и селектор на националниот тим Борче Костовски.

Иако сме мала нација како број, можеме да бидеме горди на нашите врвни спортисти, кои во индивидуалните и колективните спортови остваруваа и остваруваат врвни резултати. Претходно веќе имав можност на дел од нашите освојувачи на највредни олимписки медали да им доделам највисоки државни признанија. Денес, уште пет наши спортисти, спортски работници, тренери и селектори, кои стојат за успесите на спортистите, ќе добијат „Медал за заслуги“, рече Пендаровски во своето обраќање.

Осврнувајќи се на придонесите на секој од петмината македонски спортски великани поединечно, Пендаровски истакна дека Лечиќ е едно од најзначајните имиња за развојот на македонската кошарка.

Со својата енергија и знаење за кошарката, а особено со својата препознатлива харизма, Лечиќ остави траен белег во македонскиот спорт, рече шефот на државата.

Нарекувајќи од поранешниот кошаркар на Работнички и македонски селектор Благоја Георгиевски, вонсериски талент, Пендаровски потсети дека Буштур ги достигна највисоките височини, освојувајќи медали на најголемите натпреварувања.

Навраќајќи се на големите успеси во минатото на македонската одбојка, претседателот Пендаровски истакна дека како нација сме среќни што имаме играч од светска класа и успешен тренер во името на Владимир Богоевски.

Нашиот најуспешен спорт е борењето во слободен стил, рече Пендаровски, додавајќи дека „зад најголемите успеси, вклучувајќи го и првиот олимписки медал на македонски спортист, стои легендарниот селектор Насе Насев.

Потсетувајќи на успехот на таеквондистот Дејан Георгиевски на Олимписките игри во Токио, македонскиот претседател ја нагласи улогата на селекторот Борче Костовски.

Среброто на Георгиевски во Токио ја сплоти нацијата и ги израдува граѓаните, а најзаслужен за овој успех е тренерот Костовски, посочи македонскиот претседател Пендаровски на свечената церемонија на доделувањето „Медал за заслуги“ на македонските спортски великани.

 

The post Спортските великани Лечиќ, Богоевски, Насев, Костовски и потхумно Буштур одликувани со Медал за заслуги appeared first on Република.

]]>

Шефот на државата Стево Пендаровски денеска на свечена церемонија во претседателскиот кабинет одликува со „Медал за заслуги за Република Македонија“ петмина доајени кои оставија траен белег на спортските терени и дадоа огромен придонес за афирмација на македонскиот спорт и држава. Со „Медал за заслуги“ се одликувани великаните на македонската кошарка Лазар Лечиќ (84) и постхумно Благоја Георгиевски Буштур, кој загина во сообраќајна несреќа во 2020 на 69 годишна возраст, како и одбојкарската легенда Владимир Богоевски (69), долгогодишниот селектор на македонската репрезентација во борење слободен стил Насе Насев (70) и актуелниот претседател на Македонската Таекводно федерација и селектор на националниот тим Борче Костовски.
Иако сме мала нација како број, можеме да бидеме горди на нашите врвни спортисти, кои во индивидуалните и колективните спортови остваруваа и остваруваат врвни резултати. Претходно веќе имав можност на дел од нашите освојувачи на највредни олимписки медали да им доделам највисоки државни признанија. Денес, уште пет наши спортисти, спортски работници, тренери и селектори, кои стојат за успесите на спортистите, ќе добијат „Медал за заслуги“, рече Пендаровски во своето обраќање.
Осврнувајќи се на придонесите на секој од петмината македонски спортски великани поединечно, Пендаровски истакна дека Лечиќ е едно од најзначајните имиња за развојот на македонската кошарка.
Со својата енергија и знаење за кошарката, а особено со својата препознатлива харизма, Лечиќ остави траен белег во македонскиот спорт, рече шефот на државата.
Нарекувајќи од поранешниот кошаркар на Работнички и македонски селектор Благоја Георгиевски, вонсериски талент, Пендаровски потсети дека Буштур ги достигна највисоките височини, освојувајќи медали на најголемите натпреварувања. Навраќајќи се на големите успеси во минатото на македонската одбојка, претседателот Пендаровски истакна дека како нација сме среќни што имаме играч од светска класа и успешен тренер во името на Владимир Богоевски.
Нашиот најуспешен спорт е борењето во слободен стил, рече Пендаровски, додавајќи дека „зад најголемите успеси, вклучувајќи го и првиот олимписки медал на македонски спортист, стои легендарниот селектор Насе Насев. Потсетувајќи на успехот на таеквондистот Дејан Георгиевски на Олимписките игри во Токио, македонскиот претседател ја нагласи улогата на селекторот Борче Костовски. Среброто на Георгиевски во Токио ја сплоти нацијата и ги израдува граѓаните, а најзаслужен за овој успех е тренерот Костовски, посочи македонскиот претседател Пендаровски на свечената церемонија на доделувањето „Медал за заслуги“ на македонските спортски великани.
 

The post Спортските великани Лечиќ, Богоевски, Насев, Костовски и потхумно Буштур одликувани со Медал за заслуги appeared first on Република.

]]>