спортисти Archives - Република https://republika.mk/tema/sportisti/ За подобро да се разбереме Thu, 29 Jun 2023 09:43:17 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png спортисти Archives - Република https://republika.mk/tema/sportisti/ 32 32 Во Чешка е забрането да учестуваат руски спортисти https://republika.mk/sport/ostanati-sportovi/vo-cheshka-e-zabraneto-da-uchestuvaat-ruski-sportisti/ Thu, 29 Jun 2023 09:43:17 +0000 https://republika.mk/?p=656360

На сите спортисти што ја претставуваат Русија им е забрането да учествуваат на локални натпревари во Чешка, бидејќи продолжува руската инвазија на Украина, соопшти чешката влада доцна на 28 јуни.

Владата соопшти дека го забранила „учеството на поединечни спортисти и спортски тимови кои ја претставуваат Руската Федерација во спортски натпревари и игри организирани на чешка територија“. Во исто време, спортистите и тимовите што ја претставуваат Чешка не смеат да учествуваат на натпревари што се одржуваат во Русија, се додава во соопштението.

Одлуката е донесена на барање на чешките спортски асоцијации.

Претходно, имаше забрана само за дел спортови, како на пример чешките хокеари на мраз кои играат во руската Континентална хокеарска лига не можеа да играат за чешката репрезентација.

The post Во Чешка е забрането да учестуваат руски спортисти appeared first on Република.

]]>

На сите спортисти што ја претставуваат Русија им е забрането да учествуваат на локални натпревари во Чешка, бидејќи продолжува руската инвазија на Украина, соопшти чешката влада доцна на 28 јуни. Владата соопшти дека го забранила „учеството на поединечни спортисти и спортски тимови кои ја претставуваат Руската Федерација во спортски натпревари и игри организирани на чешка територија“. Во исто време, спортистите и тимовите што ја претставуваат Чешка не смеат да учествуваат на натпревари што се одржуваат во Русија, се додава во соопштението. Одлуката е донесена на барање на чешките спортски асоцијации. Претходно, имаше забрана само за дел спортови, како на пример чешките хокеари на мраз кои играат во руската Континентална хокеарска лига не можеа да играат за чешката репрезентација.

The post Во Чешка е забрането да учестуваат руски спортисти appeared first on Република.

]]>
Украина им забрани на своите спортисти да се натпреваруваат ако игра некој од Русија или Белорусија https://republika.mk/sport/ostanati-sportovi/ukraina-im-zabrani-na-svoite-sportisti-da-se-natprevaruvaat-ako-igra-nekoj-od-rusija-ili-belorusija/ Fri, 14 Apr 2023 09:20:28 +0000 https://republika.mk/?p=630736

Украина официјално им забрани на своите спортисти да учествуваат на натпревари на кои настапуваат спортистите од Русија и од Белорусија.

Украинското Министерство за спорт соопшти дека им забранува на националните спортски екипи да учествуваат на олимписки, неолимписки и параолимписки натпревари, ако на нив се натпреваруваат спортисти од Русија и Белорусија.

Забраната уследи откако Меѓународниот олимписки комитет им дозволи на руските и белоруските спортисти да се натпреваруваат како неутрални и покрај руската инвазија врз Украина.

The post Украина им забрани на своите спортисти да се натпреваруваат ако игра некој од Русија или Белорусија appeared first on Република.

]]>

Украина официјално им забрани на своите спортисти да учествуваат на натпревари на кои настапуваат спортистите од Русија и од Белорусија. Украинското Министерство за спорт соопшти дека им забранува на националните спортски екипи да учествуваат на олимписки, неолимписки и параолимписки натпревари, ако на нив се натпреваруваат спортисти од Русија и Белорусија. Забраната уследи откако Меѓународниот олимписки комитет им дозволи на руските и белоруските спортисти да се натпреваруваат како неутрални и покрај руската инвазија врз Украина.

The post Украина им забрани на своите спортисти да се натпреваруваат ако игра некој од Русија или Белорусија appeared first on Република.

]]>
Oвие спортисти работеле за службите https://republika.mk/sport/ostanati-sportovi/ovie-sportisti-rabotele-za-sluzhbite/ Fri, 17 Feb 2023 15:04:37 +0000 https://republika.mk/?p=610280

Тренери, играчи, спортски функционери работеле за српските служби. Згора на се, сервисниот персонал. Република.рс дојде до документи кои покажуваат дека голем број спортисти  користејќи чести патувања и широка мрежа на познаници, всушност ги исполнувале задачите и целите на државната безбедност и некои други разузнавачки агенции.

Овие спортисти биле врбувани

1. Познат кошаркарски тренер од Црна Гора

2. Поранешен претседател на еден од двата најголеми фудбалски клубови во Србија

3. Фудбалски тренер кој со години работел во арапскиот свет

4. Селектор во боречки спорт

5. Шаховски велемајстор кој имал одлични контакти во Русија и често патувал таму

6. Фудбалер, повремен репрезентативец, кој настапувал во четири западни земји

7. Фудбалски судија кој повеќе не е жив

8. Долгогодишен претседател на спортско друштво

The post Oвие спортисти работеле за службите appeared first on Република.

]]>

Тренери, играчи, спортски функционери работеле за српските служби. Згора на се, сервисниот персонал. Република.рс дојде до документи кои покажуваат дека голем број спортисти  користејќи чести патувања и широка мрежа на познаници, всушност ги исполнувале задачите и целите на државната безбедност и некои други разузнавачки агенции. Овие спортисти биле врбувани 1. Познат кошаркарски тренер од Црна Гора 2. Поранешен претседател на еден од двата најголеми фудбалски клубови во Србија 3. Фудбалски тренер кој со години работел во арапскиот свет 4. Селектор во боречки спорт 5. Шаховски велемајстор кој имал одлични контакти во Русија и често патувал таму 6. Фудбалер, повремен репрезентативец, кој настапувал во четири западни земји 7. Фудбалски судија кој повеќе не е жив 8. Долгогодишен претседател на спортско друштво

The post Oвие спортисти работеле за службите appeared first on Република.

]]>
Зеленски: Во војната загинаа 184 украински спортисти https://republika.mk/vesti/svet/zelenski-vo-vojnata-zaginaa-184-ukrainski-sportisti/ Wed, 14 Dec 2022 19:15:16 +0000 https://republika.mk/?p=585728

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека 184 украински спортисти се убиени во војната против руските окупатори од февруари.

Зеленски ова го изјави на денешниот разговор со претседателот на Меѓународниот олимписки комитет (ИОК) Томас Бах.

Зеленски се обиде да му објасни на Бах зошто Киев се противи на учество на руски спортисти на Олимписките игри што ќе се одржат во Париз во 2024 година, соопштија од кабинетот на украинскиот претседател. Самиот Бах, да потсетиме, рече дека учеството на руските и белоруските спортисти на Олимписките игри во 2024 година „се уште е под знак прашалник“.

Украина е разочарана од, како што рече, „намерата на ИОК да им дозволи на Русите и Белорусите да се натпреваруваат под неутрално знаме“, рече Зеленски.

Не можете да бидете неутрални кога се уништени самите основи на мирниот живот, а се игнорираат универзалните човечки вредности. Праведен одговор на таквите дејствија може да биде само целосна меѓународна изолација на терористичка држава. Особено, ова се однесува и на меѓународни спортски натпревари, рече Зеленски.

 

The post Зеленски: Во војната загинаа 184 украински спортисти appeared first on Република.

]]>

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека 184 украински спортисти се убиени во војната против руските окупатори од февруари. Зеленски ова го изјави на денешниот разговор со претседателот на Меѓународниот олимписки комитет (ИОК) Томас Бах. Зеленски се обиде да му објасни на Бах зошто Киев се противи на учество на руски спортисти на Олимписките игри што ќе се одржат во Париз во 2024 година, соопштија од кабинетот на украинскиот претседател. Самиот Бах, да потсетиме, рече дека учеството на руските и белоруските спортисти на Олимписките игри во 2024 година „се уште е под знак прашалник“. Украина е разочарана од, како што рече, „намерата на ИОК да им дозволи на Русите и Белорусите да се натпреваруваат под неутрално знаме“, рече Зеленски.
Не можете да бидете неутрални кога се уништени самите основи на мирниот живот, а се игнорираат универзалните човечки вредности. Праведен одговор на таквите дејствија може да биде само целосна меѓународна изолација на терористичка држава. Особено, ова се однесува и на меѓународни спортски натпревари, рече Зеленски.
 

The post Зеленски: Во војната загинаа 184 украински спортисти appeared first on Република.

]]>
Спортистите Наковска-Бикова, Јовановски, Трстена и Георгиевски одликувани со Орден „8 Септември“ https://republika.mk/vesti/makedonija/sportistite-nakovska-bikova-jovanovski-trstena-i-georgievski-odlikuvani-so-orden-8-septemvri/ Thu, 08 Sep 2022 09:48:37 +0000 https://republika.mk/?p=548601

По повод Денот на независноста на Република Македонија – 8 Септември, претседателот Стево Пендаровски денеска на свечена церемонија ги одликуваше со Орден „8 Септември“ македонските спортисти Оливера Наковска-Бикова, Бранимир Јовановски, Шабан Трстена и Дејан Георгиевски.

Оливера Наковска-Бикова е одликувана со Орден „8 Септември“ за својата извонредна, богата и успешна спортска кариера во параолимпиското и во спортското стрелаштво. Наковска-Бикова постигнува бројни успеси на натпревари во стрелачки спортови. Таа е повеќекратна државна шампионка и апсолутна рекордерка на Република Македонија во дисциплината воздушен пиштол. Во оваа дисциплина го освојува златниот медал на Летните параолимписки игри во Лондон, со што придонесе за меѓународна афирмација и за угледот на државата.

Бранимир Јовановски, за извонредните резултати во својата 20-годишна спортска кариера. Тој е првиот македонски параолимпиец кој освоил златен медал на една параолимпијада. Во текот на својата кариера, покрај златниот параолимписки медал, освоил и други сребрени, златни и бронзени медали на разни европски првенства и на меѓународни натпревари. Значаен е неговиот огромен успех како тренер и како селектор, а избран е и за најдобар тренер на македонската репрезентација во стрелаштво за лица со попреченост. Неговиот придонес за меѓународна афирмација и за угледот на државата е огромен.

Шабан Трстена доби Орден за освојувањето златен медал во борење на Летните олимписки игри во 1984 година, запишувајќи се со златни букви во историјата на македонскиот и на светскиот спорт како најмлад олимписки шампион, како и за освојувањето на сребрениот медал на Олимпијадата во Сеул во 1988 година и на бронзениот медал на Светскиот шампионат во борење во 1982 година. Трстена е повеќекратен младински и сениорски првак на Југославија. Тој е прогласен за спортист на XX век на Република Македонија. Шабан Трстена е пример како со извонреден успех може да се стане симбол на својата земја и на таков начин да се придонесе за нејзина меѓународна афирмација.

Дејан Георгиевски, за постигнување историски најголем и повеќекратен успех во сферата на спортот од независноста на нашата држава. Со освојувањето на сребрениот медал на Олимписките игри во Токио во теквондо, е прогласен за најдобар спортист на Република Македонија за 2021 година. Воедно, тој е добитник и на неколку сребрени и бронзени медали, со што придонесува за меѓународна афирмација и за угледот на државата.

На доделувањето на наградите присуствуваа премиерот Димитар Ковачевски, претседателот на Собранието Талат Џафери, вицепремиерот задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи, министрите Олвер Спасовски, Љупчо Николовски и други претставници од Владата.

Пред присутните беше прикажан видеоматеријал за биографијата и заслугите на Оливера Наковска – Бикова, Бранимир Јовановски, Шабан Трстена и Дејан Георгиевски.

Оваа награда е повод за понатамошни успеси, рече Наковска-Бикова.

Бранимир Јовановски рече дека со полно срце е на врачувањето на наградата и посочи дека утре се навршуваат 30 години откако го освоил златниот медал во Барселона во 1992 година. Во тоа време, како што рече, бевме млада држава и тој успех беше проследен со многу интересни натписи…

Сите медали прават чест и предизвикуваат наплив на емоции, нагласи Јовановски.

Посочи дека спортистите се водат со неколку девизи во животот, меѓу кои и „Не е важно колку пати ќе паднеш, туку колку ќе станеш и што ќе научиш од тоа паѓање“.

Шабан Трстена ги поздрави двајцата тренери без кои, како што рече, јас немаше да бидам денес тука. Тоа се Насе Насев, кој не е присутен од здравствени причини и клупскиот тренер Ајру Синали, кој е сега починат.

Јас сум еден од тие спортисти што сум добил многу признанија од пет континенти. Земав признанија и од поранешна Југославија. Сум зел многу признанија и за мојата држава, но ова признание е нешто посебно затоа што го добив од мојата татковина, од мојот народ кој се радуваше за нашите успеси. Затоа овој орден ќе биде посебен во мојата спортска душа бидејќи го добив од името на народот. Горд сум за тоа што дадов се од себе, 20 години да се борам со најелитни спортисти од големите држави и покажав дека може и една мала нација, една мала држава може да ги победи и големите држави. Нека ни е со среќа нашата независност, рече Трстена.

Дејан Георгиевски им го честиташе празникот 8 Септември на сите граѓани и соопшти дека сребрениот медал од Олимписките игри во Токио покрај негова, е и заслуга и на неговите тренери Борче и Дарко Костовски, на неговите клупски другари, на семејството и на Господ.

Сепак, овој медал припаѓа на целиот македонски народ кој ме дочека гордо на плоштадот. И верувајте јас и мојот тим даваме се од себе да го повториме тој магичен миг од Олимписките игри во Париз во 2024 година, рече Георгиевски.

The post Спортистите Наковска-Бикова, Јовановски, Трстена и Георгиевски одликувани со Орден „8 Септември“ appeared first on Република.

]]>

По повод Денот на независноста на Република Македонија – 8 Септември, претседателот Стево Пендаровски денеска на свечена церемонија ги одликуваше со Орден „8 Септември“ македонските спортисти Оливера Наковска-Бикова, Бранимир Јовановски, Шабан Трстена и Дејан Георгиевски. Оливера Наковска-Бикова е одликувана со Орден „8 Септември“ за својата извонредна, богата и успешна спортска кариера во параолимпиското и во спортското стрелаштво. Наковска-Бикова постигнува бројни успеси на натпревари во стрелачки спортови. Таа е повеќекратна државна шампионка и апсолутна рекордерка на Република Македонија во дисциплината воздушен пиштол. Во оваа дисциплина го освојува златниот медал на Летните параолимписки игри во Лондон, со што придонесе за меѓународна афирмација и за угледот на државата. Бранимир Јовановски, за извонредните резултати во својата 20-годишна спортска кариера. Тој е првиот македонски параолимпиец кој освоил златен медал на една параолимпијада. Во текот на својата кариера, покрај златниот параолимписки медал, освоил и други сребрени, златни и бронзени медали на разни европски првенства и на меѓународни натпревари. Значаен е неговиот огромен успех како тренер и како селектор, а избран е и за најдобар тренер на македонската репрезентација во стрелаштво за лица со попреченост. Неговиот придонес за меѓународна афирмација и за угледот на државата е огромен. Шабан Трстена доби Орден за освојувањето златен медал во борење на Летните олимписки игри во 1984 година, запишувајќи се со златни букви во историјата на македонскиот и на светскиот спорт како најмлад олимписки шампион, како и за освојувањето на сребрениот медал на Олимпијадата во Сеул во 1988 година и на бронзениот медал на Светскиот шампионат во борење во 1982 година. Трстена е повеќекратен младински и сениорски првак на Југославија. Тој е прогласен за спортист на XX век на Република Македонија. Шабан Трстена е пример како со извонреден успех може да се стане симбол на својата земја и на таков начин да се придонесе за нејзина меѓународна афирмација. Дејан Георгиевски, за постигнување историски најголем и повеќекратен успех во сферата на спортот од независноста на нашата држава. Со освојувањето на сребрениот медал на Олимписките игри во Токио во теквондо, е прогласен за најдобар спортист на Република Македонија за 2021 година. Воедно, тој е добитник и на неколку сребрени и бронзени медали, со што придонесува за меѓународна афирмација и за угледот на државата. На доделувањето на наградите присуствуваа премиерот Димитар Ковачевски, претседателот на Собранието Талат Џафери, вицепремиерот задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи, министрите Олвер Спасовски, Љупчо Николовски и други претставници од Владата. Пред присутните беше прикажан видеоматеријал за биографијата и заслугите на Оливера Наковска – Бикова, Бранимир Јовановски, Шабан Трстена и Дејан Георгиевски.
Оваа награда е повод за понатамошни успеси, рече Наковска-Бикова.
Бранимир Јовановски рече дека со полно срце е на врачувањето на наградата и посочи дека утре се навршуваат 30 години откако го освоил златниот медал во Барселона во 1992 година. Во тоа време, како што рече, бевме млада држава и тој успех беше проследен со многу интересни натписи…
Сите медали прават чест и предизвикуваат наплив на емоции, нагласи Јовановски.
Посочи дека спортистите се водат со неколку девизи во животот, меѓу кои и „Не е важно колку пати ќе паднеш, туку колку ќе станеш и што ќе научиш од тоа паѓање“. Шабан Трстена ги поздрави двајцата тренери без кои, како што рече, јас немаше да бидам денес тука. Тоа се Насе Насев, кој не е присутен од здравствени причини и клупскиот тренер Ајру Синали, кој е сега починат.
Јас сум еден од тие спортисти што сум добил многу признанија од пет континенти. Земав признанија и од поранешна Југославија. Сум зел многу признанија и за мојата држава, но ова признание е нешто посебно затоа што го добив од мојата татковина, од мојот народ кој се радуваше за нашите успеси. Затоа овој орден ќе биде посебен во мојата спортска душа бидејќи го добив од името на народот. Горд сум за тоа што дадов се од себе, 20 години да се борам со најелитни спортисти од големите држави и покажав дека може и една мала нација, една мала држава може да ги победи и големите држави. Нека ни е со среќа нашата независност, рече Трстена.
Дејан Георгиевски им го честиташе празникот 8 Септември на сите граѓани и соопшти дека сребрениот медал од Олимписките игри во Токио покрај негова, е и заслуга и на неговите тренери Борче и Дарко Костовски, на неговите клупски другари, на семејството и на Господ.
Сепак, овој медал припаѓа на целиот македонски народ кој ме дочека гордо на плоштадот. И верувајте јас и мојот тим даваме се од себе да го повториме тој магичен миг од Олимписките игри во Париз во 2024 година, рече Георгиевски.

The post Спортистите Наковска-Бикова, Јовановски, Трстена и Георгиевски одликувани со Орден „8 Септември“ appeared first on Република.

]]>
Град Скопје објави јавен повик за доделување стипендии на спортисти од средните училишта https://republika.mk/vesti/skopje/grad-skopje-objavi-javen-povik-za-dodeluvanje-stipendii-na-sportisti-od-srednite-uchilishta/ Tue, 07 Jun 2022 08:53:03 +0000 https://republika.mk/?p=512073

Град Скопје денеска објави јавен повик за стипендирање на спортисти – средношколци кои се жители на Скопје и учат во средните училишта на подрачјето на градот.

Како што информираат од Град Скопје општи услови и критериуми за аплицирање се:

Право на добивање на стипендија имаат:

а) Државјани на Република Македонија;

б) Жител/ка на Скопје чие место на живеење е на подрачјето на град Скопје (се однесува на десетте скопски општини Аеродром, Бутел, Гази Баба, Ѓорче Петров, Карпош, Кисела Вода, Сарај, Центар, Чаир и Шуто Оризари);

в) Редовен или вонреден ученик/ученичка во средно училиште на подрачјето

на град Скопје;

г) Активен спортист/ка, член на спортски клуб регистриран на подрачјето

на град Скопје и регистриран во матичната националнита спортска

федерација на Република Македонија;

д) Високи спортски постигнувања во екипни и индивидуални спортови во претходната 2021 година, и постигнувања во 2022 година сé до завршување на

Јавниот повик: освоени медали на светски, европски и балкански првенства во олимписки и неолимписки спортови, освојување на медали на светски и европски купови во олимписки спортови, освојување на домашно првенство или купот на Македонија, постигнување истакнати лични индивидуални резултати на репрезентативно ниво и поставување на државни рекорди на официјални натпревари.

Апликантите треба да ги исполнуваат целите, условите и критериумите што се дадени во прилог на Јавниот повик објавен на официјалната веб страница на Град Скопје www.skopje.gov.mk

Во постапката за доделување стипендии ќе влезат во изборот апликантите средношколци – спортистки и спортисти кои врз основа на критериумите ќе обезбедат најмалку 50 бодови, од вкупно 100 бодови.

Бодирањето на апликантите ќе го врши Комисија за спроведување постапка за стипендирање на спортисти – средношколци ученици во средните училишта на подрачјето на градот Скопје, жители на Скопје, за 2022 година, формирана од страна на Градоначалникот на Град Скопје.

Избраните стипендисти ќе добиваат секој од нив поединечно стипендија во вкупен нето износ од 24.000 (дваесетичетириилјади) денари за тековната 2022 година.

Финансиските средства наменети за стипендирање на спортисти – средношколци ученици во средните училишта на подрачјето на градот Скопје, жители на Скопје, за 2022 година, се обезбедени од Буџетот на Град Скопје за 2022 година.

Пријавувањето на Јавниот повик се врши со доставување на пополнета посебна пријава што може да се подигне во архивата на Градот Скопје (барака 16) или да се преземе од официјалната веб страница на Град Скопје www.skopje.gov.mk

Апликантите, покрај пријавата задолжително треба да ги достават и следните документи:

• копија од извод од матична книга на родени на апликантот;

• потврда од средното училиште каде апликантот е редовен или вонреден ученик

во учебната 2021/2022 година;

• копија од свидетелството за завршена учебна 2020/2021 година;

• потврда од клубот дека е член на истиот;

• потврда од матичната национална федерација дека е член репрезентативец во

својата генерација;

• апликантите да достават потврда од матичната национална федерација за постигнатите спортски резултати од 01.01.2021 година, сé до завршување на Јавниот повик во 2022 година.

Јавниот повик трае 11 календарски дена, од денот на објавувањето во средствата за јавно информирање и на веб страната на Град Скопје www.skopje.gov.mk

Јавниот повик се објавува на 07.06.2022 година и трае до 17.06.2022 година.

Апликациите треба да се достават до Град Скопје, преку пошта на адреса: Булевар ИЛИНДЕН бр.82 1000 Скопје, или во Архивата на Градот Скопје (барака 16), најдоцна до 17.06.2022 година до 15:00 часот, со назнака: за “ЈАВЕН ПОВИК ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ СТИПЕНДИИ НА СПОРТИСТИ – СРЕДНОШКОЛЦИ УЧЕНИЦИ ВО СРЕДНИТЕ УЧИЛИШТА НА ПОДРАЧЈЕТО НА ГРАДОТ СКОПЈЕ, ЖИТЕЛИ НА СКОПЈЕ, ЗА 2022 ГОДИНА“.

Апликациите се доставуваат во затворен и запечатен коверт, без означување на апликантот кој ја поднесува пријавата.

Неуредните пријави што не се доставени на начин како што се бара во горенаведниот текст, односно содржат нецелосни податоци и некомплетна документација, како и тие што нема да бидат доставени во наведениот рок, нема да се разгледуваат.

Дополнителни информации можат да се добијат на телефон 3297-238 и 3297-320.

 

The post Град Скопје објави јавен повик за доделување стипендии на спортисти од средните училишта appeared first on Република.

]]>

Град Скопје денеска објави јавен повик за стипендирање на спортисти – средношколци кои се жители на Скопје и учат во средните училишта на подрачјето на градот. Како што информираат од Град Скопје општи услови и критериуми за аплицирање се: Право на добивање на стипендија имаат: а) Државјани на Република Македонија; б) Жител/ка на Скопје чие место на живеење е на подрачјето на град Скопје (се однесува на десетте скопски општини Аеродром, Бутел, Гази Баба, Ѓорче Петров, Карпош, Кисела Вода, Сарај, Центар, Чаир и Шуто Оризари); в) Редовен или вонреден ученик/ученичка во средно училиште на подрачјето на град Скопје; г) Активен спортист/ка, член на спортски клуб регистриран на подрачјето на град Скопје и регистриран во матичната националнита спортска федерација на Република Македонија; д) Високи спортски постигнувања во екипни и индивидуални спортови во претходната 2021 година, и постигнувања во 2022 година сé до завршување на Јавниот повик: освоени медали на светски, европски и балкански првенства во олимписки и неолимписки спортови, освојување на медали на светски и европски купови во олимписки спортови, освојување на домашно првенство или купот на Македонија, постигнување истакнати лични индивидуални резултати на репрезентативно ниво и поставување на државни рекорди на официјални натпревари. Апликантите треба да ги исполнуваат целите, условите и критериумите што се дадени во прилог на Јавниот повик објавен на официјалната веб страница на Град Скопје www.skopje.gov.mk Во постапката за доделување стипендии ќе влезат во изборот апликантите средношколци – спортистки и спортисти кои врз основа на критериумите ќе обезбедат најмалку 50 бодови, од вкупно 100 бодови. Бодирањето на апликантите ќе го врши Комисија за спроведување постапка за стипендирање на спортисти – средношколци ученици во средните училишта на подрачјето на градот Скопје, жители на Скопје, за 2022 година, формирана од страна на Градоначалникот на Град Скопје. Избраните стипендисти ќе добиваат секој од нив поединечно стипендија во вкупен нето износ од 24.000 (дваесетичетириилјади) денари за тековната 2022 година. Финансиските средства наменети за стипендирање на спортисти – средношколци ученици во средните училишта на подрачјето на градот Скопје, жители на Скопје, за 2022 година, се обезбедени од Буџетот на Град Скопје за 2022 година. Пријавувањето на Јавниот повик се врши со доставување на пополнета посебна пријава што може да се подигне во архивата на Градот Скопје (барака 16) или да се преземе од официјалната веб страница на Град Скопје www.skopje.gov.mk Апликантите, покрај пријавата задолжително треба да ги достават и следните документи: • копија од извод од матична книга на родени на апликантот; • потврда од средното училиште каде апликантот е редовен или вонреден ученик во учебната 2021/2022 година; • копија од свидетелството за завршена учебна 2020/2021 година; • потврда од клубот дека е член на истиот; • потврда од матичната национална федерација дека е член репрезентативец во својата генерација; • апликантите да достават потврда од матичната национална федерација за постигнатите спортски резултати од 01.01.2021 година, сé до завршување на Јавниот повик во 2022 година. Јавниот повик трае 11 календарски дена, од денот на објавувањето во средствата за јавно информирање и на веб страната на Град Скопје www.skopje.gov.mk Јавниот повик се објавува на 07.06.2022 година и трае до 17.06.2022 година. Апликациите треба да се достават до Град Скопје, преку пошта на адреса: Булевар ИЛИНДЕН бр.82 1000 Скопје, или во Архивата на Градот Скопје (барака 16), најдоцна до 17.06.2022 година до 15:00 часот, со назнака: за “ЈАВЕН ПОВИК ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ СТИПЕНДИИ НА СПОРТИСТИ – СРЕДНОШКОЛЦИ УЧЕНИЦИ ВО СРЕДНИТЕ УЧИЛИШТА НА ПОДРАЧЈЕТО НА ГРАДОТ СКОПЈЕ, ЖИТЕЛИ НА СКОПЈЕ, ЗА 2022 ГОДИНА“. Апликациите се доставуваат во затворен и запечатен коверт, без означување на апликантот кој ја поднесува пријавата. Неуредните пријави што не се доставени на начин како што се бара во горенаведниот текст, односно содржат нецелосни податоци и некомплетна документација, како и тие што нема да бидат доставени во наведениот рок, нема да се разгледуваат. Дополнителни информации можат да се добијат на телефон 3297-238 и 3297-320.  

The post Град Скопје објави јавен повик за доделување стипендии на спортисти од средните училишта appeared first on Република.

]]>
За да се натпреваруваат во Британија, спортистите од Русија и Белорусија ќе мора да докажат дека се „неутрални и независни“ https://republika.mk/sport/ostanati-sportovi/za-da-se-natprevaruvaat-vo-britanija-sportistite-od-rusija-i-belorusija-kje-mora-da-dokazat-deka-se-neutralni-i-nezavisni/ Fri, 01 Apr 2022 13:10:55 +0000 https://republika.mk/?p=481985

Министерот за спорт на Обединетото Кралство Најџел Хадлстон изјави дека спортистите од Русија и Белорусија ќе мора да докажат дека се „неутрални и независни“ околу воената инвазија на Русија на Украина. Значи се работи и за тимските и за индивидуалните спортови.

Бараме писмена потврда од спортистите дека се неутрални и независни, односно не добиваат пари од Путин, Русија или Белорусија ниту ги поддржуваат. Притоа додека се натпреваруваат на наше тло не смеат да зборуваат за Путин, за Русија или Белорусија“, соопшти Хадлстон.

Тоа ќе значи дека на „Вимблдон“ таква потврда ќе треба да достави и вториот светски тенисер Данил Медведев како и другите руски или белоруски тенисери.

The post За да се натпреваруваат во Британија, спортистите од Русија и Белорусија ќе мора да докажат дека се „неутрални и независни“ appeared first on Република.

]]>

Министерот за спорт на Обединетото Кралство Најџел Хадлстон изјави дека спортистите од Русија и Белорусија ќе мора да докажат дека се „неутрални и независни“ околу воената инвазија на Русија на Украина. Значи се работи и за тимските и за индивидуалните спортови.
Бараме писмена потврда од спортистите дека се неутрални и независни, односно не добиваат пари од Путин, Русија или Белорусија ниту ги поддржуваат. Притоа додека се натпреваруваат на наше тло не смеат да зборуваат за Путин, за Русија или Белорусија“, соопшти Хадлстон.
Тоа ќе значи дека на „Вимблдон“ таква потврда ќе треба да достави и вториот светски тенисер Данил Медведев како и другите руски или белоруски тенисери.

The post За да се натпреваруваат во Британија, спортистите од Русија и Белорусија ќе мора да докажат дека се „неутрални и независни“ appeared first on Република.

]]>