спортист на годината Archives - Република https://republika.mk/tema/sportist-na-godinata/ За подобро да се разбереме Wed, 28 Dec 2022 20:04:58 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png спортист на годината Archives - Република https://republika.mk/tema/sportist-na-godinata/ 32 32 ФФМ реагира на изборот на АМС: Зарем победата над Италија не е подвиг на годината? https://republika.mk/sport/fudbal/ffm-reagira-na-izborot-na-ams-zarem-pobedata-nad-italija-ne-e-podvig-na-godinata/ Wed, 28 Dec 2022 19:55:13 +0000 https://republika.mk/?p=591171

Фудбалската федерација на Македонија излезе со реакција околу синоќешниот избор на најдобрите во спортот за 2022 година на Агенцијата за млади и спорт.

„Во последните неколку години мислевме дека видовме сѐ од Агенцијата за млади и спорт, но секогаш успеваат да направат повторно да се 'фатиме за глава'“, објави ФФМ.

АМС синоќа додели награди во вкупно 13 категории, а од фудбалерите меѓу наградените се најде единствено Горан Пандев, кој ја доби наградата Великан на македонскиот спорт заедно со Кирил Лазаров, затоа што и двајцата годинава се пензионираа. Од активните играчи и тренери, ниту еден фудбалер не се здоби со награда од АМС.

Тоа е можеби и оправдано со оглед на резултатите на репрезентацијата и разочарувачкиот настап во Лигата на нации, но АМС заборави еден момент: големата победа во Палермо во март кога Македонија го потресе фудбалскиот свет победувајќи ја и елиминирајќи ја Италија на патот кон Мундијалот во Катар. Да потсетиме, се работи за победа над АКТУЕЛЕН европски шампион (од летото 2021).

Овој успех дефинитивно беше вреден за наградата Подвиг на годината, која и онака ја поделија двајца, па немаше да штети ако бидат и тројца. АМС оваа награда им ја додели, заслужено, на Марко Пејчиновски - кој десет пати го преплива Охридското Езеро, и на Харис Беќири, натпреварувач во еверестинг - кој го изведе најтешкото искачување (велосипедизам, трчање или пешачење каде предизвикот е да се направи вкупно искачување од над 8.848 метри, односно височината на Монт Еверест, и тоа во еден единствен обид, значи совладување на таа надморска височина на одредена делница (качување и симнување повеќе пати).

Незадоволни од АМС, од ФФМ иронично одлучија сдами да си доделат награда: „Од сите доделени награди, додаваме и една што не беше доделена: Македонската фудбалска репрезентација во 2022 година ја оствари најголемата победа во својата историја. Европскиот првак, Италија падна во Палермо“.

The post ФФМ реагира на изборот на АМС: Зарем победата над Италија не е подвиг на годината? appeared first on Република.

]]>

Фудбалската федерација на Македонија излезе со реакција околу синоќешниот избор на најдобрите во спортот за 2022 година на Агенцијата за млади и спорт. „Во последните неколку години мислевме дека видовме сѐ од Агенцијата за млади и спорт, но секогаш успеваат да направат повторно да се 'фатиме за глава'“, објави ФФМ. АМС синоќа додели награди во вкупно 13 категории, а од фудбалерите меѓу наградените се најде единствено Горан Пандев, кој ја доби наградата Великан на македонскиот спорт заедно со Кирил Лазаров, затоа што и двајцата годинава се пензионираа. Од активните играчи и тренери, ниту еден фудбалер не се здоби со награда од АМС. Тоа е можеби и оправдано со оглед на резултатите на репрезентацијата и разочарувачкиот настап во Лигата на нации, но АМС заборави еден момент: големата победа во Палермо во март кога Македонија го потресе фудбалскиот свет победувајќи ја и елиминирајќи ја Италија на патот кон Мундијалот во Катар. Да потсетиме, се работи за победа над АКТУЕЛЕН европски шампион (од летото 2021). Овој успех дефинитивно беше вреден за наградата Подвиг на годината, која и онака ја поделија двајца, па немаше да штети ако бидат и тројца. АМС оваа награда им ја додели, заслужено, на Марко Пејчиновски - кој десет пати го преплива Охридското Езеро, и на Харис Беќири, натпреварувач во еверестинг - кој го изведе најтешкото искачување (велосипедизам, трчање или пешачење каде предизвикот е да се направи вкупно искачување од над 8.848 метри, односно височината на Монт Еверест, и тоа во еден единствен обид, значи совладување на таа надморска височина на одредена делница (качување и симнување повеќе пати). Незадоволни од АМС, од ФФМ иронично одлучија сдами да си доделат награда: „Од сите доделени награди, додаваме и една што не беше доделена: Македонската фудбалска репрезентација во 2022 година ја оствари најголемата победа во својата историја. Европскиот првак, Италија падна во Палермо“.

The post ФФМ реагира на изборот на АМС: Зарем победата над Италија не е подвиг на годината? appeared first on Република.

]]>
Натурализираниот руски борач Владимир Егоров е спортист на годината https://republika.mk/sport/ostanati-sportovi/naturaliziraniot-ruski-borach-vladimir-egorov-e-sportist-na-godinata/ Wed, 28 Dec 2022 16:55:17 +0000 https://republika.mk/?p=591173

Агенцијата за млади и спорт, во соработка со Сојузот на спортски федерации, традиционално на крајот на годината прогласуваат најуспешни македонски спортисти, а синоќа тоа го направија и за изминатава 2022 година.

„Спортот зближува и обединува, спортот е заедничка пасија за сите. Агенцијата за млади и спорт ќе продолжи со максимална поддршка за секој еден спортист, за секој спортски клуб, за младите спортисти како иднина на македонскиот спорт. Со гордост можеме да кажеме дека спортот си го наоѓа својот пат и заслужува да биде ставен на пиедестал со целосна поддршка, истакна директорот на Агенција за млади и спорт, Наумче Мојсовски.

„Драго ни е што оваа година се ракувавме и им честитавме на успесите на младите спортисти кои се наша надеж и наша иднина. Среќни сме што куќата на спортот годинава ги пречека најуспешните во различни спортови кои заслужиле да бидат и главна и ударна вест во македонските медиуми. Спортистите играат со срце. Секогаш. И кога победуваат, но и кога губат. На теренот, во играта, во натпреварот, тие даваат сѐ од себе. Не се штедат. Затоа не треба и ние“, додаде Мојсовски.

По сумираните гласови од сите национални спортски федерации, спортските редакции, како и членовите на Советот за спорт при Агенцијата за млади и спорт, на свечена церемонија прогласени беа спортистите за 2022 година во следниве категории:

Спортист на годината: Владимир Егоров - борење

Спортистка на годината: Оливера Наковска-Бикова – спортско парастрелаштво

Наградите на Егоров и на Наковска-Бикова им ги врачи премиерот Димитар Ковачевски.

Великан на македонскиот спорт:

Кирил Лазаров - ракомет

Горан Пандев - фудбал

Најуспешна национална спортска федерација: Ракометна федерација на Македонија

Најуспешен тренер/селектор: Дејан Митровски - кикбокс

Најуспешен машки национален тим: македонската ракометна репрезентација

Најуспешен женски национален тим: македонската ракометна репрезентација

Млад спортист на годината: Петар Арсовски - бокс

Млада спортистка на годината: Јадранка Темелкова - кикбокс

Подвиг на годината:

Марко Пејчиновски кој десет пати го преплива Охридското Езеро

Харис Беќири - еверестинг - најтешко искачување

Најуспешна екипа во универзитетска конкуренција: Машкиот карате тим

Најуспешен клуб од средните училишта: СОУ „Нико Нестор“ од Струга

Најуспешен спортски клуб од основните училишта: ОУ „Васил Главинов“ од Велес

The post Натурализираниот руски борач Владимир Егоров е спортист на годината appeared first on Република.

]]>

Агенцијата за млади и спорт, во соработка со Сојузот на спортски федерации, традиционално на крајот на годината прогласуваат најуспешни македонски спортисти, а синоќа тоа го направија и за изминатава 2022 година.
„Спортот зближува и обединува, спортот е заедничка пасија за сите. Агенцијата за млади и спорт ќе продолжи со максимална поддршка за секој еден спортист, за секој спортски клуб, за младите спортисти како иднина на македонскиот спорт. Со гордост можеме да кажеме дека спортот си го наоѓа својот пат и заслужува да биде ставен на пиедестал со целосна поддршка, истакна директорот на Агенција за млади и спорт, Наумче Мојсовски.
„Драго ни е што оваа година се ракувавме и им честитавме на успесите на младите спортисти кои се наша надеж и наша иднина. Среќни сме што куќата на спортот годинава ги пречека најуспешните во различни спортови кои заслужиле да бидат и главна и ударна вест во македонските медиуми. Спортистите играат со срце. Секогаш. И кога победуваат, но и кога губат. На теренот, во играта, во натпреварот, тие даваат сѐ од себе. Не се штедат. Затоа не треба и ние“, додаде Мојсовски.
По сумираните гласови од сите национални спортски федерации, спортските редакции, како и членовите на Советот за спорт при Агенцијата за млади и спорт, на свечена церемонија прогласени беа спортистите за 2022 година во следниве категории: Спортист на годината: Владимир Егоров - борење Спортистка на годината: Оливера Наковска-Бикова – спортско парастрелаштво Наградите на Егоров и на Наковска-Бикова им ги врачи премиерот Димитар Ковачевски. Великан на македонскиот спорт: Кирил Лазаров - ракомет Горан Пандев - фудбал Најуспешна национална спортска федерација: Ракометна федерација на Македонија Најуспешен тренер/селектор: Дејан Митровски - кикбокс Најуспешен машки национален тим: македонската ракометна репрезентација Најуспешен женски национален тим: македонската ракометна репрезентација Млад спортист на годината: Петар Арсовски - бокс Млада спортистка на годината: Јадранка Темелкова - кикбокс Подвиг на годината: Марко Пејчиновски кој десет пати го преплива Охридското Езеро Харис Беќири - еверестинг - најтешко искачување Најуспешна екипа во универзитетска конкуренција: Машкиот карате тим Најуспешен клуб од средните училишта: СОУ „Нико Нестор“ од Струга Најуспешен спортски клуб од основните училишта: ОУ „Васил Главинов“ од Велес

The post Натурализираниот руски борач Владимир Егоров е спортист на годината appeared first on Република.

]]>