спонзорства Archives - Република https://republika.mk/tema/sponzorstva/ За подобро да се разбереме Sun, 10 Nov 2024 15:19:02 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png спонзорства Archives - Република https://republika.mk/tema/sponzorstva/ 32 32 До август АД МЕПСО имал 10 милиони денари повеќе донации и спонзорства од планираното https://republika.mk/vesti/ekonomija/do-avgust-ad-mepso-imal-10-milioni-denari-poveke-donatsii-i-sponzorstva-od-planiranoto/ Sun, 10 Nov 2024 15:42:23 +0000 https://republika.mk/?p=836126

АД МЕПСО денеска соопшти дека ги прекинува сите видови на донации и спонзорства до крајот на оваа година.

Одлуката беше донесена едногласно, на седница на Управниот одбор на АД МЕПСО, предводен од генералниот директор Бурим Љатифи. Заеднички заклучок е дека трошоците и издатоците по оваа основа треба да се стопираат до следната 2025 година, кога овој процес ќе продолжи и понатаму да функционира, но на транспарентен начин и со детално почитување на критериумите предвидени за оваа намена, се наведува во денешното соопштение од АД МЕПСО.

На ваков чекор Управниот Одбор, како што се посочува во соопштението, се одлучил по анализата на долгата листа на донации и спонзорства и паричните средства кои биле доделени од почетокот на годината па се до доаѓање на новото раководство.

Сеопфатниот преглед на нашите служби покажа дека во првите седум месеци од 2024 година претходното раководство на Друштвото, кое наводно делувало согласно Законот за донации и спонзорства во јавни дејности, ја пречекорило финансиската програма за оваа година за речиси 10 милиони денари, велат од АД МЕПСО.

За новиот менаџерски тим, како што нагласуваат, единствен приоритет останува вложувањето исклучиво во продуктивни инвестиции кои се во насока на градење и управување на стабилен и доверлив електропреносен систем на најтранспарентен начин и отчетно.

The post До август АД МЕПСО имал 10 милиони денари повеќе донации и спонзорства од планираното appeared first on Република.

]]>