спојување предмети Archives - Република https://republika.mk/tema/spojuvane-predmeti/ За подобро да се разбереме Sat, 27 May 2023 10:56:52 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png спојување предмети Archives - Република https://republika.mk/tema/spojuvane-predmeti/ 32 32 Шаќири не попушта: Спојување на предмети ќе има, за еден предмет ќе предаваат тројца професори https://republika.mk/vesti/makedonija/shakiri-ne-popushta-spojuvane-na-predmeti-ke-ima-za-eden-predmet-ke-predavaat-trojtsa-profesori/ Sat, 27 May 2023 10:56:52 +0000 https://republika.mk/?p=645158

Вкупно 15.620 ученици денеска полагаат државна матура, а резултатите за овој испит ќе бидат објавени на 10 јуни од страна на Државниот испитен центар, информира денеска министерот за образование и наука Јетон Шаќири на почетокот на полагањето во СОУ „Ибрахим Темо“ во Струга.

Денеска учениците од четврта година го полагаат првиот екстерен испит, наредниот период ќе биде вториот, па продолжуваат со два интерни испити и подготвување на проектната задача, истакна Шаќири.

По завршувањето на државната матура најави дека ресорното Министерство ќе побара од Владата да ги исполни барањата на Унијата на средношколци, за упис на универзитетите да се земе предвид еден од екстерните испити или првиот, но да се има предвид и вредноста во процес на упис на учениците во зависност на екстерните и интерни испити. Смета дека ова барање ќе биде реализирано бидејќи е на сите средношколци.

Според него, со новата концепција за спојување предмети досега немале никакви проблеми во петто одделение и посочи дека проектот ќе продолжи.

После незадоволството кое го изрази Независниот синдикат можам да кажам дека во анализите на Бирото за развој на образованието што ги имаме направено во споредба на старата и новата концепција ние овој пат со спојување на предмети почнуваме само во шесто одделение. Тоа значи дека со новата концепција досега немавме никакви проблеми во петто одделение и ќе продолжиме. Гарантирам дека нема да имаме никакви проблеми, изјави Шаќири, одговарајќи на новинарски прашања.

Тој смета дека наставниците по географија ќе имаат ист број на часови за шесто одделение како и претходно.

Новиот концептот за основно образование продолжува и во седмо, осмо и деветто одделение. Како министер побарав од Бирото за развој на образование да симулира распоред на тоа како треба да изгледа пред 1 септември во сите училишта и како тоа треба да изгледа во делот на модулите кои ќе ги предаваат наставниците, во начинот на реализација на настава во три вида на училишта големи, средни и мали. И овие анализи ќе ги презентирам и пак уверувам дека колективно ќе ја донесеме одлуката. Секогаш сме биле отворени за дијалог, појасни министерот за образование и наука.

Тој посочи дека ако анализите за наредната учебна година покажат дека се очекуваат поголеми последици подготвени се и отворени за дискусија и вети оти нема да дозволи последици за наставниот кадар.

На новинарско прашање за забелешката од експертите дека двојно е зголемен бројот на одлични ученици, дали се потребни реформи, Шаќири рече дека во тек се реформи од кои дел ги поздравува, а за дел има забелешки.

Дел од реформата за основно образование, новата концепција што се спојуваат предметите, за еден предмет ќе предаваат тројца професори и начинот на ова што го кажуваме е вклучено во тој процес на реформа, било каква реформа од било која земја или поразвиените европски земји. Порака и до родителите и до наставниот кадар дека секогаш ни требаат реални оценки, зошто тие што ја спроведуваат реформата и го оспоруваат процесот на оценување да биде реален. Јас сакам сите тие оценки да се реални, да не се повторува истата ситуација од мината година во скопско училиште каде учениците на приемен испит не ги добија резултатите што ги имаа претходно добиено. Заради тоа што беше краток периодот, обемен материјалот, прифатив дека се тие некои од причините, заклучи Шаќири.

The post Шаќири не попушта: Спојување на предмети ќе има, за еден предмет ќе предаваат тројца професори appeared first on Република.

]]>

Вкупно 15.620 ученици денеска полагаат државна матура, а резултатите за овој испит ќе бидат објавени на 10 јуни од страна на Државниот испитен центар, информира денеска министерот за образование и наука Јетон Шаќири на почетокот на полагањето во СОУ „Ибрахим Темо“ во Струга.
Денеска учениците од четврта година го полагаат првиот екстерен испит, наредниот период ќе биде вториот, па продолжуваат со два интерни испити и подготвување на проектната задача, истакна Шаќири.
По завршувањето на државната матура најави дека ресорното Министерство ќе побара од Владата да ги исполни барањата на Унијата на средношколци, за упис на универзитетите да се земе предвид еден од екстерните испити или првиот, но да се има предвид и вредноста во процес на упис на учениците во зависност на екстерните и интерни испити. Смета дека ова барање ќе биде реализирано бидејќи е на сите средношколци. Според него, со новата концепција за спојување предмети досега немале никакви проблеми во петто одделение и посочи дека проектот ќе продолжи.
После незадоволството кое го изрази Независниот синдикат можам да кажам дека во анализите на Бирото за развој на образованието што ги имаме направено во споредба на старата и новата концепција ние овој пат со спојување на предмети почнуваме само во шесто одделение. Тоа значи дека со новата концепција досега немавме никакви проблеми во петто одделение и ќе продолжиме. Гарантирам дека нема да имаме никакви проблеми, изјави Шаќири, одговарајќи на новинарски прашања.
Тој смета дека наставниците по географија ќе имаат ист број на часови за шесто одделение како и претходно.
Новиот концептот за основно образование продолжува и во седмо, осмо и деветто одделение. Како министер побарав од Бирото за развој на образование да симулира распоред на тоа како треба да изгледа пред 1 септември во сите училишта и како тоа треба да изгледа во делот на модулите кои ќе ги предаваат наставниците, во начинот на реализација на настава во три вида на училишта големи, средни и мали. И овие анализи ќе ги презентирам и пак уверувам дека колективно ќе ја донесеме одлуката. Секогаш сме биле отворени за дијалог, појасни министерот за образование и наука.
Тој посочи дека ако анализите за наредната учебна година покажат дека се очекуваат поголеми последици подготвени се и отворени за дискусија и вети оти нема да дозволи последици за наставниот кадар. На новинарско прашање за забелешката од експертите дека двојно е зголемен бројот на одлични ученици, дали се потребни реформи, Шаќири рече дека во тек се реформи од кои дел ги поздравува, а за дел има забелешки.
Дел од реформата за основно образование, новата концепција што се спојуваат предметите, за еден предмет ќе предаваат тројца професори и начинот на ова што го кажуваме е вклучено во тој процес на реформа, било каква реформа од било која земја или поразвиените европски земји. Порака и до родителите и до наставниот кадар дека секогаш ни требаат реални оценки, зошто тие што ја спроведуваат реформата и го оспоруваат процесот на оценување да биде реален. Јас сакам сите тие оценки да се реални, да не се повторува истата ситуација од мината година во скопско училиште каде учениците на приемен испит не ги добија резултатите што ги имаа претходно добиено. Заради тоа што беше краток периодот, обемен материјалот, прифатив дека се тие некои од причините, заклучи Шаќири.

The post Шаќири не попушта: Спојување на предмети ќе има, за еден предмет ќе предаваат тројца професори appeared first on Република.

]]>
Со спојување на предметите во рок од пет години ќе се изгуби едно работно место во две училишта, кажаа на протестот од Независниот синдикат за образование и наука https://republika.mk/vesti/makedonija/so-spojuvane-na-predmetite-vo-rok-od-pet-godini-ke-se-izgubi-edno-rabotno-mesto-vo-dve-uchilishta-kazhaa-na-protestot-od-nezavisniot-sindikat-za-obrazovanie-i-nauka/ Wed, 24 May 2023 13:54:26 +0000 https://republika.mk/?p=644270

Независниот синдикат за образование и НСОН денеска во Скопје одржаа протест, како што нагласија, во интерес на правата на просветните работници и побараа да не се спојуваат наставните предмети и да се почитуваат колективните договори. Протестот започна напладне од Жена парк, а учесниците пешачеа до зградата на Министерството за образование и наука, каде одржаа говори.

Првите луѓе на синдикатите рекоа дека го искажуваат своето незадоволство како резултат на недостаток на социјален дијалог, погазување на работничките права, погазување на достоинството на просветните работници, непочитување на законите и колективните договори. Тие најавија дека доколку нема слух и доколку не настанат радикални промени во скоро време од страна на МОН ќе повикаат на преземање порадикални чекори што подразбира организирање „обичен или бел штрајк“ во зависност од синдикалната поддршка.

Членовите на синдикатот се незадоволни од најавите за спојување на повеќе наставни предмети Географија, Историја, Хемија, Физика, Биологија, Граѓанско образование, Етика, Информатика и Техничко образование. Ваква појава, според претседателот на Независниот синдикат за образование Томислав Гиевски, може да предизвика губење на дел од работните места, а истовремено го погазува професионалниот интегритет на работниците.

Географот се обучувал да предава географија, историчарот историја...Со ваквите промени просветните работници стануваат универзални, секој да биде соодветен за секој предмет да го предава. Тоа е исто како хирурзите да ги испратиме да гаснат пожар, а пожерникарите да ги испратиме да работат во некоја конфекција. Се погазува професионалноста, рече Гиевски.

Тие се незадоволни и од непочитувањето на колективните договори во секторот образование.

Гиевски потенцира дека во секторот образование години наназад не се почитуваат колективните договори.

Во моментов најниската плата за најнизок степен на сложеност изнесува нето 12.000 денари, а сведоци сме дека минималната плата во државата изнесува нето 20.175 денари. Кога станува збор за просветните работници изреката е постојано дека нема пари, дека државата е во криза, но видовме како експресно најдоа начин да си ги зголемат платите нивни државните функционери за 78 отсто. За јавните функционери законот е закон и тој мора да се почитува, а просветните работници секогаш се ставени на маргините, не се почитуваат колективните договори во делот на додатоците, платата доцни константно во последниве 20 години, не е никогаш иплатена во законски предвидениот рок, рече Гиевски.

Независниот синдикат за образование, според него, досега немал средба со актуелниот министер за образование Јетон Шаќири иако имале околу десет барања.

Никогаш не сме добиле повратен одговор, никаква желба од страна на министерот да разговара со нас и затоа мора да не слушне од тука, рече Гиевски.

Причината за спојувањето на предметите, според него, е само да не ги решат проблемите на просветните работници.

Со спојување на предметите во рок од пет години со целосна имплементација во просек ќе се изгуби едно работно место во две училишта. Земам училишта кои во просек имаат четири одделенија со паралелка. Недостасуваат 24 часа по природните и општествените предмети, заедно со укинувањето на предметот иновации. Тоа е клучно, вели Гиевски.

Претседателот на Конфедерацијата на синдикални организации на Македонија Марјан Ристески, пак, истакна дека кревањето на галсот на просветните работници е показател дека, како што рече, нешто не е во ред во државата.

Владата свесно бега, требаше да ни достави некоја методологија колкв ќе биде процентот на платите и како ќе се пресметуваат. Зошто сакаат да купуваат време не знам, меѓутоа трпението на граѓаните е при крај, рече Ристески.

Според него, доколку се донесат законските измени во Собранието поврзани со коридорите ќе се види гневот на работниците.

За брзо време ќе се направи еден масовен протест, најави Ристески.

The post Со спојување на предметите во рок од пет години ќе се изгуби едно работно место во две училишта, кажаа на протестот од Независниот синдикат за образование и наука appeared first on Република.

]]>

Независниот синдикат за образование и НСОН денеска во Скопје одржаа протест, како што нагласија, во интерес на правата на просветните работници и побараа да не се спојуваат наставните предмети и да се почитуваат колективните договори. Протестот започна напладне од Жена парк, а учесниците пешачеа до зградата на Министерството за образование и наука, каде одржаа говори. Првите луѓе на синдикатите рекоа дека го искажуваат своето незадоволство како резултат на недостаток на социјален дијалог, погазување на работничките права, погазување на достоинството на просветните работници, непочитување на законите и колективните договори. Тие најавија дека доколку нема слух и доколку не настанат радикални промени во скоро време од страна на МОН ќе повикаат на преземање порадикални чекори што подразбира организирање „обичен или бел штрајк“ во зависност од синдикалната поддршка. Членовите на синдикатот се незадоволни од најавите за спојување на повеќе наставни предмети Географија, Историја, Хемија, Физика, Биологија, Граѓанско образование, Етика, Информатика и Техничко образование. Ваква појава, според претседателот на Независниот синдикат за образование Томислав Гиевски, може да предизвика губење на дел од работните места, а истовремено го погазува професионалниот интегритет на работниците.
Географот се обучувал да предава географија, историчарот историја...Со ваквите промени просветните работници стануваат универзални, секој да биде соодветен за секој предмет да го предава. Тоа е исто како хирурзите да ги испратиме да гаснат пожар, а пожерникарите да ги испратиме да работат во некоја конфекција. Се погазува професионалноста, рече Гиевски.
Тие се незадоволни и од непочитувањето на колективните договори во секторот образование. Гиевски потенцира дека во секторот образование години наназад не се почитуваат колективните договори.