СПМ Archives - Република https://republika.mk/tema/spm/ За подобро да се разбереме Mon, 23 Sep 2024 13:18:00 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png СПМ Archives - Република https://republika.mk/tema/spm/ 32 32 СПМ бара повисоки плати за вработените во МВР https://republika.mk/vesti/makedonija/spm-bara-povisoki-plati-za-vrabotenite-vo-mvr/ Mon, 23 Sep 2024 13:18:00 +0000 https://republika.mk/?p=819022

Од Синдикат за полицијата на Македонија испратија барање за повисоки плати на вработените во Министерството за внатрешни работи, кое ви го пренесуваме во целост:

Почитувани членови на СПМ, вработени во Министерството за внатрешни работи

Ве известуваме дека СПМ во текот на изминатиот период правеше напори и поднесуваше барања, одржуваше средби и состаноци на синдикално ниво со повеќе институции и синдикати, а со крајна цел, остварување на подобри услови за работа на полициските службеници, а најважно и за повисоки плати.

Свесни сме, како Синдикат, но и како припадници на МВР, дека моменталната просечна плата која МВР ја исплаќа на полициските службеници е далеку од пристојна или нормална, односно истата е пониска од сите прифатливи стандарди за полициско работење во Балканот и во Европската унија.

Иако, во текот на месец август беше донесен ребаланс на буџетот и согласно објавите на веб сајтовите во Македонија сопственост на новински агенции, но и сопственост на државни институции, беше најавено дека ќе има повеќе пари за МВР, како Синдикат се надевавме, а и понатаму се надеваме дека долговетуваното, долгоочекуваното и долгонајавуваното покачување во износ од, не помалку 10-15% на септемвриската плата, ќе биде дадено од страна на власта.

Како СПМ напоменуваме дека, доколку и тие 10-15% бидат дадени во Октомври, сепак, нема ништо позначително да значат или да ја подобрат ситуацијата на полицискиот службеник, а ветуваме дека ќе настојуваме и ќе продолжиме да бараме покачувања сѐ додека не биде исполнето нашето барање 1 евро – 1 бод и тоа во разумен рок од страна на власта.

Доколку пак, повторно, како и многупати до сега во изминатите години, повторно бидеме сведоци на лажни ветувања и претходно ветеното покачување во висина од 10-15% на платата не биде исплатено, ќе преземаме натамошни мерки, согласно позитивните законски прописи, интензивно ќе бараме средби со функционерите, ќе одржуваме состаноци и интензивно ќе продолжиме со нашата синдикална борба за повисоки плати и подобри услови за полицискиот службеник во Република Македонија.

Се уште веруваме и сме убедени дека пари за повисоки плати има обезбедено во Буџетот на МВР и тоа ИТНО мора да се провери!

The post СПМ бара повисоки плати за вработените во МВР appeared first on Република.

]]>

Од Синдикат за полицијата на Македонија испратија барање за повисоки плати на вработените во Министерството за внатрешни работи, кое ви го пренесуваме во целост:   Почитувани членови на СПМ, вработени во Министерството за внатрешни работи Ве известуваме дека СПМ во текот на изминатиот период правеше напори и поднесуваше барања, одржуваше средби и состаноци на синдикално ниво со повеќе институции и синдикати, а со крајна цел, остварување на подобри услови за работа на полициските службеници, а најважно и за повисоки плати. Свесни сме, како Синдикат, но и како припадници на МВР, дека моменталната просечна плата која МВР ја исплаќа на полициските службеници е далеку од пристојна или нормална, односно истата е пониска од сите прифатливи стандарди за полициско работење во Балканот и во Европската унија. Иако, во текот на месец август беше донесен ребаланс на буџетот и согласно објавите на веб сајтовите во Македонија сопственост на новински агенции, но и сопственост на државни институции, беше најавено дека ќе има повеќе пари за МВР, како Синдикат се надевавме, а и понатаму се надеваме дека долговетуваното, долгоочекуваното и долгонајавуваното покачување во износ од, не помалку 10-15% на септемвриската плата, ќе биде дадено од страна на власта. Како СПМ напоменуваме дека, доколку и тие 10-15% бидат дадени во Октомври, сепак, нема ништо позначително да значат или да ја подобрат ситуацијата на полицискиот службеник, а ветуваме дека ќе настојуваме и ќе продолжиме да бараме покачувања сѐ додека не биде исполнето нашето барање 1 евро – 1 бод и тоа во разумен рок од страна на власта. Доколку пак, повторно, како и многупати до сега во изминатите години, повторно бидеме сведоци на лажни ветувања и претходно ветеното покачување во висина од 10-15% на платата не биде исплатено, ќе преземаме натамошни мерки, согласно позитивните законски прописи, интензивно ќе бараме средби со функционерите, ќе одржуваме состаноци и интензивно ќе продолжиме со нашата синдикална борба за повисоки плати и подобри услови за полицискиот службеник во Република Македонија. Се уште веруваме и сме убедени дека пари за повисоки плати има обезбедено во Буџетот на МВР и тоа ИТНО мора да се провери!

The post СПМ бара повисоки плати за вработените во МВР appeared first on Република.

]]>
СПМ: Неопходни се промени за изградба на независно, ефикасно и професионално судство и обвинителство https://republika.mk/vesti/makedonija/spm-neophodni-se-promeni-za-izgradba-na-nezavisno-efikasno-i-profesionalno-sudstvo-i-obvinitelstvo/ Tue, 30 Jul 2024 09:53:33 +0000 https://republika.mk/?p=801590

Социјалистичката партија на Македонија укажува дека оценките за владеењето на правото само ги потврдуваат негативните состојби во македонскиот правен и политички систем.

Неопходноста од промени во овие сегменти станува итна за да запрат негативните тенденции и нискиот рејтинг што е изграден кај граѓаните во Македонија.

Одредени иницијативи за промени кои се најавувани од претставници на власта се оценувани како недоволни од опозицијата и одредени странски претставници, но не се понудени решенија кои би значеле сериозна промена на овие значајни сегменти на власта.

Социјалистичката партија на Македонија истакнува дека македонскиот полтички систем мора да изгради конзистентни решенија и да го обликува владеењето на правото според европските стандарди и принципи. Барањато да нема промени во постојните институционални решенија всушност е задржување на статус кво што води кон натамошно слабеење на судската власт и дерогирање на целокупниот политички систем во државата.Неопходни се промени за изградба на независно, ефикасно и професионално судство и обвинителство што бараат граѓаните и ЕУ.

Социјалистичката партија на Македонија укажува дека за криминалните активности и корупцијата од досегашното владеење на СДС и ДУИ неопходно е ефикасно обвинителство и независно судство што ќе значат системски промени кои граѓаните и ЕУ ги очекуваат, велат од Социјалистичката партија на Македонија.

The post СПМ: Неопходни се промени за изградба на независно, ефикасно и професионално судство и обвинителство appeared first on Република.

]]>

Социјалистичката партија на Македонија укажува дека оценките за владеењето на правото само ги потврдуваат негативните состојби во македонскиот правен и политички систем. Неопходноста од промени во овие сегменти станува итна за да запрат негативните тенденции и нискиот рејтинг што е изграден кај граѓаните во Македонија. Одредени иницијативи за промени кои се најавувани од претставници на власта се оценувани како недоволни од опозицијата и одредени странски претставници, но не се понудени решенија кои би значеле сериозна промена на овие значајни сегменти на власта. Социјалистичката партија на Македонија истакнува дека македонскиот полтички систем мора да изгради конзистентни решенија и да го обликува владеењето на правото според европските стандарди и принципи. Барањато да нема промени во постојните институционални решенија всушност е задржување на статус кво што води кон натамошно слабеење на судската власт и дерогирање на целокупниот политички систем во државата.Неопходни се промени за изградба на независно, ефикасно и професионално судство и обвинителство што бараат граѓаните и ЕУ. Социјалистичката партија на Македонија укажува дека за криминалните активности и корупцијата од досегашното владеење на СДС и ДУИ неопходно е ефикасно обвинителство и независно судство што ќе значат системски промени кои граѓаните и ЕУ ги очекуваат, велат од Социјалистичката партија на Македонија.

The post СПМ: Неопходни се промени за изградба на независно, ефикасно и професионално судство и обвинителство appeared first on Република.

]]>
Коцевски: Ако полицаецот е незадоволен, не може да сметаме на безбедна држава https://republika.mk/vesti/makedonija/kotsevski-ako-politsaetsot-e-nezadovolen-ne-mozhe-da-smetame-na-bezbedna-drzhava/ Thu, 27 Jun 2024 08:41:24 +0000 https://republika.mk/?p=791183

Вчерашната кривична пријава не е прва што Синдикатот ја има поднесено до ОЈО, а се однесува на повреда на правата од работен однос и на злоупотреба на службената положба. Имено, на работик за полесно кршење на работна дисциплина донесена е мерка отказ што не е според законот. Мене ми е посебно жал што претседателката на комисијата за жалби 90 отсто од поплаките ги решава против подносителите. Апелирам да почне да владее правото, да се покрене кривичен предлог и овие работи што се случуваат во МВР да престанат. Поранешниот министер против кого е поднесена кривичната пријава немаше никаква реакција, како што никогаш и немало. Ние реагиравме и кога потпиша две прерасределувања вон работното место кога користел боледување поради Ковид-19, вели Орце Коцевски од Синдикатот на полицијата во СТУДИО 10 на ТВ 24.

https://republika.mk/vesti/makedonija/se-mnozhat-nova-krivichna-prijava-protiv-oliver-spasovski/

Платите во полицијата не се добри и тоа може да се види от тоа што на последниот конкурс за вработување се пријавија само 1000 луѓе за 660 места. Основната плата на полицаец е 16.300 денари. Ако знаеме дека минималната плата е 22.500 денара излегува дека основната плата на полицаец е 100 евра пониска од минималната. Полицајците имаат и додатоци на плата и со нив изнесува околу 23-24 илјади денари. Просечната плата во Македонија е 41 илјада денари и срамота е да зборуваме за помала плата. Новиот министер Тошковски е првиот кој проговори за ниските плати во полицијата и тешката состојба, вели Коцевски.

Коцевски вели дека доаѓаат подобри денови за полицијата.

Ако полицаецот е незадоволен, не може да сметаме на безбедна држава, вели Коцевски.

The post Коцевски: Ако полицаецот е незадоволен, не може да сметаме на безбедна држава appeared first on Република.

Се множат: Нова кривична пријава против Оливер Спасовски https://republika.mk/vesti/makedonija/se-mnozhat-nova-krivichna-prijava-protiv-oliver-spasovski/ Wed, 26 Jun 2024 09:40:37 +0000 https://republika.mk/?p=790925

Синдикатот на полиција во Македонија до ОЈО Скопје поднесе кривична пријава против лицата О.С., во момент на сторување на кривичното дело министер за внатрешни работи, и Д.Ч. во моментов актуелна претседателка на Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен, заради основано сомнение за сторени две кривични дела – „повреда на право од работен однос“ и „злоупотреба на службена положба и овластување“.

По претходно спроведена постапка за утврдување на дисциплинска одговорност на работник во МВР за полесна повреда на кршење на работна дисциплина првопријавениот во својство на министер изготвил решение што во ниту еден случај не смеел да го изготви, а после тоа изготвил и решение со кое на работникот В.Р. и врачил отказ, изјави Орце Коцевски, претседател на Синдикатот на полиција во Македонија, на денешната прес-конференција пред ОЈО Скопје.

Второпријавената, пак, како што кажа, во својство на претседателка на Комисијата, решавајќи по приговор изготвила решение со кое приговорот по незаконското решение го одбила како неосновано.

Бараме ОЈО Скопје да ја земе во предвид оваа и сите наши претходни пријави, сериозно да ги разгледаат и веќе конечно да поведат постапка против наведените лица, односно да дадат обвинителен предлог и да почне да се спроведува правдата во Македонија, рече Коцевски.

Нагласи дека како синдикат во јавноста веќе две-три години зборуваат дека во последните неколку години во времето на владеење на поранешниот министер за внатрешни работи незаконски се издадени преку 25 илјади решенија.

Станува збор за преку 25 илјади решенија за распоредување од чие изготвување според официјалната пресметката е сторена штета на буџетот на МВР од преку 25 милиони евра. Се надевам дека ОЈО ќе има сериозна работа пред себе, сериозен предизвик и дека сета оваа работа вклучително и денешнава ќе излезе пред јавноста за многу брзо време, посочи Коцевски.

Од почетокот на годината синдикатот има поднесено повеќе кривични пријави против поранешниот министер, кој функцијата ја извршуваше долги години.

The post Се множат: Нова кривична пријава против Оливер Спасовски appeared first on Република.

Социјалистичка партија: Македонскиот народ на изборите со право ги казни овие предавници https://republika.mk/vesti/makedonija/sotsijalistichka-partija-makedonskiot-narod-na-izborite-so-pravo-gi-kazni-ovie-predavnitsi/ Fri, 17 May 2024 14:07:40 +0000 https://republika.mk/?p=779093

Социјалистичката партија на Македонија укажува на огромните последици што ги предизвикаа владите на СДС на чело со Заев и Ковачевски со уценувачките и предавнички договори и протоколи со соседите.

Со катастрофалните политики тие ја подредија државата и ги продадоа името, јазикот и Македонските идентитетски обележја за лични интереси.

Уцените и заканите што доаѓаат од првите луѓе на јужниот и источниот сосед на Македонија се срамните последици што ги трпат граѓаните и државата на својот европски пат од нејзини изроди и предавници.

Македонскиот народ на изборите со право ги казни овие предавници и нивните медиумски слуги кои се трудат да ги одбранат од срамот и навредите што им ги приредија на граѓаните.

Промените се случија и победничката Коалиција „Твоја Македонија“ охрабрена од народната воља ќе стори се што е можно за да ги отстрани штетните последици кои се долгорочни.

Социјалистичката партија на Македонија како национално и државнички определена партија и натаму принципиелно ќе се залага и ќе се бори за јанење на Македонските интереси и идентитетски обележја кои ги признава огромниот број држави во светот членки на ООН

The post Социјалистичка партија: Македонскиот народ на изборите со право ги казни овие предавници appeared first on Република.

]]>

Социјалистичката партија на Македонија укажува на огромните последици што ги предизвикаа владите на СДС на чело со Заев и Ковачевски со уценувачките и предавнички договори и протоколи со соседите. Со катастрофалните политики тие ја подредија државата и ги продадоа името, јазикот и Македонските идентитетски обележја за лични интереси. Уцените и заканите што доаѓаат од првите луѓе на јужниот и источниот сосед на Македонија се срамните последици што ги трпат граѓаните и државата на својот европски пат од нејзини изроди и предавници. Македонскиот народ на изборите со право ги казни овие предавници и нивните медиумски слуги кои се трудат да ги одбранат од срамот и навредите што им ги приредија на граѓаните. Промените се случија и победничката Коалиција „Твоја Македонија“ охрабрена од народната воља ќе стори се што е можно за да ги отстрани штетните последици кои се долгорочни. Социјалистичката партија на Македонија како национално и државнички определена партија и натаму принципиелно ќе се залага и ќе се бори за јанење на Македонските интереси и идентитетски обележја кои ги признава огромниот број држави во светот членки на ООН

The post Социјалистичка партија: Македонскиот народ на изборите со право ги казни овие предавници appeared first on Република.

]]>
СПМ: СДСМ со Заев и Ковачевски со катастрофалните политики ја доведоа државата во подредена состојба https://republika.mk/vesti/makedonija/spm-sdsm-so-zaev-i-kovachevski-so-katastrofalnite-politiki-ja-dovedoa-drzhavata-vo-podredena-sostojba/ Fri, 17 May 2024 08:49:37 +0000 https://republika.mk/?p=779092

Социјалистичката партија на Македонија укажува на огромните последици што ги предизвикаа владите на СДС на чело со Заев и Ковачевски со уценувачките и предавнички договори и протоколи со соседите. Со катастрофалните политики тие ја подредија државата и ги продадоа името, јазикот и Македонските идентитетски обележја за лични интереси, велат од СПМ.

Уцените и заканите што доаѓаат од првите луѓе на јужниот и источниот сосед на Македонија се срамните последици што ги трпат граѓаните и државата на својот европски пат од нејзини изроди и предавници. Македонскиот народ на изборите со право ги казни овие предавници и нивните медиумски слуги кои се трудат да ги одбранат од срамот и навредите што им ги приредија на граѓаните. Промените се случија и победничката Коалиција „Твоја Македонија“ охрабрена од народната воља ќе стори се што е можно за да ги отстрани штетните последици кои се долгорочни, се наведува во партиското соопштение.

Социјалистичката партија на Македонија како национално и државнички определена партија и натаму принципиелно ќе се залага и ќе се бори за јанење на Македонските интереси и идентитетски обележја кои ги признава огромниот број држави во светот членки на ООН, велат од СПМ.

The post СПМ: СДСМ со Заев и Ковачевски со катастрофалните политики ја доведоа државата во подредена состојба appeared first on Република.

]]>

Социјалистичката партија на Македонија укажува на огромните последици што ги предизвикаа владите на СДС на чело со Заев и Ковачевски со уценувачките и предавнички договори и протоколи со соседите. Со катастрофалните политики тие ја подредија државата и ги продадоа името, јазикот и Македонските идентитетски обележја за лични интереси, велат од СПМ. Уцените и заканите што доаѓаат од првите луѓе на јужниот и источниот сосед на Македонија се срамните последици што ги трпат граѓаните и државата на својот европски пат од нејзини изроди и предавници. Македонскиот народ на изборите со право ги казни овие предавници и нивните медиумски слуги кои се трудат да ги одбранат од срамот и навредите што им ги приредија на граѓаните. Промените се случија и победничката Коалиција „Твоја Македонија“ охрабрена од народната воља ќе стори се што е можно за да ги отстрани штетните последици кои се долгорочни, се наведува во партиското соопштение. Социјалистичката партија на Македонија како национално и државнички определена партија и натаму принципиелно ќе се залага и ќе се бори за јанење на Македонските интереси и идентитетски обележја кои ги признава огромниот број држави во светот членки на ООН, велат од СПМ.  

The post СПМ: СДСМ со Заев и Ковачевски со катастрофалните политики ја доведоа државата во подредена состојба appeared first on Република.

]]>
СПМ: Срамни се обидите на СДСМ да ги убедат граѓаните дека грешеле во првиот круг https://republika.mk/vesti/makedonija/spm-sramni-se-obidite-na-sdsm-da-gi-ubedat-graganite-deka-greshele-vo-prviot-krug/ Sun, 28 Apr 2024 10:45:50 +0000 https://republika.mk/?p=771885

Социјалистичката партија на Македонија цени дека обидите на СДС и ДУИ да го прогласат првиот изборен круг на претседателските избори како да не постои е безобразен и срамен начин за игнорирање на народната воља, велат во реакција од партијата, додавајќи дека предизборната кампања и реторика на власта е полна со црнила и клеветење на опозицијата со што сака да ја намали нејзината популарност кај народот.

За среќа умниот народ ги прочита СДС и ДУИ и резултите од претседателските избори го потврдуваат тоа, ги поразија со пенкало и со силна воља за промени.
Срамни се обидите на Ковачевски, Битиќи и сите околу нив да ги убедат граѓаните дека грешеле, ама може да се попраават, небаре Македонија е изборен експеримент каде овие лажговци може да си играат и да крадат.
Медиумските платеници во функција на СДС и ДУИ настојуваат да прикажат секакви фактори на влијание за поразот, но не и лошите политики, криминалот и корупцијата на власта која бара доверба за да продолжат „како до сега“, со секакви манипулации да ја погазат народната воља, велат од СПМ.

Социјалистичката партија на Македонија повикува на масовна излезност на 8 мај и гласање за Коалицијата „Твоја Македонија“ која, како што потенцираат, единствоено има сила и моќ за промени и за просперитет и развој на државата.

The post СПМ: Срамни се обидите на СДСМ да ги убедат граѓаните дека грешеле во првиот круг appeared first on Република.

]]>

Социјалистичката партија на Македонија цени дека обидите на СДС и ДУИ да го прогласат првиот изборен круг на претседателските избори како да не постои е безобразен и срамен начин за игнорирање на народната воља, велат во реакција од партијата, додавајќи дека предизборната кампања и реторика на власта е полна со црнила и клеветење на опозицијата со што сака да ја намали нејзината популарност кај народот.
За среќа умниот народ ги прочита СДС и ДУИ и резултите од претседателските избори го потврдуваат тоа, ги поразија со пенкало и со силна воља за промени. Срамни се обидите на Ковачевски, Битиќи и сите околу нив да ги убедат граѓаните дека грешеле, ама може да се попраават, небаре Македонија е изборен експеримент каде овие лажговци може да си играат и да крадат. Медиумските платеници во функција на СДС и ДУИ настојуваат да прикажат секакви фактори на влијание за поразот, но не и лошите политики, криминалот и корупцијата на власта која бара доверба за да продолжат „како до сега“, со секакви манипулации да ја погазат народната воља, велат од СПМ.
Социјалистичката партија на Македонија повикува на масовна излезност на 8 мај и гласање за Коалицијата „Твоја Македонија“ која, како што потенцираат, единствоено има сила и моќ за промени и за просперитет и развој на државата.  

The post СПМ: Срамни се обидите на СДСМ да ги убедат граѓаните дека грешеле во првиот круг appeared first on Република.

]]>
СПМ: Ковачевски промовира бомбастични елементи без програма со цел да привлече гласачи https://republika.mk/vesti/spm-kovachevski-promovira-bombastichni-elementi-bez-programa-so-tsel-da-privleche-glasachi/ Sun, 21 Apr 2024 11:01:11 +0000 https://republika.mk/?p=768807

Социјалистичката партија на Македонија (СПМ) оценува дека Димитар Ковачевски си промовира бомбастични елементи без програма со цел да привле гласачи.

Тој ветува се и сешто, па и членство во ЕУ за 4 години, иако преговорите не се почнати.

Но, Ковачевски ветува и претварање на електроенергетскиот систем во акционерски и подделба на акциите на сите полнолетни граѓани, но не кажува дека дел од тој енергетски систем кајо бомбона бизнис е одамна продаден на ЕВН.

За глупавото ветување да биде поголемо и да не се открие перфидната измама што ја смислиле, не го открива сопственикот на 51% од акциите, велат од СПМ.

Од партијата додаваат дека Ковачевски го признава тоа што секому е јасно за компаниската нетранспаретност, за превработеноста и ниската ефикаснот во работењето и нерентабилноста.

Моделот за проценка на капиталот и за поделба на акции го нема ама има големи ветувања како шарена лага. Најавува дека граѓаните ќе добиваат дивиденда од компании кои сега работат со загуби.

Убаво ветување од неук за неуки.

Компании кои се пред затварање, чиј технолошки век е поминат сега ќе се поделуваат без експертиза и проценка колку вредат и колкава ќе биде вредноста на акциите.

До гуша во криминал заглавениот СДС претходно ги приватизира најдобрите комапнии по еден поранешен модел, па откако ги ограби работниците и ги претвори во технолошки вишок сега повторно им дава измислена надеж со лажни бескрајни ветувања, без реална основа. По втор пат сака на ист начин да изврши грабеж.

Неговата понуда е избор помеѓу лажна надеж, или лага, и безнадежност, или уште поголема лага. Ковачевски со ваквите настапи очекува победа на агентот од службите, променливиот Стево Пендаровски и на кандидатите на СДС за да продолжат со криминалот, крадењето и корупцијата, како до сега и без крај, велат од СПМ.

Социјалистичката партија на Македонија укажува дека доста се ваквите празни зборови на човек кој не е избран на избори и не ги знае очекувањата на граѓаните.

Затоа на изборите мора да победи надежта што ја носи Коалицијата „Твоја Македонија“ со јасна програма и визија каде да се движи и развива Македонија, велат од СПМ.

The post СПМ: Ковачевски промовира бомбастични елементи без програма со цел да привлече гласачи appeared first on Република.

]]>

Социјалистичката партија на Македонија (СПМ) оценува дека Димитар Ковачевски си промовира бомбастични елементи без програма со цел да привле гласачи.
Тој ветува се и сешто, па и членство во ЕУ за 4 години, иако преговорите не се почнати.   Но, Ковачевски ветува и претварање на електроенергетскиот систем во акционерски и подделба на акциите на сите полнолетни граѓани, но не кажува дека дел од тој енергетски систем кајо бомбона бизнис е одамна продаден на ЕВН.   За глупавото ветување да биде поголемо и да не се открие перфидната измама што ја смислиле, не го открива сопственикот на 51% од акциите, велат од СПМ.
Од партијата додаваат дека Ковачевски го признава тоа што секому е јасно за компаниската нетранспаретност, за превработеноста и ниската ефикаснот во работењето и нерентабилноста.
Моделот за проценка на капиталот и за поделба на акции го нема ама има големи ветувања како шарена лага. Најавува дека граѓаните ќе добиваат дивиденда од компании кои сега работат со загуби.   Убаво ветување од неук за неуки.   Компании кои се пред затварање, чиј технолошки век е поминат сега ќе се поделуваат без експертиза и проценка колку вредат и колкава ќе биде вредноста на акциите.   До гуша во криминал заглавениот СДС претходно ги приватизира најдобрите комапнии по еден поранешен модел, па откако ги ограби работниците и ги претвори во технолошки вишок сега повторно им дава измислена надеж со лажни бескрајни ветувања, без реална основа. По втор пат сака на ист начин да изврши грабеж.   Неговата понуда е избор помеѓу лажна надеж, или лага, и безнадежност, или уште поголема лага. Ковачевски со ваквите настапи очекува победа на агентот од службите, променливиот Стево Пендаровски и на кандидатите на СДС за да продолжат со криминалот, крадењето и корупцијата, како до сега и без крај, велат од СПМ.
Социјалистичката партија на Македонија укажува дека доста се ваквите празни зборови на човек кој не е избран на избори и не ги знае очекувањата на граѓаните.
Затоа на изборите мора да победи надежта што ја носи Коалицијата „Твоја Македонија“ со јасна програма и визија каде да се движи и развива Македонија, велат од СПМ.

The post СПМ: Ковачевски промовира бомбастични елементи без програма со цел да привлече гласачи appeared first on Република.

]]>
Османи активно смислува идеи како да ѝ наштетни на државата и на Македонците https://republika.mk/vesti/makedonija/osmani-aktivno-smisluva-idei-kako-da-nashtetni-na-drzhavata-i-na-makedontsite/ Tue, 16 Apr 2024 09:01:39 +0000 https://republika.mk/?p=766592

Социјалистичката партија на Македонија оценува дека кандидатот за претседател и актуелен министер за надворешни работи Бујар Османи е постојано активен во смислувањето идеи како да ѝ наштети на државата.

Свесен дека е на заминување и веројатно никогаш нема да може да биде на функцијата што ја врши, Османи предлага промени кои се неприфатливи и непристојни. Неговите напори за напуштање на процесот Отворен Балкан за да немало влијание од соседите врз Македонија е целосно спротивставување на интересите на државите, бизнисот и на граѓаните од регионот. Османи заедно со СДС направија многу за рушење на угледот на Македонија на меѓународен план, реагираат од СПМ.

https://republika.mk/vesti/makedonija/osmani-na-sednitsa-na-vladata-ke-predlozham-izleguvane-od-otvoren-balkan/

Според нив, наместо поврзување - Османи се залага за подредување на Македонија под други држави и за формирање на бордови како надворешни институции кои ќе бидат управувачи и губернатори со државата.

Заслугата на Османи е што го зајакна антимакедонизмот кај бугарската политичка елита и ги сруши мостовите меѓу соседни народи. Ги прифаќа бугарските империјални уцени и лажно ветува дека Уставот ќе се смени за да се формира нова влада после изборите што е надвор од здравиот разум. Непознавањето на надворешната политка овој залутан абдоминален хируг го прави целосно несоодветен и погрешен избор за функцијата што ја врши. Служејќи на разни геополитички интереси, а против македонските, Османи станува уште повеќе недораснат за функцијата претседател за која конкурура со смешни тези и предлози. Социјалистичката партија на Македонија со индигнација ги отфрла целосно погрешните идеи на Османи и им укажува на граѓаните дека гласови за него се гласови за криминалната банда на СДС и ДУИ и нивно натамошно тоталитарно владеење „како и до сега“, велат од СПМ и нагласуваат дека единствено решение е избор на кандидатите на Коалицијата „Твоја Македонија“ кои се вистински застапници и бранители на македонските интереси.

The post Османи активно смислува идеи како да ѝ наштетни на државата и на Македонците appeared first on Република.

]]>

Социјалистичката партија на Македонија оценува дека кандидатот за претседател и актуелен министер за надворешни работи Бујар Османи е постојано активен во смислувањето идеи како да ѝ наштети на државата.
Свесен дека е на заминување и веројатно никогаш нема да може да биде на функцијата што ја врши, Османи предлага промени кои се неприфатливи и непристојни. Неговите напори за напуштање на процесот Отворен Балкан за да немало влијание од соседите врз Македонија е целосно спротивставување на интересите на државите, бизнисот и на граѓаните од регионот. Османи заедно со СДС направија многу за рушење на угледот на Македонија на меѓународен план, реагираат од СПМ.
https://republika.mk/vesti/makedonija/osmani-na-sednitsa-na-vladata-ke-predlozham-izleguvane-od-otvoren-balkan/ Според нив, наместо поврзување - Османи се залага за подредување на Македонија под други држави и за формирање на бордови како надворешни институции кои ќе бидат управувачи и губернатори со државата.
Заслугата на Османи е што го зајакна антимакедонизмот кај бугарската политичка елита и ги сруши мостовите меѓу соседни народи. Ги прифаќа бугарските империјални уцени и лажно ветува дека Уставот ќе се смени за да се формира нова влада после изборите што е надвор од здравиот разум. Непознавањето на надворешната политка овој залутан абдоминален хируг го прави целосно несоодветен и погрешен избор за функцијата што ја врши. Служејќи на разни геополитички интереси, а против македонските, Османи станува уште повеќе недораснат за функцијата претседател за која конкурура со смешни тези и предлози. Социјалистичката партија на Македонија со индигнација ги отфрла целосно погрешните идеи на Османи и им укажува на граѓаните дека гласови за него се гласови за криминалната банда на СДС и ДУИ и нивно натамошно тоталитарно владеење „како и до сега“, велат од СПМ и нагласуваат дека единствено решение е избор на кандидатите на Коалицијата „Твоја Македонија“ кои се вистински застапници и бранители на македонските интереси.

The post Османи активно смислува идеи како да ѝ наштетни на државата и на Македонците appeared first on Република.

]]>
СПМ: Настапите на Пендаровски во тековната кампања се зајадливи, некреативни и несоодветни https://republika.mk/vesti/makedonija/spm-nastapite-na-pendarovski-vo-tekovnata-kampana-se-zajadlivi-nekreativni-i-nesoodvetni/ Thu, 11 Apr 2024 08:27:00 +0000 https://republika.mk/?p=764831

Социјалистичката партија на Македонија ги оценува настапите на кандидатот за претседател Стево Пендаровски во тековната кампања како зајадливи, некреативни и несоодветни.

Наместо да нуди програми и правци за развој на државата, велат од партијата, Пендаровски си дебатира за маргинални нешта сведени на обични малограѓански теми.

Сè друго кај него е да се каже нешто и да се остане на слоганот „како до сега“ зошто инвентивноста е загубена и нема нови понуди. Оттаму кавадаречкото оро претставува врв во неговата немоќ да се обрати на граѓаните со дилжна сериозност и почит. Немањето на капацитет и иницијативност го прави Пендаровски подреден под желбите за крадење и корупција на СДС, неговиот ментор, кои дури не го кријат тоа, а бараат мандат од граѓаните. Во односите со други држави тој ја покажува својата подреденост и со тоа ги намалува можностите на Македонија ја меѓународна афирмација и евроинтеграција, велат од СПМ.

Од СПМ потенцираат дека наместо фер плеј и почитување во меѓусебниот натпревар на кандидатите за претседател, Пендаровски го спушта нивото на дебата и со тоа ги покажува манирите кои не треба да ги има еден претседател.

Социјалистичката партија на Македонија укажува дека непочитувањето на другите, незнаењето и менување на ставовите го прави Пендаровски несоодветен за функцијата и улогата што ја бара.

Затоа СПМ истакнува дека треба да се избере кандидатката на Коалицијата „Твоја Македонија“ проф. д-р Горана Силјановска Давкова која единствено има капацитет и знаење за успешен претседател на Македонија, реагираат од СПМ.

The post СПМ: Настапите на Пендаровски во тековната кампања се зајадливи, некреативни и несоодветни appeared first on Република.

]]>

Социјалистичката партија на Македонија ги оценува настапите на кандидатот за претседател Стево Пендаровски во тековната кампања како зајадливи, некреативни и несоодветни. Наместо да нуди програми и правци за развој на државата, велат од партијата, Пендаровски си дебатира за маргинални нешта сведени на обични малограѓански теми.
Сè друго кај него е да се каже нешто и да се остане на слоганот „како до сега“ зошто инвентивноста е загубена и нема нови понуди. Оттаму кавадаречкото оро претставува врв во неговата немоќ да се обрати на граѓаните со дилжна сериозност и почит. Немањето на капацитет и иницијативност го прави Пендаровски подреден под желбите за крадење и корупција на СДС, неговиот ментор, кои дури не го кријат тоа, а бараат мандат од граѓаните. Во односите со други држави тој ја покажува својата подреденост и со тоа ги намалува можностите на Македонија ја меѓународна афирмација и евроинтеграција, велат од СПМ.
Од СПМ потенцираат дека наместо фер плеј и почитување во меѓусебниот натпревар на кандидатите за претседател, Пендаровски го спушта нивото на дебата и со тоа ги покажува манирите кои не треба да ги има еден претседател. Социјалистичката партија на Македонија укажува дека непочитувањето на другите, незнаењето и менување на ставовите го прави Пендаровски несоодветен за функцијата и улогата што ја бара.
Затоа СПМ истакнува дека треба да се избере кандидатката на Коалицијата „Твоја Македонија“ проф. д-р Горана Силјановска Давкова која единствено има капацитет и знаење за успешен претседател на Македонија, реагираат од СПМ.
 
The post СПМ: Настапите на Пендаровски во тековната кампања се зајадливи, некреативни и несоодветни appeared first on Република.

]]>
Ковачевски признава дека водел штетни политики, барањето нов мандат од граѓаните е дрскост https://republika.mk/vesti/makedonija/kovachevski-priznava-deka-vodel-shtetni-politiki-baraneto-nov-mandat-od-graganite-e-drskost-2/ Tue, 09 Apr 2024 15:46:56 +0000 https://republika.mk/?p=764215

Социјалистичката партија на Македонија не е изненадена од чудната изјава на претседателот на СДС Ковачевски дека е лично одговорен за сите неуспеси и успеси на владата во неговиот двегодишен мандат.
Ковачевски јавно признава дека лично водел погрешни политики и дека предизвикал неуспеси и со тоа штети на државата и народот што е општо познат факт.
Со вквото признание тој сака да ја лоцира вината кај себе за да покаже дека СДС и ДУИ се безгрешни. Тој не очекува Јавното обвинителство да дејствува по допрен глас зошто знае дека е под негова контрола.
Кога Ковачевски признава дека водел штетни политики, барањето нов мандат од граѓаните е дрскост и безобразие од личност која нема скрупули и морален кредибилитет да води држава и кој никогаш не учествувал на избори.
Криминалот и корупцијата се признание на владата на СДС и ДУИ предводена од Ковачевски со што го наруши угледот на државата и ја подреди под други фактори. Тие се кочничари на процесот за членство во ЕУ.

Социјалистичката партија на Македонија укажува дека изборите се можност за промени и секој кој јавно признава вина и грешни политики мора да одговара за тоа, а особено за штетата и злоупотебите кои се направени. Затоа на изборите мора да се изберат чесни и креативни кадри кои знаат да ја водат државата на европскиот пат и напредок, велат од СПМ.

The post Ковачевски признава дека водел штетни политики, барањето нов мандат од граѓаните е дрскост appeared first on Република.

]]>

Социјалистичката партија на Македонија не е изненадена од чудната изјава на претседателот на СДС Ковачевски дека е лично одговорен за сите неуспеси и успеси на владата во неговиот двегодишен мандат. Ковачевски јавно признава дека лично водел погрешни политики и дека предизвикал неуспеси и со тоа штети на државата и народот што е општо познат факт. Со вквото признание тој сака да ја лоцира вината кај себе за да покаже дека СДС и ДУИ се безгрешни. Тој не очекува Јавното обвинителство да дејствува по допрен глас зошто знае дека е под негова контрола. Кога Ковачевски признава дека водел штетни политики, барањето нов мандат од граѓаните е дрскост и безобразие од личност која нема скрупули и морален кредибилитет да води држава и кој никогаш не учествувал на избори. Криминалот и корупцијата се признание на владата на СДС и ДУИ предводена од Ковачевски со што го наруши угледот на државата и ја подреди под други фактори. Тие се кочничари на процесот за членство во ЕУ. Социјалистичката партија на Македонија укажува дека изборите се можност за промени и секој кој јавно признава вина и грешни политики мора да одговара за тоа, а особено за штетата и злоупотебите кои се направени. Затоа на изборите мора да се изберат чесни и креативни кадри кои знаат да ја водат државата на европскиот пат и напредок, велат од СПМ.

The post Ковачевски признава дека водел штетни политики, барањето нов мандат од граѓаните е дрскост appeared first on Република.

]]>
Ковачевски признава дека водел штетни политики, барањето нов мандат од граѓаните е дрскост https://republika.mk/vesti/makedonija/kovachevski-priznava-deka-vodel-shtetni-politiki-baraneto-nov-mandat-od-graganite-e-drskost/ Tue, 09 Apr 2024 10:22:55 +0000 https://republika.mk/?p=764200

Социјалистичката партија на Македонија не е изнендадена од чудната изјава на претседателот на СДС Ковачевски дека е лично одговорен за сите неуспеси и успеси на владата во неговиот двегодишен мандат. Ковачевски јавно признава дека лично водел погрешни политики и дека предизвикал неуспеси и со тоа штети на државата и народот што е општо познат факт, велат од СПМ.

-Со вквото признание тој сака да ја лоцира вината кај себе за да покаже дека СДС и ДУИ се безгрешни. Тој не очекува Јавното обвинителство да дејствува по допрен глас зошто знае дека е под негова контрола.

Кога Ковачевски признава дека водел штетни политики, барањето нов мандат од граѓаните е дрскост и безобразие од личност која нема скрупули и морален кредибилитет да води држава и кој никогаш не учествувал на избори.

Криминалот и корупцијата се признание на владата на СДС и ДУИ предводена од Ковачевски со што го наруши угледот на државата и ја подреди под други фактори. Тие се кочничари на процесот за членство во ЕУ.

Социјалистичката партија на Македонија укажува дека изборите се можност за промени и секој кој јавно признава вина и грешни политики мора да одговара за тоа, а особено за штетата и злоупотебите кои се направени. Затоа на изборите мора да се изберат чесни и креативни кадри кои знаат да ја водат државата на европскиот пат и напредок, додаваат од Социјалистичка партија на Македонија.

The post Ковачевски признава дека водел штетни политики, барањето нов мандат од граѓаните е дрскост appeared first on Република.

]]>

Социјалистичката партија на Македонија не е изнендадена од чудната изјава на претседателот на СДС Ковачевски дека е лично одговорен за сите неуспеси и успеси на владата во неговиот двегодишен мандат. Ковачевски јавно признава дека лично водел погрешни политики и дека предизвикал неуспеси и со тоа штети на државата и народот што е општо познат факт, велат од СПМ. -Со вквото признание тој сака да ја лоцира вината кај себе за да покаже дека СДС и ДУИ се безгрешни. Тој не очекува Јавното обвинителство да дејствува по допрен глас зошто знае дека е под негова контрола. Кога Ковачевски признава дека водел штетни политики, барањето нов мандат од граѓаните е дрскост и безобразие од личност која нема скрупули и морален кредибилитет да води држава и кој никогаш не учествувал на избори. Криминалот и корупцијата се признание на владата на СДС и ДУИ предводена од Ковачевски со што го наруши угледот на државата и ја подреди под други фактори. Тие се кочничари на процесот за членство во ЕУ. Социјалистичката партија на Македонија укажува дека изборите се можност за промени и секој кој јавно признава вина и грешни политики мора да одговара за тоа, а особено за штетата и злоупотебите кои се направени. Затоа на изборите мора да се изберат чесни и креативни кадри кои знаат да ја водат државата на европскиот пат и напредок, додаваат од Социјалистичка партија на Македонија.  

The post Ковачевски признава дека водел штетни политики, барањето нов мандат од граѓаните е дрскост appeared first on Република.

]]>
Синдикатот на полицијата поднесе кривична против началник од Делчево https://republika.mk/vesti/makedonija/sindikatot-na-politsijata-podnese-krivichna-protiv-nachalnik-od-delchevo/ Thu, 28 Mar 2024 10:21:12 +0000 https://republika.mk/?p=759685

Синдикат на Македонска Полиција (СМП) до ОЈО за ГОКК Скопје поднесе кривична пријава против лицето В.С од Делчево - Началник на одделение во организациска единица при Регионален Центар за Гранични Работи Исток а кој во периодот на сторување на казненото дело бил назначен и ангажиран како „Заменик претседател на комисија за утврдување на дисциплинска одоговорност во ОГРМ, РЦ за ГР Север и РЦ з ГР Исток” и Членовите на комисијата, заради постоење на основано сомнение дека сториле кривично дело несовесно работење во службата казниво по чл.353-в од Кривичниот законик.

Имено, во деновите 06.12.2022г, 28.02.2023г, 29.08.2023г и 01.09.2023г, во четири последователни наврати, првопријавениот, во својство на овластено службено лице - Заменик претседател на комисија за утврдување на дисциплинска одговорност во ОГРМ, РЦ за ГР Север и РЦ за ГР Исток, организирал закажување и одржување на дисциплински расправи за предмети со извршени  „фингирани повреди” од како наводно сторени на денови а во кои работник и синдикален претставник, воопшто и не бил на работното место односно при неговото користење на (Одмор) оправдано отсуство од работа, од страна на В.С е извршено грубо незаконско и недозволено вмешување во работата на Синдикат, со тоа што истиот постапил од интерес за остварување на  некаква  корист, кога им удоволил остварување  (приватен интерес) на две физички лица - Министер за внатрешни работи (Оливер Спасовски) и на лицето О.К синдикален претставник/претседател на СПМ, со тоа што овозможил да со невистинити наводи се изврши незаконита постапка при ненадлежност за утврдување на институтите  „Навреда и Клевета” со кое извршил класична и еклатантна злоупотреба на службена положба и овластување при вршењето на работи кога: Истиот извршил повреда на законските прописи и пропуштање на должниот надзор за  прибавување на корист за себе и друг, и со употреба  на дискреционо  овластување преку потешко повредување на  правата  за очигледна  намера  прибавување на корист  со  нанесување  штета на друг - спротивно на чл. 67 ст 1 од Законот за спречување на корупција и судирот на интереси (Сл весник на РМ,12/2019), велат од СПМ.

Со ова, потенцираат од СПМ, пријавениот заменик претседател на комисија грубо ја прекршил, односно намерно не ја испочитувал императивната законска обврска за должно пријавување на приватен интерес - стипулирана во чл. 73 од цитираниот ЗСКСИ (2019), како антикорупциски  lex specialis,  па против  законски  се самопределил во месно стварно надлежен  орган  за утврдување на одоговорност за наводно изнесени некакви навреди од страна на (синдикален претставник) - на начин  со постирање на изјави (укажување на незаконско и непрофесионално постапување) преку  социјални мрежи и за кое пријавениот  превземал дејствија од утврдување на нанесена  штета на честа и угледот на физичко и правно лице  од  институтите “Навреда и Клевета” спротивно на чл. 21 од Законот за граѓанска одоговорност за навреда и клевета.

Првопријавениот  заедно со второ пријавените - членовите на комисијата со цел да го остварат интересот за себе извршиле упишување на службено патување за (дневници) и прекувремени  работни часови  со цел  да се стекнат со материјална корист овозможувајќи си додатоци кои ги пријавиле за исплата на повисока плата, за што  пријавените свесно и го пропуштиле должниот надзор. Истовремено, со ова неморално, непрофесионално и незаконито  дејствие кое го превземале  првопријавениот и второ пријавените , иако неможеле и несмееле да го превземат - тие  го повредиле  обрзувачкиот чл 7 од ЗВР - Начело на законитост (Работниците во Министерството) ги вршат работите и работните задачи во согласност со Уставот на Република Македонија, закон, други прописи донесени врз основа на закон и меѓународните договори ратификувани во согласност со Уставот на Република Македонија), чл.4 ст.6 од Етичкиот Кодекс за Однесување на Работниците во МВР - (Постапување согласно овластувањата и статусот). како и чл.7 од ЕКОР во МВР, при постапување во конкретни предмети и донесување на конкретни одлуки работниците не се раководат  од погрешна, неправилна  и неразумна оцена на фактичката состојба заради предрасуди, остварување на амбиции за напредување во кариерата, судир на интереси, закани од претпоставените работници или лицата кои се засегнати во конретниот случај), велат од СПМ.

Потенцираат дека пријавените, иако знаеле односно морале да знаат дека заедно превземаат  незаконити  дејствија од недозволено изигрување на правните прописи  со примена и употреба на Упатство  за начинот на користење на социјалните мрежи од страна на работниците во МВР, кое што нема стекнато правноважечки статус, а кое  воопшто не ги содржи потребните правни елементи што треба еден акт да го направат пропис и кој не е објавен во службеното  гласило  на Службен весник на Република Македонија, со вака преземените дејствија,  свесно постапувајќи на штета на министерството, интересите на службата и нејзиното правилно исполнување ги супституирале со интересите на трети лица.

Сите пријавени организирано постапиле во спротивно  од  совесно должно  постапување, со тоа што истите иако месно стварно ненадлежни  се ставиле во улога на надлежен суд за да утврдуваат наводно нанесена штета по” Углед на физичко и правно лице” и кога  првопријавениот ја искористил функцијата со вршење на влијание за  местење на исходи  од цел изрекување на ПАРИЧНИ КАЗНИ и тоа повеќекратно од 4 (пати) во ист  предложен износ од минус  15% од последна исплатена месечна нето плата во траење од 6 (шест) месеци, со што и сакано на оштетениот полициски службеник и синдикален претставник -Д.С злонамерно му е предизвикана и нанесена  материјална штета во вкупна висина од околу 100.000 денари, како и друга нематеријална штета. Во однос на вршењето на злоупотреби на службени положби и овластувања во МВР за попречување и кршење на работните права, сакаме да потсетиме дека во периодот од 2017г до 2023г највисокото раководство со иницирање во овој период  на  предизвикување тужби, од буџетот на РМ се исплатени надоместоци на штети  по разни основи во висина од над 22 милиони евра, велат од СПМ.

СМП ја повикува внатрешната конторола на МВР непристрасно да го истражи наведеното  и  откако ќе ја утврди фактичката состојба против посочените да превземе соодветни мерки за изрекување на  најстроги санкции.

The post Синдикатот на полицијата поднесе кривична против началник од Делчево appeared first on Република.

Синдикатот на полицијата поднесе кривична пријава против командир на полициска станица Крушево https://republika.mk/vesti/crna-hronika/sindikatot-na-politsijata-podnese-krivichna-prijava-protiv-komandir-na-politsiska-stanitsa-krushevo/ Sun, 24 Mar 2024 13:21:59 +0000 https://republika.mk/?p=758135

Синдикатот на Полиција во Македонија (СПМ) до Основното јавно обвинителство Прилеп поднесе кривична пријава против лицето Н. Б., кој во моментот на сторување на делото бил работно ангажиран како командир на ПС ОН Крушево, заради постоење на основано сомнение дека е сторител на кривично дело “лажно пријавување на кривично дело“ по член 366 од Кривичниот законик.

Како што наведуваат од синдикатот, постои основано сомнение дека пријавениот Н.Б во својство на службено лице – командир на ПС ОН Крушево, во времето на вршење на служба, пријавил кривично дело „Оддавање на службена тајна“, за кое воопшто немало ниту едно битие дека е сторено.

-Злоупотребувајќи ја службената положба како командир на ПС ОН Крушево на ден 20.03.2024 година, Н.Б. пријавил едно кривично дело „Оддавање на службена тајна“, иако знаел или требало да знае дека на ниту еден начин е сторено пријавеното дело, ниту пак има елементи и битија потребни за да биде сторено, а сето тоа го сторил на начин да стори штета на Синдикат на Полиција во Македонија. Бараме одговорност и од началникот на ОВР Крушево кој со пропуштање на должен надзор или на друг начин очигледно несовесно постапувале во вршењето на своите овластувања и должности, му дозволил на пријавениот лажно да пријави кривично дело, а притоа му нанел штета на правното лице Синдикат на Полиција во Македонија, стои во соопштението од СПМ.

Од синдикатот прашуваат како е возможно командир на полициска станица да нема елементарни основни познавања во полициското работење и сето тоа на штета на угледот на Министерството за внатрешни работи. Воедно, ја повикуваат внатрешната контрола во МВР, по допрен глас да го истражи наведеното и против посочениот раководител - командир да преземе мерки за негово разрешување од позицијата командир на ПС ОН Крушево.

https://www.youtube.com/watch?v=JdBPOkCuCug

The post Синдикатот на полицијата поднесе кривична пријава против командир на полициска станица Крушево appeared first on Република.

]]>

Синдикатот на Полиција во Македонија (СПМ) до Основното јавно обвинителство Прилеп поднесе кривична пријава против лицето Н. Б., кој во моментот на сторување на делото бил работно ангажиран како командир на ПС ОН Крушево, заради постоење на основано сомнение дека е сторител на кривично дело “лажно пријавување на кривично дело“ по член 366 од Кривичниот законик. Како што наведуваат од синдикатот, постои основано сомнение дека пријавениот Н.Б во својство на службено лице – командир на ПС ОН Крушево, во времето на вршење на служба, пријавил кривично дело „Оддавање на службена тајна“, за кое воопшто немало ниту едно битие дека е сторено. -Злоупотребувајќи ја службената положба како командир на ПС ОН Крушево на ден 20.03.2024 година, Н.Б. пријавил едно кривично дело „Оддавање на службена тајна“, иако знаел или требало да знае дека на ниту еден начин е сторено пријавеното дело, ниту пак има елементи и битија потребни за да биде сторено, а сето тоа го сторил на начин да стори штета на Синдикат на Полиција во Македонија. Бараме одговорност и од началникот на ОВР Крушево кој со пропуштање на должен надзор или на друг начин очигледно несовесно постапувале во вршењето на своите овластувања и должности, му дозволил на пријавениот лажно да пријави кривично дело, а притоа му нанел штета на правното лице Синдикат на Полиција во Македонија, стои во соопштението од СПМ. Од синдикатот прашуваат како е возможно командир на полициска станица да нема елементарни основни познавања во полициското работење и сето тоа на штета на угледот на Министерството за внатрешни работи. Воедно, ја повикуваат внатрешната контрола во МВР, по допрен глас да го истражи наведеното и против посочениот раководител - командир да преземе мерки за негово разрешување од позицијата командир на ПС ОН Крушево. https://www.youtube.com/watch?v=JdBPOkCuCug

The post Синдикатот на полицијата поднесе кривична пријава против командир на полициска станица Крушево appeared first on Република.

]]>
СПМ: Последниот податок за растот на БДП од 0.9 отсто ја покажува сета неуспешност на политиките на власта https://republika.mk/vesti/ekonomija/spm-posledniot-podatok-za-rastot-na-bdp-od-0-9-otsto-ja-pokazhuva-seta-neuspeshnost-na-politikite-na-vlasta/ Sun, 10 Mar 2024 12:28:22 +0000 https://republika.mk/?p=753281

Социјалистичката партија на Македонија оценува дека последниот податок за растот на бруто домашниот производ од 0.9% ја покажува сета неуспешност на политиките на власта на СДС и ДУИ.

Минималниот раст на БДП за цела 2023 година е рамен на статистичка грешка што значи економијата не само што не расте туку и сериозно назадува.

Лажни се фалбите на власта за високите плати и пензии кои инфлацијата ги обезвредни, а граѓаните живеаат се полошо во беда и сиромаштија.

СДС и ДУИ се претставуваат како партии за евроинтеграција, а всушност со економијата вршат дезинтеграција на економското ткиво на државата.

Коруптивните здрелки на власта пропаѓаат како и соништата за електричен автомобил, за автопатишта, за електоренергетски објекти и слични небулози.

Неспособната власт се потврдува како крајно дестабилизирачка и изолационистичка зошто во ЕУ таквите коруптивни зделки не поминуваат.

Уништувањето на се  што е Македонско што го прави власта на СДС и ДУИ мора да престане. Изборите се единствен шанса лажговците и криминалците да се отстранат и да им се покаже вистинското место на буништето на историјата.

The post СПМ: Последниот податок за растот на БДП од 0.9 отсто ја покажува сета неуспешност на политиките на власта appeared first on Република.

]]>

Социјалистичката партија на Македонија оценува дека последниот податок за растот на бруто домашниот производ од 0.9% ја покажува сета неуспешност на политиките на власта на СДС и ДУИ. Минималниот раст на БДП за цела 2023 година е рамен на статистичка грешка што значи економијата не само што не расте туку и сериозно назадува. Лажни се фалбите на власта за високите плати и пензии кои инфлацијата ги обезвредни, а граѓаните живеаат се полошо во беда и сиромаштија. СДС и ДУИ се претставуваат како партии за евроинтеграција, а всушност со економијата вршат дезинтеграција на економското ткиво на државата. Коруптивните здрелки на власта пропаѓаат како и соништата за електричен автомобил, за автопатишта, за електоренергетски објекти и слични небулози. Неспособната власт се потврдува како крајно дестабилизирачка и изолационистичка зошто во ЕУ таквите коруптивни зделки не поминуваат. Уништувањето на се  што е Македонско што го прави власта на СДС и ДУИ мора да престане. Изборите се единствен шанса лажговците и криминалците да се отстранат и да им се покаже вистинското место на буништето на историјата.

The post СПМ: Последниот податок за растот на БДП од 0.9 отсто ја покажува сета неуспешност на политиките на власта appeared first on Република.

]]>
СПМ: Се знае кој е одговорен, не може вработените да ја сносат одговорноста за хаосот со личните документи https://republika.mk/vesti/makedonija/spm-se-znae-koj-e-odgovoren-ne-mozhe-vrabotenite-da-ja-snosat-odgovornosta-za-haosot-so-lichnite-dokumenti/ Tue, 05 Mar 2024 10:51:33 +0000 https://republika.mk/?p=751427

Наметнатата состојба со личните документи на граѓаните сè уште претставува проблем за вработените во МВР. Очигледно некој се води кон тоа дека нашите колеги се одговорни за тоа. Или некој се трудел многу, тоа така да изгледа во моментов, велат од Синдикатot на полицијата во Македонија.

По неодамнешната реакција на Народниот Правобранител, се посочува „голем број на обработени и нераспределени лични документи кои се заглавени во лавиринтите на МВР, со што постои можност на некои граѓани да им се оневозможи и гласање на претстојните парламентарни и претседателски избори.” Бројката не е мала, станува збор за над 100.000 граѓани. Констатација директно насочена кон нашите колеги во секторот за граѓански работи-тој што го примил барањето е работник, тој што го процесуирал е работник, тој што го изработил е работник и тој што би требало да го издаде документот е повторно работник. По досегашните пракси, одговорноста ќе се бара кај некои од овие колеги. Но за нас тоа е неприфатливо и претставува само префрлена одговорност на некои повисоко рангирани структури, од кои некој дури сака да го префрли како проблем за идната Влада, давајќи му политичка конотација, што за нас како Синдикат нема никакво значење. За нас е симптоматично што некој тогаш сакаше да си ги испере гревовите со работниците во МВР, притоа не водејќи сметка дека тоа се потенцијални дисциплински и кривични постапки кои во ниту еден момент нема да бидат основани на факти. И претходно објавувавме и баравме наметнатите пракси да се заменат со законско и професионално работење, за да се знае каде има пропусти и недоследности, бидејќи таквите наметнати пракси наметнаа ваков проблем од кој се изродија уште повеќе проблеми. Но никој во МВР не сакаше ни да не послуша, ни да најде решение, а сега е очигледно веќе дека никој не се грижеше за нашите колеги нити пак да изнајде навремено решение, реагираат од СПМ.

Проблемот што се таложи со години и за кој поранешното раководство на МВР беше неспособно и неволно навреме да го реши, додаваат од СПМ, не може и не смее да се дозволи да падне на товар на најнискиот дел од хиерархијата - работниците кои ги спроведуваа нивните одлуки и наредби. Или во овој случај, пракси кои се косеа со законите и не доведоа сите нас во ваква состојба.

Точно е и се сложуваме дека одговорност мора да има. Но таа одговорност не може да биде строго насочена кон нашите колеги – најнискиот ешалон. Во полициската пракса, извршителот е последната алка на синџирот. Планирањето, подготовката и логистиката се неопходна претходница за да дојде до извршување. И за тоа од одговорните бараме одговорност!!! Да се најдат одговорните и да се спроведат пред лицето на правдата, но по Закон и Устав, а не со јавен линч пред толпа за на раат да си ја избркааат мувата од капата за хаосот со личните документи! И да, НИКОЈ НЕМА ПРАВО ДА ЗАБРАНИ ПРАВО НА ГРАЃАНИН ЗА ГО ОСТВАРИ СВОЕТО ГЛАСАЧКО ПРАВО. НИКОЈ! МОРА ДА ИМА ОДГОВОРНОСТ НА ОНИЕ КОИ ГО СТВОРИЈА ХАОСОТ СО ИЗДАВАЊЕТО НА ЛИЧНИ ДОКУМЕНТИ! По наша проценка ги има многу такви, но за жал се уште се кријат позади работникот и се уште го користат за своја лична корист. Мора да се стави крај на таквото нечовечко однесување и да се продолжи започнатиот процес на враќање на професионализмот во МВР! Ја повикуваме внатрешната контрола во најскоро време да го обелодени виновникот за целиот хаос створен во врска со личните документи на граѓаните! КРАЈНО ВРЕМЕ Е!!!, порачаа оттаму.

The post СПМ: Се знае кој е одговорен, не може вработените да ја сносат одговорноста за хаосот со личните документи appeared first on Република.

СПМ: Никој не го сака ниту ДУИ, ниту Груби за формирање влада https://republika.mk/vesti/makedonija/spm-nikoj-ne-go-saka-nitu-dui-nitu-grubi-za-formirane-vlada/ Tue, 20 Feb 2024 09:44:26 +0000 https://republika.mk/?p=746010

Социјалистичката партија на Македонија во барањето на Артан Груби гледа како на нова доза специфичен хумор од кујната во Речица. Доколку е сериозен со безобразното барање за носење на уставни измени по што би следело коалицирање на неговата партија ДУИ во формирањето на влада тогаш оправдана е загриженоста за неговата општа состојбата, се вели во соопштението на Социјалистите.

На Груби и на ДУИ им е јасно дека се веќе дел од мрачното минато на Македонија, како што им е совршено јасно дека доаѓа времето за нивната одговорност за сите криминални злодела и узурпации кои ги извршија врз македонските граѓани и држава.

Но, Груби на најпримитивен начин повторно гази врз граѓаните на Македонија, ги навредува и ги потценува со вакво барање за да се прифатат бугарските уцени. Со тоа тој потврдува дека ДУИ, самиот тој и апатридите од СДС се во директна спрега со великобугарската политика на Софија и се најодговорни за преговарачкиот пораз и блокадата на македонските евроинтеграции.

Затоа што Груби, ДУИ и приврзокот СДС немаат основно чувство за Македонците кои во огромен број се против бугарските уцени и не ги прифаќаат уставните измените.

Социјалистичката партија на Македонија и укажува на јавноста дека никој не го сака ниту ДУИ, ниту Груби за формирање влада.

Спротивно на тоа, токму тој самиот со неговата ДУИ отворено се нуди со лажна слика за проевропска ориентација што е една од веселите теми за засмејување. Под нивната матрица на кротко нудење со сурово уценување се крие пакосниот лик на дволичност, лицемерие и порив за грабеж и измама.

Времето работи против овие политички истрошени ликови и измамници, подеднакво како што времето работи за македонските граѓани, за осмомајската изборна победа, за новото освојување на слободата и враќањето на државата на народот.“ - се вели во соопштението на СПМ

The post СПМ: Никој не го сака ниту ДУИ, ниту Груби за формирање влада appeared first on Република.

СПМ: Ја поздравуваме преквалификацијата на Османи од министер во фотограф https://republika.mk/vesti/makedonija/spm-ja-pozdravuvame-prekvalifikatsijata-na-osmani-od-minister-vo-fotograf/ Mon, 19 Feb 2024 09:02:55 +0000 https://republika.mk/?p=745588

Социјалистичката партија на Македонија ја поздравува „преквалификацијата на Бујар Османи од министер во фотограф во базни станици во македонските конзулати и ја цени за посоодветна на неговите капацитети“.

Во неинвентивната и плагијат кампања „од Бујар, Тошковски не бива“ со најавата на можноста за патување со старите пасоши во одредени држави Османи се демантира самиот себеси дека за пасошите ништо не може да се смени. Незнаењето на овој министер е епско, исто како и менувањето ставови. Со незнаењето да искористи дипломатска нота за олеснување на положбата на македонските граѓаните во странство стана предмет за потсмев во регионот и пошироко, подеднакво на скандалозното присуство на македонскиот државен врв на конференцијата во Минхен. Лажењето е својствено за Османи подеднакво на неговата склоност кон манипулации и предизборни мешетарења. Заради неговото несовесно извршување на обврските и свесното изживување со граѓаните за него е општиот впечаток дека е еден од владините ликови кои работат за интересите на други држави, а против Македонија и нејзините граѓани, велат од СПМ.

The post СПМ: Ја поздравуваме преквалификацијата на Османи од министер во фотограф appeared first on Република.

Министерот Тошковски се сретна со претставници на полициските синдикати https://republika.mk/vesti/makedonija/ministerot-toshkovski-se-sretna-so-pretstavnitsi-na-politsiskite-sindikati/ Fri, 02 Feb 2024 12:32:05 +0000 https://republika.mk/?p=739707

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска остварил средби со раководствата на Македонскиот полициски синдикат, Независниот синдикат на полицијата и Синдикатот на полиција во Македонија, соопштија од МВР.

На средбите министерот Тошковски ја изразил својата отвореност за соработка со сите синдикати и посочил дека како министер има чесни и искрени намери за подобрување на работата на министерството во целост и во таа насока, се наведува во соопштението, ќе биде партнер на синдикатите со цел да се зајакне достоинството на полициските службеници кои треба да бидат сервис на граѓаните и гарант за безбедноста на државата.

- Од страна на министерот беше побарано од синдикатите во рамките на своите можности да помогнат во надминување на предизвиците поврзани со кризата која се појави во делот на издавање на лични документи, а од негова страна ќе бидат преземени сите мерки и активности во рамките на законските можности со цел обезбедување награда за оние вработени кои ќе изразат желба да помогнат во надминување на предизвиците поврзани со овој процес, се додава во соопштението од МВР.

Од страна на раководителите, министерот Тошковски бил запознаен со структурата и работата на синдикатите и била изразена благодарност за поканата за средба и подготвеност за соработка и воспоставување партнерски однос со министерот во насока на подобрување на условите и работата на министерството.

The post Министерот Тошковски се сретна со претставници на полициските синдикати appeared first on Република.

]]>

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска остварил средби со раководствата на Македонскиот полициски синдикат, Независниот синдикат на полицијата и Синдикатот на полиција во Македонија, соопштија од МВР. На средбите министерот Тошковски ја изразил својата отвореност за соработка со сите синдикати и посочил дека како министер има чесни и искрени намери за подобрување на работата на министерството во целост и во таа насока, се наведува во соопштението, ќе биде партнер на синдикатите со цел да се зајакне достоинството на полициските службеници кои треба да бидат сервис на граѓаните и гарант за безбедноста на државата. - Од страна на министерот беше побарано од синдикатите во рамките на своите можности да помогнат во надминување на предизвиците поврзани со кризата која се појави во делот на издавање на лични документи, а од негова страна ќе бидат преземени сите мерки и активности во рамките на законските можности со цел обезбедување награда за оние вработени кои ќе изразат желба да помогнат во надминување на предизвиците поврзани со овој процес, се додава во соопштението од МВР. Од страна на раководителите, министерот Тошковски бил запознаен со структурата и работата на синдикатите и била изразена благодарност за поканата за средба и подготвеност за соработка и воспоставување партнерски однос со министерот во насока на подобрување на условите и работата на министерството.

The post Министерот Тошковски се сретна со претставници на полициските синдикати appeared first on Република.

]]>
СПМ: СДСМ и ДУИ настојуваат сите незавршени работи да им ги остават на техничките министри од ВМРО-ДПМНЕ https://republika.mk/vesti/makedonija/spm-sdsm-i-dui-nastojuvaat-site-nezavrsheni-raboti-da-im-gi-ostavat-na-tehnichkite-ministri-od-vmro-dpmne/ Thu, 01 Feb 2024 11:39:31 +0000 https://republika.mk/?p=739369

Социјалистичката партија на Македонија оценува дека СДС и ДУИ настојуваат сите неуспеси и незавршени работи да им ги префрлат и оцрнат техничките министри на ВМРО ДПМНЕ.

Претходниот министер Оливер Спасовски упорно лажеше дека има обрасци за пасоши и дека се ќе се заврши во предвдениот рок. Тоа што воопшто не планирал и не почнале на време со замена на пасошите не го прифаќаат како нивна вина туку тоа е на техичкиот министер Тошковски кој само два дена е на таа функција иако тој прави сериозни напори за решавање на состојбите.

Администрацијата цели 6 години не е реформирана, а сега се брза по итна постапка да се донесат системски закони со кои не се согласуваат синдикатите и бројни институции. Вината за тоа пак се обидуваат да ја префрлат на техничкиот министер Стефан Андоновски.

Социјалистичката партија на Македонија оценува дека СДС и ДУИ прават се за да ја срушат довербата и интегритетот на институциите и да остават девастиран и партизиран упаравувачки апарат за да покажат дека тие биле подобри. Народот гледа и знае и нема да дозволи да биде изманипулиран и излажан „како до сега“.

Социјалистичката партија на Македонија им дава полна поддршка на министрите и замениците министри кои ја претставуваат Коалицијата "Oбнова на Македонија" и оценува дека корумпираната и криминална власт на СДС и ДУИ мора да биде поразена на мајските избори за граѓаните да изберат свои легитимни народни претставници.

The post СПМ: СДСМ и ДУИ настојуваат сите незавршени работи да им ги остават на техничките министри од ВМРО-ДПМНЕ appeared first on Република.

]]>

Социјалистичката партија на Македонија оценува дека СДС и ДУИ настојуваат сите неуспеси и незавршени работи да им ги префрлат и оцрнат техничките министри на ВМРО ДПМНЕ. Претходниот министер Оливер Спасовски упорно лажеше дека има обрасци за пасоши и дека се ќе се заврши во предвдениот рок. Тоа што воопшто не планирал и не почнале на време со замена на пасошите не го прифаќаат како нивна вина туку тоа е на техичкиот министер Тошковски кој само два дена е на таа функција иако тој прави сериозни напори за решавање на состојбите. Администрацијата цели 6 години не е реформирана, а сега се брза по итна постапка да се донесат системски закони со кои не се согласуваат синдикатите и бројни институции. Вината за тоа пак се обидуваат да ја префрлат на техничкиот министер Стефан Андоновски. Социјалистичката партија на Македонија оценува дека СДС и ДУИ прават се за да ја срушат довербата и интегритетот на институциите и да остават девастиран и партизиран упаравувачки апарат за да покажат дека тие биле подобри. Народот гледа и знае и нема да дозволи да биде изманипулиран и излажан „како до сега“. Социјалистичката партија на Македонија им дава полна поддршка на министрите и замениците министри кои ја претставуваат Коалицијата "Oбнова на Македонија" и оценува дека корумпираната и криминална власт на СДС и ДУИ мора да биде поразена на мајските избори за граѓаните да изберат свои легитимни народни претставници.  

The post СПМ: СДСМ и ДУИ настојуваат сите незавршени работи да им ги остават на техничките министри од ВМРО-ДПМНЕ appeared first on Република.

]]>