сплотено Archives - Република https://republika.mk/tema/sploteno/ За подобро да се разбереме Tue, 19 Sep 2023 18:08:39 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png сплотено Archives - Република https://republika.mk/tema/sploteno/ 32 32 Лефков: ВМРО-ДПМНЕ никогаш не било покохезивно и посплотено како сега https://republika.mk/vesti/makedonija/lefkov-vmro-dpmne-nikogash-ne-bilo-pokohezivno-i-posploteno-kako-sega/ Tue, 19 Sep 2023 18:08:39 +0000 https://republika.mk/?p=683269

„Деталната анализа ќе ви укаже нешто дека нема обвинителни акти за држава која што веќе седум години е владеена од СДСМ и од ДУИ, а имаме еден куп корупциски скандали, а не се отвораат обвиненија. Граѓаните гледаат како скандалите завршуваа во Јавното обвинителство наместо во Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција. Во Македонија постојано е крив кабелот. Па така деталната анализа не ни дава многу податоци, туку детално ќе ни укаже дека освен со политички прогон, со друго и не се занимаваше оваа власт“, појасни пратеникот и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков во гостување во „Топ тема“ на Телма телевизија.

Лефков укажа дека Ахмети има едно објаснување зошто се донесува Кривичниот законик, а од друга страна Артан Груби, Бојан Маричиќ и пратениците од владејачкото мнозинство објаснуваа во Комисијата за европски прашања дека е усогласување со европската регулатива.

Миле Лефков запрашан за интервјуто на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски истакна - „Тоа е интервјуто кое што излезе денеска и е објавено денеска, самото е доволно објаснувачко и произлегува од сите актуелни случувања кои што ја брануваат јавноста. И вие сите го видовте, и само што го споменав и интервјуто на нивниот коалиционен партнер Али Ахмети за ТВ21, во кое што промената на Кривичниот законик беше проследена со политички ставови. Меѓутоа имаме и други сознанија, други сознанија излегоа за средба кај Стево Пендаровски, практично на државниот врв, каде што со Стево Пендаровски се сретнале Ковачевски, Бујар Османи, Груби и други високи претставници на власта каде што се договарале вакви измени на Кривичниот законик. Останува она симптоматично она како ќе го објаснат тоа во Собрание ни стаса и беше претставено на јавноста како усогласување со европската регулатива“.

Лефков рече дека ВМРО-ДПМНЕ никогаш не било покохезивно и посплотено како сега. Тоа го виде и целата македонска јавност на 18-ти август кога беше закажана седницата за уставни измени.

Никогаш ВМРО-ДПМНЕ не било посплотено, а тоа практично и го покажавме на локалните избори. Тоа и го покажуваме секој ден со резултатите кои што ги даваат и градоначалниците и онака како што сме поставени во Собрание. Секогаш работиме во корист на граѓаните, нагласи тој.

The post Лефков: ВМРО-ДПМНЕ никогаш не било покохезивно и посплотено како сега appeared first on Република.

]]>

„Деталната анализа ќе ви укаже нешто дека нема обвинителни акти за држава која што веќе седум години е владеена од СДСМ и од ДУИ, а имаме еден куп корупциски скандали, а не се отвораат обвиненија. Граѓаните гледаат како скандалите завршуваа во Јавното обвинителство наместо во Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција. Во Македонија постојано е крив кабелот. Па така деталната анализа не ни дава многу податоци, туку детално ќе ни укаже дека освен со политички прогон, со друго и не се занимаваше оваа власт“, појасни пратеникот и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков во гостување во „Топ тема“ на Телма телевизија. Лефков укажа дека Ахмети има едно објаснување зошто се донесува Кривичниот законик, а од друга страна Артан Груби, Бојан Маричиќ и пратениците од владејачкото мнозинство објаснуваа во Комисијата за европски прашања дека е усогласување со европската регулатива.