Спиноти Archives - Република https://republika.mk/tema/spinoti/ За подобро да се разбереме Mon, 23 Sep 2024 12:28:49 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Спиноти Archives - Република https://republika.mk/tema/spinoti/ 32 32 Филмот треба да ви е снимен во умот уште пред да биде снимен во реалноста, кажаа големите кинематограферски имиња Спиноти, Бергер и Сил, гости на „Браќа Манаки“ https://republika.mk/vesti/kultura/filmot-treba-da-vi-e-snimen-vo-umot-ushte-pred-da-bide-snimen-vo-realnosta-kazhaa-golemite-kinematograferski-imina-spinoti-berger-i-sil-gosti-na-braka-manaki/ Mon, 23 Sep 2024 12:26:12 +0000 https://republika.mk/?p=819005

На „ИМАГО мастер чат со мајсторите“, организиран во рамки на Интернационалниот фестивал за филмска камера „Браќа Манаки“, во киното Манаки, зборуваа големите кинематограферски имиња, Данте Спиноти, Џон Сил и Кристијан Бергер. Тие споделија информации за почетоците на нивната кариера, но и случки од филмски сетови, пред многубројната публика.
Aвстралискиот кинематографер Џон Сил, добитник на многубројни награди и признанија, вклучувајќи ја и БАФТА наградата, кажа дека започнал да учи во Австралија, во шеесетите години на минатиот век.

Не знаев што правам тогаш. Ја гледав камерата и си велев, зарем не е ова една извонредна машина, која го снима животот? Продуцентите во Австралија во тоа време имаа пари. Имавме иновативни режисери кои имаа слобода. Поминаа многу години додека станам директор на фотографија. Филмот мора да ти е снимен во глава уште пред да биде вистински снимен. Мора да знаеш во умот дека секоја сцена ќе биде покриена и добра. Суштината на правењето филм е да ја натераш публиката да заплаче, а тоа го прави или сценариото или фотографијата или сето тоа заедно, смета Сил.

Италијанскиот кинематографер Данте Спиноти сподели со публиката дека уште кога бил дете, сакал да фотографира и да развива фотографии.

На моите фотографии од фудбалски натпревари, долу одеше „Фото: Спиноти“. Сè започна оттаму. Пред да почнеш да правиш филм мора да имаш многу предзнаења за тоа, како да се направи филмот. Ние од нашата генерација поминавме низ интересен дел од филмската индустрија кога и немаше толку развиена технологија како денеска. Како се употребува камерата, како се осветлува сцената на сет, сето ова е дел од идејата за правење филм, рече Спиноти.

Тој е познат по соработката со режисерите Мајкл Ман, Мајкл Аптед, Ермано Олми, Брус Бересфорд, Куртис Хенсон и Брет Ратнер.

Дел од разговорот беше и австрискиот кинематографер Кристијан Бергер, кој истакна дека атмосферата во сцената зависи од осветлувањето и дека светлото е многу важно за филмот. Зборуваше за тоа, како чекор по чекор во развојот на неговата кариера, дошол до неколку телевизии каде што работел, но работел независно, за да може да продуцира свои филмови со негови другари, бидејќи немал буџет.

Во дискусите пред снимање, лесно е да се каже дека се сфаќа сè. Но во текот на снимањето сè е различно. Некои веруваат повеќе во текстот, други во она што го гледаат. Јас го преферирам второто, рече Бергер.

The post Филмот треба да ви е снимен во умот уште пред да биде снимен во реалноста, кажаа големите кинематограферски имиња Спиноти, Бергер и Сил, гости на „Браќа Манаки“ appeared first on Република.

]]>

На „ИМАГО мастер чат со мајсторите“, организиран во рамки на Интернационалниот фестивал за филмска камера „Браќа Манаки“, во киното Манаки, зборуваа големите кинематограферски имиња, Данте Спиноти, Џон Сил и Кристијан Бергер. Тие споделија информации за почетоците на нивната кариера, но и случки од филмски сетови, пред многубројната публика. Aвстралискиот кинематографер Џон Сил, добитник на многубројни награди и признанија, вклучувајќи ја и БАФТА наградата, кажа дека започнал да учи во Австралија, во шеесетите години на минатиот век.
Не знаев што правам тогаш. Ја гледав камерата и си велев, зарем не е ова една извонредна машина, која го снима животот? Продуцентите во Австралија во тоа време имаа пари. Имавме иновативни режисери кои имаа слобода. Поминаа многу години додека станам директор на фотографија. Филмот мора да ти е снимен во глава уште пред да биде вистински снимен. Мора да знаеш во умот дека секоја сцена ќе биде покриена и добра. Суштината на правењето филм е да ја натераш публиката да заплаче, а тоа го прави или сценариото или фотографијата или сето тоа заедно, смета Сил.
Италијанскиот кинематографер Данте Спиноти сподели со публиката дека уште кога бил дете, сакал да фотографира и да развива фотографии.
На моите фотографии од фудбалски натпревари, долу одеше „Фото: Спиноти“. Сè започна оттаму. Пред да почнеш да правиш филм мора да имаш многу предзнаења за тоа, како да се направи филмот. Ние од нашата генерација поминавме низ интересен дел од филмската индустрија кога и немаше толку развиена технологија како денеска. Како се употребува камерата, како се осветлува сцената на сет, сето ова е дел од идејата за правење филм, рече Спиноти.
Тој е познат по соработката со режисерите Мајкл Ман, Мајкл Аптед, Ермано Олми, Брус Бересфорд, Куртис Хенсон и Брет Ратнер. Дел од разговорот беше и австрискиот кинематографер Кристијан Бергер, кој истакна дека атмосферата во сцената зависи од осветлувањето и дека светлото е многу важно за филмот. Зборуваше за тоа, како чекор по чекор во развојот на неговата кариера, дошол до неколку телевизии каде што работел, но работел независно, за да може да продуцира свои филмови со негови другари, бидејќи немал буџет.