Спилберг Archives - Република https://republika.mk/tema/spilberg/ За подобро да се разбереме Mon, 11 Dec 2023 14:03:50 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Спилберг Archives - Република https://republika.mk/tema/spilberg/ 32 32 Спилберг започнува проект за злосторствата извршени од Хамас на 7 октомври https://republika.mk/scena/film/spilberg-zapochnuva-proekt-za-zlostorstvata-izvrsheni-od-hamas-na-7-oktomvri/ Mon, 11 Dec 2023 14:03:50 +0000 https://republika.mk/?p=721810

Фондацијата Шоа, основана од американскиот режисер Стивен Спилберг, објави дека започнува проект за документирање на злосторствата извршени од Хамас на 7 октомври во јужен Израел, покрај сведоштвата за холокаустот и досега се собрани 130 изјави на луѓе кои го преживеале нападот на палестинската милитантна група.

Спилберг не бил директно вклучен во собирањето податоци, но обезбедил силна поддршка, објави „Тајмс оф Израел“. Спилберг рече дека никогаш не верувал дека ќе види „толкаво неискажливо варварство кон Евреите во својот живот“. Тој, исто така, изјави за Фокс њуз дека е шокиран од насилството што Хамас го изврши врз Израелците, како и од бранот антисемитизам низ светот во последните два месеци.

Фондацијата Шоа ја има најголемата колекција на видео-сведоштва во светот на евреите кои го преживеале Холокаустот и други сведоци. Фондацијата со седиште во САД сега работи со тимови во Израел за да ги собере извештаите на очевидците за масакрот на Хамас на 7 октомври, кога околу 3.000 терористи влегоа во Израел од Појасот Газа и убија околу 1.200 Израелци, главно цивили, и зедоа повеќе од 240 заложници.

The post Спилберг започнува проект за злосторствата извршени од Хамас на 7 октомври appeared first on Република.

]]>

Фондацијата Шоа, основана од американскиот режисер Стивен Спилберг, објави дека започнува проект за документирање на злосторствата извршени од Хамас на 7 октомври во јужен Израел, покрај сведоштвата за холокаустот и досега се собрани 130 изјави на луѓе кои го преживеале нападот на палестинската милитантна група. Спилберг не бил директно вклучен во собирањето податоци, но обезбедил силна поддршка, објави „Тајмс оф Израел“. Спилберг рече дека никогаш не верувал дека ќе види „толкаво неискажливо варварство кон Евреите во својот живот“. Тој, исто така, изјави за Фокс њуз дека е шокиран од насилството што Хамас го изврши врз Израелците, како и од бранот антисемитизам низ светот во последните два месеци. Фондацијата Шоа ја има најголемата колекција на видео-сведоштва во светот на евреите кои го преживеале Холокаустот и други сведоци. Фондацијата со седиште во САД сега работи со тимови во Израел за да ги собере извештаите на очевидците за масакрот на Хамас на 7 октомври, кога околу 3.000 терористи влегоа во Израел од Појасот Газа и убија околу 1.200 Израелци, главно цивили, и зедоа повеќе од 240 заложници.

The post Спилберг започнува проект за злосторствата извршени од Хамас на 7 октомври appeared first on Република.

]]>
Разводот на родителите го инспирирал Спилберг за филмот „Е.Т.“ https://republika.mk/scena/film/razvodot-na-roditelite-go-inspiriral-spilberg-za-filmot-e-t/ Wed, 27 Apr 2022 08:29:11 +0000 https://republika.mk/?p=494165

Филмот „E.T.“ слави 40-годишнина откако беше објавен во 1982 година. Родителите на познатиот режисер се развеле во 1966 година, кога тој сè уште бил средношколец.

За време на настапот на „Tarner Classic Movies Film Festival“ минатата недела (21-ви април), Спилберг откри како настанал филмот. Тој и кажа на публиката дека размислувањето за разводот на неговите родители го натерало да ја преиспита последната сцена од неговиот филм од 1977 година „Блиски средби од трет вид“.

Што ако тоа мало суштество никогаш не се врати на бродот? Што ако мојата приказна за разводот ја претворам во приказна за децата, семејството, обидот да исполнам голема потреба и да создадам таква одговорност? изјави Спилберг, пренесува „The Independent“ и додава:

Разводот создава голема одговорност, особено ако имате браќа и сестри; сите се грижиме еден за друг. Што ако Елиот, или едно дете – сè уште не му смислив име – за прв пат во животот треба да стане одговорен за облик на живот што ќе ја пополни празнината во неговото срце? – рече тој.

Додаде дека во тоа време работел и на „вистинско буквално сценарио“ за разводот на неговите родители.

Работев на идеи за тоа и што тоа им направи на моите сестри и мене – објасни режисерот, пишува „NME“.

The post Разводот на родителите го инспирирал Спилберг за филмот „Е.Т.“ appeared first on Република.

]]>

Филмот „E.T.“ слави 40-годишнина откако беше објавен во 1982 година. Родителите на познатиот режисер се развеле во 1966 година, кога тој сè уште бил средношколец.
За време на настапот на „Tarner Classic Movies Film Festival“ минатата недела (21-ви април), Спилберг откри како настанал филмот. Тој и кажа на публиката дека размислувањето за разводот на неговите родители го натерало да ја преиспита последната сцена од неговиот филм од 1977 година „Блиски средби од трет вид“.
Што ако тоа мало суштество никогаш не се врати на бродот? Што ако мојата приказна за разводот ја претворам во приказна за децата, семејството, обидот да исполнам голема потреба и да создадам таква одговорност? изјави Спилберг, пренесува „The Independent“ и додава: Разводот создава голема одговорност, особено ако имате браќа и сестри; сите се грижиме еден за друг. Што ако Елиот, или едно дете – сè уште не му смислив име – за прв пат во животот треба да стане одговорен за облик на живот што ќе ја пополни празнината во неговото срце? – рече тој.
Додаде дека во тоа време работел и на „вистинско буквално сценарио“ за разводот на неговите родители.
Работев на идеи за тоа и што тоа им направи на моите сестри и мене – објасни режисерот, пишува „NME“.

The post Разводот на родителите го инспирирал Спилберг за филмот „Е.Т.“ appeared first on Република.

]]>
Стивен Спилберг и неговата сопруга, актерката Кејт Кeпшоу донираа 1 милион долари за Украина https://republika.mk/scena/film/stiven-spilberg-i-negovata-sopruga-akterkata-kejt-kepshou-doniraa-1-milion-dolari-za-ukraina/ Fri, 18 Mar 2022 10:07:26 +0000 https://republika.mk/?p=474851

Славниот режисер Стивен Спилберг и неговата сопруга, актерката Кејт Кeпшоу донираа 1 милион долари за хуманитарните организации кои работат на хуманитарната криза од војната во Украина.

Парите ќе бидат поделени меѓу полскиот Црвен крст, Полската хуманитарна акција, Светската централна кујна, Хебрејското здружение за помош на имигрантите и Фондот за итна акција, според портпаролот. Спилберг и Кепшоу ја даваат донацијата преку нивната фондација Hearthland, која беше лансирана во 2020 година.

Голем број поединци во индустријата донираа на организациите за помош во нивните напори да и помогнат на Украина и нејзините бегалци. WME минатата недела ја откажа својата годишна забава за Оскар и наместо тоа ќе придонесе 1 милион долари за УНИЦЕФ. ИАТСЕ објави донација од 25.000 долари оваа недела, а Рид Хестингс од Нетфликс и Парамаунт Глобал исто така објавија придонеси од по 1 милион долари.

Според УНХЦР, Агенцијата на Обединетите нации за бегалци, повеќе од 3,2 милиони луѓе сега ја напуштиле Украина, многумина во соседните земји Полска и Молдавија. УНХЦР проценува дека повеќе од 4 милиони може да побегнат „како што ситуацијата дополнително се влошува“. Агенцијата проценува дека 12 милиони ќе имаат потреба од хуманитарна помош.

The post Стивен Спилберг и неговата сопруга, актерката Кејт Кeпшоу донираа 1 милион долари за Украина appeared first on Република.

]]>

Славниот режисер Стивен Спилберг и неговата сопруга, актерката Кејт Кeпшоу донираа 1 милион долари за хуманитарните организации кои работат на хуманитарната криза од војната во Украина. Парите ќе бидат поделени меѓу полскиот Црвен крст, Полската хуманитарна акција, Светската централна кујна, Хебрејското здружение за помош на имигрантите и Фондот за итна акција, според портпаролот. Спилберг и Кепшоу ја даваат донацијата преку нивната фондација Hearthland, која беше лансирана во 2020 година. Голем број поединци во индустријата донираа на организациите за помош во нивните напори да и помогнат на Украина и нејзините бегалци. WME минатата недела ја откажа својата годишна забава за Оскар и наместо тоа ќе придонесе 1 милион долари за УНИЦЕФ. ИАТСЕ објави донација од 25.000 долари оваа недела, а Рид Хестингс од Нетфликс и Парамаунт Глобал исто така објавија придонеси од по 1 милион долари. Според УНХЦР, Агенцијата на Обединетите нации за бегалци, повеќе од 3,2 милиони луѓе сега ја напуштиле Украина, многумина во соседните земји Полска и Молдавија. УНХЦР проценува дека повеќе од 4 милиони може да побегнат „како што ситуацијата дополнително се влошува“. Агенцијата проценува дека 12 милиони ќе имаат потреба од хуманитарна помош.

The post Стивен Спилберг и неговата сопруга, актерката Кејт Кeпшоу донираа 1 милион долари за Украина appeared first on Република.

]]>