Специјално обвинителство Archives - Република https://republika.mk/tema/spetsijalno-obvinitelstvo/ За подобро да се разбереме Sat, 08 Jun 2024 08:05:19 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Специјално обвинителство Archives - Република https://republika.mk/tema/spetsijalno-obvinitelstvo/ 32 32 Уште еден Србин обвинет за воени злосторства во Косово https://republika.mk/vesti/balkan/ushte-eden-srbin-obvinet-za-voeni-zlostorstva-vo-kosovo/ Sat, 08 Jun 2024 08:05:19 +0000 https://republika.mk/?p=785662

Специјалното обвинителство на Косово поднесе обвинение против осомничен за воени злосторства врз цивилното население за време на војната во Косово во 1998-1999 година, јави дописникот на МИА од Приштина.

Обвинителството го обвинува осомничениот М.П., кој има двојно српско и косовско државјанство, за учество во убиството на тројца цивили во населба во Призрен во 1998 година.

Осомничениот е обвинет дека учествувал во убиството на жртвите Решат Дачај, Бинак Дачај и Фатмир Бојаџиу за време на војната во Косово, во периодот околу 1 септември 1998 година, во околината на населбата „Хоќа Махала“ во Призрен“, се наведува во соопштението објавено синоќа.

Обвинителството го товари М.П. за кривично дело „воено злосторство врз цивилно население“, санкционирано со член 142 во врска со член 22 од Кривичниот закон на СФР Југославија, кој бил на сила во тоа време.

Осомничениот, кој е уапсен во септември минатата година, ќе остане во притвор до нова одлука на судот, се наведува во соопштението.

Специјалното обвинителство на Косово во декември минатата година соопшти дека поднело вкупно 33 обвиненија, во кои се инволвирани 89 лица, за воени злосторства во Косово во 1998-99 година, пишува Радио Слободна Европа.

Од крајот на последната војна во Косово, околу 70 лица се осудени за воени злосторства пред локалните и меѓународните судски институции.

Од 2000 до 2008 година, воените злосторства во Косово ги истражуваше Мисијата на Обединетите нации на Косово (УНМИК), додека од 2008 година, Мисијата на Европската Унија за владеење на правото (ЕУЛЕКС).

Во 2018 година оваа мисија ги достави предметите до Косовското обвинителство и до локалните судови.

За време на последната војна во Косово во 1998-99 година, беа убиени над 13.000 цивили, а илјадници други исчезнаа.

Над 1.600 лица се уште се водат како исчезнати - повеќето Албанци, наведува РСЕ.

The post Уште еден Србин обвинет за воени злосторства во Косово appeared first on Република.

]]>

Специјалното обвинителство на Косово поднесе обвинение против осомничен за воени злосторства врз цивилното население за време на војната во Косово во 1998-1999 година, јави дописникот на МИА од Приштина. Обвинителството го обвинува осомничениот М.П., кој има двојно српско и косовско државјанство, за учество во убиството на тројца цивили во населба во Призрен во 1998 година.
Осомничениот е обвинет дека учествувал во убиството на жртвите Решат Дачај, Бинак Дачај и Фатмир Бојаџиу за време на војната во Косово, во периодот околу 1 септември 1998 година, во околината на населбата „Хоќа Махала“ во Призрен“, се наведува во соопштението објавено синоќа.
Обвинителството го товари М.П. за кривично дело „воено злосторство врз цивилно население“, санкционирано со член 142 во врска со член 22 од Кривичниот закон на СФР Југославија, кој бил на сила во тоа време. Осомничениот, кој е уапсен во септември минатата година, ќе остане во притвор до нова одлука на судот, се наведува во соопштението. Специјалното обвинителство на Косово во декември минатата година соопшти дека поднело вкупно 33 обвиненија, во кои се инволвирани 89 лица, за воени злосторства во Косово во 1998-99 година, пишува Радио Слободна Европа. Од крајот на последната војна во Косово, околу 70 лица се осудени за воени злосторства пред локалните и меѓународните судски институции. Од 2000 до 2008 година, воените злосторства во Косово ги истражуваше Мисијата на Обединетите нации на Косово (УНМИК), додека од 2008 година, Мисијата на Европската Унија за владеење на правото (ЕУЛЕКС). Во 2018 година оваа мисија ги достави предметите до Косовското обвинителство и до локалните судови. За време на последната војна во Косово во 1998-99 година, беа убиени над 13.000 цивили, а илјадници други исчезнаа. Над 1.600 лица се уште се водат како исчезнати - повеќето Албанци, наведува РСЕ.

The post Уште еден Србин обвинет за воени злосторства во Косово appeared first on Република.

]]>
И Косово има специјално обвинителство-резутатот е нула https://republika.mk/vesti/balkan/i-kosovo-ima-spetsijalno-obvinitelstvo-rezutatot-e-nula/ Fri, 31 May 2024 08:58:16 +0000 https://republika.mk/?p=783432

Косовскиот премиер Албин Курти му порача на Специјалното обвинителство на Косово дека треба да биде поефикасно во гонењето на воените злосторници, критикувајќи дека судењето во отсуство е можно веќе пет години, но според него без резултати, јави дописникот на МИА од Приштина.

Курти на својот Фејсбук напиша дека на Косово му требаат „мудри обвинители и ефикасни и учени судии кои ќе ги изведат пред лицето на правдата сите оние кои се одговорни за злосторствата извршени за време на војната“.

„Се навршија пет години откако нашите правосудни институции имаат можност да ги гонат и судат воените злосторници дури и во нивно отсуство. Пет години државна политика која носи побрз пристап до правдата. Пет години од првите повици да се искористи државниот апарат на располагање за да се подигнат обвиненија против криминалците и нивните монструозни злосторства против нашиот народ. Пет години без резултати“, пишува Курти.

Тој порача дека е „крајно време да се донесе правда за жртвите од војната“, нагласувајќи дека Владата го зголемила буџетот и дека Советот на обвинители мора „под итно да ги зголеми капацитетите за решавање на воените злосторства“.

„Во нашите напори за правда за жртвите од војната 1998-1999 година, решавањето на злосторствата на Србија извршени на Косово мора да биде приоритет. Од сите масакри има сведоци и искази, кои Обвинителството би требало да ги претвори во доказни досиеја за обвиненија за воени злосторства… Некои од нивните имиња се јавно познати, а многу од нив се познати на преживеаните и членовите на семејствата на жртвите. Затоа, повторно го повикуваме вториот столб на власта во Косово, правосудниот систем, да дејствува, бидејќи крајно време е да се донесе правда за жртвите од војната. Владата го зголеми буџетот, затоа го повикуваме Советот на обвинители под итно да ги зголеми капацитетите за решавање на воените злосторства“, напиша Курти.

Тој нагласи дека судењето и казнувањето на воените злосторници е должност и обврска.

„За страдањата од минатото и надежта за иднината. За жртвата на оние што ги загубивме во војната и за генерациите што растат во слобода“, напиша тој.

Ова не е првпат Курти да го критикува Специјалното обвинителство. Неколку пати досега го критикуваше обвинителството, но и главниот обвинител Блерим Исуфај. Тој упати критики и за справувањето со терористичкиот напад во Бањска од страна на ова обвинителство

The post И Косово има специјално обвинителство-резутатот е нула appeared first on Република.

]]>

Косовскиот премиер Албин Курти му порача на Специјалното обвинителство на Косово дека треба да биде поефикасно во гонењето на воените злосторници, критикувајќи дека судењето во отсуство е можно веќе пет години, но според него без резултати, јави дописникот на МИА од Приштина. Курти на својот Фејсбук напиша дека на Косово му требаат „мудри обвинители и ефикасни и учени судии кои ќе ги изведат пред лицето на правдата сите оние кои се одговорни за злосторствата извршени за време на војната“.
„Се навршија пет години откако нашите правосудни институции имаат можност да ги гонат и судат воените злосторници дури и во нивно отсуство. Пет години државна политика која носи побрз пристап до правдата. Пет години од првите повици да се искористи државниот апарат на располагање за да се подигнат обвиненија против криминалците и нивните монструозни злосторства против нашиот народ. Пет години без резултати“, пишува Курти.
Тој порача дека е „крајно време да се донесе правда за жртвите од војната“, нагласувајќи дека Владата го зголемила буџетот и дека Советот на обвинители мора „под итно да ги зголеми капацитетите за решавање на воените злосторства“.
„Во нашите напори за правда за жртвите од војната 1998-1999 година, решавањето на злосторствата на Србија извршени на Косово мора да биде приоритет. Од сите масакри има сведоци и искази, кои Обвинителството би требало да ги претвори во доказни досиеја за обвиненија за воени злосторства… Некои од нивните имиња се јавно познати, а многу од нив се познати на преживеаните и членовите на семејствата на жртвите. Затоа, повторно го повикуваме вториот столб на власта во Косово, правосудниот систем, да дејствува, бидејќи крајно време е да се донесе правда за жртвите од војната. Владата го зголеми буџетот, затоа го повикуваме Советот на обвинители под итно да ги зголеми капацитетите за решавање на воените злосторства“, напиша Курти.
Тој нагласи дека судењето и казнувањето на воените злосторници е должност и обврска. „За страдањата од минатото и надежта за иднината. За жртвата на оние што ги загубивме во војната и за генерациите што растат во слобода“, напиша тој. Ова не е првпат Курти да го критикува Специјалното обвинителство. Неколку пати досега го критикуваше обвинителството, но и главниот обвинител Блерим Исуфај. Тој упати критики и за справувањето со терористичкиот напад во Бањска од страна на ова обвинителство

The post И Косово има специјално обвинителство-резутатот е нула appeared first on Република.

]]>