спејс икс Archives - Република https://republika.mk/tema/spejs-iks/ За подобро да се разбереме Sun, 13 Oct 2024 16:13:24 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png спејс икс Archives - Република https://republika.mk/tema/spejs-iks/ 32 32 Ракетата на SpaceX изврши успешна мисија со драматично приклештување на лансирната рампа https://republika.mk/zivot/tehnologija/raketata-na-spacex-izvrshi-uspeshna-misija-so-dramatichno-prikleshtuvane-na-lansirnata-rampa/ Sun, 13 Oct 2024 16:24:11 +0000 https://republika.mk/?p=826193

Компанијата SpaceX на милијардерoт Илон Маск денеска изврши успешна пробна летачка мисија со системот Starship, петта по ред, со успешно враќање на Земјата на првата етапа од вселенскиот систем.

Пробната мисија имаше за цел да презентира можност првата етапа, ракетата „Супер хеви“ да се врати на Земјата неповредена. Таа слета не на платформа далеку во океанот, како во претходните тестови, туку директно во клештите на лансирната рампа од каде што претходно беше лансирана. Ова предизвика радосни извици и аплаузи во вселенскиот центар на компанијата во јужен Тексас.

Откако се одвои од својот ракетен засилувач, Starship продолжи да лета во вселената, направи обиколка околу половина планета, влезе во атмосферата и контролирано се урна во Индиски Океан.

Ова претставува голем чекор напред кон главната цел на SpaceX, Starship да стане вселенско летало за повеќекратна употреба. На веб-страницата на SpaceX се вели дека тоа е „вселенски брод за целосно повеќекратна употреба“ и втора етапа од системот Starship.

Леталото е достапно во неколку различни конфигурации, нуди интегрирана товарна секција и е кадарно да носи екпипаж и карго во орбитата на Земјата, на Месечината, на Марс и понатаму.

Астронаутот Крис Хедфилд, кој трипати летал во вселената, испрати честитки до SpaceX.

Денеска е направен огромен чекор напред во потенцијалите на човештвото. Ме прави уште повозбуден за нашата заедничка иднина, напиша Хедфилд на Х.

Федералната управа за авијација дозволата на SpaceX за лансирање на петтата мисија на Starship овојпат ја издаде порано отколку што беше планирано од регулаторот, а по жалбите на SpaceX дека тоа е пречка во развојот на вселенската програма на НАСА. SpaceX има договор со НАСА вреден повеќе милијарди долари за испраќање на човекот на Месечината.

На петтиот лет на Starship немаше луѓе во кабината на вселенскиот брод.

The post Ракетата на SpaceX изврши успешна мисија со драматично приклештување на лансирната рампа appeared first on Република.

]]>

Компанијата SpaceX на милијардерoт Илон Маск денеска изврши успешна пробна летачка мисија со системот Starship, петта по ред, со успешно враќање на Земјата на првата етапа од вселенскиот систем. Пробната мисија имаше за цел да презентира можност првата етапа, ракетата „Супер хеви“ да се врати на Земјата неповредена. Таа слета не на платформа далеку во океанот, како во претходните тестови, туку директно во клештите на лансирната рампа од каде што претходно беше лансирана. Ова предизвика радосни извици и аплаузи во вселенскиот центар на компанијата во јужен Тексас. Откако се одвои од својот ракетен засилувач, Starship продолжи да лета во вселената, направи обиколка околу половина планета, влезе во атмосферата и контролирано се урна во Индиски Океан. Ова претставува голем чекор напред кон главната цел на SpaceX, Starship да стане вселенско летало за повеќекратна употреба. На веб-страницата на SpaceX се вели дека тоа е „вселенски брод за целосно повеќекратна употреба“ и втора етапа од системот Starship. Леталото е достапно во неколку различни конфигурации, нуди интегрирана товарна секција и е кадарно да носи екпипаж и карго во орбитата на Земјата, на Месечината, на Марс и понатаму. Астронаутот Крис Хедфилд, кој трипати летал во вселената, испрати честитки до SpaceX.
Денеска е направен огромен чекор напред во потенцијалите на човештвото. Ме прави уште повозбуден за нашата заедничка иднина, напиша Хедфилд на Х.
Федералната управа за авијација дозволата на SpaceX за лансирање на петтата мисија на Starship овојпат ја издаде порано отколку што беше планирано од регулаторот, а по жалбите на SpaceX дека тоа е пречка во развојот на вселенската програма на НАСА. SpaceX има договор со НАСА вреден повеќе милијарди долари за испраќање на човекот на Месечината. На петтиот лет на Starship немаше луѓе во кабината на вселенскиот брод.

The post Ракетата на SpaceX изврши успешна мисија со драматично приклештување на лансирната рампа appeared first on Република.

]]>
Вселенската мисија на Спејс Икс е одложена https://republika.mk/zivot/vselenskata-misija-na-spejs-iks-e-odlozhena/ Wed, 28 Aug 2024 20:10:01 +0000 https://republika.mk/?p=810924

Историското лансирање на приватната мисија Polaris Dawn на Спејс Икс е одложено поради „неповолните временски услови“ над Флорида, соопшти компанијата.

Polaris Dawn е комерцијална мисија финансирана од американскиот претприемач милијардер Џаред Ајзакмен, а требаше да биде лансирана утре или задутре. Во мисијата има цивилен екипаж од четворица, кој ќе изведе вселенска прошетка.

Но, Спејс Икс соопшти дека лансирањето е одложено поради лошата временска прогноза за зоната на паѓање на капсулата кај Флорида.

- Polaris Dawn е предизвикувачка мисија со критични цели, така што ќе ја чекаме најдобрата можност за да обезбедиме успех. Понекогаш најтешките патувања бараат најмногу трпение, а ние сме подготвени да го чекаме вистинскиот момент, напиша денеска на Х Ајзакмен, кој е командантот на мисијата.

Нов датум за лансирање на е наведен. Мисијата е заеднички проект на Ајзакмен, основачот на технолошката компанија Shift4 Payments и Спејс Икс на Илон Маск.

Планирано е да трае најмногу пет дена и четворицата членови на екипажот да патуваат дури 1.400 километри од Земјата во капсулата SpaceX Dragon по лансирањето на ракетата Falcon 9 од вселенскиот центар Кејп Канаверал.

The post Вселенската мисија на Спејс Икс е одложена appeared first on Република.

]]>

Историското лансирање на приватната мисија Polaris Dawn на Спејс Икс е одложено поради „неповолните временски услови“ над Флорида, соопшти компанијата. Polaris Dawn е комерцијална мисија финансирана од американскиот претприемач милијардер Џаред Ајзакмен, а требаше да биде лансирана утре или задутре. Во мисијата има цивилен екипаж од четворица, кој ќе изведе вселенска прошетка. Но, Спејс Икс соопшти дека лансирањето е одложено поради лошата временска прогноза за зоната на паѓање на капсулата кај Флорида.
- Polaris Dawn е предизвикувачка мисија со критични цели, така што ќе ја чекаме најдобрата можност за да обезбедиме успех. Понекогаш најтешките патувања бараат најмногу трпение, а ние сме подготвени да го чекаме вистинскиот момент, напиша денеска на Х Ајзакмен, кој е командантот на мисијата.
Нов датум за лансирање на е наведен. Мисијата е заеднички проект на Ајзакмен, основачот на технолошката компанија Shift4 Payments и Спејс Икс на Илон Маск. Планирано е да трае најмногу пет дена и четворицата членови на екипажот да патуваат дури 1.400 километри од Земјата во капсулата SpaceX Dragon по лансирањето на ракетата Falcon 9 од вселенскиот центар Кејп Канаверал.

The post Вселенската мисија на Спејс Икс е одложена appeared first on Република.

]]>
Вселенското летало на „Спејс Икс“ со четворица астронаути полета за Меѓународната вселенска агенција https://republika.mk/vesti/svet/vselenskoto-letalo-na-spejs-iks-so-chetvoritsa-astronauti-poleta-za-megunarodnata-vselenska-agentsija/ Sat, 26 Aug 2023 09:11:01 +0000 https://republika.mk/?p=675955

Вселенското летало „ Кру Драгон“ (Crew Dragon) на компанијата на Илон Маск „Спејс ИКС (SpaceX) денеска полета кон Меѓународната вселенска станица (ISS) од вселенскиот центар Кенеди, во Флорида, соопшти НАСА.

Членови на мисијата „Кру-7“ се астронаутот на НАСА, Џасмин Могбели, астронаутот на Европската вселенска агенција, Андреас Могенсен, космонаутот на Роскосмос, Константин Борисов, и астронаутот на Јапонската вселенска агенција, Сатоши Фурукава, пренесува Тасс.

Леталото треба да слета на МВС во 14:50 часот по средноевропско време.

Екипажот на „Кру-7“ ќе учествува во повеќе од 200 научни експерименти кои, меѓу другото, вклучуваат собирање на примероци од микроби од надворешноста на МВС и проучување на спиењето на астронаутите.

 

The post Вселенското летало на „Спејс Икс“ со четворица астронаути полета за Меѓународната вселенска агенција appeared first on Република.

]]>

Вселенското летало „ Кру Драгон“ (Crew Dragon) на компанијата на Илон Маск „Спејс ИКС (SpaceX) денеска полета кон Меѓународната вселенска станица (ISS) од вселенскиот центар Кенеди, во Флорида, соопшти НАСА. Членови на мисијата „Кру-7“ се астронаутот на НАСА, Џасмин Могбели, астронаутот на Европската вселенска агенција, Андреас Могенсен, космонаутот на Роскосмос, Константин Борисов, и астронаутот на Јапонската вселенска агенција, Сатоши Фурукава, пренесува Тасс. Леталото треба да слета на МВС во 14:50 часот по средноевропско време. Екипажот на „Кру-7“ ќе учествува во повеќе од 200 научни експерименти кои, меѓу другото, вклучуваат собирање на примероци од микроби од надворешноста на МВС и проучување на спиењето на астронаутите.  

The post Вселенското летало на „Спејс Икс“ со четворица астронаути полета за Меѓународната вселенска агенција appeared first on Република.

]]>
Американската влада го тужи „Спејс Икс“ за дискриминација на бегалците https://republika.mk/vesti/svet/amerikanskata-vlada-go-tuzhi-spejs-iks-za-diskriminatsija-na-begaltsite/ Fri, 25 Aug 2023 07:26:56 +0000 https://republika.mk/?p=675610

Американското Министерство за правда соопшти дека поднело тужба против компанијата „Спејс Икс“ (SpaceX) , на Илон Маск, заради дискриминација на бегалците.

На конкурсите за работа и избор на вработени од септември 2018 до септември 2022 година, „Спејс Икс“ погрешно наведувал дека може да ангажира само американски граѓани и иматели на „зелени карти“ или постојани жители, поради „законот за контрола на извозот“, што компанијата морала да го почитува.

Нашата истрага откри дека „Спејс Икс“ неоправдано ги одбивала бегалците поради нивниот статус и всушност вовела забрана за вработување без оглед на нивните квалификации, со што го прекршила федералниот закон. Законите за контрола на извозот не бараат такви ограничувања за вработување, изјави заменик министерката за правда, Кристен Кларк.

Во тужбата се сака да се добие компензација, вклучително и финансиска компензација, „за бегалците кои поради оваа наводна дискриминација биле разубедени и биле одбиени од вработување во „Спејс ИКс““.

Тесла, уште една компанија на милијардерот Маск, веќе е тужена од сојузната држава Калифорнија за расна дискриминација во неговата фабрика во Фремонт, пренесува Хина.

The post Американската влада го тужи „Спејс Икс“ за дискриминација на бегалците appeared first on Република.

]]>

Американското Министерство за правда соопшти дека поднело тужба против компанијата „Спејс Икс“ (SpaceX) , на Илон Маск, заради дискриминација на бегалците. На конкурсите за работа и избор на вработени од септември 2018 до септември 2022 година, „Спејс Икс“ погрешно наведувал дека може да ангажира само американски граѓани и иматели на „зелени карти“ или постојани жители, поради „законот за контрола на извозот“, што компанијата морала да го почитува.
Нашата истрага откри дека „Спејс Икс“ неоправдано ги одбивала бегалците поради нивниот статус и всушност вовела забрана за вработување без оглед на нивните квалификации, со што го прекршила федералниот закон. Законите за контрола на извозот не бараат такви ограничувања за вработување, изјави заменик министерката за правда, Кристен Кларк.
Во тужбата се сака да се добие компензација, вклучително и финансиска компензација, „за бегалците кои поради оваа наводна дискриминација биле разубедени и биле одбиени од вработување во „Спејс ИКс““. Тесла, уште една компанија на милијардерот Маск, веќе е тужена од сојузната држава Калифорнија за расна дискриминација во неговата фабрика во Фремонт, пренесува Хина.

The post Американската влада го тужи „Спејс Икс“ за дискриминација на бегалците appeared first on Република.

]]>
Ракетата „Фалкон хеви“ на Спејс-Икс речиси подготвена за лансирање https://republika.mk/zivot/kaleidoskop/raketata-falkon-hevi-na-spejs-iks-rechisi-podgotvena-za-lansiranje/ Wed, 26 Oct 2022 08:05:12 +0000 https://republika.mk/?p=565726

Ракетата „Фалкон хеви“, развиена од компанијата „Спејс-Икс“, е најмоќната ракета во светот, а сега се очекува нејзиното прво лансирање по одложување од над три години.

Огромната ракета се состои од три модифицирани засилувачи („бустери“) од првата фаза, а во мигов се случува крајното склопување, по што треба да биде поставена на лансирната рампа „Пад 39-А“ во вселенскиот центар „Кенеди“ на НАСА. По тој повод, „Спејс-Икс“ објави фотографија на која се прикажани сите 27 ракетни мотори Мерлин.

Втората фаза е поврзана со централниот засилувач што го доставува товарот до орбитата. Само два бустери ќе се вратат на Земјата и ќе слетаат, додека централните ќе паднат во море.

Вкупно 27 ракетни мотори „Мерлин“ генерираат повеќе од 2,2 милиона килограми потисок при лансирањето, што ја прави „Фалкон хеви“ најмоќната оперативна ракета. Вселенската компанија работи и на ракетата „Старшип“, што ќе патува до Марс и ќе може повторно да се користи. Сепак, „Фалкон хеви“ е најмоќната оперативна ракета во светот, која може да достигне до 64 тони носивост во Земјината Орбита.

Иако сѐ уште нема официјален датум, лансирањето може да се случи и до крајот на месецов, или пак, на почетокот на ноември.

The post Ракетата „Фалкон хеви“ на Спејс-Икс речиси подготвена за лансирање appeared first on Република.

]]>

Ракетата „Фалкон хеви“, развиена од компанијата „Спејс-Икс“, е најмоќната ракета во светот, а сега се очекува нејзиното прво лансирање по одложување од над три години. Огромната ракета се состои од три модифицирани засилувачи („бустери“) од првата фаза, а во мигов се случува крајното склопување, по што треба да биде поставена на лансирната рампа „Пад 39-А“ во вселенскиот центар „Кенеди“ на НАСА. По тој повод, „Спејс-Икс“ објави фотографија на која се прикажани сите 27 ракетни мотори Мерлин. Втората фаза е поврзана со централниот засилувач што го доставува товарот до орбитата. Само два бустери ќе се вратат на Земјата и ќе слетаат, додека централните ќе паднат во море. Вкупно 27 ракетни мотори „Мерлин“ генерираат повеќе од 2,2 милиона килограми потисок при лансирањето, што ја прави „Фалкон хеви“ најмоќната оперативна ракета. Вселенската компанија работи и на ракетата „Старшип“, што ќе патува до Марс и ќе може повторно да се користи. Сепак, „Фалкон хеви“ е најмоќната оперативна ракета во светот, која може да достигне до 64 тони носивост во Земјината Орбита. Иако сѐ уште нема официјален датум, лансирањето може да се случи и до крајот на месецов, или пак, на почетокот на ноември.

The post Ракетата „Фалкон хеви“ на Спејс-Икс речиси подготвена за лансирање appeared first on Република.

]]>
Маск загрижен дека „Тесла” и „Спејс-Икс“ се силно погодени од инфлацијата https://republika.mk/vesti/svet/mask-zagrizen-deka-tesla-i-spejs-iks-se-silno-pogodeni-od-inflacijata/ Tue, 15 Mar 2022 07:59:31 +0000 https://republika.mk/?p=472931

Извршниот директор на „Тесла инк“, Илон Маск, соопшти дека американскиот производител на електрични автомобили и неговата ракетна компанија „Спејс-Икс“ се соочуваат со значителни инфлациски притисоци врз суровините и логистиката.

Маск, на Твитер ја сподели загриженоста за изгледите за брза инфлација и порача дека неговите компании „не се сами во тешкотиите“, цитирајќи напис во кој се вели дека конфликтот меѓу Украина и Русија ги довела цените на суровините на највисоките нивоа од 2008 година.

https://twitter.com/elonmusk/status/1503184467397128194?cxt=HHwWhMC5seKTsdwpAAAA

Руската воена акција во Украина ги зголемува цените на металите што се користат во автомобилите - од алуминиум до паладиум и висококвалитетен никел.

Иако металите сѐ уште не се предмет на санкции од Западот, некои автоделови и добавувачи се воздржуваат од руски суровини, со што се врши голем притисок врз производителите на автомобили кои и онака веќе се погодени од недостигот на проводници и од повисоките цени на енергијата.

The post Маск загрижен дека „Тесла” и „Спејс-Икс“ се силно погодени од инфлацијата appeared first on Република.

]]>

Извршниот директор на „Тесла инк“, Илон Маск, соопшти дека американскиот производител на електрични автомобили и неговата ракетна компанија „Спејс-Икс“ се соочуваат со значителни инфлациски притисоци врз суровините и логистиката. Маск, на Твитер ја сподели загриженоста за изгледите за брза инфлација и порача дека неговите компании „не се сами во тешкотиите“, цитирајќи напис во кој се вели дека конфликтот меѓу Украина и Русија ги довела цените на суровините на највисоките нивоа од 2008 година. https://twitter.com/elonmusk/status/1503184467397128194?cxt=HHwWhMC5seKTsdwpAAAA Руската воена акција во Украина ги зголемува цените на металите што се користат во автомобилите - од алуминиум до паладиум и висококвалитетен никел. Иако металите сѐ уште не се предмет на санкции од Западот, некои автоделови и добавувачи се воздржуваат од руски суровини, со што се врши голем притисок врз производителите на автомобили кои и онака веќе се погодени од недостигот на проводници и од повисоките цени на енергијата.

The post Маск загрижен дека „Тесла” и „Спејс-Икс“ се силно погодени од инфлацијата appeared first on Република.

]]>