специјалци Archives - Република https://republika.mk/tema/specijalci/ За подобро да се разбереме Tue, 02 Jul 2024 08:33:56 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png специјалци Archives - Република https://republika.mk/tema/specijalci/ 32 32 Србија објави конкурс за воени специјалци – почетна плата од 1.900 евра https://republika.mk/vesti/balkan/srbija-objavi-konkurs-za-voeni-spetsijaltsi-pochetna-plata-od-1-900-evra/ Tue, 02 Jul 2024 08:33:56 +0000 https://republika.mk/?p=792604

Единицата на српската воена полиција за специјална намена „Кобра“ и 72-та бригада за специјални операции објавија конкурс за нови членови.

Во конкурсот се наведува дека може да се пријават сите заинтересирани млади момчиња и девојки на возраст до 30 години кои сакаат да добијат место во редовите на овие елитни единици.

Конкурсот за прием во специјалните единици на Вооружените сили на Србија е отворен до 31 јули 2024 година, а почетната плата ќе биде 220 илјади динари (околу 1.900 евра).

The post Србија објави конкурс за воени специјалци – почетна плата од 1.900 евра appeared first on Република.

]]>

Единицата на српската воена полиција за специјална намена „Кобра“ и 72-та бригада за специјални операции објавија конкурс за нови членови. Во конкурсот се наведува дека може да се пријават сите заинтересирани млади момчиња и девојки на возраст до 30 години кои сакаат да добијат место во редовите на овие елитни единици. Конкурсот за прием во специјалните единици на Вооружените сили на Србија е отворен до 31 јули 2024 година, а почетната плата ќе биде 220 илјади динари (околу 1.900 евра).

The post Србија објави конкурс за воени специјалци – почетна плата од 1.900 евра appeared first on Република.

]]>
Судот во Краљево ги пушти тројцата косовски полицајци да се бранат од слобода https://republika.mk/vesti/balkan/sudot-vo-kralevo-gi-pushti-trojtsata-kosovski-politsajtsi-da-se-branat-od-sloboda/ Mon, 26 Jun 2023 09:28:23 +0000 https://republika.mk/?p=655207

Совет на Вишиот суд во Краљево го потврди обвинението против тројцата припадници на косовската полиција и донесе одлука со која на обвинетите им е укинат притворот.

Адвокатот од Белград, Градимир Налиќ, кој ги застапува уапсените косовски полицајци во Србија, потврди за РСЕ дека им е укинат притворот и дека, како што изјави, тие во моментот се ослободуваат.

„Обвинението е потврдено, а притворот е укинат и ќе се бранат од слобода“, рече Налиќ и додаде дека полицајците се враќаат на Косово.

Тој рече и дека „во интерес на клиентите“ не може да каже ништо повеќе за овој случај.

Унгарскиот премиер Виктор Орбан на Твитер напиша дека српскиот претседател Александар Вучиќ го информирал дека „во согласност со нашиот договор од минатата недела, Србија наскоро ќе ги ослободи од притвор косовските полицајци“.

„Многу го цениме чекорот на Александар Вучиќ“, изјави Орбан.

Првично судот донесе одлука за 30 - дневен притвор на тројцата полицајци.

The post Судот во Краљево ги пушти тројцата косовски полицајци да се бранат од слобода appeared first on Република.

]]>

Совет на Вишиот суд во Краљево го потврди обвинението против тројцата припадници на косовската полиција и донесе одлука со која на обвинетите им е укинат притворот. Адвокатот од Белград, Градимир Налиќ, кој ги застапува уапсените косовски полицајци во Србија, потврди за РСЕ дека им е укинат притворот и дека, како што изјави, тие во моментот се ослободуваат. „Обвинението е потврдено, а притворот е укинат и ќе се бранат од слобода“, рече Налиќ и додаде дека полицајците се враќаат на Косово. Тој рече и дека „во интерес на клиентите“ не може да каже ништо повеќе за овој случај. Унгарскиот премиер Виктор Орбан на Твитер напиша дека српскиот претседател Александар Вучиќ го информирал дека „во согласност со нашиот договор од минатата недела, Србија наскоро ќе ги ослободи од притвор косовските полицајци“. „Многу го цениме чекорот на Александар Вучиќ“, изјави Орбан. Првично судот донесе одлука за 30 - дневен притвор на тројцата полицајци.

The post Судот во Краљево ги пушти тројцата косовски полицајци да се бранат од слобода appeared first on Република.

]]>
Петковиќ: Косовските специјалци синоќа ја окупираа северна Митровица, не гледаме начин за продолжување на дијалогот https://republika.mk/vesti/balkan/petkovik-kosovskite-spetsijaltsi-sinoka-ja-okupiraa-severna-mitrovitsa-ne-gledame-nachin-za-prodolzhuvane-na-dijalogot/ Sat, 17 Jun 2023 09:22:58 +0000 https://republika.mk/?p=652394

Директорот на Канцеларијата за Косово и Метохија, Петар Петковиќ, изјави на прес-конференција дека синоќа во северниот дел на Косовска Митровица имало вистинска воена опсада, дека косовскиот премиер Албин Курти сака да предизвика војна и да во вакви околности Белград не гледа како може да продолжи дијалогот, јави дописникот на МИА од Белград.

 

– Специјалците на Курти со долги цевки, оклопни возила го окупираа северот на Митровица, дојдоа од јужниот дел на Митровица со над 30 оклопни возила, под маски, со долги цевки.

 

Ја малтретираа цела северна Митровица, создадоа безбедносен обрач, патролираа во центарот на градот, имаа свои контролни пунктови на периферијата на градот, запираа автомобили, ги претресуваа луѓето, ги удираа со пиштоли и пцуеле, се обидеа да уапсат неколкумина, рече Петковиќ.

Тој посочи дека Албин Курти постојано провоцира, и дека цело време сака да започне конфликти и војна.

 

– Шокирани сме од најавите на САД и Британија, во кои не знам што се бара од Србија, да ги ослободи уапсените таканаречени полицајци, а никој не спомнува дека е неопходно да се ослободат невините Срби.

Гледате за какво лицемерие зборуваме. Ние не одлучуваме кога треба да се ослободат полицајците, ние сме правна држава за тоа одлучува обвинителството и судот.

 

Не се одлучува а тоа во амбасади, ниту пак со какво било соопштение, рече Петковиќ.

Тој изјави дека во такви околности не гледа како може да продолжи дијалогот бидејќи тоа подразбира нормализирање на односите, а ова што се случува е целосно ненормално и насилно и спротивно на дијалогот.

 

– За тоа ќе одлучи Александар Вучиќ, но не гледам простор за дијалог.

Кога Харадинај воведе даноци од 100 отсто, Вучиќ не отиде во Брисел додека тоа не беше повлечено бидејќи сакаа да го натераат Белград да капитулира.

Тоа сега се обидува да го направи Курти со забраната за влез на стоки, рече Петковиќ.

The post Петковиќ: Косовските специјалци синоќа ја окупираа северна Митровица, не гледаме начин за продолжување на дијалогот appeared first on Република.

]]>

Директорот на Канцеларијата за Косово и Метохија, Петар Петковиќ, изјави на прес-конференција дека синоќа во северниот дел на Косовска Митровица имало вистинска воена опсада, дека косовскиот премиер Албин Курти сака да предизвика војна и да во вакви околности Белград не гледа како може да продолжи дијалогот, јави дописникот на МИА од Белград.
  – Специјалците на Курти со долги цевки, оклопни возила го окупираа северот на Митровица, дојдоа од јужниот дел на Митровица со над 30 оклопни возила, под маски, со долги цевки.   Ја малтретираа цела северна Митровица, создадоа безбедносен обрач, патролираа во центарот на градот, имаа свои контролни пунктови на периферијата на градот, запираа автомобили, ги претресуваа луѓето, ги удираа со пиштоли и пцуеле, се обидеа да уапсат неколкумина, рече Петковиќ. Тој посочи дека Албин Курти постојано провоцира, и дека цело време сака да започне конфликти и војна.   – Шокирани сме од најавите на САД и Британија, во кои не знам што се бара од Србија, да ги ослободи уапсените таканаречени полицајци, а никој не спомнува дека е неопходно да се ослободат невините Срби. Гледате за какво лицемерие зборуваме. Ние не одлучуваме кога треба да се ослободат полицајците, ние сме правна држава за тоа одлучува обвинителството и судот.   Не се одлучува а тоа во амбасади, ниту пак со какво било соопштение, рече Петковиќ. Тој изјави дека во такви околности не гледа како може да продолжи дијалогот бидејќи тоа подразбира нормализирање на односите, а ова што се случува е целосно ненормално и насилно и спротивно на дијалогот.   – За тоа ќе одлучи Александар Вучиќ, но не гледам простор за дијалог. Кога Харадинај воведе даноци од 100 отсто, Вучиќ не отиде во Брисел додека тоа не беше повлечено бидејќи сакаа да го натераат Белград да капитулира. Тоа сега се обидува да го направи Курти со забраната за влез на стоки, рече Петковиќ.

The post Петковиќ: Косовските специјалци синоќа ја окупираа северна Митровица, не гледаме начин за продолжување на дијалогот appeared first on Република.

]]>
Уапсени, до заби вооружени, специјалци на Курти: Фатени во шума во централна Србија https://republika.mk/vesti/svet/uapseni-do-zabi-vooruzheni-spetsijaltsi-na-kurti-fateni-vo-shuma-vo-tsentralna-srbija/ Wed, 14 Jun 2023 12:59:45 +0000 https://republika.mk/?p=651365

Припадниците на специјалните единици на српската полиција денеска уапсија тројца косовски специјалци вооружени до заби, на територијата на централна Србија, неофицијално е потврдено за РТС.

„Нова.рс“ објави дека за оваа акција итно бил известен шефот на државата Александар Вучиќ, кој бил во руската амбасада, каде присуствувал на прием по повод одбележувањето на Денот на Русија, а по добиената информација се упатил кон Претседателството.

Се уште не се знае каде отишле и зошто биле вооружени.

The post Уапсени, до заби вооружени, специјалци на Курти: Фатени во шума во централна Србија appeared first on Република.

]]>

Припадниците на специјалните единици на српската полиција денеска уапсија тројца косовски специјалци вооружени до заби, на територијата на централна Србија, неофицијално е потврдено за РТС. „Нова.рс“ објави дека за оваа акција итно бил известен шефот на државата Александар Вучиќ, кој бил во руската амбасада, каде присуствувал на прием по повод одбележувањето на Денот на Русија, а по добиената информација се упатил кон Претседателството.
Се уште не се знае каде отишле и зошто биле вооружени.

The post Уапсени, до заби вооружени, специјалци на Курти: Фатени во шума во централна Србија appeared first on Република.

]]>
Курти подготвува удар на северот на Косово: Ја ставил војската во состојба на борбена готовност, подготвени се 1.500 специјалци https://republika.mk/vesti/balkan/kurti-podgotvuva-udar-na-severot-na-kosovo-ja-stavil-vojskata-vo-sostojba-na-borbena-gotovnost-podgotveni-se-1-500-spetsijaltsi/ Mon, 26 Dec 2022 21:07:41 +0000 https://republika.mk/?p=590303

Привремените власти во Приштина ги ставиле безбедносни сили во целосна борбена готовност и се подготвени да извршат напад на северот на Косово и Метохија со 1.500 свои припадници, неофицијално дознава „Новости“.

Оваа наредба се однесува на единиците од Приштина, Пеќ и Призрен.

Според информации од кругови блиски до КФОР, официјална Приштина издала наредба до припадниците на безбедносните сили вечерва да бидат во касарната или во домет на мобилни телефони, подготвени за движење во текот на ноќта.

The post Курти подготвува удар на северот на Косово: Ја ставил војската во состојба на борбена готовност, подготвени се 1.500 специјалци appeared first on Република.

]]>

Привремените власти во Приштина ги ставиле безбедносни сили во целосна борбена готовност и се подготвени да извршат напад на северот на Косово и Метохија со 1.500 свои припадници, неофицијално дознава „Новости“. Оваа наредба се однесува на единиците од Приштина, Пеќ и Призрен. Според информации од кругови блиски до КФОР, официјална Приштина издала наредба до припадниците на безбедносните сили вечерва да бидат во касарната или во домет на мобилни телефони, подготвени за движење во текот на ноќта.

The post Курти подготвува удар на северот на Косово: Ја ставил војската во состојба на борбена готовност, подготвени се 1.500 специјалци appeared first on Република.

]]>
Косовската полиција негира дека специјалци се упатиле на север https://republika.mk/vesti/balkan/kosovskata-policija-negira-deka-specijalci-se-upatile-na-sever/ Sun, 06 Nov 2022 11:36:06 +0000 https://republika.mk/?p=570318

Полицијата на Косово ги негира пишувањата во некои српски медиуми дека припадници на специјалната единица се упатиле на северот на земјата, населен со мнозинско српско население, откако вчера Србите одлучија да ги напуштат косовските институции, јави дописникот на МИА од Приштина.

Во соопштението доставено до медиумите, се вели дека „полициските единици на јавниот ред и оние пограничните, согласно службената должност патролираат/се движат на терен зависно од ангажманите и задачите, но нема вклученост или испраќање на специјални единици на север“.

Според потребите и операциските Ð �ценки полицијата ќе го ангажира својот персонал, со цел извршување на законските задачи и овластувања, во функција на гарантирањето на севкупната безбедност во земјата, како и нудењето безбедност за сите граѓани, без оглед на нивната припадност, се вели во соопштението.

Најголемата партија на косовските Срби, Српска листа (СЛ) одлучи вчера да ги повлече своите членови од институциите на Косово, поради најавите од владата на Албин Курти дека ќе ги казнува лицата кои нема да ги сменат регистрерските таблички издадени од Србија со таблички со ознаката РКС – Република Косово.

Лидерот на СЛ, Горан Ракиќ, кој исто така поднесе оставка од функцијата министер за заедници и враќање во владата на Курти, порача дека Србите ќе останат надвор од институциите сé додека не се повлече одлуката за табличките и не се формира заедницата на општини со мнозинско српско население во Косово.

The post Косовската полиција негира дека специјалци се упатиле на север appeared first on Република.

]]>

Полицијата на Косово ги негира пишувањата во некои српски медиуми дека припадници на специјалната единица се упатиле на северот на земјата, населен со мнозинско српско население, откако вчера Србите одлучија да ги напуштат косовските институции, јави дописникот на МИА од Приштина. Во соопштението доставено до медиумите, се вели дека „полициските единици на јавниот ред и оние пограничните, согласно службената должност патролираат/се движат на терен зависно од ангажманите и задачите, но нема вклученост или испраќање на специјални единици на север“.
Според потребите и операциските Ð �ценки полицијата ќе го ангажира својот персонал, со цел извршување на законските задачи и овластувања, во функција на гарантирањето на севкупната безбедност во земјата, како и нудењето безбедност за сите граѓани, без оглед на нивната припадност, се вели во соопштението.
Најголемата партија на косовските Срби, Српска листа (СЛ) одлучи вчера да ги повлече своите членови од институциите на Косово, поради најавите од владата на Албин Курти дека ќе ги казнува лицата кои нема да ги сменат регистрерските таблички издадени од Србија со таблички со ознаката РКС – Република Косово. Лидерот на СЛ, Горан Ракиќ, кој исто така поднесе оставка од функцијата министер за заедници и враќање во владата на Курти, порача дека Србите ќе останат надвор од институциите сé додека не се повлече одлуката за табличките и не се формира заедницата на општини со мнозинско српско население во Косово.

The post Косовската полиција негира дека специјалци се упатиле на север appeared first on Република.

]]>
Тајна мрежа од десетици НАТО командоси му помагаат на Киев во војната против руските сили https://republika.mk/vesti/svet/tajna-mreza-od-desetici-komandosi-mu-pomagaat-na-kiev-vo-vojnata-protiv-ruskite-sili/ Sun, 26 Jun 2022 14:24:30 +0000 https://republika.mk/?p=519890

Тајна мрежа на шпиони и командоси (специјални сили) на САД и нивните сојузници и помагаат на Украина, вклучително и со обезбедување разузнавачки информации, додека десетици командоси од голем број земји на НАТО работат на украинска територија, пишува „Њујорк Тајмс“, цитирајќи извори.

Според весникот, кој се повикува на американски и европски функционери, украинските трупи зависат од помошта на САД и нивните сојузници, вклучително и „скриена мрежа на командоси и шпиони“ кои обезбедуваат оружје, разузнавачки информации и обука. Забележано е дека најголемиот дел од оваа работа се врши надвор од Украина, на пример, во базите во Германија, Франција и Велика Британија.

Во исто време, на територијата на Украина работат „неколку десетици командоси“ од земјите на НАТО како Велика Британија, Франција, Канада и Литванија, нагласува американскиот весник.

The post Тајна мрежа од десетици НАТО командоси му помагаат на Киев во војната против руските сили appeared first on Република.

]]>

Тајна мрежа на шпиони и командоси (специјални сили) на САД и нивните сојузници и помагаат на Украина, вклучително и со обезбедување разузнавачки информации, додека десетици командоси од голем број земји на НАТО работат на украинска територија, пишува „Њујорк Тајмс“, цитирајќи извори. Според весникот, кој се повикува на американски и европски функционери, украинските трупи зависат од помошта на САД и нивните сојузници, вклучително и „скриена мрежа на командоси и шпиони“ кои обезбедуваат оружје, разузнавачки информации и обука. Забележано е дека најголемиот дел од оваа работа се врши надвор од Украина, на пример, во базите во Германија, Франција и Велика Британија. Во исто време, на територијата на Украина работат „неколку десетици командоси“ од земјите на НАТО како Велика Британија, Франција, Канада и Литванија, нагласува американскиот весник.

The post Тајна мрежа од десетици НАТО командоси му помагаат на Киев во војната против руските сили appeared first on Република.

]]>
Германски весник: Елитни воени единици на Британија и САД делуваат во Украина https://republika.mk/vesti/svet/germanski-vesnik-elitni-voeni-edinici-na-britanija-i-sad-deluvaat-vo-ukraina/ Fri, 29 Apr 2022 13:04:59 +0000 https://republika.mk/?p=495351

Елитни воени единици на НАТО се наоѓаат во Украина во борбата против руската армија, тврди германскиот магазин „Фокус“.

Специјалци од Велика Британија и САД ги обучуваат украинските војници, меѓу другото, за употреба на современи противтенковски оружја. Тие вршат обука и за вршење саботажи, а со украинските војници вежбаат и партизански борбени техники.

Британците се најбројни во тимот за обука на Украинците со повеќе од 100 елитни војници на специјалната единица САС. Дел од тие војници се кријат во Украина од 2014 година, пишува весникот.

Тие обучуваат припадници на професионална украинска армија и доброволци. Во Украина се и членови на британската поморска специјална единица СБС, како и специјални извидници на единицата СРР.

И САД испратиле свои специјални сили во Украина. Зелените беретки тренираат Украинци во урбана борба, а „Нејви Силс“ тренираат украински војници на стар полигон на западот од земјата.

Европската команда во Штутгарт е задолжена за координирање на активностите на американските специјални сили.

Исто така, британските и американските елитни војници имаат една посебна задача, за која се задолжени единиците стационирани во Литванија, а тоа е да го евакуираат украинскиот претседател Володимир Зеленски доколку тоа е потребно.

The post Германски весник: Елитни воени единици на Британија и САД делуваат во Украина appeared first on Република.

]]>

Елитни воени единици на НАТО се наоѓаат во Украина во борбата против руската армија, тврди германскиот магазин „Фокус“. Специјалци од Велика Британија и САД ги обучуваат украинските војници, меѓу другото, за употреба на современи противтенковски оружја. Тие вршат обука и за вршење саботажи, а со украинските војници вежбаат и партизански борбени техники. Британците се најбројни во тимот за обука на Украинците со повеќе од 100 елитни војници на специјалната единица САС. Дел од тие војници се кријат во Украина од 2014 година, пишува весникот. Тие обучуваат припадници на професионална украинска армија и доброволци. Во Украина се и членови на британската поморска специјална единица СБС, како и специјални извидници на единицата СРР. И САД испратиле свои специјални сили во Украина. Зелените беретки тренираат Украинци во урбана борба, а „Нејви Силс“ тренираат украински војници на стар полигон на западот од земјата. Европската команда во Штутгарт е задолжена за координирање на активностите на американските специјални сили. Исто така, британските и американските елитни војници имаат една посебна задача, за која се задолжени единиците стационирани во Литванија, а тоа е да го евакуираат украинскиот претседател Володимир Зеленски доколку тоа е потребно.

The post Германски весник: Елитни воени единици на Британија и САД делуваат во Украина appeared first on Република.

]]>
Диверзанти маскирани во медицински работници: Русите тврдат дека Британците испратиле експерти за „партизанска борба“ https://republika.mk/vesti/svet/diverzanti-maskirani-vo-medicinski-rabotnici-rusite-tvrdat-deka-britancite-ispratile-eksperti-za-partizanska-borba/ Sun, 24 Apr 2022 06:25:34 +0000 https://republika.mk/?p=492876

Најмалку две групи од по околу 20 експерти за диверзии и партизански борби од Специјалната воздушна служба на британските воздухопловни сили  (САС) пристигнале во регионот на Лавов во Украина, вели неименуван претставник на руската армија, за руските медиуми.

Како што вели тој, припадниците на таа служба важат за едни од најквалификуваните експерти во светот во областа на организирање државен удар, масовни протести и собири, организирање убиства на политички функционери, регрутирање, но и подготовка на терористички акти.

Тоа не се обични специјалци, тоа се интелектуалци кои во својот состав имаат и идеолози, така да се каже професори, а останатите се експерти од различни области - вели рускиот претставник.

Претставникот на руската армија рече и дека тие обично работат во борбени зони под маската на медицински работници или хуманитарци.

Специјалната воздушна служба, скратено САС, е единица на британската армија, основана во 1941 година како полк, кој во 1950 година бил трансформиран во корпус. Оваа единица послужи како модел за создавање на многу специјални единици ширум светот.

САС врши голем број функции, вклучувајќи тајно извидување, борба против тероризам, директна акција и собирање разузнавачки информации.

The post Диверзанти маскирани во медицински работници: Русите тврдат дека Британците испратиле експерти за „партизанска борба“ appeared first on Република.

]]>

Најмалку две групи од по околу 20 експерти за диверзии и партизански борби од Специјалната воздушна служба на британските воздухопловни сили  (САС) пристигнале во регионот на Лавов во Украина, вели неименуван претставник на руската армија, за руските медиуми. Како што вели тој, припадниците на таа служба важат за едни од најквалификуваните експерти во светот во областа на организирање државен удар, масовни протести и собири, организирање убиства на политички функционери, регрутирање, но и подготовка на терористички акти.
Тоа не се обични специјалци, тоа се интелектуалци кои во својот состав имаат и идеолози, така да се каже професори, а останатите се експерти од различни области - вели рускиот претставник.
Претставникот на руската армија рече и дека тие обично работат во борбени зони под маската на медицински работници или хуманитарци. Специјалната воздушна служба, скратено САС, е единица на британската армија, основана во 1941 година како полк, кој во 1950 година бил трансформиран во корпус. Оваа единица послужи како модел за создавање на многу специјални единици ширум светот. САС врши голем број функции, вклучувајќи тајно извидување, борба против тероризам, директна акција и собирање разузнавачки информации.

The post Диверзанти маскирани во медицински работници: Русите тврдат дека Британците испратиле експерти за „партизанска борба“ appeared first on Република.

]]>
Специјалци упаднале во погрешен стан – се извиниле со 50 евра, но пак добија тужба https://republika.mk/vesti/svet/specijalci-upadnale-vo-pogreshen-stan-se-izvinile-so-50-evra-no-pak-dobija-tuzba/ Sun, 13 Feb 2022 08:39:26 +0000 https://republika.mk/?p=457745

Припадници на специјална единица на германската полиција СЕК, на крајот на јануари во Есен упаднале во погрешен стан, па му се извинија на станарот со ваучер од 50 евра за купување од Амазон.

Во раните утрински часови на 25 јануари, луѓето на СЕК упаднале во станот, затоа што отишле на погрешен кат. Ја скршиле вратата од станот и, наводно, фрлиле шок-бомба. Но, кога почнале да апсат луѓе во станот, сфатиле дека настанала грешка.

Студентот бил буден и, сепак, претрпел последици. Околу две седмици по настанот, нему му е врачено извинување во облик на ваучер за купување на Амазон, коешто тој го смета за несоодветно. Студентот, застапуван од адвокатот Јерг Хуфер, тврди дека полицијата пуштила солзавец и му држела пиштол на главата, што сепак, има несакани последици.

Полицијата, пак, порекна дека му држеле пиштол вперен во главата и дека употребиле солзавец, наведувајќи дека брзата помош повикана кај станарите не констатирала повреди кај него.

Адвокатот тврди дека неговиот клиент се соочува со последици и не може да спие или да работи и затоа побарал психолошка помош.

Полицијата ги презеде трошоците за санирање на штетата во станот и лекување на младиот маж. Адвокатот смета дека неговиот клиент „има право на петцифрена отштета“ од полицијата.

Инаку, осомничениот за криминал по кого полицијата трагала, бил приведен само накусо.

The post Специјалци упаднале во погрешен стан – се извиниле со 50 евра, но пак добија тужба appeared first on Република.

]]>

Припадници на специјална единица на германската полиција СЕК, на крајот на јануари во Есен упаднале во погрешен стан, па му се извинија на станарот со ваучер од 50 евра за купување од Амазон. Во раните утрински часови на 25 јануари, луѓето на СЕК упаднале во станот, затоа што отишле на погрешен кат. Ја скршиле вратата од станот и, наводно, фрлиле шок-бомба. Но, кога почнале да апсат луѓе во станот, сфатиле дека настанала грешка. Студентот бил буден и, сепак, претрпел последици. Околу две седмици по настанот, нему му е врачено извинување во облик на ваучер за купување на Амазон, коешто тој го смета за несоодветно. Студентот, застапуван од адвокатот Јерг Хуфер, тврди дека полицијата пуштила солзавец и му држела пиштол на главата, што сепак, има несакани последици. Полицијата, пак, порекна дека му држеле пиштол вперен во главата и дека употребиле солзавец, наведувајќи дека брзата помош повикана кај станарите не констатирала повреди кај него. Адвокатот тврди дека неговиот клиент се соочува со последици и не може да спие или да работи и затоа побарал психолошка помош. Полицијата ги презеде трошоците за санирање на штетата во станот и лекување на младиот маж. Адвокатот смета дека неговиот клиент „има право на петцифрена отштета“ од полицијата. Инаку, осомничениот за криминал по кого полицијата трагала, бил приведен само накусо.

The post Специјалци упаднале во погрешен стан – се извиниле со 50 евра, но пак добија тужба appeared first on Република.

]]>