спасено девојче Archives - Република https://republika.mk/tema/spaseno-devojche/ За подобро да се разбереме Wed, 15 Feb 2023 10:07:41 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png спасено девојче Archives - Република https://republika.mk/tema/spaseno-devojche/ 32 32 Моментот кога спасувачи од Република Српска извлекуваат 10-годишно девојче живо по 7 дена под урнатините https://republika.mk/vesti/svet/momentot-koga-spasuvachi-od-republika-srpska-izvlekuvaat-10-godishno-devojche-zhivo-po-7-dena-pod-urnatinite/ Tue, 14 Feb 2023 13:12:35 +0000 https://republika.mk/?p=608878

Спасувачи од Република Српска, кои во Турција веќе неколку дена помагаат во лоцирањето и извлекувањето на преживеани лица после разорниот земјотрес, пронајдоа и спасија десетгодишно девојче од под урнатините.

Акцијата се спроведувала во зграда во градот Кахраманмараш, а оттаму за „Република“ го испраќаат среќниот момент кога девојчето е извлечено живо по седум дена минати под урнатините.

Девојчето било пронајдено како лежи покрај нејзината баба, која за жал, не го преживеала уривањето на зградата. Нејзиното семејство емотивно ја дочека веста за спасувањето на нивното чедо.

Во Република Српска тимот спасувачи веќе ја доби заслужената почит од граѓаните, кои на своите херои им порачаа „Ви благодариме“.

Во оваа херојска акција учествуваше и македонскиот алпинист Надир Мурсели, кој самостојно замина во Турција да помогне за спасување на настраданите од земјотресот.

Тој течно говори турски јазик, па освен тоа што активно учествува во операциите за извлекување, на спасувачите од Република Српска им помагал и како преведувач.

https://republika.mk/vesti/makedonija/tetovskiot-alpinist-murseli-kopavme-3-4-chasa-otkako-slushnavme-glas-ja-spasivme-10-godishnata-irmak-po-7-dena-pod-urnatinite/

Кахраманмараш се наоѓа блиску до епицентарот на разорниот земјотрес. Најмалку 1.000 станбени згради се срамнати со земја, а засега потврдена е смртта на околу 600 жители, но се стравува дека бројката на загинати кои лежат под урнатините е многу поголема. Но, и по недела дена од првиот потрес, ни кај спасувачите, ни кај семејствата не е згасната надежта за чудо.

The post Моментот кога спасувачи од Република Српска извлекуваат 10-годишно девојче живо по 7 дена под урнатините appeared first on Република.

]]>

Спасувачи од Република Српска, кои во Турција веќе неколку дена помагаат во лоцирањето и извлекувањето на преживеани лица после разорниот земјотрес, пронајдоа и спасија десетгодишно девојче од под урнатините. Акцијата се спроведувала во зграда во градот Кахраманмараш, а оттаму за „Република“ го испраќаат среќниот момент кога девојчето е извлечено живо по седум дена минати под урнатините. Девојчето било пронајдено како лежи покрај нејзината баба, која за жал, не го преживеала уривањето на зградата. Нејзиното семејство емотивно ја дочека веста за спасувањето на нивното чедо. Во Република Српска тимот спасувачи веќе ја доби заслужената почит од граѓаните, кои на своите херои им порачаа „Ви благодариме“. Во оваа херојска акција учествуваше и македонскиот алпинист Надир Мурсели, кој самостојно замина во Турција да помогне за спасување на настраданите од земјотресот. Тој течно говори турски јазик, па освен тоа што активно учествува во операциите за извлекување, на спасувачите од Република Српска им помагал и како преведувач. https://republika.mk/vesti/makedonija/tetovskiot-alpinist-murseli-kopavme-3-4-chasa-otkako-slushnavme-glas-ja-spasivme-10-godishnata-irmak-po-7-dena-pod-urnatinite/ Кахраманмараш се наоѓа блиску до епицентарот на разорниот земјотрес. Најмалку 1.000 станбени згради се срамнати со земја, а засега потврдена е смртта на околу 600 жители, но се стравува дека бројката на загинати кои лежат под урнатините е многу поголема. Но, и по недела дена од првиот потрес, ни кај спасувачите, ни кај семејствата не е згасната надежта за чудо.

The post Моментот кога спасувачи од Република Српска извлекуваат 10-годишно девојче живо по 7 дена под урнатините appeared first on Република.

]]>