СОЗР Archives - Република https://republika.mk/tema/sozr/ За подобро да се разбереме Fri, 26 Jul 2024 05:38:09 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png СОЗР Archives - Република https://republika.mk/tema/sozr/ 32 32 Нема веќе багателни јадења на државна сметка: Директорот на СОЗР ги качува цените https://republika.mk/vesti/makedonija/nema-veke-bagatelni-jadena-na-drzhavna-smetka-direktorot-na-sozr-gi-kachuva-tsenite/ Fri, 26 Jul 2024 15:30:09 +0000 https://republika.mk/?p=800039

Директорот на Службата за општи и заеднички работи, Ивица Томовски најавува зголемување на цените на угостителските услуги во Владините објекти.

Томовски вели, нема повеќе “багатела” јадење на државна сметка, како и дека во изминатиот период, јавноста често со право обрнуваше внимание на ниските и непазарни цени по кои се користеа угостителските услуги на (СОЗР) на Владата.

Во таквите дебати особено беше апострофиран собранискиот и владиниот ресторан, каде цените на услугите и производите беа значително пониски од оние на слободниот пазар достапни за граѓаните. Излегувајќи во пресрет на овие оправдани повеќегодишни забелешки, како и во функција на натамошно рационализирање, на мој предлог како директор на СОЗР, Владата вчера едногласно усвои првична одлука за зголемување на цените на угостителските услуги за 50% - информира Томовски.

Тој вели дека ваквото зголемување на цените не е прекумерно имајќи предвид дека претходно цените беа значително пониски во споредба со приватниот пазар.

Томовски најавува дека во периодот што следува, ќе се прават дополнителни анализи и секогаш кога ќе се јави потреба поради отстапувања од пазарните цени, ќе има корекции на истите.

Важно е да се обезбеди еднаков пристап на сите услуги, но без привилегии за избраните функционери и раководниот кадар - вели директорот на СОЗР.

The post Нема веќе багателни јадења на државна сметка: Директорот на СОЗР ги качува цените appeared first on Република.

]]>

Директорот на Службата за општи и заеднички работи, Ивица Томовски најавува зголемување на цените на угостителските услуги во Владините објекти. Томовски вели, нема повеќе “багатела” јадење на државна сметка, како и дека во изминатиот период, јавноста често со право обрнуваше внимание на ниските и непазарни цени по кои се користеа угостителските услуги на (СОЗР) на Владата.
Во таквите дебати особено беше апострофиран собранискиот и владиниот ресторан, каде цените на услугите и производите беа значително пониски од оние на слободниот пазар достапни за граѓаните. Излегувајќи во пресрет на овие оправдани повеќегодишни забелешки, како и во функција на натамошно рационализирање, на мој предлог како директор на СОЗР, Владата вчера едногласно усвои првична одлука за зголемување на цените на угостителските услуги за 50% - информира Томовски.
Тој вели дека ваквото зголемување на цените не е прекумерно имајќи предвид дека претходно цените беа значително пониски во споредба со приватниот пазар. Томовски најавува дека во периодот што следува, ќе се прават дополнителни анализи и секогаш кога ќе се јави потреба поради отстапувања од пазарните цени, ќе има корекции на истите.
Важно е да се обезбеди еднаков пристап на сите услуги, но без привилегии за избраните функционери и раководниот кадар - вели директорот на СОЗР.

The post Нема веќе багателни јадења на државна сметка: Директорот на СОЗР ги качува цените appeared first on Република.

]]>
СОЗР и Владата признаа дека во време на криза набавиле кафе за 50.000 евра https://republika.mk/vesti/makedonija/sozr-i-vladata-priznaa-deka-vo-vreme-na-kriza-nabavile-kafe-za-50-000-evra/ Sun, 13 Mar 2022 15:27:02 +0000 https://republika.mk/?p=472156

СОЗР и Владата признаа дека во време на криза набавиле кафе за 50.000 евра, реагираат од најголемата опозициска партија ВМРО ДПМНЕ.

Владата призна дека наместо да воведува антикризни мерки, наместо да штеди и да се грижи за граѓаните, тие ќе пијат кафе по цели денови. Тотално е неважно дали СОЗР набавува кафе за Ковачевски, Спасовски или Николовски, важно е дека заради нивната неспособност граѓаните трпат сиромаштија.

Луксузот на Владата ја покажува незаинтересираноста и негрижата за граѓаните и државата, се вели во соопштението на ВМРО ДПМНЕ.

Според партијата, Владата и СОЗР може да кажат исто така дали е поважно да пијат кафе со златни лажички кои исто така ги набавија во време на сериозна криза или пак е поважно граѓаните да имаат да се прехранат.

Едно е јасно, знаеле дека ќе има сериозна економска криза и воопшто не им било важно, сметаат од ВМРО ДПМНЕ.

The post СОЗР и Владата признаа дека во време на криза набавиле кафе за 50.000 евра appeared first on Република.

]]>

СОЗР и Владата признаа дека во време на криза набавиле кафе за 50.000 евра, реагираат од најголемата опозициска партија ВМРО ДПМНЕ.
Владата призна дека наместо да воведува антикризни мерки, наместо да штеди и да се грижи за граѓаните, тие ќе пијат кафе по цели денови. Тотално е неважно дали СОЗР набавува кафе за Ковачевски, Спасовски или Николовски, важно е дека заради нивната неспособност граѓаните трпат сиромаштија. Луксузот на Владата ја покажува незаинтересираноста и негрижата за граѓаните и државата, се вели во соопштението на ВМРО ДПМНЕ.
Според партијата, Владата и СОЗР може да кажат исто така дали е поважно да пијат кафе со златни лажички кои исто така ги набавија во време на сериозна криза или пак е поважно граѓаните да имаат да се прехранат.
Едно е јасно, знаеле дека ќе има сериозна економска криза и воопшто не им било важно, сметаат од ВМРО ДПМНЕ.

The post СОЗР и Владата признаа дека во време на криза набавиле кафе за 50.000 евра appeared first on Република.

]]>
Герасимовски ќе ја урива владината дивоградба https://republika.mk/vesti/skopje/gerasimovski-kje-ja-uriva-vladinata-divogradba/ Wed, 16 Feb 2022 11:41:57 +0000 https://republika.mk/?p=459288

Уривање на дивоградбата на владината Служба за општи и заеднички работи ќе биде приоритет на Општина Центар, доколку СОЗР во меѓувреме не ја урне сама, вели градоначалникот Герасимовски за 360 степени.

Иако Деталниот урбанистички план за локацијата предвидува пристап до зградата на СОЗР по т.н Адвокатска улица, СОЗР на своја рака си поставила улица, која преку тротоарот за пешаци излегува на главниот булевар „Филип Втори Македонски“. Потоа, уличката е оградена на диво.

Газдите на околните парцели, чиј пристап бил блокиран, го пријавиле случајот уште во 2020 година. Инспектор од Општина Центар излегол на терен дури една година по пријавата, па на 15 октомври 2021 година издал Решение за уривање.

Од СОЗР пак, велат дека ја примиле наредбата за рушење на спорните елементи и дека „Службата ќе постапи во рамки на Законот“.

Целиоте текст овде.

The post Герасимовски ќе ја урива владината дивоградба appeared first on Република.

]]>

Уривање на дивоградбата на владината Служба за општи и заеднички работи ќе биде приоритет на Општина Центар, доколку СОЗР во меѓувреме не ја урне сама, вели градоначалникот Герасимовски за 360 степени.

Иако Деталниот урбанистички план за локацијата предвидува пристап до зградата на СОЗР по т.н Адвокатска улица, СОЗР на своја рака си поставила улица, која преку тротоарот за пешаци излегува на главниот булевар „Филип Втори Македонски“. Потоа, уличката е оградена на диво. Газдите на околните парцели, чиј пристап бил блокиран, го пријавиле случајот уште во 2020 година. Инспектор од Општина Центар излегол на терен дури една година по пријавата, па на 15 октомври 2021 година издал Решение за уривање.