совети за домот Archives - Република https://republika.mk/tema/soveti-za-domot/ За подобро да се разбереме Sun, 12 Mar 2023 19:33:50 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png совети за домот Archives - Република https://republika.mk/tema/soveti-za-domot/ 32 32 Седум начини како да го освежите домот во пролет https://republika.mk/zivot/kaleidoskop/sedum-nachini-kako-da-go-osvezhite-domot-vo-prolet/ Sun, 12 Mar 2023 19:33:50 +0000 https://republika.mk/?p=618871

Пролетта е во воздухот и сега е вистинското време целосно да го исчистите домот.

[caption id="attachment_618873" align="alignnone" width="640"] (фото: Пиксабеј)[/caption]

Ослободете се од задушливиот воздух и непријатните миризби. По долгата зима со затворени прозорци, време е да пуштите малку свеж воздух внатре. Отворете ги сите прозорци и дозволете му на воздухот на циркулира низ вашиот дом. Ако имате теписи, однесете ги на перење, со што ќе се отстранат нечистотиите, флеките и непријатните миризби кои се наталожиле во зимските месеци.

Направете нов распоред. Дали дневната соба ви делува досадно? Сменете им го местото на работите и веднаш ќе биде поинаку. Некогаш тоа е се што е доволно за вашиот простор да делува ново и поотворено.

[caption id="attachment_618874" align="alignnone" width="640"] (фото: Пиксабеј)[/caption]

Збогатете го влезот. Ставете масичка во ходникот и на неа ставете рамка со слика и декоративна вазна. Вака секој што ќе влезе ќе се чувствува добредојдено.

Ставете свежи цвеќиња. Ова е лесен и евтин начин да го живнете просторот. Изберете сезонски цвеќиња и ставете ги во вазна – дневната веднаш ќе изгледа посветло.

[caption id="attachment_618875" align="alignnone" width="640"] (фото: Пиксабеј)[/caption]

Направете ја спалната соба ваше засолниште. Во оваа соба го започнувате и завршувате вашиот ден, па затоа таа треба да биде вашата оаза. Купете нова постелнина со шари и бои кои делуваат смирувачки. Обојте ги ѕидовите во различни бои доколку сакате да го смените нивниот изглед, или пак закачете нова слика.

Исчистете го нередот – еден по еден плакар, една по една фиока. Не постојат реални шанси да ја средите целата куќа за еден ден, па затоа поделете ја работата на помали задачи со тоа што ќе одберете една област дневно за средување. Дури и ако ви треба цел месец за да ја поминете целата куќа, чувството на успех на крајот е загарантирано.

Купете нов тепих. Тепихот е одличен начин да додадете топлина и карактер на собата. Одберете светли бои доколку имате темни дрвени подови, или пак одлучете се за шарен тепих кој ќе му даде на просторот свежина.

The post Седум начини како да го освежите домот во пролет appeared first on Република.

]]>

Пролетта е во воздухот и сега е вистинското време целосно да го исчистите домот. [caption id="attachment_618873" align="alignnone" width="640"] (фото: Пиксабеј)[/caption] Ослободете се од задушливиот воздух и непријатните миризби. По долгата зима со затворени прозорци, време е да пуштите малку свеж воздух внатре. Отворете ги сите прозорци и дозволете му на воздухот на циркулира низ вашиот дом. Ако имате теписи, однесете ги на перење, со што ќе се отстранат нечистотиите, флеките и непријатните миризби кои се наталожиле во зимските месеци. Направете нов распоред. Дали дневната соба ви делува досадно? Сменете им го местото на работите и веднаш ќе биде поинаку. Некогаш тоа е се што е доволно за вашиот простор да делува ново и поотворено. [caption id="attachment_618874" align="alignnone" width="640"] (фото: Пиксабеј)[/caption] Збогатете го влезот. Ставете масичка во ходникот и на неа ставете рамка со слика и декоративна вазна. Вака секој што ќе влезе ќе се чувствува добредојдено. Ставете свежи цвеќиња. Ова е лесен и евтин начин да го живнете просторот. Изберете сезонски цвеќиња и ставете ги во вазна – дневната веднаш ќе изгледа посветло. [caption id="attachment_618875" align="alignnone" width="640"] (фото: Пиксабеј)[/caption] Направете ја спалната соба ваше засолниште. Во оваа соба го започнувате и завршувате вашиот ден, па затоа таа треба да биде вашата оаза. Купете нова постелнина со шари и бои кои делуваат смирувачки. Обојте ги ѕидовите во различни бои доколку сакате да го смените нивниот изглед, или пак закачете нова слика. Исчистете го нередот – еден по еден плакар, една по една фиока. Не постојат реални шанси да ја средите целата куќа за еден ден, па затоа поделете ја работата на помали задачи со тоа што ќе одберете една област дневно за средување. Дури и ако ви треба цел месец за да ја поминете целата куќа, чувството на успех на крајот е загарантирано. Купете нов тепих. Тепихот е одличен начин да додадете топлина и карактер на собата. Одберете светли бои доколку имате темни дрвени подови, или пак одлучете се за шарен тепих кој ќе му даде на просторот свежина.

The post Седум начини како да го освежите домот во пролет appeared first on Република.

]]>
Топло, вкусно, мирисливо – есен во домот https://republika.mk/zivot/kaleidoskop/toplo-vkusno-mirislivo-esen-vo-domot/ Tue, 27 Sep 2022 13:33:47 +0000 https://republika.mk/?p=554560

Луѓето главно не ја сакаат есента. И донекаде оправдано. Првите асоцијации за есента се тмурни ветровити и дождливи утра, студени ноќи, депресивни денови. Но, есента не е секогаш таква, всушност кај нас и ретко кога таквото време се задржува подолго од една недела. Есента може да биде многу убава, шарена, мирислива, топла и пријатна. А, секако, сево ова може да се доживее во домот.

Луѓето кои ја сакаат есента уживаат во топлите костени, слаткото грозје, во деликатесите од тиква, мирисот на дуњите, вареното вино и јаболката. Есента ја сакаат оние кои се прејадуваат ајвар и оние за кои приготвувањето зимница е уметност спаскувана во тегла, а шпајзот музеј на вкусови.

Есента ја сакаат децата и големите деца, оние кои можат со часови да шлапкаат по барите, оние на кои чадорот им е моден детаљ и оние кои уживаат во звукот на шушкавите лисја под нозете.

Есента може да биде многу инспиративна, а вие можете да го уредите домот така што ќе внесете есенски детали во секое ќоше.

The post Топло, вкусно, мирисливо – есен во домот appeared first on Република.

]]>

Луѓето главно не ја сакаат есента. И донекаде оправдано. Првите асоцијации за есента се тмурни ветровити и дождливи утра, студени ноќи, депресивни денови. Но, есента не е секогаш таква, всушност кај нас и ретко кога таквото време се задржува подолго од една недела. Есента може да биде многу убава, шарена, мирислива, топла и пријатна. А, секако, сево ова може да се доживее во домот. Луѓето кои ја сакаат есента уживаат во топлите костени, слаткото грозје, во деликатесите од тиква, мирисот на дуњите, вареното вино и јаболката. Есента ја сакаат оние кои се прејадуваат ајвар и оние за кои приготвувањето зимница е уметност спаскувана во тегла, а шпајзот музеј на вкусови. Есента ја сакаат децата и големите деца, оние кои можат со часови да шлапкаат по барите, оние на кои чадорот им е моден детаљ и оние кои уживаат во звукот на шушкавите лисја под нозете. Есента може да биде многу инспиративна, а вие можете да го уредите домот така што ќе внесете есенски детали во секое ќоше.

The post Топло, вкусно, мирисливо – есен во домот appeared first on Република.

]]>
Совети за мрзеливи – среден дом без да мрднете со прст https://republika.mk/zivot/kaleidoskop/soveti-za-mrzelivi-sreden-dom-bez-da-mrdnete-so-prst/ Fri, 12 Aug 2022 17:18:06 +0000 https://republika.mk/?p=539451

Ако со засовоство сакате да го прескокнете средувањето на домот, а сепак сакате домот да ви биде чист и среден, овие совети ќе ви бидат многу корисни и ако сте мрзеливи, но и ако имате желба, но немате време.

1. Користете течен сапун наместо обичен – остава помалку валканици зад себе, па лавабото и кадата ќе изгледаат почисто.

2. Додека грицкате нешто во кујната, со другата рака враќајте ги на место работите што сте ги извадиле, на пример ножиците со кои сте го отвориле чипсот или измиените садови кои се цедат веќе два дена.

3. Воведете им на гостите правило собување чевли – ова правило ќе ви овозможи поретко да го бришете паркетот и да поминувате со правосмукалка.

4. Додека чекате да се свари јадењето, избришете ја работната маса или измијте ги садовите шти сте ги зафатиле додека сте готвеле.

5. Додека приготвувате јадење, отпадоците од храната ставајте ги директно во кеса, па врзете ја и ставете ја во канта. Така нема да мора постојано да одите до кантата ниту пак ќе ги замачкате кујнските елементи.

6. Наместо од чинија, јадете од тортилја. Бројот на зафатени чинии драстично ќе се намали.

7. Кога правите мафини или проја во капали, ставете алуминиумска фолија пред да ја ставите смесата, па нема да мора многу да се трудите за да ги измиете капалите.

8. Чувајте јаглен во фрижидерот за да ги неутрализира мирисите. Така поретко ќе мора да го чистите.

9. Кога печете нешто на решетката од рерната, на дното на рерната ставете алуминиумска фолија или хартија за печење. Сѐ што ќе се исцеди, ќе испрска или ќе претече, нема да се закорави, па нема да мора да ја чистите рерната.

10. Ако приготвувате пијалаци во блендер во кој сечилото не се одделува, покиснете го со топла вода и средство за миење садови, а откако ќе отстои, вклучете го кратко и потоа лесно ќе го измиете.

The post Совети за мрзеливи – среден дом без да мрднете со прст appeared first on Република.

]]>

Ако со засовоство сакате да го прескокнете средувањето на домот, а сепак сакате домот да ви биде чист и среден, овие совети ќе ви бидат многу корисни и ако сте мрзеливи, но и ако имате желба, но немате време. 1. Користете течен сапун наместо обичен – остава помалку валканици зад себе, па лавабото и кадата ќе изгледаат почисто. 2. Додека грицкате нешто во кујната, со другата рака враќајте ги на место работите што сте ги извадиле, на пример ножиците со кои сте го отвориле чипсот или измиените садови кои се цедат веќе два дена.
3. Воведете им на гостите правило собување чевли – ова правило ќе ви овозможи поретко да го бришете паркетот и да поминувате со правосмукалка. 4. Додека чекате да се свари јадењето, избришете ја работната маса или измијте ги садовите шти сте ги зафатиле додека сте готвеле. 5. Додека приготвувате јадење, отпадоците од храната ставајте ги директно во кеса, па врзете ја и ставете ја во канта. Така нема да мора постојано да одите до кантата ниту пак ќе ги замачкате кујнските елементи. 6. Наместо од чинија, јадете од тортилја. Бројот на зафатени чинии драстично ќе се намали.
7. Кога правите мафини или проја во капали, ставете алуминиумска фолија пред да ја ставите смесата, па нема да мора многу да се трудите за да ги измиете капалите. 8. Чувајте јаглен во фрижидерот за да ги неутрализира мирисите. Така поретко ќе мора да го чистите. 9. Кога печете нешто на решетката од рерната, на дното на рерната ставете алуминиумска фолија или хартија за печење. Сѐ што ќе се исцеди, ќе испрска или ќе претече, нема да се закорави, па нема да мора да ја чистите рерната. 10. Ако приготвувате пијалаци во блендер во кој сечилото не се одделува, покиснете го со топла вода и средство за миење садови, а откако ќе отстои, вклучете го кратко и потоа лесно ќе го измиете.

The post Совети за мрзеливи – среден дом без да мрднете со прст appeared first on Република.

]]>