совет на обсе Archives - Република https://republika.mk/tema/sovet-na-obse/ За подобро да се разбереме Sat, 18 Nov 2023 16:14:43 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png совет на обсе Archives - Република https://republika.mk/tema/sovet-na-obse/ 32 32 Промовирана поштенска марка „За луѓето се работи“ по повод Министерскиот совет на ОБСЕ https://republika.mk/vesti/makedonija/promovirana-poshtenska-marka-za-lugeto-se-raboti-po-povod-ministerskiot-sovet-na-obse/ Sat, 18 Nov 2023 16:14:43 +0000 https://republika.mk/?p=702949

Министерството за надворешни работи и Пошта на Република Македонија денеска промовираа пригодна поштенска марка со мото „За луѓето се работи“ по повод претседавањето на Република Македонија со ОБСЕ 2023 и претстојниот Министерски состанок на ОБСЕ во Скопје.

Автор на дизајнот на поштенската марка е Александар Јосифовски и е испечатена во тираж од две илјади примероци со номинална вредност од 100 денари.

Ја промовираа министерот за надворешни работи и претседавач со ОБСЕ Бујар Османи и директорката на Пошта, Бујаре Абази, во СЦ „Борис Трајковски“ каде што на 30 ноември – 1 декември ќе се одржува состанокот на ОБСЕ.

Примероци од пригодната поштенска марка први добија претседателот на државава Стево Пендаровски и амбасадори на други земји во земјава.

За сеќавањето од Претседавањето со ОБСЕ да биде трајно, се погриживме и преку издавање на посебно издание на свечена поштенска марка. Оваа поштенска марка ќе биде редок пример во филателистичките колекции ширум светот и ќе остане да сведочи на едно време на значаен напредок на државата на меѓународен план, истакна Османи на промоцијата.

„За луѓето се работи“, рече, беше нашето мото и поттик во текот на изминатата година.

Нашето Претседавање беше фокусирано на луѓето затоа што во свет во превирања, потребите и барањата на луѓето се секогаш на прво место. Оваа порака е аплицирана и на пригодната поштенска марка затоа што таа треба постојано да ги потсетува политичките лидери и меѓународните организации што е всушност целта на нивната работа, додаде Османи.

Директорката на Пошта на Македонија, Бујаре Абази, истакна дека преку поштенската марка не само што се претставува земјата, туку се испраќа и силна порака.

Подадената рака, хуманоста и заштитата на луѓето не познава граници и треба да биде во фокус на нашата работа, рече Абази.

The post Промовирана поштенска марка „За луѓето се работи“ по повод Министерскиот совет на ОБСЕ appeared first on Република.

]]>

Министерството за надворешни работи и Пошта на Република Македонија денеска промовираа пригодна поштенска марка со мото „За луѓето се работи“ по повод претседавањето на Република Македонија со ОБСЕ 2023 и претстојниот Министерски состанок на ОБСЕ во Скопје. Автор на дизајнот на поштенската марка е Александар Јосифовски и е испечатена во тираж од две илјади примероци со номинална вредност од 100 денари. Ја промовираа министерот за надворешни работи и претседавач со ОБСЕ Бујар Османи и директорката на Пошта, Бујаре Абази, во СЦ „Борис Трајковски“ каде што на 30 ноември – 1 декември ќе се одржува состанокот на ОБСЕ. Примероци од пригодната поштенска марка први добија претседателот на државава Стево Пендаровски и амбасадори на други земји во земјава.