соученици Archives - Република https://republika.mk/tema/souchenici/ За подобро да се разбереме Wed, 13 Dec 2023 20:22:59 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png соученици Archives - Република https://republika.mk/tema/souchenici/ 32 32 Родители од Карпош и Шуто Оризари пријавиле дека децата им биде нападнати од соучееници https://republika.mk/vesti/crna-hronika/roditeli-od-karposh-i-shuto-orizari-prijavile-deka-detsata-im-bide-napadnati-od-soucheenitsi/ Wed, 13 Dec 2023 20:22:59 +0000 https://republika.mk/?p=722695

На 12.12.2023 во 13:30 часот во СВР Скопје Г.П.(44) од Скопје пријавил дека околу 09:30 часот во основно училиште на подрачјето на Карпош неговиот малолетен син бил нападнат од негов соученик.

На 12.12.2023 во 18:50 часот во СВР Скопје Х.М.(51) од Скопје пријавила дека околу 18:00 часот во двор од основно училиште на подрачјето на Шуто Оризари нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од неколку соученици.

Од полицијата велат дека се преземаат мерки за расчистување на случаите.

 

The post Родители од Карпош и Шуто Оризари пријавиле дека децата им биде нападнати од соучееници appeared first on Република.

]]>

На 12.12.2023 во 13:30 часот во СВР Скопје Г.П.(44) од Скопје пријавил дека околу 09:30 часот во основно училиште на подрачјето на Карпош неговиот малолетен син бил нападнат од негов соученик. На 12.12.2023 во 18:50 часот во СВР Скопје Х.М.(51) од Скопје пријавила дека околу 18:00 часот во двор од основно училиште на подрачјето на Шуто Оризари нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од неколку соученици. Од полицијата велат дека се преземаат мерки за расчистување на случаите.  

The post Родители од Карпош и Шуто Оризари пријавиле дека децата им биде нападнати од соучееници appeared first on Република.

]]>
Средношколка нападната од соученик во училиште во Гази Баба https://republika.mk/vesti/crna-hronika/srednoshkolka-napadnata-od-souchenik-vo-uchilishte-vo-gazi-baba/ Fri, 07 Oct 2022 17:35:40 +0000 https://republika.mk/?p=558526

Скопје, 7 октомври 2022 (МИА) – Средношколка била нападната од соученик во ходникот во средно училиште на подрачјето на општина Гази Баба.

Како што информира МВР, случајот вчера во СВР Скопје го пријавил таткото на девојчето,Д.И.(49) од Скопје. Според пријавата, нападот се случил на 5 отктомври 2022 околу 16:00 часот.

Полицијата работи на расчистување на случајот.

The post Средношколка нападната од соученик во училиште во Гази Баба appeared first on Република.

]]>

Скопје, 7 октомври 2022 (МИА) – Средношколка била нападната од соученик во ходникот во средно училиште на подрачјето на општина Гази Баба. Како што информира МВР, случајот вчера во СВР Скопје го пријавил таткото на девојчето,Д.И.(49) од Скопје. Според пријавата, нападот се случил на 5 отктомври 2022 околу 16:00 часот. Полицијата работи на расчистување на случајот.

The post Средношколка нападната од соученик во училиште во Гази Баба appeared first on Република.

]]>
Шаќири: Ембла е повторно меѓу соучениците https://republika.mk/vesti/makedonija/shakjiri-embla-e-povtorno-megju-souchenicite/ Thu, 03 Feb 2022 09:55:27 +0000 https://republika.mk/?p=453440

Четвртоодделеката Ембла Адеми од Гостивар е повторно меѓу соучениците во ОУ „Башкими“. Таа не го почна второто полугодие во нејзиното одделение поради бојкот на родителите на учениците од паралелката кои се жалеле на агресивност од ова 11-годишно девојче со Даунов синдром.

Министерот за образование и наука Јетон Шаќири утрово на Фејсбук соопшти дека на негово задоволство и на задоволство на нејзиното семејство, Ембла продолжува да стекнува нови знаења, да напредува и да ги развива пријателствата со своите врсници.

Шаќири напиша дека Ембла не ја почувствува радоста од повторното враќање во училишните клупи на првиот ден од второто полугодие, затоа што, за жал, како што вели, „во нашето општество се уште постојат стереотипни размислувања и предрасуди за луѓето со посебни потреби“.

Среќата во очите на Ембла е наша заедничка среќа. Победа на општеството и на вистинските човечки вредности. Посакувам вакви ситуации да не се повторуваат. Затоа, мораме да продолжиме да даваме придонес кон подигнувањето на свеста за децата со попреченост. Тие не се поразлични од другите и заслужуваат еднаков пристап до квалитетно образование како и сите други. Тоа е основно право и должни сме да го овозможиме, да создадеме услови во кои секое дете ќе го развива и ќе го реализира својот полн потенцијал. Да докажеме дека подигнувањето на инклузивноста на образовниот систем е наш врвен приоритет и процес кој ќе продолжиме да го спроведуваме. Драга Ембла, ти посакувам успех во понатамошната едукација. Застанувам позади тебе во секоја следна битка!, напиша Шаќири на својот фејсбук-профил.

Единаесетгодишната Ембла вчера, со еден ден задоцнување тргна на училиште, но сама, затоа што родителите на другите ученици од ОУ „Башкими“ во Гостивар ја бојкотирале наставата. Тие во петиција напишале дека одлуката да не ги пуштаат своите деца на настава ја донеле „поради попречување на наставата од страна на ученичката Ембла Адеми и поради агресивност“.

Како што објавија медиумите вчера, директорот на ОУ „Башкими“ Зијадин Нуредини изјавил дека се договориле со родителите на Ембла, таа „да циркулира и да ротира во три паралелки“ за да не остане само во една училница. Девојчето го посетиле и претставници на Центарот за деца со посебни потреби „Хандимак“ од каде што изјавиле дека таа никогаш не била агресивна.

The post Шаќири: Ембла е повторно меѓу соучениците appeared first on Република.

]]>

Четвртоодделеката Ембла Адеми од Гостивар е повторно меѓу соучениците во ОУ „Башкими“. Таа не го почна второто полугодие во нејзиното одделение поради бојкот на родителите на учениците од паралелката кои се жалеле на агресивност од ова 11-годишно девојче со Даунов синдром. Министерот за образование и наука Јетон Шаќири утрово на Фејсбук соопшти дека на негово задоволство и на задоволство на нејзиното семејство, Ембла продолжува да стекнува нови знаења, да напредува и да ги развива пријателствата со своите врсници. Шаќири напиша дека Ембла не ја почувствува радоста од повторното враќање во училишните клупи на првиот ден од второто полугодие, затоа што, за жал, како што вели, „во нашето општество се уште постојат стереотипни размислувања и предрасуди за луѓето со посебни потреби“.
Среќата во очите на Ембла е наша заедничка среќа. Победа на општеството и на вистинските човечки вредности. Посакувам вакви ситуации да не се повторуваат. Затоа, мораме да продолжиме да даваме придонес кон подигнувањето на свеста за децата со попреченост. Тие не се поразлични од другите и заслужуваат еднаков пристап до квалитетно образование како и сите други. Тоа е основно право и должни сме да го овозможиме, да создадеме услови во кои секое дете ќе го развива и ќе го реализира својот полн потенцијал. Да докажеме дека подигнувањето на инклузивноста на образовниот систем е наш врвен приоритет и процес кој ќе продолжиме да го спроведуваме. Драга Ембла, ти посакувам успех во понатамошната едукација. Застанувам позади тебе во секоја следна битка!, напиша Шаќири на својот фејсбук-профил.
Единаесетгодишната Ембла вчера, со еден ден задоцнување тргна на училиште, но сама, затоа што родителите на другите ученици од ОУ „Башкими“ во Гостивар ја бојкотирале наставата. Тие во петиција напишале дека одлуката да не ги пуштаат своите деца на настава ја донеле „поради попречување на наставата од страна на ученичката Ембла Адеми и поради агресивност“. Како што објавија медиумите вчера, директорот на ОУ „Башкими“ Зијадин Нуредини изјавил дека се договориле со родителите на Ембла, таа „да циркулира и да ротира во три паралелки“ за да не остане само во една училница. Девојчето го посетиле и претставници на Центарот за деца со посебни потреби „Хандимак“ од каде што изјавиле дека таа никогаш не била агресивна.

The post Шаќири: Ембла е повторно меѓу соучениците appeared first on Република.

]]>