социјална зграда Archives - Република https://republika.mk/tema/sotsijalna-zgrada/ За подобро да се разбереме Wed, 16 Oct 2024 12:29:16 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png социјална зграда Archives - Република https://republika.mk/tema/sotsijalna-zgrada/ 32 32 Николоски направи увид во новата социјална зграда во Велес https://republika.mk/vesti/makedonija/nikoloski-napravi-uvid-vo-novata-sotsijalna-zgrada-vo-veles/ Wed, 16 Oct 2024 12:29:16 +0000 https://republika.mk/?p=827658

Во новоизградената социјална зграда во Велес со 29 станови, а чиј оглас за доделување преку Министерството за транспорт и врски е во тек до 21 октомври, денеска увид направи министерот за транспорт и врски Александар Николоски заедно со Марјан Стефановски генерален директор на АД за изградба на станбен и деловен простор и градоначалникот Марко Колев.

Како што информира директорот Стефановски оваа нова социјална зграда во Велес се изгради во изминатите две години преку проект на Светската банка, Банката за развој при Советот на Европа. Досега за становите се имаат пријавено некои од социјално загрозените категории на граѓани, а очекува да се јават што поголем број граѓани кои ги исполнуваат условите.

Тој појасни дека становите се од 40 до 50 метри квадратни и се опремени со сите неопходни средства за вселување на семејствата.

Министерот за транспорт и врски Александар Николоски информира дека оваа зграда е во вредност од 54 милиони денари.

Се надевам дека 29 семејства тука ќе се ја најдат среќата. Во една транспарентна процедура да ги доделиме становите и за неколку месеци да ги видиме семејствата кои што среќни ќе живеат тука, најави Николоски.

На новинарско прашање дали се планираат и други вакви социјални згради низ земјава и дали планираат да го сменат системот за распределба, тој информира дека во моментов има оглас за уште една ваква социјална зграда во Кочани.

Се работи на големо и во Бутел, а секако ќе дојдат и други општини. Во однос на распределбата тоа беше една од дискусиите која што јас ја имав со мојот кабинет и со луѓето кои се задолжени за оваа работа. Мора процесот да е максимално траспарентен и јас лично ќе го набљудувам процесот на распределба. Нема да дозволам никаков скандал затоа што тука треба да дојдат луѓе на кои навистина ова им е потребно, потенцира Николоски.

Градоначалникот Марко Колев ги повика граѓаните кои ги исполнуваат условите да се јават на огласот за да може на транспарентен начин да им бидат доделени на тие што им се најнеопходни социјални станови.

Колев информира дека за ставање во функција на оваа зграда, Општина Велес во изминатите неколку месеци вложи сериозни финансиски средства за снабдување на објкектот со вода, преку ставање нова водоводна линија низ улицата „Луј Пастер“ која води покрај пругата.

The post Николоски направи увид во новата социјална зграда во Велес appeared first on Република.

]]>

Во новоизградената социјална зграда во Велес со 29 станови, а чиј оглас за доделување преку Министерството за транспорт и врски е во тек до 21 октомври, денеска увид направи министерот за транспорт и врски Александар Николоски заедно со Марјан Стефановски генерален директор на АД за изградба на станбен и деловен простор и градоначалникот Марко Колев. Како што информира директорот Стефановски оваа нова социјална зграда во Велес се изгради во изминатите две години преку проект на Светската банка, Банката за развој при Советот на Европа. Досега за становите се имаат пријавено некои од социјално загрозените категории на граѓани, а очекува да се јават што поголем број граѓани кои ги исполнуваат условите. Тој појасни дека становите се од 40 до 50 метри квадратни и се опремени со сите неопходни средства за вселување на семејствата. Министерот за транспорт и врски Александар Николоски информира дека оваа зграда е во вредност од 54 милиони денари. Се надевам дека 29 семејства тука ќе се ја најдат среќата. Во една транспарентна процедура да ги доделиме становите и за неколку месеци да ги видиме семејствата кои што среќни ќе живеат тука, најави Николоски. На новинарско прашање дали се планираат и други вакви социјални згради низ земјава и дали планираат да го сменат системот за распределба, тој информира дека во моментов има оглас за уште една ваква социјална зграда во Кочани. Се работи на големо и во Бутел, а секако ќе дојдат и други општини. Во однос на распределбата тоа беше една од дискусиите која што јас ја имав со мојот кабинет и со луѓето кои се задолжени за оваа работа. Мора процесот да е максимално траспарентен и јас лично ќе го набљудувам процесот на распределба. Нема да дозволам никаков скандал затоа што тука треба да дојдат луѓе на кои навистина ова им е потребно, потенцира Николоски. Градоначалникот Марко Колев ги повика граѓаните кои ги исполнуваат условите да се јават на огласот за да може на транспарентен начин да им бидат доделени на тие што им се најнеопходни социјални станови. Колев информира дека за ставање во функција на оваа зграда, Општина Велес во изминатите неколку месеци вложи сериозни финансиски средства за снабдување на објкектот со вода, преку ставање нова водоводна линија низ улицата „Луј Пастер“ која води покрај пругата.

The post Николоски направи увид во новата социјална зграда во Велес appeared first on Република.

]]>