состав Archives - Република https://republika.mk/tema/sostav/ За подобро да се разбереме Wed, 12 Jun 2024 11:42:04 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png состав Archives - Република https://republika.mk/tema/sostav/ 32 32 Составот на новата влада ќе биде доставен во вторник во Собрание https://republika.mk/vesti/makedonija/sostavot-na-novata-vlada-ke-bide-dostaven-vo-vtornik-vo-sobranie/ Wed, 12 Jun 2024 11:42:04 +0000 https://republika.mk/?p=786916

Во вторник на 18 јуни до Собранието ќе биде доставен официјалниот список на членовите на новата влада, а во недела на 16 јуни ВМРО-ДПМНЕ ќе одржи седници на Извршниот и на Централниот комитет на кои ќе биде утврден списокот на новите членови на владата од Коалицијата „Твоја Македонија“, информира денеска мандатарот Христијан Мицкоски.

Овој викенд во недела ќе биде одржана седница на Извршниот и Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ на кои ќе бидат претставени кадровските решенија од моја страна како мандатар. Очекувам Централниот и Извршниот комитет да се произнесат и доколку е позитивно да и бидат соопштени на јавноста. Официјалниот список на идната влада заедно со програмата на работа ќе бидат доставени во вторник на 18 јуни во македонското Собрание - изјави Мицкоски пред почетокот на Генералното собрание на ЗЕЛС.

Нагласи дека не може да зборува од името на другите партии и коалиции кои се во состав на новата влада за тоа кои ќе бидат нивните кадровски решенија. Потврди дека во новата влада ќе има претставници на коалициите „Твоја Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ и „ВРЕДИ“ и на движењето „ЗНАМ“, а во опозиција ќе бидат коалицијата „Европски фронт“, коалицијата „Европска иднина“ предводена од СДСМ и политичката партија Левица.

Со тоа ќе биде реализирано и второто ветување кое го дадовме на изборите. Првото ветување беше реорганизација на составот на влада, второто ветување е ДУИ во опозиција, третото ветување 400 до 450 милиони евра инвестиција во производство на електрична енергија од обновливи извори која ќе ја види македонската јавност на 25 јуни - порача Мицкоски.

За поддршка на Законот за реорганизација и работа на органите на државната управа, како што рече, побарал поддршка од сите и разговарал и со СДСМ.

Гласаа пратеници од ДУИ точно, но од коалицијата „Европски фронт“ гласаа и пратеници кои се дел од Турската демократска партија, од Демократската партија на Албанците и други пратеници кои не се од ДУИ. Очекувавме да гласаат и пратениците кои се дел од коалицијата предводена од СДСМ и пратениците од политичката партија Левица - рече Мицкоски.

Во идната влада, како што посочи, повеќе нема да има економски директори во здравствените установи, ќе има еден клинички центар, ќе се укинува позицијата заменик директор онаму каде што постои, за 20 отсто ќе се намалат членовите на управните одбори, ќе се намали бројот на пратеници од 120 на 90.

Во првите 100 дена од Владата ќе се реализираат многу од овие ветувања - потенцира Мицкоски.

The post Составот на новата влада ќе биде доставен во вторник во Собрание appeared first on Република.

]]>

Во Собранието едногласно избран новиот состав на Антикорупциска https://republika.mk/vesti/makedonija/vo-sobranieto-ednoglasno-izbran-nov-sostav-na-antikoruptsiska/ Fri, 22 Dec 2023 19:38:09 +0000 https://republika.mk/?p=725807

Пратениците едногласно дадоа зелено светло за новиот состав на Антикорупциската Комисија.

Со 97 гласа „за“ изгласани се седумте члена на новата Комисија која во следните пет години ќе водат битка со сите коруптивни скандали и сомнежи за криминал.

И власта и опозицијата се согласни дека е избран идеален состав кој ќе работи на справување со коруптивните скандали.

Ревизорката Татјана Димитровска во следните пет години ќе стои на чело на Комисијата.

Покрај Димитровска, за членови на Комисијата се избрани судијката во Основниот суд Софија Спасова Медарска, двајцата досегашни советници во ДКСК Билјана Каракашова Шулев и Бесник Џемаиљи, ревизорите Зоран Богоевски, Цвета Ристовска и Демири Сервет.

Новата комисија треба да почне со работа на 8-ми февруари.

The post Во Собранието едногласно избран новиот состав на Антикорупциска appeared first on Република.

]]>

Пратениците едногласно дадоа зелено светло за новиот состав на Антикорупциската Комисија. Со 97 гласа „за“ изгласани се седумте члена на новата Комисија која во следните пет години ќе водат битка со сите коруптивни скандали и сомнежи за криминал. И власта и опозицијата се согласни дека е избран идеален состав кој ќе работи на справување со коруптивните скандали. Ревизорката Татјана Димитровска во следните пет години ќе стои на чело на Комисијата. Покрај Димитровска, за членови на Комисијата се избрани судијката во Основниот суд Софија Спасова Медарска, двајцата досегашни советници во ДКСК Билјана Каракашова Шулев и Бесник Џемаиљи, ревизорите Зоран Богоевски, Цвета Ристовска и Демири Сервет. Новата комисија треба да почне со работа на 8-ми февруари.

The post Во Собранието едногласно избран новиот состав на Антикорупциска appeared first on Република.

]]>
Ѓорчев: Ова е најслаб владин состав во историјата, Македонија ја водат анонимуси без легитимитет https://republika.mk/vesti/makedonija/gjorchev-ova-e-najslab-vladin-sostav-vo-istorijata-makedonija-ja-vodat-anonimusi-bez-legitimitet/ Wed, 16 Feb 2022 20:47:37 +0000 https://republika.mk/?p=459546

Владимир Ѓорчев, член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во гостување во емисијата „Само вистина“ на Канал 5 телевизија смета дека треба да се подобрат критериумите за избор на премиер и министри, укажувајќи дека овој владин состав е најслаб во историјата на Македонија, а државата ја водат анонимуси без легитимитет даде од страна на граѓаните.

Пола јавност не ги знае половина од министрите. Следам политика, гледам вести и не им ги знам имињата на министрите. Очи не сме им виделе. Изборот е правен во мали тесни кругови - вели Ѓорчев.

Според него, изборот за праќање на Бесмира Ејупи како конзул во Њујорк е грешка, додавајќи дека Њујорк е седиште на светската дипломатија.

Не може да пратиме почетник во Њујорк, кој е седиште на светската дипломатија. Ваквото именување е навика кај нас - оценува Ѓорчев.

Во однос на обвинувањата од страна на Андреј Петров за градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска дека води дневна политика а не реализира проекти, Ѓорчев посочи дека за разлика од премиерот Димитар Ковачевски, Арсовска ја бираа 120.000 скопјани легитимно на избори пред само 4 месеци, а Ковачевски е препорачан и назначен од Зоран Заев.

Има огромна разлика помеѓу Данела Арсовска и Димитар Ковачевски – Таче, затоа што пред три, четири месеци ја бираа 120.000 граѓани на Скопје, за Димитар Ковачевски никој не се произнесе освен тоа што Зоран Заев го препорача и сега тој ни е премиер, и оваа влада личи како на владата на Владо Бучковски во 2005 година привремена влада за која сите знаеме дека е неодржлива, ќе падне и нема да победи на избори - дециден е Ѓорчев.

The post Ѓорчев: Ова е најслаб владин состав во историјата, Македонија ја водат анонимуси без легитимитет appeared first on Република.

Во понеделник ќе се знае повеќе за составот на новата влада https://republika.mk/vesti/makedonija/vo-ponedelnik-kje-se-znae-povekje-za-sostavot-na-novata-vlada/ Fri, 07 Jan 2022 08:33:18 +0000 https://republika.mk/?p=441568

Во понеделник ќе се знае повеќе околу новата влада и нејзината програма.

Потпретседателката на СДСМ и директорка на УЈП, Сања Лукаревска во интервју за телевизија Канал 5, рече дека на почетокот на следната недела ќе има седница на Централниот одбор на СДСМ.

Во моментов претседателот и генералниот секретар имаат интензивни разговори со коалиционите партнери кои одат во позитивна насока. Сепак станува збор за одредени стратешки цели кои треба да се реализираат во рамките на новиот владин кабинет. Фокусот ќе биде економијата, подобрување на животниот стандард на граѓаните, ефикасност на институциите, како и европскиот пат на земјата, посочи Лукаревска.

Осврнувајќи се на персоналните решенија заменик претседателката Лукаревска истакна станува збор за проверени кадри кои ќе се вложат во својата работа и ќе испорачаат резултати за граѓаните и државата.

Единствено што можам да потврдам и да кажам за јавноста е тоа дека сите кадри кои ќе бидат вклучени во новиот владин кабинет ќе бидат исправени пред големи предизвици меѓутоа станува збор за проверени кадри, искусни луѓе кои што ќе си ја знаат својата работа и кои ќе носат резултати, ќе реализираат повеќе проекти и ќе се водат според новата владината програма, во интерес на граѓаите, порача Лукаревска.

The post Во понеделник ќе се знае повеќе за составот на новата влада appeared first on Република.

]]>

Во понеделник ќе се знае повеќе околу новата влада и нејзината програма. Потпретседателката на СДСМ и директорка на УЈП, Сања Лукаревска во интервју за телевизија Канал 5, рече дека на почетокот на следната недела ќе има седница на Централниот одбор на СДСМ.