Сорос Archives - Република https://republika.mk/tema/soros/ За подобро да се разбереме Tue, 15 Aug 2023 12:47:07 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Сорос Archives - Република https://republika.mk/tema/soros/ 32 32 Фондацијата Сорос најавува повлекување од ЕУ и фокусирање на Западен Балкан https://republika.mk/vesti/svet/fondatsijata-soros-najavuva-povlekuvane-od-eu-i-fokusirane-na-zapaden-balkan/ Tue, 15 Aug 2023 13:31:39 +0000 https://republika.mk/?p=672355

Фондацијата Отворено општество (ОСФ), основана од милијардерот Џорџ Сорос, планира да се повлече од голем дел од своите активности во Европската Унија, или во целост да ги запре и да го пренасочи своето внимание кон други делови на светот, како на пр. Западен Балкан и постсоветските земји, објавија денеска медиумите, повикувајќи се на интерна електронска порака до која имале пристап.

Повикувајќи се на писмо испратено до унгарските партнери минатата недела, унгарскиот сервис на Радио Слободна Европа објави дека раководството на ОСФ се „одлучило за радикална промена на стратегијата“, пренесува Бета.

Во писмото се тврди дека институциите и владите на ЕУ трошат многу пари за истите прашања како и Отворено општество. Наместо тоа, организацијата основана од Џорџ Сорос ќе се фокусира на Балканот, постсоветските земји и остатокот од светот, се вели во извештајот.

Ројтерс пишува дека интерниот имејл до вработените не дава детали за тоа како фондацијата ќе ги прераспредели своите средства, но дека портпаролот на фондацијата рекол дека ќе продолжи да ги поддржува граѓанските организации низ Европа, вклучително и оние кои работат на надворешни работи на ЕУ, и кои ќе продолжат да ги поддржуваат ромските заедници во Европа.

„Фондацијата Отворено општество го менува начинот на кој работи, но моето семејство и ОСФ веќе долго време го поддржуваат и остануваат цврсто посветени на европскиот проект“, рече Алекс Сорос, претседател на Фондацијата Отворено општество, во изјава испратена по е-пошта за Ројтерс, пренесува Бета.

Организацијата, која доделува околу 1,5 милијарди долари годишно низ светот, ќе продолжи да финансира програми во Европа, вклучително Украина, Молдавија, Киргистан и Западен Балкан преку национални фондации, изјави портпаролот на Фондацијата Отворено општество.

Унгарскиот сервис на РСЕ, исто така, наведува дека дури и во рамките на ОСФ, малку се знае за деталите како што е времето на повлекување или што ќе се случи во земјите на ЕУ каде што се смета дека институциите и владите не трошат значителни суми за човекови права или прашања за различностите.

Со оглед на тоа дека ОСФ треба да се реструктуира следната година, неговите европски програми би можеле да завршат најрано во 2024 година, се додава во написот.

Во јуни беше најавено дека 93-годишниот Сорос ќе ја предаде својата Фондација вредна 25 милијарди долари на синот Алекс, а во јули беа претставени плановите за отпуштање на 40 отсто од вработените во светот, како дел од стратешките промени.

The post Фондацијата Сорос најавува повлекување од ЕУ и фокусирање на Западен Балкан appeared first on Република.

]]>

Фондацијата Отворено општество (ОСФ), основана од милијардерот Џорџ Сорос, планира да се повлече од голем дел од своите активности во Европската Унија, или во целост да ги запре и да го пренасочи своето внимание кон други делови на светот, како на пр. Западен Балкан и постсоветските земји, објавија денеска медиумите, повикувајќи се на интерна електронска порака до која имале пристап. Повикувајќи се на писмо испратено до унгарските партнери минатата недела, унгарскиот сервис на Радио Слободна Европа објави дека раководството на ОСФ се „одлучило за радикална промена на стратегијата“, пренесува Бета. Во писмото се тврди дека институциите и владите на ЕУ трошат многу пари за истите прашања како и Отворено општество. Наместо тоа, организацијата основана од Џорџ Сорос ќе се фокусира на Балканот, постсоветските земји и остатокот од светот, се вели во извештајот. Ројтерс пишува дека интерниот имејл до вработените не дава детали за тоа како фондацијата ќе ги прераспредели своите средства, но дека портпаролот на фондацијата рекол дека ќе продолжи да ги поддржува граѓанските организации низ Европа, вклучително и оние кои работат на надворешни работи на ЕУ, и кои ќе продолжат да ги поддржуваат ромските заедници во Европа. „Фондацијата Отворено општество го менува начинот на кој работи, но моето семејство и ОСФ веќе долго време го поддржуваат и остануваат цврсто посветени на европскиот проект“, рече Алекс Сорос, претседател на Фондацијата Отворено општество, во изјава испратена по е-пошта за Ројтерс, пренесува Бета. Организацијата, која доделува околу 1,5 милијарди долари годишно низ светот, ќе продолжи да финансира програми во Европа, вклучително Украина, Молдавија, Киргистан и Западен Балкан преку национални фондации, изјави портпаролот на Фондацијата Отворено општество. Унгарскиот сервис на РСЕ, исто така, наведува дека дури и во рамките на ОСФ, малку се знае за деталите како што е времето на повлекување или што ќе се случи во земјите на ЕУ каде што се смета дека институциите и владите не трошат значителни суми за човекови права или прашања за различностите. Со оглед на тоа дека ОСФ треба да се реструктуира следната година, неговите европски програми би можеле да завршат најрано во 2024 година, се додава во написот. Во јуни беше најавено дека 93-годишниот Сорос ќе ја предаде својата Фондација вредна 25 милијарди долари на синот Алекс, а во јули беа претставени плановите за отпуштање на 40 отсто од вработените во светот, како дел од стратешките промени.

The post Фондацијата Сорос најавува повлекување од ЕУ и фокусирање на Западен Балкан appeared first on Република.

]]>
Синот на Сорос го презема управувањето со Фондацијата Отворено општество https://republika.mk/vesti/svet/sinot-na-soros-go-prezema-upravuvaneto-so-fondatsijata-otvoreno-opshtestvo/ Sun, 11 Jun 2023 20:05:29 +0000 https://republika.mk/?p=650251

Американскиот милијардер Џорџ Сорос му го предаде управувањето со својата Фондација Отворено општество (ОСФ) на својот син Александар Сорос, објави Гардијан.

Џорџ Сорос, претходно изјави дека не сака неговата фондација да ја преземе ниту едно од неговите пет деца, но сепак, тој го назначи Александар за директор на една од најбогатите светски филантропски фондации.

„Тој тоа го заслужи“ – изјави Сорос, чие богатство се проценува на 6,7 милијарди долари.

37-годишниот Александар, кој беше ангажиран во ОСФ уште во декември, во интервју за „Волстрит журнал“ изјави дека е „повеќе вклучен во политиката“ од неговиот татко и дека планира да продолжи да донира пари за левичарските кандидати во САД.

Сорос е еден од најголемите донатори на демократските кандидати во американската политика.

Александар, кој твитна фотографија со американската потпретседател Камала Харис претходно оваа недела, сега води политичка кампања како претседател на политичкиот комитет на неговиот татко.

Фондацијата, каде Александар е потпретседател од 2017 година, насочува околу 1,5 милијарди долари годишно на групи кои ги поддржуваат човековите права и градењето демократија.

The post Синот на Сорос го презема управувањето со Фондацијата Отворено општество appeared first on Република.

]]>

Американскиот милијардер Џорџ Сорос му го предаде управувањето со својата Фондација Отворено општество (ОСФ) на својот син Александар Сорос, објави Гардијан. Џорџ Сорос, претходно изјави дека не сака неговата фондација да ја преземе ниту едно од неговите пет деца, но сепак, тој го назначи Александар за директор на една од најбогатите светски филантропски фондации.
„Тој тоа го заслужи“ – изјави Сорос, чие богатство се проценува на 6,7 милијарди долари.
37-годишниот Александар, кој беше ангажиран во ОСФ уште во декември, во интервју за „Волстрит журнал“ изјави дека е „повеќе вклучен во политиката“ од неговиот татко и дека планира да продолжи да донира пари за левичарските кандидати во САД. Сорос е еден од најголемите донатори на демократските кандидати во американската политика. Александар, кој твитна фотографија со американската потпретседател Камала Харис претходно оваа недела, сега води политичка кампања како претседател на политичкиот комитет на неговиот татко. Фондацијата, каде Александар е потпретседател од 2017 година, насочува околу 1,5 милијарди долари годишно на групи кои ги поддржуваат човековите права и градењето демократија.

The post Синот на Сорос го презема управувањето со Фондацијата Отворено општество appeared first on Република.

]]>
Сорос по гласините дека починал: Жив и здрав сум https://republika.mk/vesti/svet/soros-po-glasinite-deka-pochinal-zhiv-i-zdrav-sum/ Mon, 15 May 2023 18:31:27 +0000 https://republika.mk/?p=641151

Американскиот бизнисмен Џорџ Сорос се огласи на својот Твитер налог, демантирајќи ги гласините дека починал, кои од синоќа се актуелни на оваа социјална мрежа.

Гласината дека милијардерот (92) починал започна на страницата Politics For All Ireland, која во меѓувреме го отстрани контроверзниот твит.  Оттогаш објавата стана вирална, но неговиот портпарол „MailOnlinе“ ја демантираше веста за смртта додека самиот Сорос се огласи на Твитер.

„Гласините дека имав срцев удар се целосно лажни. Жив и здрав сум“, напиша тој.

Сорос неколку пати на интернет беше „прогласуван за мртов“.

The post Сорос по гласините дека починал: Жив и здрав сум appeared first on Република.

]]>

Американскиот бизнисмен Џорџ Сорос се огласи на својот Твитер налог, демантирајќи ги гласините дека починал, кои од синоќа се актуелни на оваа социјална мрежа. Гласината дека милијардерот (92) починал започна на страницата Politics For All Ireland, која во меѓувреме го отстрани контроверзниот твит.  Оттогаш објавата стана вирална, но неговиот портпарол „MailOnlinе“ ја демантираше веста за смртта додека самиот Сорос се огласи на Твитер. „Гласините дека имав срцев удар се целосно лажни. Жив и здрав сум“, напиша тој. Сорос неколку пати на интернет беше „прогласуван за мртов“.

The post Сорос по гласините дека починал: Жив и здрав сум appeared first on Република.

]]>