Соравиа Archives - Република https://republika.mk/tema/soravia/ За подобро да се разбереме Sat, 03 Feb 2024 16:11:23 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Соравиа Archives - Република https://republika.mk/tema/soravia/ 32 32 Американец кој донирал и за УЧК уплатил три милиони долари на сметката на „Соравиа“ https://republika.mk/vesti/makedonija/amerikanets-koj-doniral-i-za-uchk-uplatil-tri-milioni-dolari-na-smetkata-na-soravia/ Sat, 03 Feb 2024 08:26:48 +0000 https://republika.mk/?p=739931

Јас ќе го водам деловниот објект „Соравија“ и затоа добивам 39 отсто. Кредитот кој го подигнавме во висина од 6 милиони евра од албанската банка Крединс Банк за да ја купиме „Соравија“ е на име на господинот Пјетерѓокај. Тој таму е акционер и има добра репутација, затоа банката лесно му го одобри задолжувањето.

Вака зборуваше внукот на Али Ахмети, Дрин Ахмети на прес-конференцијата во јуни годинава откако беше откриена зделката.

https://republika.mk/vesti/makedonija/vnukot-na-ahmeti-objasni-kako-ja-kupil-soravija-doznavme-deka-ima-dolg-shto-ne-mozhe-da-go-vrati-pa-go-otkupivme/

Тврдеа дека земале кредит од 6 милиони евра од банка во Албанија . Парите им требале за да ги уплатат на сметката на фирмата во чија сопственост е деловниот објект.

Сепак, истражувањето на КОД откри нешто сосема друго. На сметката на Соравија во Македонија никогаш не стасале 6-те милиони од кредитот во банката во Албанија .

Иако на сметката на Соравиа не стигнале пари од Албанија, КОД открива дека сепак биле уплатени пари, но многу подалеку од првиот сосед на запад.

Во текот на летните месеци уплатени се 3 милиони долари на сметката на Соравиа. Уплатени се од човек кој живее во САД, но американецот имал потекло од Македонија. Претходно, испраќачот на трите милиони долари испраќал пари како донација и помош за УЧК.

Парите се уплатени и пријавени како позајмица. Тоа се единствените пари за сега уплатени на сметка на фирмата-сопственик на деловниот центар.

Индиректна потврда на трансакцијата е и смена во управителската структура на Соравиа. На први септември лани, како нов управител на Соравиа е додаден и Дрин Ахмети, внукот на лидерот на ДУИ. Промената е регистрирана и во Централниот регистар, 13 денови подоцна.

За американската трансакција знае и обвинителството кое истражува од јули по допрен глас. Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција го води уште еден жител на Зајас, Ислам Абази и КОД постави прашања до нив за американската трансакција, но, и за тоа дали нешто друго е откриено во нивната предистрага за Соравиа.

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција веднаш по отворањето на предметот издаде низа наредби и насоки до повеќе релевантни институции со чија помош треба да се расветли случајот. Така, во оваа сеопфатна предистражна постапка освен истражители од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал кои ги анализираат прибраните материјали , постапуваат и Управата за финансиско разузнавање, Управата за јавни приходи, Единицата за финансиски криминал – Сектор за криминалистички истраги при Одделот за сузбивање организиран и сериозен криминал и Единица за економски криминал – Сектор за економски криминал и корупција при Одделот за криминалистичка полиција во МВР. Со оглед дека станува збор за предистражна постапка во интерес на истата, обвинителството во овој момент не може да сподели повеќе детали како не би се наштетило на понатамошниот тек на постапката, одговорија од ОЈОГОКК.

https://youtu.be/zF3uXXnNQP4?si=Odjeqw7ceLbUIff8

The post Американец кој донирал и за УЧК уплатил три милиони долари на сметката на „Соравиа“ appeared first on Република.

]]>

Јас ќе го водам деловниот објект „Соравија“ и затоа добивам 39 отсто. Кредитот кој го подигнавме во висина од 6 милиони евра од албанската банка Крединс Банк за да ја купиме „Соравија“ е на име на господинот Пјетерѓокај. Тој таму е акционер и има добра репутација, затоа банката лесно му го одобри задолжувањето. Вака зборуваше внукот на Али Ахмети, Дрин Ахмети на прес-конференцијата во јуни годинава откако беше откриена зделката. https://republika.mk/vesti/makedonija/vnukot-na-ahmeti-objasni-kako-ja-kupil-soravija-doznavme-deka-ima-dolg-shto-ne-mozhe-da-go-vrati-pa-go-otkupivme/ Тврдеа дека земале кредит од 6 милиони евра од банка во Албанија . Парите им требале за да ги уплатат на сметката на фирмата во чија сопственост е деловниот објект. Сепак, истражувањето на КОД откри нешто сосема друго. На сметката на Соравија во Македонија никогаш не стасале 6-те милиони од кредитот во банката во Албанија . Иако на сметката на Соравиа не стигнале пари од Албанија, КОД открива дека сепак биле уплатени пари, но многу подалеку од првиот сосед на запад. Во текот на летните месеци уплатени се 3 милиони долари на сметката на Соравиа. Уплатени се од човек кој живее во САД, но американецот имал потекло од Македонија. Претходно, испраќачот на трите милиони долари испраќал пари како донација и помош за УЧК. Парите се уплатени и пријавени како позајмица. Тоа се единствените пари за сега уплатени на сметка на фирмата-сопственик на деловниот центар. Индиректна потврда на трансакцијата е и смена во управителската структура на Соравиа. На први септември лани, како нов управител на Соравиа е додаден и Дрин Ахмети, внукот на лидерот на ДУИ. Промената е регистрирана и во Централниот регистар, 13 денови подоцна. За американската трансакција знае и обвинителството кое истражува од јули по допрен глас. Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција го води уште еден жител на Зајас, Ислам Абази и КОД постави прашања до нив за американската трансакција, но, и за тоа дали нешто друго е откриено во нивната предистрага за Соравиа.
Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција веднаш по отворањето на предметот издаде низа наредби и насоки до повеќе релевантни институции со чија помош треба да се расветли случајот. Така, во оваа сеопфатна предистражна постапка освен истражители од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал кои ги анализираат прибраните материјали , постапуваат и Управата за финансиско разузнавање, Управата за јавни приходи, Единицата за финансиски криминал – Сектор за криминалистички истраги при Одделот за сузбивање организиран и сериозен криминал и Единица за економски криминал – Сектор за економски криминал и корупција при Одделот за криминалистичка полиција во МВР. Со оглед дека станува збор за предистражна постапка во интерес на истата, обвинителството во овој момент не може да сподели повеќе детали како не би се наштетило на понатамошниот тек на постапката, одговорија од ОЈОГОКК.
https://youtu.be/zF3uXXnNQP4?si=Odjeqw7ceLbUIff8

The post Американец кој донирал и за УЧК уплатил три милиони долари на сметката на „Соравиа“ appeared first on Република.

]]>
Едниот внук на Ахмети ја купи „Соравиа“, другиот станал дипломат https://republika.mk/vesti/makedonija/edniot-vnuk-na-ahmeti-ja-kupi-soravia-drugiot-stanal-diplomat/ Sat, 24 Jun 2023 08:53:49 +0000 https://republika.mk/?p=654633

Дрин Ахмети, внук на лидерот на ДУИ Али Ахмети, влезе во фокусот на вниманието откако заедно со албанска фирма купија 90 проценти од бизнис-центарот „Соравиа“.

Тој има неколку компании, а во некои од нив порано бил содружник заедно со неговиот брат Бесиан Ахмети, кој, пак, лани бил вработен Министерството за економија за да ги следи договорите за концеција за минерали.

После нецела година во економија, Бесиан Ахмети заминал во Брисел и бил именуван за прв секретар за продлабочување на економската соработка со земјите од Бенелукс.

The post Едниот внук на Ахмети ја купи „Соравиа“, другиот станал дипломат appeared first on Република.

]]>

Дрин Ахмети, внук на лидерот на ДУИ Али Ахмети, влезе во фокусот на вниманието откако заедно со албанска фирма купија 90 проценти од бизнис-центарот „Соравиа“. Тој има неколку компании, а во некои од нив порано бил содружник заедно со неговиот брат Бесиан Ахмети, кој, пак, лани бил вработен Министерството за економија за да ги следи договорите за концеција за минерали. После нецела година во економија, Бесиан Ахмети заминал во Брисел и бил именуван за прв секретар за продлабочување на економската соработка со земјите од Бенелукс.

The post Едниот внук на Ахмети ја купи „Соравиа“, другиот станал дипломат appeared first on Република.

]]>
Чичкото Ахмети политичар, внукот Дрин претприемач, на 24 години го купил бизнис центарот Соравиа кој чини скоро 30 милиони евра https://republika.mk/vesti/makedonija/chichkoto-ahmeti-politichar-vnukot-drin-pretpriemach-na-24-godini-go-kupil-biznis-tsentarot-soravia-koj-chini-skoro-30-milioni-evra/ Sat, 24 Jun 2023 07:35:12 +0000 https://republika.mk/?p=654601

Дрин Ахмети, внук на Али Ахмети го купува деловниот објект Соравиа во строгиот центар на Скопје со површина од 15.000м2 во вредност од 30 милиони евра. Младиот олигарх Дрин и неговата фирма Тор Индустриес во партнерство со Павлеку ШПК го купуваат деловниот објект Соравиа Груп, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата обвинуваат дека Димитар Ковачевски и Али Ахмети ја користат Македонија за лично богатење.

Внукот на Ахмети купува деловен објект, а сопругата на Ковачевски е ко сопственик на фирма за производство на струја. Ковачевски и Ахмети се главните во матните бизнис зделки на власта. Чичкото Ахмети политичар, внукот Дрин претпримач, на 24 години го купил бизнис центарот Соравиа кој чини скоро 30 милиони евра. Криминалот на СДС и ДУИ царува во државата, а институциите и понатаму молчат и се прогласуваат за ненадлежни. Токму поради тоа владините функционери на ДУИ се на црната листа на САД.

И наместо да реагира, Димитар Ковачевски само за да опстои на власт го премолчува и овој скандал. Како може младиот Ахмети на 24 годишна возраст да се стекне со бизнис центар кој чини скоро 30 милиони евра?

Прашањето е ако Дрин на 24 години се стекнал со волку скап имот, што може да се очекува за неколку години од сега, да ги поседува сите трговски центри и деловни објекти ширум државата?

ДУИ е криминализирана и мора да замине во опозиција. Ковачевски и Ахмет системски ја уништуваат државата и институциите. Нема само дуизација на системот. ДУИ врши и дуизација на бизнисот, се наведува во партиското соопштение.

The post Чичкото Ахмети политичар, внукот Дрин претприемач, на 24 години го купил бизнис центарот Соравиа кој чини скоро 30 милиони евра appeared first on Република.

]]>

Дрин Ахмети, внук на Али Ахмети го купува деловниот објект Соравиа во строгиот центар на Скопје со површина од 15.000м2 во вредност од 30 милиони евра. Младиот олигарх Дрин и неговата фирма Тор Индустриес во партнерство со Павлеку ШПК го купуваат деловниот објект Соравиа Груп, велат од ВМРО-ДПМНЕ. Од партијата обвинуваат дека Димитар Ковачевски и Али Ахмети ја користат Македонија за лично богатење.
Внукот на Ахмети купува деловен објект, а сопругата на Ковачевски е ко сопственик на фирма за производство на струја. Ковачевски и Ахмети се главните во матните бизнис зделки на власта. Чичкото Ахмети политичар, внукот Дрин претпримач, на 24 години го купил бизнис центарот Соравиа кој чини скоро 30 милиони евра. Криминалот на СДС и ДУИ царува во државата, а институциите и понатаму молчат и се прогласуваат за ненадлежни. Токму поради тоа владините функционери на ДУИ се на црната листа на САД.
И наместо да реагира, Димитар Ковачевски само за да опстои на власт го премолчува и овој скандал. Како може младиот Ахмети на 24 годишна возраст да се стекне со бизнис центар кој чини скоро 30 милиони евра? Прашањето е ако Дрин на 24 години се стекнал со волку скап имот, што може да се очекува за неколку години од сега, да ги поседува сите трговски центри и деловни објекти ширум државата? ДУИ е криминализирана и мора да замине во опозиција. Ковачевски и Ахмет системски ја уништуваат државата и институциите. Нема само дуизација на системот. ДУИ врши и дуизација на бизнисот, се наведува во партиското соопштение.

The post Чичкото Ахмети политичар, внукот Дрин претприемач, на 24 години го купил бизнис центарот Соравиа кој чини скоро 30 милиони евра appeared first on Република.

]]>