„Сопот“ Archives - Република https://republika.mk/tema/sopot/ За подобро да се разбереме Tue, 07 Nov 2023 16:57:09 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png „Сопот“ Archives - Република https://republika.mk/tema/sopot/ 32 32 Димитриевски контра Ковачевски: Објектот во Сопот е дивоградба, изграден е на државно земјоделско земјиште https://republika.mk/vesti/makedonija/dimitrievski-kontra-kovachevski-objektot-vo-sopot-e-divogradba-izgraden-e-na-drzhavno-zemjodelsko-zemjishte/ Tue, 07 Nov 2023 17:02:25 +0000 https://republika.mk/?p=699275

Дивоградба е објектот каде што викендов, високи претставници на политичката партија ДУИ отворија меморијален комплекс во кумановското село Сопот, утврдил вонредниот инспекциски надзор на градежен инспектор од Општина Куманово.

И кумановскиот градоначалник Максим Димитриевски преку соопштение испратено до јавноста информира дека објектот е дивоградба и дека општината нема издадено документација за градба. Вели дека објектот е изграден на државно земјоделско земјиште.

Истиот е изграден на државно земјоделско земјиште, коешто во имотниот лист број 117 од катастарска општина Сопот, се води на парцела 963. Целиот објект е дивоградба и Општина Куманово нема издадено никаква документација во врска со градба на овој објект. Од страна на надлежна инспекциска служба е направен записник. Записникот е насочен кон НН лице, бидејќи од присутните лица таму никој не се пријавил дека е инвеститор или пак сопственик на објектот. Истиот записник денеска е истакнат на огласна табла, посочува Димитриевски.

Најавува дека ќе биде доставена и пријава до полиција.

Во рок од три дена додека трае постапката паралелно ќе доставиме пријава и до полиција да се открие НН сторителот на ова кривично дело и веднаш по затворање на записникот и истекот на рокот ќе биде процесуирана кривична пријава против сторителот, во овој случај НН лице. Но, дополнително добив информации и од Секторот за урбанизам дека за оваа предметна парцела исто така е поднесено барање во 2018 година за легализација од страна на физичко лице и сите тие документи ќе ги доставиме како предмет на идната истрага, вели Димитриевски.

Осврнувајќи се на изјавата на премиерот Димитар Ковачевски дека објектот бил изграден на приватно земјиште, Димитриевски вели дека службите треба подобро да го информираат.

Мислам дека треба подобро да го информираат службите со коишто непосредно соработува, но ме изненадува и молкот на други надлежни институции, како што во овој случај е МВР, чиишто обврски согласно законот и согласно Уставот се да го штити уставниот поредок на државата и кога некој поттикнува меѓуверска, меѓуетничка, меѓунационална конфронтација да го санкционира истото. Молкот од надлежните институции е повеќе од срам, бидејќи интегритетот на државата мора да се заштити, вели Димитриевски во писмената изјава.

The post Димитриевски контра Ковачевски: Објектот во Сопот е дивоградба, изграден е на државно земјоделско земјиште appeared first on Република.

]]>

Дивоградба е објектот каде што викендов, високи претставници на политичката партија ДУИ отворија меморијален комплекс во кумановското село Сопот, утврдил вонредниот инспекциски надзор на градежен инспектор од Општина Куманово. И кумановскиот градоначалник Максим Димитриевски преку соопштение испратено до јавноста информира дека објектот е дивоградба и дека општината нема издадено документација за градба. Вели дека објектот е изграден на државно земјоделско земјиште.
Истиот е изграден на државно земјоделско земјиште, коешто во имотниот лист број 117 од катастарска општина Сопот, се води на парцела 963. Целиот објект е дивоградба и Општина Куманово нема издадено никаква документација во врска со градба на овој објект. Од страна на надлежна инспекциска служба е направен записник. Записникот е насочен кон НН лице, бидејќи од присутните лица таму никој не се пријавил дека е инвеститор или пак сопственик на објектот. Истиот записник денеска е истакнат на огласна табла, посочува Димитриевски.
Најавува дека ќе биде доставена и пријава до полиција.
Во рок од три дена додека трае постапката паралелно ќе доставиме пријава и до полиција да се открие НН сторителот на ова кривично дело и веднаш по затворање на записникот и истекот на рокот ќе биде процесуирана кривична пријава против сторителот, во овој случај НН лице. Но, дополнително добив информации и од Секторот за урбанизам дека за оваа предметна парцела исто така е поднесено барање во 2018 година за легализација од страна на физичко лице и сите тие документи ќе ги доставиме како предмет на идната истрага, вели Димитриевски.
Осврнувајќи се на изјавата на премиерот Димитар Ковачевски дека објектот бил изграден на приватно земјиште, Димитриевски вели дека службите треба подобро да го информираат.
Мислам дека треба подобро да го информираат службите со коишто непосредно соработува, но ме изненадува и молкот на други надлежни институции, како што во овој случај е МВР, чиишто обврски согласно законот и согласно Уставот се да го штити уставниот поредок на државата и кога некој поттикнува меѓуверска, меѓуетничка, меѓунационална конфронтација да го санкционира истото. Молкот од надлежните институции е повеќе од срам, бидејќи интегритетот на државата мора да се заштити, вели Димитриевски во писмената изјава.

The post Димитриевски контра Ковачевски: Објектот во Сопот е дивоградба, изграден е на државно земјоделско земјиште appeared first on Република.

]]>
„Голема Албанија“ среде Македонија: Али Ахмети се гордее со музејот на УЧК во кумановско Сопот https://republika.mk/vesti/makedonija/golema-albanija-srede-makedonija-ali-ahmeti-se-gordee-so-muzejot-na-uchk-vo-kumanovsko-sopot/ Mon, 06 Nov 2023 07:26:32 +0000 https://republika.mk/?p=698600

Лидерот на ДУИ Али Ахмети викендот во кумановското село Сопот го отвори меморијалниот центар или музеј на УЧК . На свеченоста Ахмети упати неколку пораки дека Албанците се господари во Македонија и државотворци.

Во музејот се изложени фотографии на команданти на УЧК од Косово како што е основачот Адем Јашари, како и ликови од воениот конфликт во Македонија како Исмет Јашари. Неизбежни се и фотографиите од Али Ахмети.

Сепак најконтроверзен декор во музејот е знамето на „Голема Албанија“ со голем дел од Македонија.Србија и Грција.

Пред влезот на комплексот се наоѓа мермерна плоча со картата на „Голема Албанија“ пред која се поклонија учесниците во манифестацијата.

 

The post „Голема Албанија“ среде Македонија: Али Ахмети се гордее со музејот на УЧК во кумановско Сопот appeared first on Република.

]]>

Лидерот на ДУИ Али Ахмети викендот во кумановското село Сопот го отвори меморијалниот центар или музеј на УЧК . На свеченоста Ахмети упати неколку пораки дека Албанците се господари во Македонија и државотворци. Во музејот се изложени фотографии на команданти на УЧК од Косово како што е основачот Адем Јашари, како и ликови од воениот конфликт во Македонија како Исмет Јашари. Неизбежни се и фотографиите од Али Ахмети. Сепак најконтроверзен декор во музејот е знамето на „Голема Албанија“ со голем дел од Македонија.Србија и Грција. Пред влезот на комплексот се наоѓа мермерна плоча со картата на „Голема Албанија“ пред која се поклонија учесниците во манифестацијата.  

The post „Голема Албанија“ среде Македонија: Али Ахмети се гордее со музејот на УЧК во кумановско Сопот appeared first on Република.

]]>
Филмски сцени на наплатната рампа „Сопот“, фатен дилер на кокаин https://republika.mk/vesti/crna-hronika/filmski-sceni-na-naplatnata-rampa-sopot-faten-diler-na-kokain/ Sat, 18 Jun 2022 09:10:27 +0000 https://republika.mk/?p=516601

На 17.06.2022 на наплатната станица Сопот на автопатот „Пријателство“, полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција при МВР – Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи во содејство со СВР Велес – Одделение за недозволена трговија со дрога го лишиле од слобода Д.Г.(19) од Кавадарци.

По претходно добиена судска наредба, било запрено возилото „фолксваген поло“ со кавадаречки регистарски ознаки, кое го управувал и при личен претрес кај него биле пронајдени и одземени околу 100 грама кокаин и пари. Исто така, при претрес во неговиот дом во Кавадарци, извршен со судска наредба, биле пронајдени пари во различни апоени и валути за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривичното дело. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена пријава по член 215 од Кривичниот законик.

https://youtu.be/DNqXBCA0Ego

The post Филмски сцени на наплатната рампа „Сопот“, фатен дилер на кокаин appeared first on Република.

]]>

На 17.06.2022 на наплатната станица Сопот на автопатот „Пријателство“, полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција при МВР – Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи во содејство со СВР Велес – Одделение за недозволена трговија со дрога го лишиле од слобода Д.Г.(19) од Кавадарци. По претходно добиена судска наредба, било запрено возилото „фолксваген поло“ со кавадаречки регистарски ознаки, кое го управувал и при личен претрес кај него биле пронајдени и одземени околу 100 грама кокаин и пари. Исто така, при претрес во неговиот дом во Кавадарци, извршен со судска наредба, биле пронајдени пари во различни апоени и валути за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривичното дело. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена пријава по член 215 од Кривичниот законик. https://youtu.be/DNqXBCA0Ego

The post Филмски сцени на наплатната рампа „Сопот“, фатен дилер на кокаин appeared first on Република.

]]>