соопштение Archives - Република https://republika.mk/tema/soopshtenie/ За подобро да се разбереме Mon, 26 Aug 2024 08:12:19 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png соопштение Archives - Република https://republika.mk/tema/soopshtenie/ 32 32 ВМРО-ДПМНЕ: Колешката на Филипче, Бисера Антаонета трошела државни пари за чорапи, плишани мечиња, ташна за миленичиња, денес ги објавуваме сметките https://republika.mk/vesti/makedonija/vmro-dpmne-koleshkata-na-filipche-bisera-antaoneta-troshela-drzhavni-pari-za-chorapi-plishani-mechina-tashna-za-milenichina-denes-gi-objavuvame-smetkite/ Mon, 26 Aug 2024 08:12:19 +0000 https://republika.mk/?p=810159

Аздисаност е збор кој го опишува карактерот на лицата кои беа дел од владејачката структура на СДС и ДУИ. Меѓу нив е и Бисера Костадиновска Стојчевска, поранешната министерка за култура или Бисера Антоанета, се вели во партиското соопштение на владејачката ВМРО-ДПМНЕ.

За почеток само, Бисера Антоанета за едно патување во Лондон во октомври 2023 година троши повеќе од 700 фунти за лични потреби. За време на четиридневната посета времето наместо да го користи за работи кои се во служба на Македонија, таа пазарела. Накратко, од увидот на сметките за репрезентација и увидот во приложените сметки од службената картичка Виза на прва се гледа ненаменско трошење на буџетски средства. Или, колку за илустрација Бисера Антоанета потрошила 714 фунти за лични потреби. Станува збор за потрошени 89 фунти и плишано мече платени со службена картичка Виза. Потоа, се подновила со два самсонајт куфери во вредност од 219 фунти и уште еден со цена од 59 фунти. За чорапи во Маркс и Спенсер потрошила 42 фунти. Бисера Антоанета купувала и во Гифт бокс во Лондон и потрошила 146 евра. Исто така потрошила 158 фунти во специјализирана продавница и купувала подароци со ликот на Хари Потер како ракавици, маички, ташна за милениче и слично. Бисера Антоанета при увидот во сметките се гледа дека потрошила народни пари в вредност од 714 фунти, или околу 850 евра, односно скоро 52 илјади денари за лични потреби. Ова е сума за храна и воопшто животни трошоци за едно четиричлено семејство за тек на 30 дена или еден месец. Дополнително согласно Уредба е регулирано трошоците кои ги прави министерот за култура на месечно ниво и кои не можат да надминат 60 евра во денарска против вредност. За истите треба да направи раздолжување во рок од 7 дена по службениот пат. Ова е само едно од многуте пречекорувања кои ги направила Бисера Антоанета, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Или ова е само вовед колку народни пари потрошила Бисера Антоанета. А за тоа со чии пари Бисера Антоанета се расфрлала во Лондон ќе објавиме на денешната прес-конференција, со копии од сметките. Токму поради вакви случаи Македонија е ограбена држава! Секој што постапувал спротивно на законот ќе одговара! додаваат од владејачката партија.

The post ВМРО-ДПМНЕ: Колешката на Филипче, Бисера Антаонета трошела државни пари за чорапи, плишани мечиња, ташна за миленичиња, денес ги објавуваме сметките appeared first on Република.

]]>

МВР: Напаѓачите најверојатно сакале да го ограбат убиениот скопјанец кај Мавровка https://republika.mk/vesti/crna-hronika/mvr-napagachite-najverojatno-sakale-da-go-ograbat-ubieniot-skopjanets-kaj-mavrovka/ Tue, 20 Aug 2024 13:27:05 +0000 https://republika.mk/?p=808342

Лицето кое утрово беше застрелано пред трговскиот центар „Мавровка“ е приватник. Истрагата за убиството се уште трае, велат од МВР за МИА.

Оттаму велат дека напаѓачите најверојатно сакале да го ограбат убиениот скопјанец.

Претходно денеска МВР информираше дека две лица се уапсени во врска со убиството кое утрово се случи на паркинг просторот пред трговски центар „Мавровка“ во Скопје, каде што со огнено оружје е застрелано едно лице кое почина на лице место. Од МВР велат дека им е познат идентитетот и на третото осомничено лице кое е во бегство.

Како што информираат од МВР, од страна на полицијата веднаш се преземени оперативно - тактички мерки, затворање на дел од градското подрачје, преглед на повеќе домови и преглед на повеќе возила, во кои се вклучени специјални полициски сили, хеликоптери и дронови.

На подрачјето на општина Чаир, појаснуваат, е забележено патничко возило кое се обидело да побегне, при што лицата од возилото пружиле отпор со употреба на огнено оружје.

Полициските службеници возвратиле, по што едно лице е лишено од слобода. При преземањето понатамошни мерки, од слобода било лишено уште едно лице, а на полицијата е познат и идентитетот на третото осомничено лице кое е во бегство и за кое се преземаат мерки за негово пронаоѓање, стои во соопштението од МВР.

Во периодот што следува, како што дополнуваат од МВР, во некои делови од град Скопје ќе има зголемено полициско присуство со цел целосно расчистување на случајот.

Ова е втора престрелка во последното деноноќие, откако вчера во пукање во скопската населба Ченто, едно лице е повредено.

The post МВР: Напаѓачите најверојатно сакале да го ограбат убиениот скопјанец кај Мавровка appeared first on Република.

]]>

Лицето кое утрово беше застрелано пред трговскиот центар „Мавровка“ е приватник. Истрагата за убиството се уште трае, велат од МВР за МИА. Оттаму велат дека напаѓачите најверојатно сакале да го ограбат убиениот скопјанец. Претходно денеска МВР информираше дека две лица се уапсени во врска со убиството кое утрово се случи на паркинг просторот пред трговски центар „Мавровка“ во Скопје, каде што со огнено оружје е застрелано едно лице кое почина на лице место. Од МВР велат дека им е познат идентитетот и на третото осомничено лице кое е во бегство. Како што информираат од МВР, од страна на полицијата веднаш се преземени оперативно - тактички мерки, затворање на дел од градското подрачје, преглед на повеќе домови и преглед на повеќе возила, во кои се вклучени специјални полициски сили, хеликоптери и дронови. На подрачјето на општина Чаир, појаснуваат, е забележено патничко возило кое се обидело да побегне, при што лицата од возилото пружиле отпор со употреба на огнено оружје.
Полициските службеници возвратиле, по што едно лице е лишено од слобода. При преземањето понатамошни мерки, од слобода било лишено уште едно лице, а на полицијата е познат и идентитетот на третото осомничено лице кое е во бегство и за кое се преземаат мерки за негово пронаоѓање, стои во соопштението од МВР.
Во периодот што следува, како што дополнуваат од МВР, во некои делови од град Скопје ќе има зголемено полициско присуство со цел целосно расчистување на случајот. Ова е втора престрелка во последното деноноќие, откако вчера во пукање во скопската населба Ченто, едно лице е повредено.  

The post МВР: Напаѓачите најверојатно сакале да го ограбат убиениот скопјанец кај Мавровка appeared first on Република.

]]>
ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ и Данела Арсовска имаа заеднички програмски определби на изборите https://republika.mk/vesti/makedonija/vmro-dpmne-sdsm-i-danela-arsovska-imaa-zaednichki-programski-opredelbi-na-izborite/ Mon, 19 Aug 2024 18:47:02 +0000 https://republika.mk/?p=808047

СДС од јадење мед не може да се опорави и вината за состојбата во Скопје е нивно масло кога од позиција на сила, моќ и институции на моќта ја уценуваа Данела Арсовска да прејде кај нив за да не ја влечкаат по притвори. Затоа и на основањето на нејзината партија најсреќен беше Миле Зечевиќ кој седеше во првиот ред веројатно со кривичните за Данела во џеб од сакото. Потоа се роди и љубов и заеднички програмски определби меѓу СДС и партијата на Арсовска, и Арсовска добиваше инструкции да го саботира ВМРО-ДПМНЕ преку листи на изборите и преку спрега со медиумски извршители на СДС и јавни настапи, се вели во соопштението на ВМРО ДПМНЕ.

Ова е накусо трагичната приказна за Данела и нејзините налогодавачи од СДС кои сега се прават како да се некоја нова партија од Шведска, а не истата партија во која главен е Зоран Заев и неговиот измеќар Венко Филипче со кои делат и добро и лошо.

Од партијата апелираат до СДС да не го потценува народот.

Не е добар правецот во кој се движи и како тргнале на следните избори ќе се бори да има 100 илјади гласови затоа што народот гледа, а гледаат и нивните членови и не сакаат да се дел од нова шема на Заев за киднапирање на СДС откако Заев со Филипче ја опљачкаа и урнисаа државата, сега СДС им е сламката за спас, а членовите на СДС се нивни заложници.

Дека е под владеење на СДС и ДУИ, Арсовска говори и последното именување на кадар од ДУИ.

Им порачуваме и на ДУИ и на СДС дека ќе ги надминеме сите препреки, саботажи, мрежи и бандитски планови кои тие ги поставуваат и со Град Скопје и во судството и во други институции, и дека Македонија ќе успее, Македонија ќе победи!, велат од ВМРО ДПМНЕ.

The post ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ и Данела Арсовска имаа заеднички програмски определби на изборите appeared first on Република.

]]>

СДС од јадење мед не може да се опорави и вината за состојбата во Скопје е нивно масло кога од позиција на сила, моќ и институции на моќта ја уценуваа Данела Арсовска да прејде кај нив за да не ја влечкаат по притвори. Затоа и на основањето на нејзината партија најсреќен беше Миле Зечевиќ кој седеше во првиот ред веројатно со кривичните за Данела во џеб од сакото. Потоа се роди и љубов и заеднички програмски определби меѓу СДС и партијата на Арсовска, и Арсовска добиваше инструкции да го саботира ВМРО-ДПМНЕ преку листи на изборите и преку спрега со медиумски извршители на СДС и јавни настапи, се вели во соопштението на ВМРО ДПМНЕ. Ова е накусо трагичната приказна за Данела и нејзините налогодавачи од СДС кои сега се прават како да се некоја нова партија од Шведска, а не истата партија во која главен е Зоран Заев и неговиот измеќар Венко Филипче со кои делат и добро и лошо. Од партијата апелираат до СДС да не го потценува народот.
Не е добар правецот во кој се движи и како тргнале на следните избори ќе се бори да има 100 илјади гласови затоа што народот гледа, а гледаат и нивните членови и не сакаат да се дел од нова шема на Заев за киднапирање на СДС откако Заев со Филипче ја опљачкаа и урнисаа државата, сега СДС им е сламката за спас, а членовите на СДС се нивни заложници. Дека е под владеење на СДС и ДУИ, Арсовска говори и последното именување на кадар од ДУИ. Им порачуваме и на ДУИ и на СДС дека ќе ги надминеме сите препреки, саботажи, мрежи и бандитски планови кои тие ги поставуваат и со Град Скопје и во судството и во други институции, и дека Македонија ќе успее, Македонија ќе победи!, велат од ВМРО ДПМНЕ.

The post ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ и Данела Арсовска имаа заеднички програмски определби на изборите appeared first on Република.

]]>
ВМРО-ДПМНЕ: Венко Филипче да ги даде уплатниците за џипот, и да каже како го набавил со плата https://republika.mk/vesti/makedonija/vmro-dpmne-venko-filipche-da-gi-dade-uplatnitsite-za-dhipot-i-da-kazhe-kako-go-nabavil-so-plata/ Mon, 15 Jul 2024 08:59:54 +0000 https://republika.mk/?p=796915

Венко Филипче да ги даде уплатниците за џипот, и да каже како го набавил со плата, се вели во партиското соопштение на владејачката ВМРО-ДПМНЕ.

Венко Филипче може да се види како се вози во луксузно Ауди Q8, кое го нема пријавено ниту во својот анкетен лист. Венко Филипче мора да каже како го платил луксузниот џип, и како успеал тоа да го стори со плата? Доколку џипот не е на негово име, Филипче да каже што услуга завршил на тој што го купил истиот. Никој не купува нов џип од стотици илјади евра и го дава на возење на некој друг, и сосема случајно тој друг да е поранешен министер за здравство и лидер на опозициска партија. Филипче да не се крие зад партијата, да излезе и да ги покаже уплатниците за џипот, ако ги нема да каже кој му го купил и зошто, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Филипче мора да знае дека тоа што е претседател на политичка партија нема да го спаси од одговорност, додаваат од владејачката партија.

The post ВМРО-ДПМНЕ: Венко Филипче да ги даде уплатниците за џипот, и да каже како го набавил со плата appeared first on Република.

СДСМ ги повика граѓаните масовно да излезат на избори https://republika.mk/vesti/makedonija/sdsm-gi-povika-graganite-masovno-da-izlezat-na-izbori/ Fri, 03 May 2024 11:26:47 +0000 https://republika.mk/?p=773761

Владејачката СДСМ денеска преку соопштение ги повика граѓаните масовно да излезат на изборите на 8 мај и да гласаат за иднината на државата. Од партијата нагласуваат дека изборот е во рацете на граѓаните, дали ќе следи „уште една лоша реприза од тоталитарното владеење на Груевски и неговата криминална екипа, или заедно со СДСМ ќе имаме слободна, просперитетна и европска иднина“.

Од СДСМ додаваат дека нудат концепт за европска иднина, за европски стандарди и вредности, концепт за држава во која децата ќе сакаат да останат.

„Потребен е силен СДСМ во Собранието, да не се дозволи повторно инсталација на режим од страна на ДПМНЕ и играње со иднината, стабилноста и безбедноста на државата. Доколку десничарска партија како ДПМНЕ добие преголема моќ, извесно е дека ќе се стави крај на европските перспективи, независните медиуми и независното судство. Тоа ќе значи враќање назад повеќе од 20 години“, велат од СДСМ.

Оттаму додаваат дека поддршка за СДСМ и обединување на сите прогресивни сили во земјата е единствениот начин да се спречи повторно режим.

The post СДСМ ги повика граѓаните масовно да излезат на избори appeared first on Република.

]]>

Владејачката СДСМ денеска преку соопштение ги повика граѓаните масовно да излезат на изборите на 8 мај и да гласаат за иднината на државата. Од партијата нагласуваат дека изборот е во рацете на граѓаните, дали ќе следи „уште една лоша реприза од тоталитарното владеење на Груевски и неговата криминална екипа, или заедно со СДСМ ќе имаме слободна, просперитетна и европска иднина“. Од СДСМ додаваат дека нудат концепт за европска иднина, за европски стандарди и вредности, концепт за држава во која децата ќе сакаат да останат.
„Потребен е силен СДСМ во Собранието, да не се дозволи повторно инсталација на режим од страна на ДПМНЕ и играње со иднината, стабилноста и безбедноста на државата. Доколку десничарска партија како ДПМНЕ добие преголема моќ, извесно е дека ќе се стави крај на европските перспективи, независните медиуми и независното судство. Тоа ќе значи враќање назад повеќе од 20 години“, велат од СДСМ.
Оттаму додаваат дека поддршка за СДСМ и обединување на сите прогресивни сили во земјата е единствениот начин да се спречи повторно режим.

The post СДСМ ги повика граѓаните масовно да излезат на избори appeared first on Република.

]]>
ВМРО ДПМНЕ: Ја препознаваме нервозата на Пендаровски и Муслиу, што дробеле, тоа ќе сркаат https://republika.mk/vesti/makedonija/vmro-dpmne-ja-prepoznavame-nervozata-na-pendarovski-i-musliu-shto-drobele-toa-ke-srkaat/ Sat, 06 Apr 2024 14:12:32 +0000 https://republika.mk/?p=763107

Видлива е нервозата кај Стево Пендаровски и неговиот разузнувач Еролд Муслиу. Ако мислеа дека ќе преминеме преку основаните сомневања дека поставиле мрежа за фалсификување на документи и ширење на лажни вести тогаш се лажат, велат во партиското соопштение ВМРО ДПМНЕ.

Одговорност ќе има, и целата мрежа ке биде разглобена до најситните детали.

Нашите информации и сомневања говорат дека Еролд Муслиу ја злоупотребил агенцијата со која раководи, за фалсификување на документи каде преку кабинетот на Пендаровски и со посредство на Миле Зечевиќ стига до одредени медиуми и СДС. Печат на сето тоа дава балканскиот мешетар и скапо платен контрактор Асаф Еисеин за кого Пендаровски призна дека работи во кампањата на партијата СДС. Спремете се за одговорност, се вели во соопштението на ВМРО ДПМНЕ.

The post ВМРО ДПМНЕ: Ја препознаваме нервозата на Пендаровски и Муслиу, што дробеле, тоа ќе сркаат appeared first on Република.

]]>

Видлива е нервозата кај Стево Пендаровски и неговиот разузнувач Еролд Муслиу. Ако мислеа дека ќе преминеме преку основаните сомневања дека поставиле мрежа за фалсификување на документи и ширење на лажни вести тогаш се лажат, велат во партиското соопштение ВМРО ДПМНЕ. Одговорност ќе има, и целата мрежа ке биде разглобена до најситните детали.
Нашите информации и сомневања говорат дека Еролд Муслиу ја злоупотребил агенцијата со која раководи, за фалсификување на документи каде преку кабинетот на Пендаровски и со посредство на Миле Зечевиќ стига до одредени медиуми и СДС. Печат на сето тоа дава балканскиот мешетар и скапо платен контрактор Асаф Еисеин за кого Пендаровски призна дека работи во кампањата на партијата СДС. Спремете се за одговорност, се вели во соопштението на ВМРО ДПМНЕ.
 
The post ВМРО ДПМНЕ: Ја препознаваме нервозата на Пендаровски и Муслиу, што дробеле, тоа ќе сркаат appeared first on Република.

]]>
ВМРО-ДПМНЕ: СДС не можат фабрика за пластични детски автомобили да донесат, а не пак за електрични https://republika.mk/vesti/makedonija/vmro-dpmne-sds-ne-mozhat-fabrika-za-plastichni-detski-avtomobili-da-donesat-a-ne-pak-za-elektrichni/ Tue, 12 Mar 2024 08:42:38 +0000 https://republika.mk/?p=753872

СДС не можат фабрика за пластични детски автомобили да донесат, а не пак за електрични, се покажа колку се кадарни. Лагата за фабриката за електрични возила во Тетово испука како пренапумпан балон, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Ниту фабрика, има, ниту автомобили, само потрошени народни пари за промоција за некаков инвеститор. Од фабриката за автомобили покрај најавите, бината и лопатите остана и ветената државна помош, која власта во неколку наврати ја ветува, и за која ако е исплатена ќе следи одговорност, се наведува во партиското соопштение.

„СДС се што правеше 7 години е само уназадување на државата, една инвестиција не донесоа, државата со нив само тоне. Со право народот вели дека немаме држава, време е да ја вратиме“ – велат од ВМРО-ДПМНЕ.

The post ВМРО-ДПМНЕ: СДС не можат фабрика за пластични детски автомобили да донесат, а не пак за електрични appeared first on Република.

Важно соопштение од УЈП за апликацијата МојДДВ https://republika.mk/vesti/ekonomija/vazhno-soopshtenie-od-ujp-za-aplikatsijata-mojddv/ Thu, 25 Jan 2024 13:47:23 +0000 https://republika.mk/?p=736798

Управата за јавни приходи (УЈП) ги информира даночните обврзници и корисниците на електронските услуги на системот е – Персонален данок, дека врши надградба на системот е-ПДД. Поради тоа, системот е-ПДД ќе биде во прекин почнувајќи од 26.01.2024 година (петок) во 16:00 часот. Интервенцијата ќе се извршува за време на претстојниот викенд, а по завршувањето на активностите, УЈП навремено ќе информира.

Ја известуваме јавноста дека поради овој процес за надградба на системот можни се и прекини во работењето на апликацијата МојДДВ. Ги замолуваме даночните обврзници и корисниците на услугите на УЈП да имаат разбирање додека трае надградбата на системот, бидејќи истата ќе овозможи поквалитетни услуги за крајните корисници“, се наведува во соопштението од УЈП.

Поради вршење на оваа надградба и отежнато пријавување на даночните пријави преку системот е-Даноци, рокот за поднесување на ДДВ-04 пријавите се продолжува заклучно со понеделник 29.01.2024 година.

The post Важно соопштение од УЈП за апликацијата МојДДВ appeared first on Република.

МНР: Средбата со Борг и Лавров беше свикана со цел да се обезбеди натамошно функционирање на институциите на ОБСЕ https://republika.mk/vesti/makedonija/mnr-sredbata-so-borg-i-lavrov-beshe-svikana-so-tsel-da-se-obezbedi-natamoshno-funktsionirane-na-institutsiite-na-obse/ Thu, 30 Nov 2023 21:41:38 +0000 https://republika.mk/?p=718159

Министерството за надворешни работи вечерва соопшти дека средбата на која присуствувале актуелниот и идниот претседавач на ОБСЕ и шефот на руската дипломатија била свикана со цел да се обезбеди натамошно функционирање на институциите на оваа меѓународна организација.

Денеска, на маргините на 30-от Министерски совет на ОБСЕ, актуелниот претседавач со Организацијата, Бујар Османи ги повика министерот за надворешни работи на Малта, Јан Борг, чија земја се очекува да го преземе претседавањето со ОБСЕ за 2024 година и министерот за надворешни работи на Руската Федерација, Сергеј Лавров. Средбата беше свикана со цел да се обезбеди натамошното функционирање на институциите на ОБСЕ, во контекст на специфичните околности во кои се наоѓа Организацијата, се наведува во соопштението од МНР.

The post МНР: Средбата со Борг и Лавров беше свикана со цел да се обезбеди натамошно функционирање на институциите на ОБСЕ appeared first on Република.

МАН: Целосна поддршка за Канал 5 ТВ, осуда за несонованите обвинувања од советникот на владата Исмет Рамадани https://republika.mk/vesti/makedonija/man-tselosna-poddrshka-za-kanal-5-tv-osuda-za-nesonovanite-obvinuvana-od-sovetnikot-na-vladata-ismet-ramadani/ Wed, 01 Nov 2023 19:38:23 +0000 https://republika.mk/?p=697211

Македонската асоцијација на новинари (МАН) целосно застанува во одбрана и поддршка на Канал 5 ТВ, реакцијата на директорот Иван Мирчевски и новинарот водител Александар Видиновски како и колегата гостин во емсијата Горан Момироски, по вечерашната дебата во емисијата „Само вистина“ каде политичарот и советник во владата Исмет Рамадани неосновано ги обвини за предизвикување национална нетрпеливост.

Со етикетирањето на национална основа, Исмет Рамадани ја загрозува безбедноста на новинарите учесници во дебата, како на Канал 5 ТВ.

МАН ги осудува сите политичари, советници и владини функционери, како и аналитичари кои со години полесно или потешко, и без одговорност јавно навредуваат цели медиуми, новинари, ги етикетираат, па дури и ги обвинуваат за сторени кривични дела како говор на омраза или национална нетрпеливост.

Канал 5 секогаш покажува висок степен на професионализам и конструктивно етичко дебатирање во своите емисии.

Го повикуваме Исмет Рамадани веднаш да се извини до редакцијата на Канал 5 ТВ. Доколку не се извини, МАН заедно со Канал 5 Тв ќе ги преземе сите правни мерки за заштита на новинарите и медиумот, се вели во соопштението на МАН.

The post МАН: Целосна поддршка за Канал 5 ТВ, осуда за несонованите обвинувања од советникот на владата Исмет Рамадани appeared first on Република.

]]>

Македонската асоцијација на новинари (МАН) целосно застанува во одбрана и поддршка на Канал 5 ТВ, реакцијата на директорот Иван Мирчевски и новинарот водител Александар Видиновски како и колегата гостин во емсијата Горан Момироски, по вечерашната дебата во емисијата „Само вистина“ каде политичарот и советник во владата Исмет Рамадани неосновано ги обвини за предизвикување национална нетрпеливост.
Со етикетирањето на национална основа, Исмет Рамадани ја загрозува безбедноста на новинарите учесници во дебата, како на Канал 5 ТВ.
МАН ги осудува сите политичари, советници и владини функционери, како и аналитичари кои со години полесно или потешко, и без одговорност јавно навредуваат цели медиуми, новинари, ги етикетираат, па дури и ги обвинуваат за сторени кривични дела како говор на омраза или национална нетрпеливост.
Канал 5 секогаш покажува висок степен на професионализам и конструктивно етичко дебатирање во своите емисии. Го повикуваме Исмет Рамадани веднаш да се извини до редакцијата на Канал 5 ТВ. Доколку не се извини, МАН заедно со Канал 5 Тв ќе ги преземе сите правни мерки за заштита на новинарите и медиумот, се вели во соопштението на МАН.
 
The post МАН: Целосна поддршка за Канал 5 ТВ, осуда за несонованите обвинувања од советникот на владата Исмет Рамадани appeared first on Република.

]]>
СДСМ: Македонската борба е за интеграција во ЕУ, а не за изолација https://republika.mk/vesti/makedonija/sdsm-makedonskata-borba-e-za-integratsija-vo-eu-a-ne-za-izolatsija/ Mon, 23 Oct 2023 07:26:39 +0000 https://republika.mk/?p=694054

„Македонската борба денес е борба за европска иднина на државата, за интеграција во ЕУ, како аманет на претходните генерации револуционери и одговорност и должност кон младите, идните генрации“, велат од СДСМ.

Со СДСМ државата ги реализира стратешките цели. Од независноста во 1991-та година, преку членството во ООН во 1993 година до кандидатски статус за ЕУ во 2005 година. Во 2016-та година беше урнат режимот и повторно обновена демократијата, за во 2020-та година државата да стана членка на НАТО и две години подоцна да ги започне преговорите за членство во ЕУ, по 17 чекање со заштитен и обезбеден македонски јазик, идентитет, култура и посебност.

Македонската борба продолжува како политичката борба за подобра, европска иднина државата и на сите граѓани, а не за изолација и стагнација, што го нудат лажните патриоти од ДПМНЕ и Левица.

Нивната понуда е блокада на европскиот пат, изолација и неизвесност, економомско назадување, иселување на младите.

Европската иднина носи европски стандарди, повисоки плати и пензии, отворен пазар од 500 милиони жители за македонските компании, пристап до европските фондови.

Европскиот фронт предводен од СДСМ ја продолжува борбата за европска иднина, за подобар живот за сите граѓани, до полноправно членство во ЕУ“, се наведува во соопштението на СДСМ.

The post СДСМ: Македонската борба е за интеграција во ЕУ, а не за изолација appeared first on Република.

]]>

„Македонската борба денес е борба за европска иднина на државата, за интеграција во ЕУ, како аманет на претходните генерации револуционери и одговорност и должност кон младите, идните генрации“, велат од СДСМ. Со СДСМ државата ги реализира стратешките цели. Од независноста во 1991-та година, преку членството во ООН во 1993 година до кандидатски статус за ЕУ во 2005 година. Во 2016-та година беше урнат режимот и повторно обновена демократијата, за во 2020-та година државата да стана членка на НАТО и две години подоцна да ги започне преговорите за членство во ЕУ, по 17 чекање со заштитен и обезбеден македонски јазик, идентитет, култура и посебност. Македонската борба продолжува како политичката борба за подобра, европска иднина државата и на сите граѓани, а не за изолација и стагнација, што го нудат лажните патриоти од ДПМНЕ и Левица. Нивната понуда е блокада на европскиот пат, изолација и неизвесност, економомско назадување, иселување на младите. Европската иднина носи европски стандарди, повисоки плати и пензии, отворен пазар од 500 милиони жители за македонските компании, пристап до европските фондови. Европскиот фронт предводен од СДСМ ја продолжува борбата за европска иднина, за подобар живот за сите граѓани, до полноправно членство во ЕУ“, се наведува во соопштението на СДСМ.  

The post СДСМ: Македонската борба е за интеграција во ЕУ, а не за изолација appeared first on Република.

]]>
Обврзниците за кои соопшти Богоев немаат никаква вредност https://republika.mk/vesti/makedonija/obvrznitsite-za-koi-soopshti-bogoev-nemaat-nikakva-vrednost/ Thu, 10 Aug 2023 15:50:08 +0000 https://republika.mk/?p=670859

„Стефан Богоев држеше вонредни прес конференции објавувајќи дека царината запленила хартии од вредност во вредност од 92 милиони евра.

Но денеска, после само три дена од прес конференцијата на Богоев, медиумите објавија дека истите немаат никаква вредност бидејќи биле со истечен рок, а сопственикот на истите бил починат.

Всушност медиумите открија дека обврзниците за кои Богоев правеше пиар имаат вредност на тоалетна хартија.

Хартиите од вредност како акции, обврзници, записи се дематеријализирани, односно се во електронска форма. А тоа кај нас е сторено уште во 2001 година со формирањето на Централниот депозитар, така што сите видови на хартии од вредност сите се во електронска форма.

Ова само покажува аматеризам и неспособност од страна на Богоев.

Му порачуваме на Богоев наместо да држи прес конференции со кои се фали дека открил некаков криминал, енергијата да ја насочи кон работење бидејќи е платен од народни пари“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

The post Обврзниците за кои соопшти Богоев немаат никаква вредност appeared first on Република.

]]>

„Стефан Богоев држеше вонредни прес конференции објавувајќи дека царината запленила хартии од вредност во вредност од 92 милиони евра. Но денеска, после само три дена од прес конференцијата на Богоев, медиумите објавија дека истите немаат никаква вредност бидејќи биле со истечен рок, а сопственикот на истите бил починат. Всушност медиумите открија дека обврзниците за кои Богоев правеше пиар имаат вредност на тоалетна хартија. Хартиите од вредност како акции, обврзници, записи се дематеријализирани, односно се во електронска форма. А тоа кај нас е сторено уште во 2001 година со формирањето на Централниот депозитар, така што сите видови на хартии од вредност сите се во електронска форма. Ова само покажува аматеризам и неспособност од страна на Богоев. Му порачуваме на Богоев наместо да држи прес конференции со кои се фали дека открил некаков криминал, енергијата да ја насочи кон работење бидејќи е платен од народни пари“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.  

The post Обврзниците за кои соопшти Богоев немаат никаква вредност appeared first on Република.

]]>
МЗШВ: Комплетно го решаваме наводнувањето на Овчеполието https://republika.mk/vesti/ekonomija/mzshv-kompletno-go-reshavame-navodnuvaneto-na-ovchepolieto/ Sun, 30 Jul 2023 12:02:56 +0000 https://republika.mk/?p=666904

Земјоделската сезона се одвива интензивно, досега за 2023 година бележиме одлични приноси од сите стасани производи на полињата на територија на целата држава. Оваа сезона надминавме бројни предизвици и проблеми, експресно и навремено ја реализиравме институционалната поддршка за земјоделците и секогаш остануваме да бидеме потпората за квалитетното земјоделско производство. Политиките и мерките кои ги превземаме се секогаш во партнерство со земјоделците, а во насока на постигнување на целта која заеднички ја споделуваме.

Годинава активно работиме на обезбедување на дополнителни количини на вода за светиниколско. Вработените од подружницата на АД Водостопанство, заедно со локалните канцеларии на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, веќе одреден период се на терен на разговори со земјоделците, при што заеднички со нив се подготвува планот за наводнување за оваа сезона. Планот предвидува вода до секоја обработлива површина и правилен распоред за наводнување. Секогаш партнерски, заедно со земјоделците ги утврдуваме нивните приоритети и сме отворени за сите нивни барања и потреби. Постапуваме брзо и навремено, нашите активности, мерки и постапувања ги кроиме согласно визијата која ја споделуваме со земјоделците.

Комплетно го решаваме наводнувањето на Овчеполието, целосно сме посветени на реконструкција, модернизација и осовременување на хидросистемите, објектите и инфраструктурата која обезбедува наводнување за Свети Николе и околните општини и села. Веќе се дефинирани прироритетите кои значат зголемено производство за земјоделците од овој крај. Преку програмите на министерството фокусирани сме на два клучни проекти за целосно решавање на наводнувањето во Свети Николе, првиот се однесува на реконструкција на Десниот магистрален канал и санации на главниот цевковод во реонот на Истибања кој ќе обезбеди доволни количини на вода за Свети Николе и сите општини и населени места со кои управува светиниколската подружница на АД Водостопанство, вториот се однесува на целосна реконструкција на цевководот кој доаѓа од акумулацијата Мавровица, со што комплетно се обезбедува наводнување на површини од над 3.000 хектари земјоделска обработлива површина од Овчеполието.

Со Програмата за водостопанство и Програмата за рурален развој на министерството обезбедуваме средства за зголемување на протокот на вода од цевководот Калиманцисѐ до последните обработливи површини во светиниколско. Проектот ќе опфати реконструкција на десниот магистрален цевковод со што ќе се елиминираат загубите на вода, паралелно на ова ќе се санираат свлекувања во Истибања. Со овие чекорисе обезбедува полнење на цевководот во неговите максимални капацитети за кои што интервенции веќе со следниот ребаланс подготвуваме обезбедување на проектна документација. Во екот на тековната, ги правиме подготовките и за следната сезона, при што обезбедуваме полн капацитет на работа на цевководот од самиот почеток, до неговиот крај, односно доволни количини на вода ќе се испорачуваат кон земјоделските површини во Свети Николе  кои ќе обезбедат непречено наводнување.

Дополнително подготвен е проект за обезбедување на вода за наводнување преку акумулацијата Мавровица, кој е планиран да влезе во следниот буџет и програма на министерството како приоритет за зголемување на наводнувањето во Овче Поле. Овој проект предвидува замена на постоечкиот цевковод со квалитетна метална цевка која поседува соодветна заштита од корозија, промена на линиски затврачи, водушни вентили и инсталација на хидранти. Со ова ќе се стави крај на тековната поправка на дефекти кои постојано се појавуваа и ќе се обезбеди квалитетна и навремена достава на вода до сите обработливи површини до кои стигнува системот.

Министерството секогаш стои на иста страна со земјоделецот, работиме на заедничка агенда која предвидува успех за сите субјекти вклучени во дејноста. Ангажирани сме за создавање на услови за раст и развој, земјоделието е носечки столб на развитокот на државата, затоа стоиме цврсто на оваа определба и секојдневно сме посветени на воведување на нови решенија кои ќе обезбедат прогрес и сигурна иднина на земјоделците и сите граѓани на државата.

The post МЗШВ: Комплетно го решаваме наводнувањето на Овчеполието appeared first on Република.

]]>

Земјоделската сезона се одвива интензивно, досега за 2023 година бележиме одлични приноси од сите стасани производи на полињата на територија на целата држава. Оваа сезона надминавме бројни предизвици и проблеми, експресно и навремено ја реализиравме институционалната поддршка за земјоделците и секогаш остануваме да бидеме потпората за квалитетното земјоделско производство. Политиките и мерките кои ги превземаме се секогаш во партнерство со земјоделците, а во насока на постигнување на целта која заеднички ја споделуваме. Годинава активно работиме на обезбедување на дополнителни количини на вода за светиниколско. Вработените од подружницата на АД Водостопанство, заедно со локалните канцеларии на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, веќе одреден период се на терен на разговори со земјоделците, при што заеднички со нив се подготвува планот за наводнување за оваа сезона. Планот предвидува вода до секоја обработлива површина и правилен распоред за наводнување. Секогаш партнерски, заедно со земјоделците ги утврдуваме нивните приоритети и сме отворени за сите нивни барања и потреби. Постапуваме брзо и навремено, нашите активности, мерки и постапувања ги кроиме согласно визијата која ја споделуваме со земјоделците. Комплетно го решаваме наводнувањето на Овчеполието, целосно сме посветени на реконструкција, модернизација и осовременување на хидросистемите, објектите и инфраструктурата која обезбедува наводнување за Свети Николе и околните општини и села. Веќе се дефинирани прироритетите кои значат зголемено производство за земјоделците од овој крај. Преку програмите на министерството фокусирани сме на два клучни проекти за целосно решавање на наводнувањето во Свети Николе, првиот се однесува на реконструкција на Десниот магистрален канал и санации на главниот цевковод во реонот на Истибања кој ќе обезбеди доволни количини на вода за Свети Николе и сите општини и населени места со кои управува светиниколската подружница на АД Водостопанство, вториот се однесува на целосна реконструкција на цевководот кој доаѓа од акумулацијата Мавровица, со што комплетно се обезбедува наводнување на површини од над 3.000 хектари земјоделска обработлива површина од Овчеполието. Со Програмата за водостопанство и Програмата за рурален развој на министерството обезбедуваме средства за зголемување на протокот на вода од цевководот Калиманцисѐ до последните обработливи површини во светиниколско. Проектот ќе опфати реконструкција на десниот магистрален цевковод со што ќе се елиминираат загубите на вода, паралелно на ова ќе се санираат свлекувања во Истибања. Со овие чекорисе обезбедува полнење на цевководот во неговите максимални капацитети за кои што интервенции веќе со следниот ребаланс подготвуваме обезбедување на проектна документација. Во екот на тековната, ги правиме подготовките и за следната сезона, при што обезбедуваме полн капацитет на работа на цевководот од самиот почеток, до неговиот крај, односно доволни количини на вода ќе се испорачуваат кон земјоделските површини во Свети Николе  кои ќе обезбедат непречено наводнување. Дополнително подготвен е проект за обезбедување на вода за наводнување преку акумулацијата Мавровица, кој е планиран да влезе во следниот буџет и програма на министерството како приоритет за зголемување на наводнувањето во Овче Поле. Овој проект предвидува замена на постоечкиот цевковод со квалитетна метална цевка која поседува соодветна заштита од корозија, промена на линиски затврачи, водушни вентили и инсталација на хидранти. Со ова ќе се стави крај на тековната поправка на дефекти кои постојано се појавуваа и ќе се обезбеди квалитетна и навремена достава на вода до сите обработливи површини до кои стигнува системот.   Министерството секогаш стои на иста страна со земјоделецот, работиме на заедничка агенда која предвидува успех за сите субјекти вклучени во дејноста. Ангажирани сме за создавање на услови за раст и развој, земјоделието е носечки столб на развитокот на државата, затоа стоиме цврсто на оваа определба и секојдневно сме посветени на воведување на нови решенија кои ќе обезбедат прогрес и сигурна иднина на земјоделците и сите граѓани на државата.

The post МЗШВ: Комплетно го решаваме наводнувањето на Овчеполието appeared first on Република.

]]>
Мислење на правниот тим на „Еуромакс Ресоурцес“ за спојувањето на концесиите за „Иловица“ https://republika.mk/vesti/ekonomija/mislene-na-pravniot-tim-na-euromaks-resourtses-za-spojuvaneto-na-kontsesiite-za-ilovitsa/ Fri, 21 Jul 2023 08:31:51 +0000 https://republika.mk/?p=663823

Почитувани,

Во однос на јавниот интерест во врска со управните процеси, и решенијата на Управните судови според кои се потврдува правното стојалиште дека Барањето за спојување на концесиите е претходно правно прашање за кое Владата има облигаторна обврска да постапи пред да превземе било какво друго дејствие, во прилог ви го доставување стручното правното мислење на Адвокатско друштво БОНА ФИДЕ Скопје, кое што е правниот застапник на Еуромакс Ресоурцес во процесите пред Управните судови:

“Друштвото за производство, промет и услуги Еуромакс Ресоурцес ДОО Скопје во јануари 2016 година, согласно член 61 од Законот за минерални суровини, има поднесено Барање за спојување на концесиите за проектот „Иловица-Штука“.

Член 61

Спојување на концесии

(1) Во функција на рационално и економично истражување или експлоатација на минерални суровини, може да се врши спојување на две соседни концесии во случај кога концесиите се простираат на исто наоѓалиште за ист тип на минерална суровина.

(2) На концесионерот му се дава можност да ги спои концесиите за експлоатација доколку се работи за ист сопственик и ист вид на минерална суровина.

Според истиот Закон, одлука за спојување на концесиите донесува Владата по добивање на образложен предлог од Министерството за економија кое е должно да направи увид на локалитетот и да изготви Записник.

По Барањето на Еуромакс Ресоурцес ДОО Скопје за спојување на концесиите, Министерството за економија направило увид и изготвило Записник за извршен теренски увид уште во февруари 2016 година. Според Записникот, постапката за спојување на концесиите може да продолжи со оглед дека не постојат правни и фактички пречки. Врз основа на извршениот увид и изготвениот Записник, Министерството за економија, во неколку наврати поднесува до Владата предлог за одобрување на Барањето  на Еуромакс за спојување на концесиите со образложение дека сите правни и технички услови се исполнети.

Ниту една од Владите од 2016 година до јули 2023 година нема донесено Одлука по конкретното Барање заради што Еуромакс Ресоурцес ДОО Скопје побара правна заштита во управен спор согласно македонското релевантно законодавство.

Управните судови дури во три свои одлуки потврдуваат дека тоа барање за спојување, поднесено во јануари 2016 година, претставува претходно правно прашање за кое Владата има облигаторна обврска да донесе одлука. Тоа се следните одлуки: правосилните Пресуди на Управниот суд: У-6.бр.575/2019 од 31.03.2020 година и У-6.бр.131/2023 година и Решението на Вишиот управен суд УЖ-2.бр.195/2022 од 09.02.2023 година, после кои донесена е и правосилната Пресуда на Управниот суд У-6.бр.131/2023 година за поништување на Одлуката на Владата за едностран раскин на Договорот за концесија за експлоатација на минерална суровина.

Оттука би сакале да укажеме дека Одлуката на Владата за спојување на концесиите од 27.06.2023 година е донесена во постапка која е иницирана по Барање за спојување на концесиите од 2016 година, за кое според Управните судови, Владата има облигаторна обврска да одлучи пред да превземе било какво друго дејствие.“

Комерцијален текст

The post Мислење на правниот тим на „Еуромакс Ресоурцес“ за спојувањето на концесиите за „Иловица“ appeared first on Република.

]]>

Почитувани, Во однос на јавниот интерест во врска со управните процеси, и решенијата на Управните судови според кои се потврдува правното стојалиште дека Барањето за спојување на концесиите е претходно правно прашање за кое Владата има облигаторна обврска да постапи пред да превземе било какво друго дејствие, во прилог ви го доставување стручното правното мислење на Адвокатско друштво БОНА ФИДЕ Скопје, кое што е правниот застапник на Еуромакс Ресоурцес во процесите пред Управните судови: “Друштвото за производство, промет и услуги Еуромакс Ресоурцес ДОО Скопје во јануари 2016 година, согласно член 61 од Законот за минерални суровини, има поднесено Барање за спојување на концесиите за проектот „Иловица-Штука“.

Член 61

Спојување на концесии

(1) Во функција на рационално и економично истражување или експлоатација на минерални суровини, може да се врши спојување на две соседни концесии во случај кога концесиите се простираат на исто наоѓалиште за ист тип на минерална суровина.

(2) На концесионерот му се дава можност да ги спои концесиите за експлоатација доколку се работи за ист сопственик и ист вид на минерална суровина.

Според истиот Закон, одлука за спојување на концесиите донесува Владата по добивање на образложен предлог од Министерството за економија кое е должно да направи увид на локалитетот и да изготви Записник. По Барањето на Еуромакс Ресоурцес ДОО Скопје за спојување на концесиите, Министерството за економија направило увид и изготвило Записник за извршен теренски увид уште во февруари 2016 година. Според Записникот, постапката за спојување на концесиите може да продолжи со оглед дека не постојат правни и фактички пречки. Врз основа на извршениот увид и изготвениот Записник, Министерството за економија, во неколку наврати поднесува до Владата предлог за одобрување на Барањето  на Еуромакс за спојување на концесиите со образложение дека сите правни и технички услови се исполнети. Ниту една од Владите од 2016 година до јули 2023 година нема донесено Одлука по конкретното Барање заради што Еуромакс Ресоурцес ДОО Скопје побара правна заштита во управен спор согласно македонското релевантно законодавство. Управните судови дури во три свои одлуки потврдуваат дека тоа барање за спојување, поднесено во јануари 2016 година, претставува претходно правно прашање за кое Владата има облигаторна обврска да донесе одлука. Тоа се следните одлуки: правосилните Пресуди на Управниот суд: У-6.бр.575/2019 од 31.03.2020 година и У-6.бр.131/2023 година и Решението на Вишиот управен суд УЖ-2.бр.195/2022 од 09.02.2023 година, после кои донесена е и правосилната Пресуда на Управниот суд У-6.бр.131/2023 година за поништување на Одлуката на Владата за едностран раскин на Договорот за концесија за експлоатација на минерална суровина. Оттука би сакале да укажеме дека Одлуката на Владата за спојување на концесиите од 27.06.2023 година е донесена во постапка која е иницирана по Барање за спојување на концесиите од 2016 година, за кое според Управните судови, Владата има облигаторна обврска да одлучи пред да превземе било какво друго дејствие.“ Комерцијален текст

The post Мислење на правниот тим на „Еуромакс Ресоурцес“ за спојувањето на концесиите за „Иловица“ appeared first on Република.

]]>
Соопштение на „Еуромакс рисорсис“ за денешниот протест во Струмица https://republika.mk/vesti/ekonomija/soopshtenie-na-euromaks-risorsis-za-deneshniot-protest-vo-strumitsa/ Sat, 15 Jul 2023 11:09:17 +0000 https://republika.mk/?p=661638

Имаме целосно разбирање за грижата на жителите на Струмичката котлина и на целокупната македонска јавност. За жал, долготрајната негативна кампања насочена против реализација на инвестицијата преку манипулирање со чувствата на луѓето и пласирање невистини предизвикаа неоправдан страв и загриженост на широката македонска јавност.

Како и досега, Еуромакс Ресоурцес ги охрабрува сите граѓани, во духот на партиципативната демократија, засилената улога на „граѓанинот“ и организираните форми на граѓанско здружување по прашања за заштита на животната средина – втемелени во Архуската Конвенција, преку дијалог да се информираат за сите процеси кои на било кој начин предизвикуваат вознемиреност во јавноста. Само со конструктивен дијалог и стручно презентирање на фактите сите загрижености ќе бидат соодветно адресирани. Во таа насока е и нашата безрезервна подготвеност да се формира „Независно Мониторинг Тело“ во кое ќе бидат вклучени заинтересираните граѓански здруженија, локалната управа и експертите за да го следат процесот на реализација и работење на идниот рудник.

Преку нашата секојдневна комуникација со локалното население успеваме да ги адресираме сите загрижености презентирајќи факти и вистински аспекти за работењето на идниот рударски комплекс. На тој начин континуирано низ годините се гради доверба во процесот, што се потврдува и со неодамнешното потпишување на „Меморандум за соработка“ помеѓу Еуромакс Ресоурцес и претставници на повеќе од 300 фамилии од двете најблиски средини Иловица и Штука.

За жал, со денешниот протест се врши груб притисок врз надлежните државни институции за да се принудат наместо да одлучуваат согласно позитивните законски прописи, да ја стават најголемата инвестиција од независноста во дневно политичка агенда. Потенцијалната штета од ваквиот неодговорен пристап би била меѓународна арбитража со најмалку 1 милијарда евра наплатени од македонскиот државен буџет, односно од џебот на граѓаните.

Апсолутно злонамерна шпекулација е дека актуелната Одлука на управните судови, по која постапи Владата, е прва судска пресуда во корист на Еуромакс Ресоурцес. Имено, во март и ноември 2020 година, Управниот и Вишиот Управен Суд со правосилна Пресуда ја прифатија Тужбата на Еуромакс Ресоурцес, воспоставувајќи тогаш цврст судски став за потврдување на правните аргументи за неопходноста од одлучување за спојување на двете концесии.

Во рударскиот комплекс Иловица – Штука ќе се применуваат најбезбедни и најсовремени методи за експлоатација на минерални суровини. Нема никаква основа за било каква грижа дека здравјето на граѓаните и животната средина се под некаква закана. Еуромакс Ресоурсис е компанија, каде клучен инвеститор е глобалниот деловен гигант Групацијата Трафигура, која како врвен приоритет ги имплементира највисоките светски стандарди во рударството. Впрочем и одредени рударски комплекси кои се или биле управувани од Групацијата Трафигура потврдуваат дека рударството и земјоделието може да коегзистираат и да се развиваат заедно. Затоа ние од Еуромакс Ресоурцес силно веруваме во тој „вин-вин“ концепт дека во современи услови рударството, земјоделието и туризмот може паралелно да се надградуваат.

Убедени сме дека планираната инвестиција „Иловица-Штука“ е во најдобар интерес за регионалната и националната економија, како и за локалните управи и нивните развојни буџети. Реализацијата на овој проект ќе донесе многу нови и добро платени работни места, зголемен животен стандард за граѓаните, ефикасно стопирање на болниот процес на иселување од земјата, директно ќе обезбеди современ пристап и финансиски средства за континуирано инвестирање во безбедна и здрава животна средина.

Посебно сме охрабрени од фактот дека во последниве неколку недели во нашата компанија и Инфо Центарот во Иловица, се јавија повеќе од илјада граѓани за да ја препотврдат или да најават нивна заинтересираност за долгорочен работен ангажман. Примивме и многу апликации од наши сограѓани кои во овие моменти се на привремена работа во странство.
Токму затоа, ќе повториме дека инвестицијата „Иловица-Штука“ несомнено ќе овозможи реално остварлив просперитет за подобар живот – сега и веднаш!!!

Комерцијален текст

The post Соопштение на „Еуромакс рисорсис“ за денешниот протест во Струмица appeared first on Република.

]]>

Имаме целосно разбирање за грижата на жителите на Струмичката котлина и на целокупната македонска јавност. За жал, долготрајната негативна кампања насочена против реализација на инвестицијата преку манипулирање со чувствата на луѓето и пласирање невистини предизвикаа неоправдан страв и загриженост на широката македонска јавност. Како и досега, Еуромакс Ресоурцес ги охрабрува сите граѓани, во духот на партиципативната демократија, засилената улога на „граѓанинот“ и организираните форми на граѓанско здружување по прашања за заштита на животната средина – втемелени во Архуската Конвенција, преку дијалог да се информираат за сите процеси кои на било кој начин предизвикуваат вознемиреност во јавноста. Само со конструктивен дијалог и стручно презентирање на фактите сите загрижености ќе бидат соодветно адресирани. Во таа насока е и нашата безрезервна подготвеност да се формира „Независно Мониторинг Тело“ во кое ќе бидат вклучени заинтересираните граѓански здруженија, локалната управа и експертите за да го следат процесот на реализација и работење на идниот рудник. Преку нашата секојдневна комуникација со локалното население успеваме да ги адресираме сите загрижености презентирајќи факти и вистински аспекти за работењето на идниот рударски комплекс. На тој начин континуирано низ годините се гради доверба во процесот, што се потврдува и со неодамнешното потпишување на „Меморандум за соработка“ помеѓу Еуромакс Ресоурцес и претставници на повеќе од 300 фамилии од двете најблиски средини Иловица и Штука. За жал, со денешниот протест се врши груб притисок врз надлежните државни институции за да се принудат наместо да одлучуваат согласно позитивните законски прописи, да ја стават најголемата инвестиција од независноста во дневно политичка агенда. Потенцијалната штета од ваквиот неодговорен пристап би била меѓународна арбитража со најмалку 1 милијарда евра наплатени од македонскиот државен буџет, односно од џебот на граѓаните. Апсолутно злонамерна шпекулација е дека актуелната Одлука на управните судови, по која постапи Владата, е прва судска пресуда во корист на Еуромакс Ресоурцес. Имено, во март и ноември 2020 година, Управниот и Вишиот Управен Суд со правосилна Пресуда ја прифатија Тужбата на Еуромакс Ресоурцес, воспоставувајќи тогаш цврст судски став за потврдување на правните аргументи за неопходноста од одлучување за спојување на двете концесии. Во рударскиот комплекс Иловица – Штука ќе се применуваат најбезбедни и најсовремени методи за експлоатација на минерални суровини. Нема никаква основа за било каква грижа дека здравјето на граѓаните и животната средина се под некаква закана. Еуромакс Ресоурсис е компанија, каде клучен инвеститор е глобалниот деловен гигант Групацијата Трафигура, која како врвен приоритет ги имплементира највисоките светски стандарди во рударството. Впрочем и одредени рударски комплекси кои се или биле управувани од Групацијата Трафигура потврдуваат дека рударството и земјоделието може да коегзистираат и да се развиваат заедно. Затоа ние од Еуромакс Ресоурцес силно веруваме во тој „вин-вин“ концепт дека во современи услови рударството, земјоделието и туризмот може паралелно да се надградуваат. Убедени сме дека планираната инвестиција „Иловица-Штука“ е во најдобар интерес за регионалната и националната економија, како и за локалните управи и нивните развојни буџети. Реализацијата на овој проект ќе донесе многу нови и добро платени работни места, зголемен животен стандард за граѓаните, ефикасно стопирање на болниот процес на иселување од земјата, директно ќе обезбеди современ пристап и финансиски средства за континуирано инвестирање во безбедна и здрава животна средина. Посебно сме охрабрени од фактот дека во последниве неколку недели во нашата компанија и Инфо Центарот во Иловица, се јавија повеќе од илјада граѓани за да ја препотврдат или да најават нивна заинтересираност за долгорочен работен ангажман. Примивме и многу апликации од наши сограѓани кои во овие моменти се на привремена работа во странство. Токму затоа, ќе повториме дека инвестицијата „Иловица-Штука“ несомнено ќе овозможи реално остварлив просперитет за подобар живот – сега и веднаш!!! Комерцијален текст

The post Соопштение на „Еуромакс рисорсис“ за денешниот протест во Струмица appeared first on Република.

]]>
ВМРО-ДПМНЕ: Народот нема ништо од признанието на власта дека судството е корумпирано, оставки и одговорност веднаш https://republika.mk/vesti/makedonija/vmro-dpmne-narodot-nema-nishto-od-priznanieto-na-vlasta-deka-sudstvoto-e-korumpirano-ostavki-i-odgovornost-vednash/ Tue, 20 Jun 2023 08:17:15 +0000 https://republika.mk/?p=653275

Народот нема ништо од признанието на власта дека судството е корумпирано, оставки и одговорност веднаш, велат во партиското соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.

СДС и ДУИ целосно го девалвираат правосудниот систем во Македонија.

Димитар Ковачевски и Али Ахмети го користат Судскиот совет за исполнување партиско политички желби и влијанија, сведувајќи ја неговата работа на место за фаворизирање на определени партиски активисти и пазарење со судиските места.

Изјавите на министерот за правда Кренар Лога се само потврда за она кое што ВМРО-ДПМНЕ го зборуваше изминатиот период, а тоа е дека СДС и ДУИ го партизираат и политизираат правосудните органи.

Судскиот систем треба да ја гарантира независноста и заштита на судството и неговото унапредување, и да работи одговорно, професионално и транспарентно.

Најпрво СЈО кој беше продолжена рака на владата на СДС и ДУИ за политички прогон на неистомисленици, па наградување на Добрила Кацарска и именување за уставен судија, именување на шефот на обвинителството за организиран криминал Ислам Абази, па се до назначување на партиски активисти на СДС во Судскиот совет е пример како не треба да функционираат судските органи.

И Холандија реагира на случувањата во Судскиот совет. И за ова во европски држави паѓаат цели влади, само во Македонија, владата на СДС и ДУИ мува не ја лази. Токму поради ова е ниската доверба на граѓаните во судството и обвинителството.

Бараме веднаш оставка и одговорност, стои во соопштението на партијата.

The post ВМРО-ДПМНЕ: Народот нема ништо од признанието на власта дека судството е корумпирано, оставки и одговорност веднаш appeared first on Република.

]]>

Народот нема ништо од признанието на власта дека судството е корумпирано, оставки и одговорност веднаш, велат во партиското соопштение од ВМРО-ДПМНЕ. СДС и ДУИ целосно го девалвираат правосудниот систем во Македонија. Димитар Ковачевски и Али Ахмети го користат Судскиот совет за исполнување партиско политички желби и влијанија, сведувајќи ја неговата работа на место за фаворизирање на определени партиски активисти и пазарење со судиските места. Изјавите на министерот за правда Кренар Лога се само потврда за она кое што ВМРО-ДПМНЕ го зборуваше изминатиот период, а тоа е дека СДС и ДУИ го партизираат и политизираат правосудните органи. Судскиот систем треба да ја гарантира независноста и заштита на судството и неговото унапредување, и да работи одговорно, професионално и транспарентно. Најпрво СЈО кој беше продолжена рака на владата на СДС и ДУИ за политички прогон на неистомисленици, па наградување на Добрила Кацарска и именување за уставен судија, именување на шефот на обвинителството за организиран криминал Ислам Абази, па се до назначување на партиски активисти на СДС во Судскиот совет е пример како не треба да функционираат судските органи. И Холандија реагира на случувањата во Судскиот совет. И за ова во европски држави паѓаат цели влади, само во Македонија, владата на СДС и ДУИ мува не ја лази. Токму поради ова е ниската доверба на граѓаните во судството и обвинителството. Бараме веднаш оставка и одговорност, стои во соопштението на партијата.  

The post ВМРО-ДПМНЕ: Народот нема ништо од признанието на власта дека судството е корумпирано, оставки и одговорност веднаш appeared first on Република.

]]>
ВМРО-ДПМНЕ: ДУИ се зрели за во опозиција, но се плашат како ќе преживеат после 20 годишната власт https://republika.mk/vesti/makedonija/vmro-dpmne-dui-se-zreli-za-vo-opozitsija-no-se-plashat-kako-ke-prezhiveat-posle-20-godishnata-vlast/ Sat, 03 Jun 2023 14:28:47 +0000 https://republika.mk/?p=647433

ДУИ почна да се идентификува со Данела Арсовска, што е и логично, бидејќи се коалиција во Градот Скопје. Но имаат заедничко и што не ја говорат вистината, а и кога се фатени во небрано глумат жртви, вели ВМРО-ДПМНЕ во своето соопштение.

ДУИ секогаш кога некој говори за нивниот криминал се вадат на националистичка карта и се кријат зад Албанците, а во исто време им бркнуваат во џебовите и ги крадат.

ДУИ како и нивниот приврзок СДС нека се охрабрат и нека излезат на избори, па ќе се види кој колку вреди и колку поддршка има од граѓаните. ДУИ е зрела за опозиција. Тоа ги плаши нив, бидејќи не знаат дали и како ќе преживеат доколку не се на власт, велат од ВМРО ДПМНЕ.

Од ДУИ велат дека и по пет години Христијан Мицкоски не успева да излезе од сенката на Груевски.

Соочен со драстичен пад на рејтингот и недоверба на повеќе од една третина од гласачите на ВМРО-ДПМНЕ кон него, како и четири пати помал рејтинг од азилантот Никола Груевски, Христијан Мицкоски се обидува со патетичен национализам, надминат повеќе од две децении, да опстанат на политичката сцена со копирање на поранешниот лидер на СДСМ Зоран Заев во напорите за доведување на ДУИ во опозиција и претставување како квазипатриоти, реагираат од ДУИ.

Според нив, сите градоначалници на општините од ВМРО-ДПМНЕ се чувствуваат како Данела Арсовска, но се уште немаат храброст како Данела да го оспорат булингот што им го прави Мицкоски.

Затоа, Мицкоски и по 5 години е под сенка на Груевски и падна под 320.000 гласови на парламентарни избори, што се одразува и на внатрепартиските рејтинзи каде најголем дел од ВМРО-ДПМНЕ за лидер го сметаат Никола Груевски, а не Христијан Мицкоски, се вели во соопштението на ДУИ.

The post ВМРО-ДПМНЕ: ДУИ се зрели за во опозиција, но се плашат како ќе преживеат после 20 годишната власт appeared first on Република.

]]>

ДУИ почна да се идентификува со Данела Арсовска, што е и логично, бидејќи се коалиција во Градот Скопје. Но имаат заедничко и што не ја говорат вистината, а и кога се фатени во небрано глумат жртви, вели ВМРО-ДПМНЕ во своето соопштение.
ДУИ секогаш кога некој говори за нивниот криминал се вадат на националистичка карта и се кријат зад Албанците, а во исто време им бркнуваат во џебовите и ги крадат. ДУИ како и нивниот приврзок СДС нека се охрабрат и нека излезат на избори, па ќе се види кој колку вреди и колку поддршка има од граѓаните. ДУИ е зрела за опозиција. Тоа ги плаши нив, бидејќи не знаат дали и како ќе преживеат доколку не се на власт, велат од ВМРО ДПМНЕ.
Од ДУИ велат дека и по пет години Христијан Мицкоски не успева да излезе од сенката на Груевски.
Соочен со драстичен пад на рејтингот и недоверба на повеќе од една третина од гласачите на ВМРО-ДПМНЕ кон него, како и четири пати помал рејтинг од азилантот Никола Груевски, Христијан Мицкоски се обидува со патетичен национализам, надминат повеќе од две децении, да опстанат на политичката сцена со копирање на поранешниот лидер на СДСМ Зоран Заев во напорите за доведување на ДУИ во опозиција и претставување како квазипатриоти, реагираат од ДУИ.
Според нив, сите градоначалници на општините од ВМРО-ДПМНЕ се чувствуваат како Данела Арсовска, но се уште немаат храброст како Данела да го оспорат булингот што им го прави Мицкоски.
Затоа, Мицкоски и по 5 години е под сенка на Груевски и падна под 320.000 гласови на парламентарни избори, што се одразува и на внатрепартиските рејтинзи каде најголем дел од ВМРО-ДПМНЕ за лидер го сметаат Никола Груевски, а не Христијан Мицкоски, се вели во соопштението на ДУИ.
 
The post ВМРО-ДПМНЕ: ДУИ се зрели за во опозиција, но се плашат како ќе преживеат после 20 годишната власт appeared first on Република.

]]>
ВМРО-ДПМНЕ: Ковачевски ја донесе изолацијата со прифаќањето на бугарските диктати https://republika.mk/vesti/makedonija/vmro-dpmne-kovachevski-ja-donese-izolatsijata-so-prifakaneto-na-bugarskite-diktati/ Thu, 01 Jun 2023 18:28:05 +0000 https://republika.mk/?p=646979

Проблемот на Владата е, тоа што Ковачевски наместо за граѓаните, работи за агендата и приватните интереси на ДУИ. Така изгледа уценет премиер кој по принципот купи ден помини се задржува на функција, реагираат преку соопштение од најголемата опозициска партија ВМРО ДПМНЕ на изнесените ставови на премиерот во гостувањето на тв Сител.

Никогаш не била спорна потребата за изградба на Коридорите 8 и 10д, спорно е што ќе се потрошат неколку милијарди евра за спорен договор, договорен без тендер, во 4 очи со бројни сомнежи за корупција и тоа на грбот на граѓаните. Додека народот зема 250 евра плата, специјалистите договорени со договорот на Ковачевски и Груби ќе земат 36 илјади евра месечно. Спорно е и што македонските градежни компании ставаат клуч на врата, а компанијата која владата ја договори ќе земе над 300 милиони евра аванси и пенали без фрлена лопата. Историскиот проект завршува со историско крадење. Не е во прашање блокада на проектите од опозицијата, туку блокада за криминал и неспособност. Што се однесува до лидерската средба Ковачевски треба да се однесува посериозно. Не е коректно што уставните измени патуваат кон собранието, стокмени и напишани, по бугарски терк, а премиерот збори за лидерска средба. И не е точна тезата на Ковачевски дека ако не се случат уставните измени ќе имаме изолација. Изолацијата веќе Ковачевски ја донесе со прифаќање на сите бугарски диктати. Кога нема да се случат уставните измени единствено што е сигурно дека Ковачевски ќе треба да си даде оставка, велат од ВМРО ДПМНЕ.

The post ВМРО-ДПМНЕ: Ковачевски ја донесе изолацијата со прифаќањето на бугарските диктати appeared first on Република.

ВМРО-ДПМНЕ: Нема ништо европско во злоупотребата на европското знаменце од страна на Ковачевски https://republika.mk/vesti/makedonija/vmro-dpmne-nema-nishto-evropsko-vo-zloupotrebata-na-evropskoto-znamentse-od-strana-na-kovachevski/ Thu, 11 May 2023 11:56:31 +0000 https://republika.mk/?p=639707

Нема ништо европско во злоупотребата на европското знаменце од страна на Ковачевски. Кршењето на законите и процедурите не е европска вредност. Уште помалку европска вредност е 60 часовната работна недела која е и спротивна на Устав, реагираат од најголемата опозициска партија ВМРО ДПМНЕ на ставовите на Димитар Ковачевски поврзани со злоупотребата на европското знаменце.

Евроамбасадорот Гир веќе потенцираше дека европското знаменце се злоупотребува за носење на законските измени на законите за коридорите 8 и 10Д. Ковачевски ја користи ЕУ како параван за сопствениот криминал, и штети на угледот на Унијата во Македонија.

ЕУ не е криминал, кршење на закони и самоволие. ЕУ е почитување на законите, владеење на правото, систем кој функционира. Ковачевски нема капацитет да ја води државата кон ЕУ, со секој ден повеќе на Ковачевски како премиер, Македонија е се подалеку од ЕУ, велат од ВМРО ДПМНЕ.

The post ВМРО-ДПМНЕ: Нема ништо европско во злоупотребата на европското знаменце од страна на Ковачевски appeared first on Република.

]]>

Нема ништо европско во злоупотребата на европското знаменце од страна на Ковачевски. Кршењето на законите и процедурите не е европска вредност. Уште помалку европска вредност е 60 часовната работна недела која е и спротивна на Устав, реагираат од најголемата опозициска партија ВМРО ДПМНЕ на ставовите на Димитар Ковачевски поврзани со злоупотребата на европското знаменце.
Евроамбасадорот Гир веќе потенцираше дека европското знаменце се злоупотребува за носење на законските измени на законите за коридорите 8 и 10Д. Ковачевски ја користи ЕУ како параван за сопствениот криминал, и штети на угледот на Унијата во Македонија. ЕУ не е криминал, кршење на закони и самоволие. ЕУ е почитување на законите, владеење на правото, систем кој функционира. Ковачевски нема капацитет да ја води државата кон ЕУ, со секој ден повеќе на Ковачевски како премиер, Македонија е се подалеку од ЕУ, велат од ВМРО ДПМНЕ.

The post ВМРО-ДПМНЕ: Нема ништо европско во злоупотребата на европското знаменце од страна на Ковачевски appeared first on Република.

]]>
Ковачевски и Груби да го објават договорот, не смее да има тајни договори за народни пари https://republika.mk/vesti/makedonija/kovachevski-i-grubi-da-go-objavat-dogovorot-ne-smee-da-ima-tajni-dogovori-za-narodni-pari/ Mon, 17 Apr 2023 07:45:28 +0000 https://republika.mk/?p=631347

ВМРО-ДПМНЕ бара власта на Артан Груби и Димитар Ковачевски да го објави договорот за изградба на коридорите и истиот да биде покажан пред јавноста. Според партијата не би смеело да има тајни клаузули кога во прашање се милионски суми народни пари.

Криењето на договорот значи само едно, криминалното дуо Груби-Ковачевски има направено штета на граѓаните и на државата. Да немаше ништо контроверзно и криминално во договорот Груби и Ковачевски досега ќе го објавеа. Наместо да се грижат за интересите на граѓаните и Македонија, тие ги прифатиле сите позиции на приватна компанија и на тој начин го штителе нејзиониот интерес. Имено тие според догвоорот кој не сакаат да го објават, презеле обврски кон компанијата да изменуваат закони, меѓу кои и законот а работни односи,стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Според партијата, крими тандемот Груби-Ковачевски се обврзал да го промени овој закон, а во спротивно ако не го направи треба да бидат исплатени 53 милиони евра еднократно и дополнителни 2,1 милион евра секој месец додека трае изградбата, која патем би била пролонгирана.

Вкупната штета која Ковачевски и Груби се нафатиле да ја исплатат со народни пари според одредбите од договорот е околу 200 милиони евра. Секоја приватна компанија сака да го максимализира профитот, а секоја Влада треба да го штити интересот на народот и државните финансии. За жал, тоа не е случај со оваа власт на Ковачевски и Груби. Тие одат против Уставот, против Уставниот суд, против законите, против граѓаните, против се, само на сила да го направат тоа што го намислиле на грбот и преку џебот на народот. За ова мора и ќе одговараат, стои во соопштението.

The post Ковачевски и Груби да го објават договорот, не смее да има тајни договори за народни пари appeared first on Република.