сообраќаен хаос Archives - Република https://republika.mk/tema/soobrakjaen-haos/ За подобро да се разбереме Wed, 17 Jan 2024 08:14:22 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png сообраќаен хаос Archives - Република https://republika.mk/tema/soobrakjaen-haos/ 32 32 Германија се подготвува за сообраќаен хаос поради очекуваните обилни снежни врнежи https://republika.mk/vesti/svet/germanija-se-podgotvuva-za-soobrakaen-haos-poradi-ochekuvanite-obilni-snezhni-vrnezhi/ Wed, 17 Jan 2024 08:14:22 +0000 https://republika.mk/?p=733858

Германија денеска се подготвува за обилни снежни врнежи и голомразица, што се очекува да предизвика проблеми во сообраќајот, јави ДПА.

Според прогнозите на германската метеоролошка служба, состојбата ќе биде особено тешка во централните и јужните делови на земјата.

Аеродромот во Франкфурт очекува денеска да бидат откажани голем број летови. Аеродромот Сарбрикен дури вчера соопшти дека ќе ги откаже сите летови закажани за денеска.

Во некои области на Баварија, наставата е откажана поради временските услови.

 

The post Германија се подготвува за сообраќаен хаос поради очекуваните обилни снежни врнежи appeared first on Република.

]]>

Германија денеска се подготвува за обилни снежни врнежи и голомразица, што се очекува да предизвика проблеми во сообраќајот, јави ДПА. Според прогнозите на германската метеоролошка служба, состојбата ќе биде особено тешка во централните и јужните делови на земјата. Аеродромот во Франкфурт очекува денеска да бидат откажани голем број летови. Аеродромот Сарбрикен дури вчера соопшти дека ќе ги откаже сите летови закажани за денеска. Во некои области на Баварија, наставата е откажана поради временските услови.  

The post Германија се подготвува за сообраќаен хаос поради очекуваните обилни снежни врнежи appeared first on Република.

]]>
Од МВР велат дека за семафорите во Скопје надежен е Град Скопје https://republika.mk/vesti/skopje/od-mvr-velat-za-semaforite-vo-skopje-nadezhen-e-grad-skopje/ Fri, 22 Dec 2023 20:57:14 +0000 https://republika.mk/?p=725819

Скопје попладнево беше неколку часа под сообраќајна блокада, при што голем број возила и автобуси останаа заглавени по улиците и крстосниците.

Во врска со сообраќајниот хаос во Скопје, од МВР велат дека според Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата „Надлежен орган за управување и контрола на семафорите и сообраќајот на крстосниците на подрачјето на град Скопје е град Скопје преку Центарот за управување и контрола на сообраќајот (ЦУКС)“.

-Бидејќи попладнево настана сообраќаен метеж, (на што објективно влијаеја и неколку полесни сообраќајни незгоди, но и зголемената употреба на возила од страна на граѓаните  поради временските услови), а врз основа на член 5 од ЗБСП, СВР Скопје -Единица за  безбедност на сообраќајот на патиштата - Одделение за безбедност на патниот сообраќај постапи со цел да се овозможи поголема проточност на сообраќајот и очекувамр метежот наскоро да биде расчистен, велат од МВР.

https://republika.mk/vesti/skopje/eve-koj-ja-pravi-guzhvata-na-skopskite-ulitsi/

The post Од МВР велат дека за семафорите во Скопје надежен е Град Скопје appeared first on Република.

]]>

Скопје попладнево беше неколку часа под сообраќајна блокада, при што голем број возила и автобуси останаа заглавени по улиците и крстосниците. Во врска со сообраќајниот хаос во Скопје, од МВР велат дека според Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата „Надлежен орган за управување и контрола на семафорите и сообраќајот на крстосниците на подрачјето на град Скопје е град Скопје преку Центарот за управување и контрола на сообраќајот (ЦУКС)“.
-Бидејќи попладнево настана сообраќаен метеж, (на што објективно влијаеја и неколку полесни сообраќајни незгоди, но и зголемената употреба на возила од страна на граѓаните  поради временските услови), а врз основа на член 5 од ЗБСП, СВР Скопје -Единица за  безбедност на сообраќајот на патиштата - Одделение за безбедност на патниот сообраќај постапи со цел да се овозможи поголема проточност на сообраќајот и очекувамр метежот наскоро да биде расчистен, велат од МВР.
https://republika.mk/vesti/skopje/eve-koj-ja-pravi-guzhvata-na-skopskite-ulitsi/

The post Од МВР велат дека за семафорите во Скопје надежен е Град Скопје appeared first on Република.

]]>
Еве кој ја прави гужвата на скопските улици https://republika.mk/vesti/skopje/eve-koj-ja-pravi-guzhvata-na-skopskite-ulitsi/ Fri, 22 Dec 2023 20:44:04 +0000 https://republika.mk/?p=725816

Пратеникот Игор Јанушев на социјалените мрежи објави видео од хаосот на скопските булевари.

На снимката се гледа дека гужвата ја прави полицијата и возилата од владината придружба.

 

https://republika.mk/vesti/skopje/alo-skopje-vo-guzhva-sum-ke-te-baram/

The post Еве кој ја прави гужвата на скопските улици appeared first on Република.

]]>

Пратеникот Игор Јанушев на социјалените мрежи објави видео од хаосот на скопските булевари. На снимката се гледа дека гужвата ја прави полицијата и возилата од владината придружба.   https://republika.mk/vesti/skopje/alo-skopje-vo-guzhva-sum-ke-te-baram/

The post Еве кој ја прави гужвата на скопските улици appeared first on Република.

]]>
Внимавајте ако одите од Струмица кон Радовиш, има сообраќајка https://republika.mk/vesti/crna-hronika/vnimavajte-ako-odite-od-strumitsa-kon-radovish-ima-soobrakajka/ Sat, 13 May 2023 18:02:44 +0000 https://republika.mk/?p=640510

Поради сообраќајна несреќа, затворен за сообраќај е магистралниот пат Струмица - Радовиш, соопшти вечерва АМСМ.

Сообраќајот е во целосен прекин и во двата правца

The post Внимавајте ако одите од Струмица кон Радовиш, има сообраќајка appeared first on Република.

]]>

Поради сообраќајна несреќа, затворен за сообраќај е магистралниот пат Струмица - Радовиш, соопшти вечерва АМСМ. Сообраќајот е во целосен прекин и во двата правца

The post Внимавајте ако одите од Струмица кон Радовиш, има сообраќајка appeared first on Република.

]]>
Падна снег, почна скијачката сезона на Попова Шапка и веднаш сообраќаен хаос https://republika.mk/zivot/patuvanja/padna-sneg-pochna-skijachkata-sezona-na-popova-shapka-i-vednash-soobrakaen-haos/ Mon, 23 Jan 2023 13:38:24 +0000 https://republika.mk/?p=600032

Конечно во Македонија ни пристигна снегот, а еден од најпосетените ски центри минатиот викенд беше Попова Шапка.

Околу 10.000 возила биле на Попоа Шапка, а тоа предизвика вистински хаос при заминувањето од ски центарот.

Во гужвата се чекало и до два-три часа, а како главна причина од полицијата посочија дека бил недостатокот на паркинг места, додека проблеми предизвикале и возилата паркирани на несоодветни места, но и нетрпеливите возачи.

 

The post Падна снег, почна скијачката сезона на Попова Шапка и веднаш сообраќаен хаос appeared first on Република.

]]>

Конечно во Македонија ни пристигна снегот, а еден од најпосетените ски центри минатиот викенд беше Попова Шапка. Околу 10.000 возила биле на Попоа Шапка, а тоа предизвика вистински хаос при заминувањето од ски центарот. Во гужвата се чекало и до два-три часа, а како главна причина од полицијата посочија дека бил недостатокот на паркинг места, додека проблеми предизвикале и возилата паркирани на несоодветни места, но и нетрпеливите возачи.  

The post Падна снег, почна скијачката сезона на Попова Шапка и веднаш сообраќаен хаос appeared first on Република.

]]>
Приватниците здружно ги паркираа автобусите кај „Мавровка“, Скопје блокирано https://republika.mk/vesti/skopje/privatnicite-zdruzno-gi-parkiraa-avtobusite-kaj-mavrovka-skopje-blokirano/ Mon, 28 Nov 2022 10:00:41 +0000 https://republika.mk/?p=579043

Како што најавија, така приватните превозници денеска ги паркираа автобусите од сите страни на крстосницата кај „Мавровка“ и судската палата во Скопје. Со ова продолжува штрајкот поради неисплатениот долг од страна на Град Скопје и одбивањето да се плати или најде некакво решение од страна на градоначалничката Данела Арсовска.

Хаосот кој беше предизвикан поради повлекувањето на овие линии од сообраќајот пред некоја недела, како и долгите градежни работи на неколку битни улици, денеска ескалира со блокадата, која предизвика километарски колони низ централното подрачје на градот и енормно долги чекања на крстосниците.

[caption id="attachment_579046" align="aligncenter" width="2000"] (фото: МИА)[/caption]

Како што најави приватниот градски автобуски превозник „Слобода превоз“, блокирањето ќе биде со повеќе од 30 автобуси и повеќе од 300 лица.

Не е исклучена можноста и не е потврдена информацијата дали поедини превозници ќе ги блокиранаат излезите, односно влезовите на ЈСП-Скопје. Исто така времетраењето на протестот не е утврдено и се планира да трае до исполнување на барањата кои ако брзо не се решат во наредните денови ќе се прошири и на други делови од сообраќајниците во Скопје, посочуваат од „Слобода превоз“.

Во рамките на своите активности за решавање на актуелниот проблем утре „Слобода превоз“ треба да оствари средба со УО на ЈСП. Исто така претставници на „Слобода Превоз“ ќе присуствуваат на седницата на Советот на Град Скопје.

На средбата со УО на ЈСП на која се очекува да присуствува и директорот на ЈСП ќе побараме информации поврзани со долгот на ЈСП-Скопје и зошто директорот не ги исполнува обврските од договорот, како и информации за изнесените невистини од страна на градоначалникот за наводен криминал со билетите за превоз и кражба на пари, кои одговори секако дека ги имаат службите на ЈСП, бидејќи тие се најинволвираните, задолжени и компетентни во целиот процес од набавка , дистрибуција до продажба на билети и за функционирање на АВЛ системот и системот за наплата. Тие како такви точно знаат за тоа каква е вистинската состојба и документација во овој процес наспроти „Слобода превоз“ која нема никаква ниту улога во тој процес и нема никаков пристап до тие податоци. Јавноста не смее да биде дезинформирана особено за состојби за кои постојат записи, аргументи и факти, стои во соопштението.

Од „Слобода превоз“ додаваат дека „во врска со клеветите и долгот, во текот на следната недела преку адвокатската канцеларија Апостолски, ќе бидат доставени потребните поднесоци до надлежните институции“.

Со оглед дека постои голем интерес на јавноста за овие случувања ги повикуваме медиумите да закажуваат дебати со соочување на наши претставници, на ЈСП, на Град Скопје и Секторот за сообраќај на Град Скопје за правилно да се презентираат аргументи и факти и да не се дозволи една личност од позиција градоначалник да ја дезинформира јавноста прикривајќи ги опствените слабости со неосновани напади и клевети врз дуги лица и компании, наведуваат во соопштението од „Слобода превоз“.

The post Приватниците здружно ги паркираа автобусите кај „Мавровка“, Скопје блокирано appeared first on Република.

]]>

Како што најавија, така приватните превозници денеска ги паркираа автобусите од сите страни на крстосницата кај „Мавровка“ и судската палата во Скопје. Со ова продолжува штрајкот поради неисплатениот долг од страна на Град Скопје и одбивањето да се плати или најде некакво решение од страна на градоначалничката Данела Арсовска. Хаосот кој беше предизвикан поради повлекувањето на овие линии од сообраќајот пред некоја недела, како и долгите градежни работи на неколку битни улици, денеска ескалира со блокадата, која предизвика километарски колони низ централното подрачје на градот и енормно долги чекања на крстосниците. [caption id="attachment_579046" align="aligncenter" width="2000"] (фото: МИА)[/caption] Како што најави приватниот градски автобуски превозник „Слобода превоз“, блокирањето ќе биде со повеќе од 30 автобуси и повеќе од 300 лица.
Не е исклучена можноста и не е потврдена информацијата дали поедини превозници ќе ги блокиранаат излезите, односно влезовите на ЈСП-Скопје. Исто така времетраењето на протестот не е утврдено и се планира да трае до исполнување на барањата кои ако брзо не се решат во наредните денови ќе се прошири и на други делови од сообраќајниците во Скопје, посочуваат од „Слобода превоз“.
Во рамките на своите активности за решавање на актуелниот проблем утре „Слобода превоз“ треба да оствари средба со УО на ЈСП. Исто така претставници на „Слобода Превоз“ ќе присуствуваат на седницата на Советот на Град Скопје.
На средбата со УО на ЈСП на која се очекува да присуствува и директорот на ЈСП ќе побараме информации поврзани со долгот на ЈСП-Скопје и зошто директорот не ги исполнува обврските од договорот, како и информации за изнесените невистини од страна на градоначалникот за наводен криминал со билетите за превоз и кражба на пари, кои одговори секако дека ги имаат службите на ЈСП, бидејќи тие се најинволвираните, задолжени и компетентни во целиот процес од набавка , дистрибуција до продажба на билети и за функционирање на АВЛ системот и системот за наплата. Тие како такви точно знаат за тоа каква е вистинската состојба и документација во овој процес наспроти „Слобода превоз“ која нема никаква ниту улога во тој процес и нема никаков пристап до тие податоци. Јавноста не смее да биде дезинформирана особено за состојби за кои постојат записи, аргументи и факти, стои во соопштението.
Од „Слобода превоз“ додаваат дека „во врска со клеветите и долгот, во текот на следната недела преку адвокатската канцеларија Апостолски, ќе бидат доставени потребните поднесоци до надлежните институции“.
Со оглед дека постои голем интерес на јавноста за овие случувања ги повикуваме медиумите да закажуваат дебати со соочување на наши претставници, на ЈСП, на Град Скопје и Секторот за сообраќај на Град Скопје за правилно да се презентираат аргументи и факти и да не се дозволи една личност од позиција градоначалник да ја дезинформира јавноста прикривајќи ги опствените слабости со неосновани напади и клевети врз дуги лица и компании, наведуваат во соопштението од „Слобода превоз“.

The post Приватниците здружно ги паркираа автобусите кај „Мавровка“, Скопје блокирано appeared first on Република.

]]>
Скопје се разбуди во хаос: Колони возила ни да мрднат, нема автобуси, раскопани се неколку главни булевари… https://republika.mk/vesti/skopje/skopje-se-razbudi-vo-haos-koloni-vozila-ni-da-mrdnat-nema-avtobusi-raskopani-se-nekolku-glavni-bulevari/ Mon, 21 Nov 2022 09:21:52 +0000 https://republika.mk/?p=576381

Сообраќаен метеж утринава има на повеќе сообраќајници низ градот. Приватните автобуси на „Слобода превоз“ не возат, а дополнително гужва прават почнатите реконструкции на неколку главни сообраќајници низ градот поради што сообраќајот се одвива по една или две ленти. Жителите на главниот град не можеа да стигнат на своите работни места за еден час.

Автобусите на приватниот превозник „Слобода превоз“, на линиите 9, 12, 22, 23 и 45 уште вчера најавија дека денеска нема да сообраќаат поради немање средства за нафта затоа што ЈСП „Скопје“ односно Град Скопје не им го исплатил долгот.

Најавија дека нивни претставници утринава ќе бидат пред Градското собрание каде што ќе побараат итен прием. Во зависност од исходот на средбата, добиените одговори и предлог решенија, ќе зависи понатамошното вршење на превозот и делување на превозниците.

Од Град Скопје утринава информираа дека приватниот превозник „Слобода превоз“ има обврска да ги почитува договорените обврски од јавен интерес. Посочуваат дека автобусите на ЈСП Скопје на линиите 9,12, 22, 23 и 45 сообраќаат редовно и без задоцнување.

Апелираме до граѓаните да не веруваат на лажните вести и манипулациите кои во јавноста ги пласираат разни политички групации. Автобуси на ЈСП Скопје на линиите 9, 12, 22, 23 и 45 сообраќаат редовно и без задоцнување. Во последниот месец се оценува квалитетот на работењето на приватнитте превозници согласно индикаторите за квалитет на работењето (редовност, хигиена, валидација на билети) поради се почестите поплаки на граѓаните за квалитетот на превозот од страна на приватните превозници, се вели во соопштението од Град Скопје.

[caption id="" align="alignnone" width="2000"] (фото: МИА)[/caption]

Од друга страна, во тек се реконструкции на неколку главни сообраќајници во главниот град за кои МИА пишуваше минатата недела. Во одговорот што МИА го доби од Град Скопје стоеше дека реконструкциите се на барање на граѓаните и дека се прават поради дотраеност на улиците.

На барање на граѓаните, Град Скопје инвестира во подобрување на инфраструктурата на сообраќајниците со цел подобрување на безбедноста и сигурноста за сите учесници во сообраќајот. Во рамки на овие активности во моментов се извршуваат реконструкции на улици и булевари на повеќе локации во Скопје. Реконструкцијата на двете посочени сообраќајници се реализира поради нивната дотраеност и оштетеност, предизвикување ризик по безбедноста во сообраќајот, а истите се реализираат на повеќегодишно барање на жителите на Скопје. Крајниот рок на изведба на двата проекти кои се штотуку започнати, е на почетокот од следната година, наведоа од Град Скопје.

The post Скопје се разбуди во хаос: Колони возила ни да мрднат, нема автобуси, раскопани се неколку главни булевари… appeared first on Република.

]]>

Сообраќаен метеж утринава има на повеќе сообраќајници низ градот. Приватните автобуси на „Слобода превоз“ не возат, а дополнително гужва прават почнатите реконструкции на неколку главни сообраќајници низ градот поради што сообраќајот се одвива по една или две ленти. Жителите на главниот град не можеа да стигнат на своите работни места за еден час. Автобусите на приватниот превозник „Слобода превоз“, на линиите 9, 12, 22, 23 и 45 уште вчера најавија дека денеска нема да сообраќаат поради немање средства за нафта затоа што ЈСП „Скопје“ односно Град Скопје не им го исплатил долгот. Најавија дека нивни претставници утринава ќе бидат пред Градското собрание каде што ќе побараат итен прием. Во зависност од исходот на средбата, добиените одговори и предлог решенија, ќе зависи понатамошното вршење на превозот и делување на превозниците. Од Град Скопје утринава информираа дека приватниот превозник „Слобода превоз“ има обврска да ги почитува договорените обврски од јавен интерес. Посочуваат дека автобусите на ЈСП Скопје на линиите 9,12, 22, 23 и 45 сообраќаат редовно и без задоцнување.
Апелираме до граѓаните да не веруваат на лажните вести и манипулациите кои во јавноста ги пласираат разни политички групации. Автобуси на ЈСП Скопје на линиите 9, 12, 22, 23 и 45 сообраќаат редовно и без задоцнување. Во последниот месец се оценува квалитетот на работењето на приватнитте превозници согласно индикаторите за квалитет на работењето (редовност, хигиена, валидација на билети) поради се почестите поплаки на граѓаните за квалитетот на превозот од страна на приватните превозници, се вели во соопштението од Град Скопје.
[caption id="" align="alignnone" width="2000"] (фото: МИА)[/caption] Од друга страна, во тек се реконструкции на неколку главни сообраќајници во главниот град за кои МИА пишуваше минатата недела. Во одговорот што МИА го доби од Град Скопје стоеше дека реконструкциите се на барање на граѓаните и дека се прават поради дотраеност на улиците.
На барање на граѓаните, Град Скопје инвестира во подобрување на инфраструктурата на сообраќајниците со цел подобрување на безбедноста и сигурноста за сите учесници во сообраќајот. Во рамки на овие активности во моментов се извршуваат реконструкции на улици и булевари на повеќе локации во Скопје. Реконструкцијата на двете посочени сообраќајници се реализира поради нивната дотраеност и оштетеност, предизвикување ризик по безбедноста во сообраќајот, а истите се реализираат на повеќегодишно барање на жителите на Скопје. Крајниот рок на изведба на двата проекти кои се штотуку започнати, е на почетокот од следната година, наведоа од Град Скопје.

The post Скопје се разбуди во хаос: Колони возила ни да мрднат, нема автобуси, раскопани се неколку главни булевари… appeared first on Република.

]]>
Хаос и утрово: Во исто време раскопани неколку главни сообраќајници низ Скопје https://republika.mk/vesti/skopje/haos-i-utrovo-vo-isto-vreme-raskopani-nekolku-glavni-soobrakjajnici-niz-skopje/ Thu, 17 Nov 2022 07:21:12 +0000 https://republika.mk/?p=574719

Истовремена реконструкција на неколку главни сообраќајници во Скопје, возење по една или две ленти и нервозни возачи е секојдневие во главниот град особено во утринските и попладневните часови. Од Град Скопје велат дека реконструкциите се на барање на граѓаните и се прават поради дотраеност на улиците.

Улицата „Теодосиј Гологанов“ кај Клубот на пратеници и булеварот „Кузман Јосифовски-Питу“ кај Народна банка се дел од улиците на кои во моментот се вршат градежни активности. Градските власти очекуваат овие две фреквентни сообраќајници да бидат завршени по Нова година.

[caption id="" align="alignnone" width="2000"] (фото: МИА)[/caption]

МИА побара одговор од Град Скопје зошто истовремено се вршат реконструкции на фреквентни сообраќајници низ градот. Оттаму посочија дека реконструкциите се прават поради дотраеноста и оштетеноста на сообраќајниците што претставува ризик по безбедноста во сообраќајот. Крајниот рок за изведба на двата проекта, како што најавуваат, е на почетокот на следната година.

На барање на граѓаните, Град Скопје инвестира во подобрување на инфраструктурата на сообраќајниците со цел подобрување на безбедноста и сигурноста за сите учесници во сообраќајот. Во рамки на овие активности во моментов се извршуваат реконструкции на улици и булевари на повеќе локации во Скопје. Реконструкцијата на двете посочени сообраќајници се реализира поради нивната дотраеност и оштетеност, предизвикување ризик по безбедноста во сообраќајот, а истите се реализираат на повеќегодишно барање на жителите на Скопје. Крајниот рок на изведба на двата проекти кои се штотуку започнати, е на почетокот од следната година, стои во одговорот од Град Скопје.

[caption id="" align="alignnone" width="2000"] (фото: МИА)[/caption]

Реконструкцијата на улицата „Теодосиј Гологанов“ опфаќа градежни активности на коловозот од 5.350 квадратни метри, велосипедската патека и тротоарите од 4.500 квадратни метри, нови рабници, нова фекална канализација, изведба на нова водоводна мрежа и ново улично осветлување со лед светилки. Реконструкцијата чини 43 милиони денари, а градежните работи ги изведува фирмата „Бауер“.

Неодамна почна и реконструкцијата на булеварот „Кузман Јосифовски-Питу“ кај Народна банка. На овој булевар неколкупати во минатото се правеше реконструкција, но асфалтот остана оштетен. До моментот на објавување на веста, од Град Скопје не стигна одговор за деталите поврзани со реконструкцијата на оваа улица. 

[caption id="" align="alignnone" width="2000"] (фото: МИА)[/caption]

The post Хаос и утрово: Во исто време раскопани неколку главни сообраќајници низ Скопје appeared first on Република.

]]>

Истовремена реконструкција на неколку главни сообраќајници во Скопје, возење по една или две ленти и нервозни возачи е секојдневие во главниот град особено во утринските и попладневните часови. Од Град Скопје велат дека реконструкциите се на барање на граѓаните и се прават поради дотраеност на улиците. Улицата „Теодосиј Гологанов“ кај Клубот на пратеници и булеварот „Кузман Јосифовски-Питу“ кај Народна банка се дел од улиците на кои во моментот се вршат градежни активности. Градските власти очекуваат овие две фреквентни сообраќајници да бидат завршени по Нова година. [caption id="" align="alignnone" width="2000"] (фото: МИА)[/caption] МИА побара одговор од Град Скопје зошто истовремено се вршат реконструкции на фреквентни сообраќајници низ градот. Оттаму посочија дека реконструкциите се прават поради дотраеноста и оштетеноста на сообраќајниците што претставува ризик по безбедноста во сообраќајот. Крајниот рок за изведба на двата проекта, како што најавуваат, е на почетокот на следната година.
На барање на граѓаните, Град Скопје инвестира во подобрување на инфраструктурата на сообраќајниците со цел подобрување на безбедноста и сигурноста за сите учесници во сообраќајот. Во рамки на овие активности во моментов се извршуваат реконструкции на улици и булевари на повеќе локации во Скопје. Реконструкцијата на двете посочени сообраќајници се реализира поради нивната дотраеност и оштетеност, предизвикување ризик по безбедноста во сообраќајот, а истите се реализираат на повеќегодишно барање на жителите на Скопје. Крајниот рок на изведба на двата проекти кои се штотуку започнати, е на почетокот од следната година, стои во одговорот од Град Скопје.
[caption id="" align="alignnone" width="2000"] (фото: МИА)[/caption] Реконструкцијата на улицата „Теодосиј Гологанов“ опфаќа градежни активности на коловозот од 5.350 квадратни метри, велосипедската патека и тротоарите од 4.500 квадратни метри, нови рабници, нова фекална канализација, изведба на нова водоводна мрежа и ново улично осветлување со лед светилки. Реконструкцијата чини 43 милиони денари, а градежните работи ги изведува фирмата „Бауер“. Неодамна почна и реконструкцијата на булеварот „Кузман Јосифовски-Питу“ кај Народна банка. На овој булевар неколкупати во минатото се правеше реконструкција, но асфалтот остана оштетен. До моментот на објавување на веста, од Град Скопје не стигна одговор за деталите поврзани со реконструкцијата на оваа улица.  [caption id="" align="alignnone" width="2000"] (фото: МИА)[/caption]

The post Хаос и утрово: Во исто време раскопани неколку главни сообраќајници низ Скопје appeared first on Република.

]]>