сообраќајна дозвола Archives - Република https://republika.mk/tema/soobrakajna-dozvola/ За подобро да се разбереме Wed, 29 May 2024 08:59:44 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png сообраќајна дозвола Archives - Република https://republika.mk/tema/soobrakajna-dozvola/ 32 32 Ќе се одзема автомобилот на оние што возат во спротивна лента на автопат https://republika.mk/vesti/balkan/ke-se-odzema-avtomobilot-na-onie-shto-vozat-vo-sprotivna-lenta-na-avtopat/ Wed, 29 May 2024 10:22:12 +0000 https://republika.mk/?p=782686

Српскиот министер за градежништво, сообраќај и инфраструктура, Горан Весиќ денеска нагласи дека заедно со Министерството за внатрешни работи се работи на измените на Законот за безбедност во сообраќајот, со кои значително ќе бидат построги казните за арогантните возачи и за оние кои не ги почитуваат прописите.

-Време е да се предвиди мерката одземање автомобил за оние кои возат во спротивна страна на автопат, оние кои возат брзо во населени места, во училишни зони и зони на пешачки премини. Дополнително, ќе биде забрането камионот да претекнува камион на автопат, што исто така е голем проблем. На камионите ќе им биде забрането да имаат товар кој не е покриен со церада, рече Весиќ за белградски медиуми.

Српскиот министер додаде дека очекува со построгите казни да се намали бројот на сообраќајни несреќи.

Во Србија утрово загина возач на автомобил при директен судир со автобус. Во сообраќајката се повредени 30 патници од автобусот.

The post Ќе се одзема автомобилот на оние што возат во спротивна лента на автопат appeared first on Република.

]]>

Српскиот министер за градежништво, сообраќај и инфраструктура, Горан Весиќ денеска нагласи дека заедно со Министерството за внатрешни работи се работи на измените на Законот за безбедност во сообраќајот, со кои значително ќе бидат построги казните за арогантните возачи и за оние кои не ги почитуваат прописите.
-Време е да се предвиди мерката одземање автомобил за оние кои возат во спротивна страна на автопат, оние кои возат брзо во населени места, во училишни зони и зони на пешачки премини. Дополнително, ќе биде забрането камионот да претекнува камион на автопат, што исто така е голем проблем. На камионите ќе им биде забрането да имаат товар кој не е покриен со церада, рече Весиќ за белградски медиуми.
Српскиот министер додаде дека очекува со построгите казни да се намали бројот на сообраќајни несреќи. Во Србија утрово загина возач на автомобил при директен судир со автобус. Во сообраќајката се повредени 30 патници од автобусот.

The post Ќе се одзема автомобилот на оние што возат во спротивна лента на автопат appeared first on Република.

]]>
Станиците за технички преглед не добиле допис дека сообраќајните дозволи треба да бидат бесплатни? https://republika.mk/vesti/makedonija/stanitsite-za-tehnichki-pregled-ne-dobile-dopis-deka-soobrakajnite-dozvoli-treba-da-bidat-besplatni/ Wed, 14 Feb 2024 11:15:02 +0000 https://republika.mk/?p=744027

Техничките станици и понатаму наплаќаат за промена на сообраќајните дозволи оти до нив уште нема стигнато допис од Министерството за внатрешни работи (МВР). Вработени на техничките станици велат дека не можат да издаваат бесплатни документи оти официјално немаат добиено ништо од МВР, дознава „СДК,мк“.

„Не знаеме како да ја спроведеме постапката и кој ќе ги покрива трошоците. Додека не добиеме официјално известување од МВР не можеме да ги издаваме дозволите бесплтено. Не знаеме дали бесплатни ќе бидат само книшките или сите давачки“, велат за САКАМДАКАЖАМ.МК вработени на техничките станици.

Вадењето на нова сообраќајна дозвола чини околу 1.100 денари. 200 денари чини сообраќајната книшка, 110 денари таксената марка и од 500 до 800 денари се образците.

The post Станиците за технички преглед не добиле допис дека сообраќајните дозволи треба да бидат бесплатни? appeared first on Република.

Подгответе ги тужбите против државата: Ковачевски најавува дека вадењето возачки и сообраќајни сега ќе биде бесплатно до крајот на годината https://republika.mk/vesti/makedonija/podgotvete-gi-tuzhbite-protiv-drzhavata-kovachevski-najavuva-deka-vadeneto-vozachki-i-soobrakajni-sega-ke-bide-besplatno-do-krajot-na-godinata/ Tue, 13 Feb 2024 13:01:39 +0000 https://republika.mk/?p=743619

На седница на Владата денеска ќе биде предложено решение со кое ќе се овозможи замената на возачките и сообраќајните дозволи да биде бесплатна до крај на годината, најави претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски.

На новинарско прашање Ковачевски рече дека досега се сменети над 1,2 милиони патни исправи и над 550 илјади сообраќајни и возачки дозволи, објаснувајќи дека на досегашната бројка на изаддени документи влијаела двегодишната пандемија со мерки за дистанца која ги нарушила  каналите на снабдување и производствени процеси во фабриките за документациите.

Ова го отвара прашањето за нерамноправноста во која се ставаат граѓаните кои беа приморани да извадат нови лични документи иако им беа со валиден датум, особено откако беше објавено дека рокот е до денеска.

Доколку ова се случи граѓаните имаат право да ја тужат државата или да бараат да им се вратат парите парите што ги потрошиле.

Македонските граѓани досега потрошија пет милиони евра за вадење лични документи.

https://republika.mk/vesti/makedonija/graganite-dosega-dale-nad-5-milioni-evra-za-novi-lichni-karti/

The post Подгответе ги тужбите против државата: Ковачевски најавува дека вадењето возачки и сообраќајни сега ќе биде бесплатно до крајот на годината appeared first on Република.

]]>

На седница на Владата денеска ќе биде предложено решение со кое ќе се овозможи замената на возачките и сообраќајните дозволи да биде бесплатна до крај на годината, најави претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски. На новинарско прашање Ковачевски рече дека досега се сменети над 1,2 милиони патни исправи и над 550 илјади сообраќајни и возачки дозволи, објаснувајќи дека на досегашната бројка на изаддени документи влијаела двегодишната пандемија со мерки за дистанца која ги нарушила  каналите на снабдување и производствени процеси во фабриките за документациите. Ова го отвара прашањето за нерамноправноста во која се ставаат граѓаните кои беа приморани да извадат нови лични документи иако им беа со валиден датум, особено откако беше објавено дека рокот е до денеска. Доколку ова се случи граѓаните имаат право да ја тужат државата или да бараат да им се вратат парите парите што ги потрошиле. Македонските граѓани досега потрошија пет милиони евра за вадење лични документи. https://republika.mk/vesti/makedonija/graganite-dosega-dale-nad-5-milioni-evra-za-novi-lichni-karti/

The post Подгответе ги тужбите против државата: Ковачевски најавува дека вадењето возачки и сообраќајни сега ќе биде бесплатно до крајот на годината appeared first on Република.

]]>
Проверете пред да патувате: Ако немате „Cеверна“ на сообраќајната може да ве вратат на граница https://republika.mk/vesti/makedonija/proverete-pred-da-patuvate-ako-nemate-ceverna-na-soobrakajnata-mozhe-da-ve-vratat-na-granitsa/ Fri, 09 Feb 2024 11:29:25 +0000 https://republika.mk/?p=742184

Ако планирате да патувате надвор од Македонија по 12 февруари кога веќе не важат документите на кои нема „Cеверна“ имајте предвид да си ја проверите сообраќајната дозвола на вашиот автомобил.

Министерот за надворешни работи денеска објасни дека Сообраќајната е документ кој што го покажувате на странската царина кога ја минувате границата. Ако имате сообраќајна извадена пред на пример 5 години тогаш на неа ви стои Република Македонија и ќе мора да ја смените, односно има големи шанси странскиот царински службеник да не ве пушти да поминете.

Документ кој што се користи и за надвор после 12 не треба да се користи. А сообраќајната е за надвор бидeјќи на граница треба да ја покажете, на царина, а таму има исто име. Така што, да ги потсетам граѓаните дека и сообраќајните дозволи треба да бидат сменети – рече денеска Османи.

The post Проверете пред да патувате: Ако немате „Cеверна“ на сообраќајната може да ве вратат на граница appeared first on Република.

]]>

Ако планирате да патувате надвор од Македонија по 12 февруари кога веќе не важат документите на кои нема „Cеверна“ имајте предвид да си ја проверите сообраќајната дозвола на вашиот автомобил. Министерот за надворешни работи денеска објасни дека Сообраќајната е документ кој што го покажувате на странската царина кога ја минувате границата. Ако имате сообраќајна извадена пред на пример 5 години тогаш на неа ви стои Република Македонија и ќе мора да ја смените, односно има големи шанси странскиот царински службеник да не ве пушти да поминете.