сончева електрана Archives - Република https://republika.mk/tema/soncheva-elektrana/ За подобро да се разбереме Sun, 09 Oct 2022 07:43:52 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png сончева електрана Archives - Република https://republika.mk/tema/soncheva-elektrana/ 32 32 Изградена нова сончева електрана во Кочани https://republika.mk/vesti/ekonomija/izgradena-nova-soncheva-elektrana-vo-kochani/ Sun, 09 Oct 2022 08:27:47 +0000 https://republika.mk/?p=558955

Се зголемува домашното производство на електрична енергија. Почна со производство нова фотоволтаична електро централа со инсталирана моќност од осум мегавати, во близина на Кочани.

Почетокот на производството на електраната доаѓа во време кога стопанството и големите индустриски потрошувачи бараат поевтина струја, не можејќи да ги издржат цените на берзата. Им овозможуваме на компаниите енергија по цени кои се далеку под просечните берзански цени, со што покажуваме и општествена одговорност и грижа кон одржливоста на економијата. Ова е начин приватниот енергетски сектор да помогне во кризата - вели менаџерот на проектот ФЕЦ Тркање, Крсте Илијески.

Произведената струја, преку компанијата РЕС (Reneweble Energy Supply), во форма на зелена енергија ќе оди до домашните компании по фиксни цени, кои се значително пониски во однос на берзанските цени, со што ќе се направат директни заштеди во компаниите.

ФЕЦ Тркање ќе има годишно производство од околу 15.100 мегават часови, што покрива годишна потрошувачка на град со 15.000 жители.

Електраната е во сопственост на фирмата „Централ Инвест“, а е целосно проектирана и изведена од фирмите во рамките на Феро Инвест.

„Централ Инвест“ и „Феро Инвест“ на Кочо Анѓушев произведуваат струја преку електрани од обновливи извори, од вода, сонце, а во тек е градба и на електрана на биогас, со што уште повеќе ќе се зголеми домашното производство на струја, кое македонските фирми го бараат како поевтина алтернатива за скапата увозна струја.

The post Изградена нова сончева електрана во Кочани appeared first on Република.

]]>

Се зголемува домашното производство на електрична енергија. Почна со производство нова фотоволтаична електро централа со инсталирана моќност од осум мегавати, во близина на Кочани.
Почетокот на производството на електраната доаѓа во време кога стопанството и големите индустриски потрошувачи бараат поевтина струја, не можејќи да ги издржат цените на берзата. Им овозможуваме на компаниите енергија по цени кои се далеку под просечните берзански цени, со што покажуваме и општествена одговорност и грижа кон одржливоста на економијата. Ова е начин приватниот енергетски сектор да помогне во кризата - вели менаџерот на проектот ФЕЦ Тркање, Крсте Илијески.
Произведената струја, преку компанијата РЕС (Reneweble Energy Supply), во форма на зелена енергија ќе оди до домашните компании по фиксни цени, кои се значително пониски во однос на берзанските цени, со што ќе се направат директни заштеди во компаниите. ФЕЦ Тркање ќе има годишно производство од околу 15.100 мегават часови, што покрива годишна потрошувачка на град со 15.000 жители. Електраната е во сопственост на фирмата „Централ Инвест“, а е целосно проектирана и изведена од фирмите во рамките на Феро Инвест. „Централ Инвест“ и „Феро Инвест“ на Кочо Анѓушев произведуваат струја преку електрани од обновливи извори, од вода, сонце, а во тек е градба и на електрана на биогас, со што уште повеќе ќе се зголеми домашното производство на струја, кое македонските фирми го бараат како поевтина алтернатива за скапата увозна струја.

The post Изградена нова сончева електрана во Кочани appeared first on Република.

]]>
ФЕ Осломеј 1 во Кичево е прва сончева електрана во Југоисточна Европа изградена врз стар рудник https://republika.mk/vesti/ekonomija/fe-oslomej-1-vo-kichevo-e-prva-soncheva-elektrana-vo-jugoistochna-evropa-izgradena-vrz-star-rudnik/ Fri, 08 Apr 2022 09:19:19 +0000 https://republika.mk/?p=485205

Фотонапонската електрана (ФЕ) на АД ЕСМ изградена во кругот на РЕК Осломеј со моќност од 10 мегавати e прв пример на енергетска транзиција во Југоисточна Европа во кој електричната енергија ќе се произведува од сонце преку панели поставени врз стар, исцрпен рудник за јаглен, информираат од компанијата.

Фотонапонската електрана во Осломеј, која е пуштена во пробно производство, е прва во низата електрани кои треба целосно да го заменат досегашниот инсталиран капацитет на РЕК Осломеј.

Крајната цел на овој проект е рударско-енергетскиот комбинат кој има инсталирана моќност од 120 мегавати да биде заменет со сончеви електрани со еднаква инсталирана моќност од 120 мегавати.

Европската енергетска заедница го препорачува овој пример во други земји во регионот каде се спроведува енергетска транзиција.

Фотонапонската електрана Осломеј 1 веќе ги дава првите киловати електрична енергија во системот и АД ЕСМ и официјалнио го прошири своето портфолио на обновливи извори, и сега покрај енергија од ветер произведуваме и електрична енергија од сонце.

Вкупното годишно производство на ФЕ Осломеј 1 ќе изнесува 15-17 гигават часови, доволни за потребите на околу 2.800 домаќинства.

ФЕ Осломеј 1 е во целосна сопственост на АД ЕСМ. Изградбата на електраната чинеше 7 милиони евра, од кои дел беа сопствени средства, а дел се кредитна линија од Европската банка за обнова и развој, кои со поволни услови поддржуваат инвестиции во обновливи извори.

Проектот на транзиција продолжува со фотонапонска електрана Осломеј 2 од 10 мегавати која е во фаза на подготовка на документација и со подготвителни работи за почеток на изградбата на две електрани по 50 мегавати со јавно-приватно партнество со компаниите Соларпро-Бугарија и Фортекс-Турција.

The post ФЕ Осломеј 1 во Кичево е прва сончева електрана во Југоисточна Европа изградена врз стар рудник appeared first on Република.

]]>

Фотонапонската електрана (ФЕ) на АД ЕСМ изградена во кругот на РЕК Осломеј со моќност од 10 мегавати e прв пример на енергетска транзиција во Југоисточна Европа во кој електричната енергија ќе се произведува од сонце преку панели поставени врз стар, исцрпен рудник за јаглен, информираат од компанијата. Фотонапонската електрана во Осломеј, која е пуштена во пробно производство, е прва во низата електрани кои треба целосно да го заменат досегашниот инсталиран капацитет на РЕК Осломеј. Крајната цел на овој проект е рударско-енергетскиот комбинат кој има инсталирана моќност од 120 мегавати да биде заменет со сончеви електрани со еднаква инсталирана моќност од 120 мегавати. Европската енергетска заедница го препорачува овој пример во други земји во регионот каде се спроведува енергетска транзиција. Фотонапонската електрана Осломеј 1 веќе ги дава првите киловати електрична енергија во системот и АД ЕСМ и официјалнио го прошири своето портфолио на обновливи извори, и сега покрај енергија од ветер произведуваме и електрична енергија од сонце. Вкупното годишно производство на ФЕ Осломеј 1 ќе изнесува 15-17 гигават часови, доволни за потребите на околу 2.800 домаќинства. ФЕ Осломеј 1 е во целосна сопственост на АД ЕСМ. Изградбата на електраната чинеше 7 милиони евра, од кои дел беа сопствени средства, а дел се кредитна линија од Европската банка за обнова и развој, кои со поволни услови поддржуваат инвестиции во обновливи извори. Проектот на транзиција продолжува со фотонапонска електрана Осломеј 2 од 10 мегавати која е во фаза на подготовка на документација и со подготвителни работи за почеток на изградбата на две електрани по 50 мегавати со јавно-приватно партнество со компаниите Соларпро-Бугарија и Фортекс-Турција.

The post ФЕ Осломеј 1 во Кичево е прва сончева електрана во Југоисточна Европа изградена врз стар рудник appeared first on Република.

]]>
И покрај пожарот се одржа тест за работата на новата фотонапонска централа „Осломеј 1“ https://republika.mk/vesti/ekonomija/i-pokraj-pozarot-se-odrza-test-za-rabotata-na-novata-fotonaponska-centrala-oslomej-1/ Wed, 06 Apr 2022 11:53:12 +0000 https://republika.mk/?p=484058

Тест-проба на 10-мегаватната фотонапонска централа „Осломеј 1“ беше извршена денеска, а со тоа  беше одбележано завршувањето на градба на фотонапонската електрана. На настанот присуствуваа и премиерот Димитар Ковачевски, министерот за економија Крешник Бектеши и директорот на ЕСМ Васко Ковачевски, вицепремиерот Артан Груби и лидери на политички партии.

Во обраќањето премиерот Ковачевски нагласи дека овој капацитет е прв во земјава од кој ќе се добива чиста енергија. Се работи, додаде тој, за капацитет од 10 мегавати, а ќе може да ги задоволи потребите на 2.800 домаќинства во земјава.

Ова е прв капацитет во Југоисточна Европа кој произведува чиста енергија. Покрај производството на електрична енергија при изградбата на овие фотонапонски централи вршиме и рекултивизација на земјиштето што е од огромно значење. Првата соларна фотонапонска централа е изградена со кредит од ЕБОР во износ од 7 милиони евра, истакна Ковачевски.

Според него, тест-пробата што се врши денеска и  скорешно официјално пуштање во употреба на фотонапонската централа,  за земјава значи движење кон производство на чиста енергија што е и заложба на ЕУ.

Дополнително, рече премиерот, ЕСМ работи на нова студија за уште една електрана со капацитет од 10 мегавати, а потпишани се договори за изградба на уште две фотонапонски електрани, со што, како што истакна, Осломеј од јаглен целосно ќе помине на користење обновливи извори на енергија.

Премиерот најави дека наскоро ќе се пристапи и кон изградба на хидроцентралата „Чебрен“ што ќе биде уште еден капацитет кој ќе ни овозможи производство на електрична енергија од обновливи извори.

Претходно денеска избувна пожар во трансформаторска станица што е дел од новоизградената соларна електрана.

https://republika.mk/vesti/crna-hronika/gori-trafostanica-vo-novoizgradenata-solarna-elektrana-oslomej-kovachevski-deneska-trebashe-da-ja-poseti/

The post И покрај пожарот се одржа тест за работата на новата фотонапонска централа „Осломеј 1“ appeared first on Република.

]]>

Тест-проба на 10-мегаватната фотонапонска централа „Осломеј 1“ беше извршена денеска, а со тоа  беше одбележано завршувањето на градба на фотонапонската електрана. На настанот присуствуваа и премиерот Димитар Ковачевски, министерот за економија Крешник Бектеши и директорот на ЕСМ Васко Ковачевски, вицепремиерот Артан Груби и лидери на политички партии. Во обраќањето премиерот Ковачевски нагласи дека овој капацитет е прв во земјава од кој ќе се добива чиста енергија. Се работи, додаде тој, за капацитет од 10 мегавати, а ќе може да ги задоволи потребите на 2.800 домаќинства во земјава.
Ова е прв капацитет во Југоисточна Европа кој произведува чиста енергија. Покрај производството на електрична енергија при изградбата на овие фотонапонски централи вршиме и рекултивизација на земјиштето што е од огромно значење. Првата соларна фотонапонска централа е изградена со кредит од ЕБОР во износ од 7 милиони евра, истакна Ковачевски.
Според него, тест-пробата што се врши денеска и  скорешно официјално пуштање во употреба на фотонапонската централа,  за земјава значи движење кон производство на чиста енергија што е и заложба на ЕУ. Дополнително, рече премиерот, ЕСМ работи на нова студија за уште една електрана со капацитет од 10 мегавати, а потпишани се договори за изградба на уште две фотонапонски електрани, со што, како што истакна, Осломеј од јаглен целосно ќе помине на користење обновливи извори на енергија. Премиерот најави дека наскоро ќе се пристапи и кон изградба на хидроцентралата „Чебрен“ што ќе биде уште еден капацитет кој ќе ни овозможи производство на електрична енергија од обновливи извори. Претходно денеска избувна пожар во трансформаторска станица што е дел од новоизградената соларна електрана. https://republika.mk/vesti/crna-hronika/gori-trafostanica-vo-novoizgradenata-solarna-elektrana-oslomej-kovachevski-deneska-trebashe-da-ja-poseti/

The post И покрај пожарот се одржа тест за работата на новата фотонапонска централа „Осломеј 1“ appeared first on Република.

]]>