Соња Стојменска Елзесер Archives - Република https://republika.mk/tema/sona-stojmenska-elzeser/ За подобро да се разбереме Mon, 11 Sep 2023 08:38:26 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Соња Стојменска Елзесер Archives - Република https://republika.mk/tema/sona-stojmenska-elzeser/ 32 32 Промоција на книгата „Книжевен бинокулар“ од Соња Стојменска Елзесер во Градската библиотека во Скопје https://republika.mk/vesti/kultura/promotsija-na-knigata-knizheven-binokular-od-sona-stojmenska-elzeser-vo-gradskata-biblioteka-vo-skopje/ Mon, 11 Sep 2023 08:38:26 +0000 https://republika.mk/?p=680794

Утре, на 12 септември, во 12 часот во спомен-собата „Т'га за југ“ во организација на Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ - Скопје ќе се одржи промоцијата на книгата „Книжевен бинокулар“ од проф. д-р Соња Стојменска Елзесер, добитник на наградата „Димитар Митрев“ за најдобра критичко-есеистичка книга според Друштвото на писателите на Македонија.

За книгата, која е во издание на Институтот за македонска литература, ќе говори проф. д-р Анастасија Ѓурчинова. Промоцијата е дел од децениската традиција на библиотеката на поддршка и претставување на наградените книги од ДПМ пред пошироката јавност.

„Книжевен бинокулар“ е дело со книжевни и културолошки есеи кои во фокусот поставуваат актуелни истражувачки прашања од македонската култура. Книгата ја понесе престижната награда „Димитар Митрев“ за најдобра критичко-есеистичко остварување за 2022 година.

„Книжевен бинокулар“, во издание на Институтот за македонска литература, е дело со книжевни и културолошки есеи кои во фокусот поставуваат актуелни истражувачки прашања од македонската култура. Оваа публикација има структура на мозаик со теми и проблематики кои авторката ги истражувала изминативе неколку години, а сите се однесуваат на македонскиот книжевно-културен контекст.

Сите дваесет и два есеистичко-критички, книжевно-научни и културолошки текстови поместени во оваа збирка дишат во ритамот на едуцирана компаратистичка промисла на книжевните феномени, што првенствено се докажува со доминација на компаративниот метод и самата компаратистика како тема на повеќето студии. Но, тоа не само што не ѝ пречи на контактибилноста на овие писма со читателите од најразлична провиненција, туку напротив, може да биде и интересно и корисно четивно за различни генерации и профили читатели – забележува во поговорот проф. д-р Наташа Аврамовска.

Промоцијата на „Книжевен бинокулар“ во Градската библиотека е дел од богатата понуда на Град Скопје – кандидат за европска престолнина на културата за 2028 година.

The post Промоција на книгата „Книжевен бинокулар“ од Соња Стојменска Елзесер во Градската библиотека во Скопје appeared first on Република.

]]>

Утре, на 12 септември, во 12 часот во спомен-собата „Т'га за југ“ во организација на Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ - Скопје ќе се одржи промоцијата на книгата „Книжевен бинокулар“ од проф. д-р Соња Стојменска Елзесер, добитник на наградата „Димитар Митрев“ за најдобра критичко-есеистичка книга според Друштвото на писателите на Македонија. За книгата, која е во издание на Институтот за македонска литература, ќе говори проф. д-р Анастасија Ѓурчинова. Промоцијата е дел од децениската традиција на библиотеката на поддршка и претставување на наградените книги од ДПМ пред пошироката јавност. „Книжевен бинокулар“ е дело со книжевни и културолошки есеи кои во фокусот поставуваат актуелни истражувачки прашања од македонската култура. Книгата ја понесе престижната награда „Димитар Митрев“ за најдобра критичко-есеистичко остварување за 2022 година. „Книжевен бинокулар“, во издание на Институтот за македонска литература, е дело со книжевни и културолошки есеи кои во фокусот поставуваат актуелни истражувачки прашања од македонската култура. Оваа публикација има структура на мозаик со теми и проблематики кои авторката ги истражувала изминативе неколку години, а сите се однесуваат на македонскиот книжевно-културен контекст.
Сите дваесет и два есеистичко-критички, книжевно-научни и културолошки текстови поместени во оваа збирка дишат во ритамот на едуцирана компаратистичка промисла на книжевните феномени, што првенствено се докажува со доминација на компаративниот метод и самата компаратистика како тема на повеќето студии. Но, тоа не само што не ѝ пречи на контактибилноста на овие писма со читателите од најразлична провиненција, туку напротив, може да биде и интересно и корисно четивно за различни генерации и профили читатели – забележува во поговорот проф. д-р Наташа Аврамовска.
Промоцијата на „Книжевен бинокулар“ во Градската библиотека е дел од богатата понуда на Град Скопје – кандидат за европска престолнина на културата за 2028 година.

The post Промоција на книгата „Книжевен бинокулар“ од Соња Стојменска Елзесер во Градската библиотека во Скопје appeared first on Република.

]]>
Наградата „Димитар Митрев“ за критика и есеистика ДПМ и ја додели на Соња Стојменска- Елзесер за „Книжевен бинокулар“ https://republika.mk/vesti/kultura/nagradata-dimitar-mitrev-za-kritika-i-eseistika-dpm-i-ja-dodeli-na-sona-stojmenska-elzeser-za-knizheven-binokular/ Wed, 01 Feb 2023 12:31:09 +0000 https://republika.mk/?p=603373

Книгата „Книжевен бинокулар“ од Соња Стојменска-Елзесер е новиот носител на наградата „Димитар Митрев“ за 2022 година. Тоа е награда што традиционално ја доделува Друштво на писателите на Македонија за книга со критики или есеи. Комисијата во состав: д-р Марина Мијаковска, проф. д-р Лидија Капушевска Дракулевска и Глигор Стојковски, детално ги разгледа сите пристигнати книги, и на последниот состанок едногласно одлучи наградата „Димитар Митрев“ да ја добие „Книжевен бинокулар“.

Есеистичката книга „Книжевен бинокулар“ на Соња Стојменска-Елзесер е дело со книжевни и културолошки есеи кои во фокусот поставуваат актуелни истражувачки прашања од македонската култура. Оваа публикација има структура на мозаик со теми и проблематики кои Стојменска-Елзесер ги истражувала изминативе неколку години, а сите се однесуваат на македонскиот книжевно-културен контекст. Според Стојменска-Елзесер „културата може да ја разбереме единствено во релации, контекстуално, компаративно.“ Затоа таа се служи со компаративен метод во анализа на делата од македонските автори.

Според образложението на Комисијата: „ова дело содржи дваесет и два текста поделени во два диптиси од вкупно десет поглавја. Секое поглавје е компонирано од два текста што може да се разберат како две оптички стакла од микроскоп или окулар што понудува различни агли на гледање на левото и десното око. Секој диптих е составен од два сродни тематско-содржински есеи кои се изделени во посебно поглавје според тематска сродност. Станува збор за концептуална книга со изграден стил, што проблематизира актуелни есеистички прашања и истражувања и носи иновативност во формата и содржината на ваквиот тип на книга. Во секое поглавје се понудени два текста како две оптички стакла, а читателот има избор преку неговата призма на гледање како трето оптичко стакло да одбере како да пристапи кон толкувањето на истражувачките прашања.

„Книжевен бинокулар“ на Соња Стојменска-Елзесер е есеистичко дело во кое компаратистичката промисла на книжевните феномени отвора нови видици и предизвици во македонската книжевна наука. Стилот е јасен и течен, а теориските импликации и цитатноста на делата со кои се служи авторката, воопшто не го отежнуваат читањето на есеите.

The post Наградата „Димитар Митрев“ за критика и есеистика ДПМ и ја додели на Соња Стојменска- Елзесер за „Книжевен бинокулар“ appeared first on Република.