солуција Archives - Република https://republika.mk/tema/solutsija/ За подобро да се разбереме Thu, 27 Apr 2023 20:16:45 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png солуција Archives - Република https://republika.mk/tema/solutsija/ 32 32 Никола Димитров промовираше невладина организација „Солуција“ https://republika.mk/vesti/makedonija/nikola-dimitrov-promovirashe-nevladina-organizatsija-solutsija/ Thu, 27 Apr 2023 20:16:45 +0000 https://republika.mk/?p=634792

Партиите мора да бидат натерани да бидат подобри. Надеж гледам во граѓанството кое што мора да биде гласно, мора да стане сила за да нема вака бришан простор за еднопартиско самоволие во државата, порачува поранешниот вицепремиер за евроинтеграции и министер за надворешни работи Никола Димитров, кој вечерва ја промовираше невладината организација „Солуција“, преку конференција на тема „Излез од лавиринтот на корупцијата и клиентелизмот“.

Во изјавата што по настанот ја сподели тимот на „Солуција“, Димитров меѓу другото вели дека „сите заедно не здружува сонот за здрава, функционална и средена држава, како и дека е голема дилема дали некогаш нашата Македонија била во полоша ситуација“.

Мислам дека ни треба една дебела јасна линија каде завршува државата, каде почнува партијата. Мислам дека ни треба нов општествен договор за да школството, и здравството, и администрацијата не зависат од тоа кој ќе победи на избори, истакнува Димитров.

Тој посочува дека неговото разбирање за политиката не се само партиите или не се само избори, како и дека чувствува голема должност да биде дел од иницијативата која што ќе создаде граѓанска платформа што ќе турка кон мерит и кон професионализам.

Како што стои на официјалната фејсбук страна на „Солуција“, мисијата на оваа невладина организација е посветена на справување со корупцијата, клиентелизмот и поларизацијата на општеството, унапредување на општествената дебата, облагородување на јавниот наратив и културата на дијалог; креирање и поддршка на конструктивни решенија во политиката, економијата, правдата, животната средина, надворешните работи, мирното решавање на меѓународните спорови; унапредување на демократијата, заштита на човековите слободи и права, почитување на достоинството на човекот и развој на либералните политики.

The post Никола Димитров промовираше невладина организација „Солуција“ appeared first on Република.

]]>

Партиите мора да бидат натерани да бидат подобри. Надеж гледам во граѓанството кое што мора да биде гласно, мора да стане сила за да нема вака бришан простор за еднопартиско самоволие во државата, порачува поранешниот вицепремиер за евроинтеграции и министер за надворешни работи Никола Димитров, кој вечерва ја промовираше невладината организација „Солуција“, преку конференција на тема „Излез од лавиринтот на корупцијата и клиентелизмот“. Во изјавата што по настанот ја сподели тимот на „Солуција“, Димитров меѓу другото вели дека „сите заедно не здружува сонот за здрава, функционална и средена држава, како и дека е голема дилема дали некогаш нашата Македонија била во полоша ситуација“. Мислам дека ни треба една дебела јасна линија каде завршува државата, каде почнува партијата. Мислам дека ни треба нов општествен договор за да школството, и здравството, и администрацијата не зависат од тоа кој ќе победи на избори, истакнува Димитров. Тој посочува дека неговото разбирање за политиката не се само партиите или не се само избори, како и дека чувствува голема должност да биде дел од иницијативата која што ќе создаде граѓанска платформа што ќе турка кон мерит и кон професионализам. Како што стои на официјалната фејсбук страна на „Солуција“, мисијата на оваа невладина организација е посветена на справување со корупцијата, клиентелизмот и поларизацијата на општеството, унапредување на општествената дебата, облагородување на јавниот наратив и културата на дијалог; креирање и поддршка на конструктивни решенија во политиката, економијата, правдата, животната средина, надворешните работи, мирното решавање на меѓународните спорови; унапредување на демократијата, заштита на човековите слободи и права, почитување на достоинството на човекот и развој на либералните политики.

The post Никола Димитров промовираше невладина организација „Солуција“ appeared first on Република.

]]>
Солуција го враќа Никола Димитров на политичката сцена https://republika.mk/vesti/makedonija/solutsija-go-vraka-nikola-dimitrov-na-politichkata-stsena/ Sat, 15 Apr 2023 07:42:42 +0000 https://republika.mk/?p=630962

Балкански центар за конструктивни политики Солуција e име на ново политичко движење или нова невладина организација на Никола Димитров, објави МКД.мк. Засега како дел од Солуција, движењето или невладината организација на Димитров, се споменуваат неколку новинарски имиња од Македонија.

Во гостување на ТВ 21, Димитров рече дека тој не престанал да биде активен во политиката по напуштањето на функцијата, но според најавата, тој наскоро ќе обзнани враќање на сцената преку граѓанско движење или политичка партија со која би настапил на следните избори.

Јас долго време јавно зборувам дека не сум престанал да бидам активен. Сум работел со речиси сите и со сите сум се разишол и мислам дека тоа е здраво оти човек кога верува дека се фатиле кривини и не се оди по вистинскиот пат, многу е поздраво да се држи до своето убедување и совест отколку да вика магарето лета … Јас во блиска иднина ќе обзнанам на јавноста во каква форма ќе делувам, така што не би можел сега тој план да го обзнанам. Тоа што можам да го кажам е дека ние имаме проблем како граѓани, дека работите не ни се добри во државата, дека тој проблем нема да ни го реши друг – може да ни помагаат нашите пријатели и од Брисел и од Вашингтон, дека политичките партии нема да се разбудат и да кажат ’малку претеравме, можеби треба поинаку сега, подобро и на друг начин да ја водиме политиката‘. Граѓанството ќе мора да ги натера тоа да го прават – рече Димитров.

На дополнително прашање дали со ова потврдува дека политички ќе се активира, тој рече дека првиот чекор е да се види колку граѓани има што гледаат дека работата не е добра, колку граѓани има што сакаат во оваа држава да има ред и законот да важи на целата територија.

The post Солуција го враќа Никола Димитров на политичката сцена appeared first on Република.

]]>

Балкански центар за конструктивни политики Солуција e име на ново политичко движење или нова невладина организација на Никола Димитров, објави МКД.мк. Засега како дел од Солуција, движењето или невладината организација на Димитров, се споменуваат неколку новинарски имиња од Македонија. Во гостување на ТВ 21, Димитров рече дека тој не престанал да биде активен во политиката по напуштањето на функцијата, но според најавата, тој наскоро ќе обзнани враќање на сцената преку граѓанско движење или политичка партија со која би настапил на следните избори.