солун - атина Archives - Република https://republika.mk/tema/solun-atina/ За подобро да се разбереме Mon, 11 Sep 2023 15:17:26 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png солун - атина Archives - Република https://republika.mk/tema/solun-atina/ 32 32 Дел од автопатот Солун – Атина останува затворен https://republika.mk/vesti/balkan/del-od-avtopatot-solun-atina-ostanuva-zatvoren/ Mon, 11 Sep 2023 16:10:09 +0000 https://republika.mk/?p=680998

Водата во грчката област Тесалија полека се повлекува, со што се открива и големината на катастрофата предизвикана од поплавите, меѓутоа продолжуваат проблемите за жителите на регионот, додека пак делови од автопатот Солун- Атина и понатаму се затворени за ообраќај во двата правци, јави дописничката на МИА од Атина.

Паралелно постојат предупредувања за опасност за јавното здравје во поплавените подрачја, а на граѓаните им се препорачува да користат флаширана вода и пакувана храна.

Портпаролот на противпожарната служба на Грција Јанис Артопиос говорејќи за грчката телевизија Скај утрово рече дека вниманието сега е насочено кон долината на Темпи, затоа што нивото на реката Пиниос се повлекува во Лариса, Трикала и Кардица, но обемот на вода се префрла кон долината.

Невремето „Даниел“ остави зад себе 15 жртви, двајца исчезнати, пар од Австрија, илјадници евакуирани, но и целосно поплавени и уништени села.

Во неколкудневните акции за спасување и евакуирање на жителите заглавени во поплавите над 5.000 лица беа извлечени и пренесени на безбедносни локации.

Од противпожарната служба на Грција соопштија дека заклучно со вчера беа спасени 4.500 лица, додека пак крајбрежната служба, по морски пат од регионот на Пилио во близина на Волос 422 лица.

Во спасувачките акции беа вклучени и припадници на грчката армија.

The post Дел од автопатот Солун – Атина останува затворен appeared first on Република.

]]>

Водата во грчката област Тесалија полека се повлекува, со што се открива и големината на катастрофата предизвикана од поплавите, меѓутоа продолжуваат проблемите за жителите на регионот, додека пак делови од автопатот Солун- Атина и понатаму се затворени за ообраќај во двата правци, јави дописничката на МИА од Атина. Паралелно постојат предупредувања за опасност за јавното здравје во поплавените подрачја, а на граѓаните им се препорачува да користат флаширана вода и пакувана храна. Портпаролот на противпожарната служба на Грција Јанис Артопиос говорејќи за грчката телевизија Скај утрово рече дека вниманието сега е насочено кон долината на Темпи, затоа што нивото на реката Пиниос се повлекува во Лариса, Трикала и Кардица, но обемот на вода се префрла кон долината. Невремето „Даниел“ остави зад себе 15 жртви, двајца исчезнати, пар од Австрија, илјадници евакуирани, но и целосно поплавени и уништени села. Во неколкудневните акции за спасување и евакуирање на жителите заглавени во поплавите над 5.000 лица беа извлечени и пренесени на безбедносни локации. Од противпожарната служба на Грција соопштија дека заклучно со вчера беа спасени 4.500 лица, додека пак крајбрежната служба, по морски пат од регионот на Пилио во близина на Волос 422 лица. Во спасувачките акции беа вклучени и припадници на грчката армија.

The post Дел од автопатот Солун – Атина останува затворен appeared first on Република.

]]>
Затворен дел од автопатот од Солун кон Атина, поплавите продолжуваат да предизвикуваат проблеми во Грција https://republika.mk/vesti/balkan/zatvoren-del-od-avtopatot-od-solun-kon-atina-poplavite-prodolzhuvaat-da-predizvikuvaat-problemi-vo-grtsija/ Sat, 09 Sep 2023 09:13:51 +0000 https://republika.mk/?p=680189

Поради поплавите во регионот Тесалија, привремено е затворен дел од автопатот Солун - Атина пред Катерини, сообраќајот е во прекин во правец кон грчката метропола, а возилата се пренасочуваат кон автопатот Егнатија, јави дописничката на МИА од Атина.

Од грчката полиција информираат дека автопатот е затворен од синоќа по полноќ, а прекинот ќе биде сè додека не се нормализираат условите за сообраќај.

Сите возила кои се упатуваат кон Атина кај клучката Иматиа веднаш по патарината Малгара, на 20-ина километри по Солун, се пренасочуваат кон автопатот Игнатија.

Исклучок има за возилата чија крајна дестинација е регионот Пиерија, како и возилата за итни случаи, односно брзата помош, противпожарната служба итн.

The post Затворен дел од автопатот од Солун кон Атина, поплавите продолжуваат да предизвикуваат проблеми во Грција appeared first on Република.

]]>

Поради поплавите во регионот Тесалија, привремено е затворен дел од автопатот Солун - Атина пред Катерини, сообраќајот е во прекин во правец кон грчката метропола, а возилата се пренасочуваат кон автопатот Егнатија, јави дописничката на МИА од Атина. Од грчката полиција информираат дека автопатот е затворен од синоќа по полноќ, а прекинот ќе биде сè додека не се нормализираат условите за сообраќај. Сите возила кои се упатуваат кон Атина кај клучката Иматиа веднаш по патарината Малгара, на 20-ина километри по Солун, се пренасочуваат кон автопатот Игнатија. Исклучок има за возилата чија крајна дестинација е регионот Пиерија, како и возилата за итни случаи, односно брзата помош, противпожарната служба итн.

The post Затворен дел од автопатот од Солун кон Атина, поплавите продолжуваат да предизвикуваат проблеми во Грција appeared first on Република.

]]>