Соло мод Archives - Република https://republika.mk/tema/solo-mod/ За подобро да се разбереме Fri, 08 Jul 2022 08:27:17 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Соло мод Archives - Република https://republika.mk/tema/solo-mod/ 32 32 Македонска премиера на „Соло мод“ на Тамара Котевска вечерва на „Синедејс“ https://republika.mk/vesti/kultura/makedonska-premiera-na-solo-mod-na-tamara-kotevska-vecherva-na-sinedejs/ Fri, 08 Jul 2022 07:57:38 +0000 https://republika.mk/?p=525773

Новиот краткометражен филм „Соло мод“ на режисерката Тамара Котевска ќе има македонска премиера вечер од 21 часот во Младинскиот културен центар во склоп на програмата на Фестивалот на европски филм „Синедејс“.

Како што информира ОХО-продукција, „Соло мод“ е независен краткометражен филм инспириран од Ковид-19, снимен e во 2020 година за време на рестриктивните мерки и строгиот карантин.

Главните улоги ги толкуваат Александар Микиќ, Весна Микиќ, а првпат на филм се појавуваат Иво Микиќ, Ена Микиќ, Павлина Димеска и Гоце Димески.

Филмот е поддржан од Агенцијата за филм на Македонија. Котевска го снимила заедно со Фејми Даут, кој работел и на колор-корекција. Монтажата е на Мартин Иванов, дизајн на звук на Дарко Спасовски, а продуценти се Тамара Котевска и Илија Тирицовски.

Котевска заедно со Љубо Стефанов го режираше документарниот филм „Медена земја“ во 2019 година, кој е единствен македонски филм досега со две номинации за Оскар.

Светската премиера на нејзиниот нов филм „Соло мод“ беше минатата година на 27. Филмски фестивал во Сараево, во официјалната селекција на кратки филмови.

По проекцијата на „Соло мод“, на програмата на „Синедејс“ ќе биде филмот „Оркестар“. Во 20.30 часот во Гала програмата ќе биде прикажан „Последен рез“ на Мишел Азанависиус на кино кров на ГТЦ. Во киното „Милениум“ во 22.30 часот ќе биде прикажан последниот филм на Кирил Серебреников „Сопругата на Чајковски“.

 

The post Македонска премиера на „Соло мод“ на Тамара Котевска вечерва на „Синедејс“ appeared first on Република.

]]>

Новиот краткометражен филм „Соло мод“ на режисерката Тамара Котевска ќе има македонска премиера вечер од 21 часот во Младинскиот културен центар во склоп на програмата на Фестивалот на европски филм „Синедејс“. Како што информира ОХО-продукција, „Соло мод“ е независен краткометражен филм инспириран од Ковид-19, снимен e во 2020 година за време на рестриктивните мерки и строгиот карантин. Главните улоги ги толкуваат Александар Микиќ, Весна Микиќ, а првпат на филм се појавуваат Иво Микиќ, Ена Микиќ, Павлина Димеска и Гоце Димески. Филмот е поддржан од Агенцијата за филм на Македонија. Котевска го снимила заедно со Фејми Даут, кој работел и на колор-корекција. Монтажата е на Мартин Иванов, дизајн на звук на Дарко Спасовски, а продуценти се Тамара Котевска и Илија Тирицовски. Котевска заедно со Љубо Стефанов го режираше документарниот филм „Медена земја“ во 2019 година, кој е единствен македонски филм досега со две номинации за Оскар. Светската премиера на нејзиниот нов филм „Соло мод“ беше минатата година на 27. Филмски фестивал во Сараево, во официјалната селекција на кратки филмови. По проекцијата на „Соло мод“, на програмата на „Синедејс“ ќе биде филмот „Оркестар“. Во 20.30 часот во Гала програмата ќе биде прикажан „Последен рез“ на Мишел Азанависиус на кино кров на ГТЦ. Во киното „Милениум“ во 22.30 часот ќе биде прикажан последниот филм на Кирил Серебреников „Сопругата на Чајковски“.  

The post Македонска премиера на „Соло мод“ на Тамара Котевска вечерва на „Синедејс“ appeared first on Република.

]]>