солариум Archives - Република https://republika.mk/tema/solarium/ За подобро да се разбереме Mon, 15 May 2023 05:57:37 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png солариум Archives - Република https://republika.mk/tema/solarium/ 32 32 Бил многу мирен: Moмчето кое ја уби поранешната девојка во солариум работел во продавница за оружје https://republika.mk/vesti/balkan/bil-mnogu-miren-momcheto-koe-ja-ubi-poraneshnata-devojka-vo-solarium-rabotel-vo-prodavnitsa-za-oruzhje/ Mon, 15 May 2023 06:54:20 +0000 https://republika.mk/?p=640814

Момчето од Нови Сад кое ја уби поранешната девојка пред неколку денови работел во продавница за оружје, пишува „Блиц.рс“. В.Р имаше 34 години и бил љубоморен на поранешната девојка 27 годишната И.Ј сопственичка на салонот.

Според пријателите на новосаѓанецот, тој бил весел и насмеан млад човек, за кој не слушнале лоши зборови во околината каде што работел.

Тој работеше прва смена, околу два часот попладне и дојде да купи нешто. Верувај ми, не се сеќавам на ништо. Не забележавме никаква промена кај него, освен што не се насмевна како и обично – вели една работничка.

Нешто повеќе од два часа подоцна, В.Р со својот автомобил се упатил до салонот за убавина кој се наоѓа недалеку од таму, на соседната улица,прво пукал во стаклената врата, а потоа влегол внатре и си ја исполнил намерата.

Убиството и самоубиството го извршил со нелегално оружје, за кое се уште не се знае како го набавил.

The post Бил многу мирен: Moмчето кое ја уби поранешната девојка во солариум работел во продавница за оружје appeared first on Република.

]]>

Момчето од Нови Сад кое ја уби поранешната девојка пред неколку денови работел во продавница за оружје, пишува „Блиц.рс“. В.Р имаше 34 години и бил љубоморен на поранешната девојка 27 годишната И.Ј сопственичка на салонот. Според пријателите на новосаѓанецот, тој бил весел и насмеан млад човек, за кој не слушнале лоши зборови во околината каде што работел.
Тој работеше прва смена, околу два часот попладне и дојде да купи нешто. Верувај ми, не се сеќавам на ништо. Не забележавме никаква промена кај него, освен што не се насмевна како и обично – вели една работничка.
Нешто повеќе од два часа подоцна, В.Р со својот автомобил се упатил до салонот за убавина кој се наоѓа недалеку од таму, на соседната улица,прво пукал во стаклената врата, а потоа влегол внатре и си ја исполнил намерата. Убиството и самоубиството го извршил со нелегално оружје, за кое се уште не се знае како го набавил.

The post Бил многу мирен: Moмчето кое ја уби поранешната девојка во солариум работел во продавница за оружје appeared first on Република.

]]>
Сончањето во солариум е 24 пати поштетно за развој на рак на кожа отколку сонцето, подобро одете на плажа и заштитете се со крема за сончање https://republika.mk/zivot/zdravje/sonchaneto-vo-solarium-e-24-pati-poshtetno-za-razvoj-na-kozha-otkolku-sontseto-podobro-odete-na-plazha-i-zashtitete-se-so-krema-za-sonchane/ Tue, 09 May 2023 10:37:00 +0000 https://republika.mk/?p=638748

Под мотото „Да се заштитиме од сонцето, да спречиме рак на кожа”, Здружението на дерматовенеролози на Македонија денеска во Скопје организира бесплатни дермоскопски прегледи на бемки за граѓаните заради превенција на рак на кожа.

Претседателот на Здружението на дерматовенеролози на Македонија, Андреј Петров во изјава за медиумите истакна дека употребата на методата дермоскопија, со која се проверуваат бемки и други промени на кожата, за 60 проценти го подобрило раното откривање на некои типови на рак на кожа. Посочи дека од особена важност е да се детектира во рана фаза ракот на кожа.

– Прегледите кои се помасовно се прават во институциите. Само јас можам да споделам личен пример оваа година пет луѓе со меланома инситу, со најопасниот рак на кожата во мулти стадиум се откриени благодарение што дошле на време. Затоа што излекувањето е стопроцентно како да немале болест. Заради тоа сакаме да го свртиме вниманието на јавноста и на медиумите и на сите вас кои помагате во тоа да имаме што поголем број на дермоскопски прегледи на пациентите за да може да ги откриеме рано, во рана фаза овие опасни тумори – рече Петров.

Доктор Петров истакна дека секоја година расте бројот на заболени со рак на кожа, но посочи дека се зголеми и здравствената култура кај граѓаните.

– Процентот на заболени со рак на кожа расте од година во година. Но, она што е добро е дека процентот на луѓето фатени во првичните стадиуми или на нулти стадиум или прв стадиум на болеста е се повисок. Што значи дека здравствената култура расте, методите со кои медицината напредува одат напред и сигурно дека знаењето на колегите дерматолози напредува. Така што, сплет на тие фактори помага да имаме толку голема заштита на пациентите, да не се дозволи луѓето да доаѓаат во напреднати фази каде што веќе болеста е од метастатски тип и каде што може да се помогне. Медицината има современи средства, ама секогаш може да се помогне подобро во првите фази на болеста. Што би рекол „народот подобро е работите да ги спречиме, отколку да ги лечиме“ – рече тој.

Тој потенцира дека сонцето е еден од најсилните канцерогени ризик фактори, ултравиолетовите зраци, но и генетската диспозиција.

– Ризик фактори тоа е мулти факторијална патогенезата на сите тумори. Генетиката не можеме ние да ја промениме. Таа е сепак еден ризик фактор од генетска диспозиција, меѓутоа можеме да влијаеме на оние ризик фактори кои можеме да ги избегнеме. Сонцето е еден од најсилните канцерогени, ултравиолетовите зраци, меѓутоа другите видови на зрачење, експозиција на одредени токсични материи, супстанци, има теории денес дека различните загадувачи на воздухот исто така може да влијаат во сето ова. Значи треба да има една поширока активност на заедницата. Но сепак фактор број еден кога треба да се избегне рак за заштита на кожа тоа е заштита од сончевото зрачење – рече тој.

Петров вели дека ова болест на повозрасната популација, меѓутоа, како што посочува, тоа не е исклучок, туку може да се јави во која било возраст.

– Сакам да ги успокојам оние коишто често доаѓаат со дечиња во амбулантите до десетгодишна возраст практично не постои или е екстремно редок во светската литература најопасниот тумор на кожата меланом. Оваа болест е сепак болест на повозрасната популација, меѓутоа тоа не е исклучок, не е само ексклузивно право на возрасните луѓе, туку може да се јави кај млади луѓе, може да се јави во средна возраст, може да се јави во било која возраст. А кај луѓето што имале една личност во домот кој што заболувал од оваа болест треба да се знае дека секогаш треба да се мисли дека може да се јави уште кај еден почесто отколку кај целокупната популација. Заради тоа треба да се води многу сметка. И секоја промена која ни е чудна да не си играме и да ја провериме – изјави Петров.

Тој препорачува граѓаните дома да направат самопреглед според АБЦД правилото, односно да ја проверат секоја промена во формата, бојата, границата на бемките. Упати совет до граѓаните да не одат во солариуми, бидејќи, како што рече, сончањето во солариум е 24 пати поштетно за развој на кожа отколку сончево зрачење.

-Сакаме да препорачаме да се заштитиме сонцето, бидејќи денес сонцето по дефиниција на СЗО е докажан канцероген. И во Македонија земја каде што сонцето пече со многу сончеви денови треба да се употребуваат високи фактори за заштита од сонце, фактор 50 плус за заштита од сонце и тоа е многу важно да се прави кај сите луѓе особено кај луѓето со светла кожа и со светла боја на очите, кај луѓето кои имаат историја за рак на кожа во семејството. И она на што на сите им го советувам не одете во солариум, може колку сакаат да се лутат сопствениците на солариумот, не одете во солариуми, штетно сончањето во солариум е 24 пати поштетно за развој на кожа отколку сончево зрачење. Подобро отидете на плажа, заштитете се со фактор за сонце отколку да одите во солариум.

The post Сончањето во солариум е 24 пати поштетно за развој на рак на кожа отколку сонцето, подобро одете на плажа и заштитете се со крема за сончање appeared first on Република.

]]>

Под мотото „Да се заштитиме од сонцето, да спречиме рак на кожа”, Здружението на дерматовенеролози на Македонија денеска во Скопје организира бесплатни дермоскопски прегледи на бемки за граѓаните заради превенција на рак на кожа. Претседателот на Здружението на дерматовенеролози на Македонија, Андреј Петров во изјава за медиумите истакна дека употребата на методата дермоскопија, со која се проверуваат бемки и други промени на кожата, за 60 проценти го подобрило раното откривање на некои типови на рак на кожа. Посочи дека од особена важност е да се детектира во рана фаза ракот на кожа. – Прегледите кои се помасовно се прават во институциите. Само јас можам да споделам личен пример оваа година пет луѓе со меланома инситу, со најопасниот рак на кожата во мулти стадиум се откриени благодарение што дошле на време. Затоа што излекувањето е стопроцентно како да немале болест. Заради тоа сакаме да го свртиме вниманието на јавноста и на медиумите и на сите вас кои помагате во тоа да имаме што поголем број на дермоскопски прегледи на пациентите за да може да ги откриеме рано, во рана фаза овие опасни тумори – рече Петров. Доктор Петров истакна дека секоја година расте бројот на заболени со рак на кожа, но посочи дека се зголеми и здравствената култура кај граѓаните. – Процентот на заболени со рак на кожа расте од година во година. Но, она што е добро е дека процентот на луѓето фатени во првичните стадиуми или на нулти стадиум или прв стадиум на болеста е се повисок. Што значи дека здравствената култура расте, методите со кои медицината напредува одат напред и сигурно дека знаењето на колегите дерматолози напредува. Така што, сплет на тие фактори помага да имаме толку голема заштита на пациентите, да не се дозволи луѓето да доаѓаат во напреднати фази каде што веќе болеста е од метастатски тип и каде што може да се помогне. Медицината има современи средства, ама секогаш може да се помогне подобро во првите фази на болеста. Што би рекол „народот подобро е работите да ги спречиме, отколку да ги лечиме“ – рече тој. Тој потенцира дека сонцето е еден од најсилните канцерогени ризик фактори, ултравиолетовите зраци, но и генетската диспозиција. – Ризик фактори тоа е мулти факторијална патогенезата на сите тумори. Генетиката не можеме ние да ја промениме. Таа е сепак еден ризик фактор од генетска диспозиција, меѓутоа можеме да влијаеме на оние ризик фактори кои можеме да ги избегнеме. Сонцето е еден од најсилните канцерогени, ултравиолетовите зраци, меѓутоа другите видови на зрачење, експозиција на одредени токсични материи, супстанци, има теории денес дека различните загадувачи на воздухот исто така може да влијаат во сето ова. Значи треба да има една поширока активност на заедницата. Но сепак фактор број еден кога треба да се избегне рак за заштита на кожа тоа е заштита од сончевото зрачење – рече тој. Петров вели дека ова болест на повозрасната популација, меѓутоа, како што посочува, тоа не е исклучок, туку може да се јави во која било возраст. – Сакам да ги успокојам оние коишто често доаѓаат со дечиња во амбулантите до десетгодишна возраст практично не постои или е екстремно редок во светската литература најопасниот тумор на кожата меланом. Оваа болест е сепак болест на повозрасната популација, меѓутоа тоа не е исклучок, не е само ексклузивно право на возрасните луѓе, туку може да се јави кај млади луѓе, може да се јави во средна возраст, може да се јави во било која возраст. А кај луѓето што имале една личност во домот кој што заболувал од оваа болест треба да се знае дека секогаш треба да се мисли дека може да се јави уште кај еден почесто отколку кај целокупната популација. Заради тоа треба да се води многу сметка. И секоја промена која ни е чудна да не си играме и да ја провериме – изјави Петров. Тој препорачува граѓаните дома да направат самопреглед според АБЦД правилото, односно да ја проверат секоја промена во формата, бојата, границата на бемките. Упати совет до граѓаните да не одат во солариуми, бидејќи, како што рече, сончањето во солариум е 24 пати поштетно за развој на кожа отколку сончево зрачење. -Сакаме да препорачаме да се заштитиме сонцето, бидејќи денес сонцето по дефиниција на СЗО е докажан канцероген. И во Македонија земја каде што сонцето пече со многу сончеви денови треба да се употребуваат високи фактори за заштита од сонце, фактор 50 плус за заштита од сонце и тоа е многу важно да се прави кај сите луѓе особено кај луѓето со светла кожа и со светла боја на очите, кај луѓето кои имаат историја за рак на кожа во семејството. И она на што на сите им го советувам не одете во солариум, може колку сакаат да се лутат сопствениците на солариумот, не одете во солариуми, штетно сончањето во солариум е 24 пати поштетно за развој на кожа отколку сончево зрачење. Подобро отидете на плажа, заштитете се со фактор за сонце отколку да одите во солариум.

The post Сончањето во солариум е 24 пати поштетно за развој на рак на кожа отколку сонцето, подобро одете на плажа и заштитете се со крема за сончање appeared first on Република.

]]>