Сојуз на здруженија на дијабетичари на Македонија Archives - Република https://republika.mk/tema/sojuz-na-zdruzenija-na-dijabetichari-na-makedonija/ За подобро да се разбереме Wed, 07 Feb 2024 09:09:31 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Сојуз на здруженија на дијабетичари на Македонија Archives - Република https://republika.mk/tema/sojuz-na-zdruzenija-na-dijabetichari-na-makedonija/ 32 32 Дијабетичарите повторно алармираат дека немаат „оземпик“ и „рибелсус“ https://republika.mk/zivot/zdravje/dijabeticharite-povtorno-alarmiraat-deka-nemaat-ozempik-i-ribelsus/ Wed, 07 Feb 2024 09:09:31 +0000 https://republika.mk/?p=741290

Сојузот на здруженија на дијабетичари на Македонија (СЗДМ) повторно алармира дека се појавува недостиг од „оземпик“ и „рибелсус“, терапија која им е потребна за регулирање на шеќерот во крвта. Тие поставиле прашање до Министерството за здравство, но не се задоволни од одговорот и бараат оттаму транспарентно да делувааат и навремено да имаат информации за тековниот период.

За жал, повторно ни се случува недостиг на инсулин, за кој поставивме прашање до Министерството за здравство, од каде добивме официјален одговор дека заради реевидирање на количините на „ризодог“ согласно количините предвидени во реалзиација на тековниот тендер, се делат само останати количини по бројка, за сите други пациенти треба да се консултираат со своите специјалти - еднокринолози/дијабетолози и заеднички направат вистинки избор за замена на инсулинска терапија, велат од Сојузот.

Од СЗДМ ја известуваат јавноста дека се појавува недостиг на терапија „оземпик“ и „рибелсус“.

Побаравме информација од Министерството за здравство со чиј одговор, но, според нас, одговорот не е реален и продолживме со консултација со компаниите. Нашите информации говорат дека има терапија, за сите постојни пациенти до потпишувањето на договоорот за набвака и планираните дополнителни количини, но за жал не сите и секој ја добиваме континуирано и навремено, велат од Сојузот.

Според СЗДМ моменталната состојба само ги потврдува нивните долгогодишни барања за промени во моделот на достапност на терпија и помагала со отворен пазар и воведување на референтни цени.

Ние, сакаме да сериозно го подигнеме квалитетот на животот на лицата со дијабетес, со конкретни мерки и активности од државата. Затоа апелирале на сериозност на Министерството за здравство и транспаретно да се делува и навремено да имаме информации во тековниот период, велат од СЗДМ.

The post Дијабетичарите повторно алармираат дека немаат „оземпик“ и „рибелсус“ appeared first on Република.

]]>

Пет години се чека набавка на сензори за децата со дијабетес, нема ниту термини за контрола https://republika.mk/zivot/zdravje/pet-godini-se-cheka-nabavka-na-senzori-za-decata-so-dijabetes-nema-nitu-termini-za-kontrola/ Mon, 14 Nov 2022 12:57:41 +0000 https://republika.mk/?p=573654

Децата со дијабетес во земјава сè уште немаат сензори што безболно ќе ја мерат гликемијата. Наташа Деспотовска-Димитриевска, претседателката на БАЛАНС МК – Асоцијацијата за детски дијабетес, вели дека се поминати пет години откако е поднесено барањето до надлежните институции и искрено верува оти оваа година конечно ќе има разрешница по тоа прашање. Трошоците на родителите кои ги набавуваат сензорите од странство се во просек околу 1500 евра годишно.

Дијабетесот е доста сериозна хронична состојба кај којашто компликациите речиси се и неизбежни. Веруваме дека Министерството за здравство ќе направи напор и дека и децата конечно ќе ги добијат сензорите. Долги години родителите тешко доаѓаат до нив, бидејќи ги нарачуваме преку трети луѓе од странство, а финансискиот издаток е навистина голем за едно семејство. Во просек, годишно тие сензори не чинат околу 1500 евра по детенце, изјави Деспотовска-Димитриевска на денешната Тркалезна маса „Предизвиците за дијабетесот во Македонија – заедно еден со друг“, по повод 14 ноември – Светскиот ден на дијабетесот.

Како што информираше таа, во пораст е бројот на деца со дијабетес, не само во земјава, туку и на глобално ниво. Дебелината кај децата претставува се поголем проблем и со тоа, како што додаде Деспотовска-Димитриевска, доаѓа до проблем кај педијатриската популација.

 По однос на терапии, не недостигаат. Имаме редовна инсулинска терапија и за тип 1 и тип 2. Остануваме да се бориме за сè што е иновативно. Сериозен недостиг се појави во текот на изминатата година од ленти, но би сугерирала да се разгледа сериозно барањето за поквалитетни ленти, бидејќи само со нив се обезбедува добра гликемиска контрола, заклучи Деспотовска-Димитриевска.

Претседателот на Сојузот на здруженија на дијабетичари, Диме Велев вели дека со недостиг на инсулин се соочуваат околу една недела, што според него, не е долг период.

Почнавме повторно со солидарноста по социјални мрежи, телефонски, со дополнување меѓу нас. Инсулинските аптеки добиле информација дека ќе има одреден период недостиг и почнуваат да ја намалуваат, односно даваат помалку на повеќе луѓе. Тоа што го имаме како информација е дека е претходниот тендер е инициран и треба да се дополнува постапката, односно има административна пречка во однос на потпишување на документација за примопредавање на дополнителни количини, истакна Велев.

Очекува оваа недела да заврши тој недостиг и веќе од утре да бидат достапни соодветни количини низ целата земја. Навикнати на недостигот, секогаш чуваат резервни пенкала.

Во однос на бројот на примателите на инсулин, Велев посочи дека официјално на инсулин се околу 46.000 лица. Како најголем проблем, тој ги посочи термините за контрола што ги нема веќе подолго време.

Термини немаме подолго време, не само на Ендокринологија, туку и низ сите центри за дијабетес во земјава. Преку асоцијација на пациентски организации уште од летото континуирано апелираме да се реши овој проблем со зголемување на термините, со можност за пристап до кој било од упатите, односно редовни контроли по амбулантите. Ние се снаоѓаме со брзи упати, приоритетни, па се префрлуваат од една на друга амбуланта и имаме сериозен предизвик со тоа дека нема доволно доктори низ центрите за дијабетес. Во Делчево, Берово дури сега добија интернисти и започнаа со работа, појасни претседателот на СЗДМ.

Сојузот на здруженија на дијабетичари Светскиот ден против дијабетесот го одбележува со цел подигнување на свесноста во јавноста, кај лицата кои живеат со оваа состојба, но и кај институциите што се вклучени во третманот на дијабетесот. 

The post Пет години се чека набавка на сензори за децата со дијабетес, нема ниту термини за контрола appeared first on Република.

]]>

Децата со дијабетес во земјава сè уште немаат сензори што безболно ќе ја мерат гликемијата. Наташа Деспотовска-Димитриевска, претседателката на БАЛАНС МК – Асоцијацијата за детски дијабетес, вели дека се поминати пет години откако е поднесено барањето до надлежните институции и искрено верува оти оваа година конечно ќе има разрешница по тоа прашање. Трошоците на родителите кои ги набавуваат сензорите од странство се во просек околу 1500 евра годишно.
Дијабетесот е доста сериозна хронична состојба кај којашто компликациите речиси се и неизбежни. Веруваме дека Министерството за здравство ќе направи напор и дека и децата конечно ќе ги добијат сензорите. Долги години родителите тешко доаѓаат до нив, бидејќи ги нарачуваме преку трети луѓе од странство, а финансискиот издаток е навистина голем за едно семејство. Во просек, годишно тие сензори не чинат околу 1500 евра по детенце, изјави Деспотовска-Димитриевска на денешната Тркалезна маса „Предизвиците за дијабетесот во Македонија – заедно еден со друг“, по повод 14 ноември – Светскиот ден на дијабетесот.
Како што информираше таа, во пораст е бројот на деца со дијабетес, не само во земјава, туку и на глобално ниво. Дебелината кај децата претставува се поголем проблем и со тоа, како што додаде Деспотовска-Димитриевска, доаѓа до проблем кај педијатриската популација.
 По однос на терапии, не недостигаат. Имаме редовна инсулинска терапија и за тип 1 и тип 2. Остануваме да се бориме за сè што е иновативно. Сериозен недостиг се појави во текот на изминатата година од ленти, но би сугерирала да се разгледа сериозно барањето за поквалитетни ленти, бидејќи само со нив се обезбедува добра гликемиска контрола, заклучи Деспотовска-Димитриевска.
Претседателот на Сојузот на здруженија на дијабетичари, Диме Велев вели дека со недостиг на инсулин се соочуваат околу една недела, што според него, не е долг период.
Почнавме повторно со солидарноста по социјални мрежи, телефонски, со дополнување меѓу нас. Инсулинските аптеки добиле информација дека ќе има одреден период недостиг и почнуваат да ја намалуваат, односно даваат помалку на повеќе луѓе. Тоа што го имаме како информација е дека е претходниот тендер е инициран и треба да се дополнува постапката, односно има административна пречка во однос на потпишување на документација за примопредавање на дополнителни количини, истакна Велев.
Очекува оваа недела да заврши тој недостиг и веќе од утре да бидат достапни соодветни количини низ целата земја. Навикнати на недостигот, секогаш чуваат резервни пенкала. Во однос на бројот на примателите на инсулин, Велев посочи дека официјално на инсулин се околу 46.000 лица. Како најголем проблем, тој ги посочи термините за контрола што ги нема веќе подолго време.