софтвери Archives - Република https://republika.mk/tema/softveri/ За подобро да се разбереме Tue, 01 Oct 2024 10:53:03 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png софтвери Archives - Република https://republika.mk/tema/softveri/ 32 32 За време на СДСМ-ДУИ купени се софтвери вредни 9.5 милиони евра, кои не се ни користат https://republika.mk/vesti/makedonija/za-vreme-na-sdsm-dui-kupeni-se-softveri-vredni-9-5-milioni-evra-koi-ne-se-ni-koristat/ Tue, 01 Oct 2024 10:53:03 +0000 https://republika.mk/?p=821368

„Владата на СДС и ДУИ набавувала милионски софтвери кои не се користат, а се платени“, потенцираше на денешната прес-конференција Миле Лефков, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Според Извештајот на ДЗР за 2021 година, изготвен во 2023 година се вели дека во деловните книги на Владата евидентирани се софтвери и лиценци во вкупен износ од 576.514.000 денари, од кои дел се набавени и се користат во повеќе институции од јавната администрација. Но, за дел не добиле документација дека истите се користат од страна на Владата или се дадени на користење на други институции. Тоа се 9.5 милиони евра народни пари потрошени за софтвери, од кои според ДЗР дел воопшто и не се пуштени во употреба. 9.5 милиони евра се пари со кои можеле да се направат 9 градинки, наместо истите да се фрлат за софтвери кои нема да се користат. Со 9.5 милиони евра можело да се набават 200 амбулантни возила или 100 противпожарни возила. Но наместо во неопходни средства и ресурси за државата СДС и ДУИ парите ги фрлале на тендери за софтвери кои никогаш и не профункционирале. Неодговорното однесување веќе е минато и никогаш не смее да се повтори, порача Лефков.

The post За време на СДСМ-ДУИ купени се софтвери вредни 9.5 милиони евра, кои не се ни користат appeared first on Република.

]]>

„Владата на СДС и ДУИ набавувала милионски софтвери кои не се користат, а се платени“, потенцираше на денешната прес-конференција Миле Лефков, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.
Според Извештајот на ДЗР за 2021 година, изготвен во 2023 година се вели дека во деловните книги на Владата евидентирани се софтвери и лиценци во вкупен износ од 576.514.000 денари, од кои дел се набавени и се користат во повеќе институции од јавната администрација. Но, за дел не добиле документација дека истите се користат од страна на Владата или се дадени на користење на други институции. Тоа се 9.5 милиони евра народни пари потрошени за софтвери, од кои според ДЗР дел воопшто и не се пуштени во употреба. 9.5 милиони евра се пари со кои можеле да се направат 9 градинки, наместо истите да се фрлат за софтвери кои нема да се користат. Со 9.5 милиони евра можело да се набават 200 амбулантни возила или 100 противпожарни возила. Но наместо во неопходни средства и ресурси за државата СДС и ДУИ парите ги фрлале на тендери за софтвери кои никогаш и не профункционирале. Неодговорното однесување веќе е минато и никогаш не смее да се повтори, порача Лефков.

The post За време на СДСМ-ДУИ купени се софтвери вредни 9.5 милиони евра, кои не се ни користат appeared first on Република.

]]>
Лефков: Влада на СДС и ДУИ набавила софтвери за 9.5 милиони евра, од кои дел не се ни користат https://republika.mk/vesti/makedonija/lefkov-vlada-na-sds-i-dui-nabavila-softveri-za-9-5-milioni-evra-od-koi-del-ne-se-ni-koristat/ Tue, 01 Oct 2024 10:23:24 +0000 https://republika.mk/?p=821323

Владата на СДС и ДУИ набавувала милионски софтвери кои не се користат, а се платени. Според Извештајот на ДЗР за 2021 година, изготвен во 2023 година се вели дека во деловните книги на Владата евидентирани се софтвери и лиценци во вкупен износ од 576.514.000 денари, од кои дел се набавени и се користат во повеќе институции од јавната администрација. Но, за дел не добиле документација дека истите се користат од страна на Владата или се дадени на користење на други институции, истакна Миле Лефков, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Тоа се 9.5 милиони евра народни пари потрошени за софтвери, од кои според ДЗР дел воопшто и не се пуштени во употреба.

9.5 милиони евра се пари со кои можеле да се направат 9 градинки, наместо истите да се фрлат за софтвери кои нема да се користат.

Со 9.5 милиони евра можело да се набават 200 амбулантни возила или 100 противпожарни возила. Но наместо во неопходни средства и ресурси за државата СДС и ДУИ парите ги фрлале на тендери за софтвери кои никогаш и не профункционирале.

Неодговорното однесување веќе е минато и никогаш не смее да се повтори, додава Лефков.

The post Лефков: Влада на СДС и ДУИ набавила софтвери за 9.5 милиони евра, од кои дел не се ни користат appeared first on Република.

]]>

Владата на СДС и ДУИ набавувала милионски софтвери кои не се користат, а се платени. Според Извештајот на ДЗР за 2021 година, изготвен во 2023 година се вели дека во деловните книги на Владата евидентирани се софтвери и лиценци во вкупен износ од 576.514.000 денари, од кои дел се набавени и се користат во повеќе институции од јавната администрација. Но, за дел не добиле документација дека истите се користат од страна на Владата или се дадени на користење на други институции, истакна Миле Лефков, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ. Тоа се 9.5 милиони евра народни пари потрошени за софтвери, од кои според ДЗР дел воопшто и не се пуштени во употреба. 9.5 милиони евра се пари со кои можеле да се направат 9 градинки, наместо истите да се фрлат за софтвери кои нема да се користат. Со 9.5 милиони евра можело да се набават 200 амбулантни возила или 100 противпожарни возила. Но наместо во неопходни средства и ресурси за државата СДС и ДУИ парите ги фрлале на тендери за софтвери кои никогаш и не профункционирале. Неодговорното однесување веќе е минато и никогаш не смее да се повтори, додава Лефков.

The post Лефков: Влада на СДС и ДУИ набавила софтвери за 9.5 милиони евра, од кои дел не се ни користат appeared first on Република.

]]>
Фирма во сопственост на странски конзул и колега на Ковачевски добива тендери во износ од 40 милиони евра за лиценци за комјутерски програми https://republika.mk/vesti/makedonija/firma-vo-sopstvenost-na-stranski-konzul-i-kolega-na-kovachevski-dobiva-tenderi-vo-iznos-od-40-milioni-evra-za-litsentsi-za-komjuterski-programi/ Mon, 18 Sep 2023 07:35:51 +0000 https://republika.mk/?p=682749

Димитар Ковачевски на својот пријател и колега Марко Андонов преку фирмата Аитоникс директно преку два тендери му дава 40 милиони евра, се вели во партиското соопштение на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Два тендера за софтверски лиценци во рок од 3 години, најпрвно 15 милиони евра во 2020 година и 25 милиони евра во 2023 година. Фирмата Аитоникс е во сопственост на Марко Андонов, кои владата го именувала за почесен конзул Грузија во Македонија, тоа значи дека истиот добива дипломатски статус со задача да ги промовира интересите на странска влада која го назначува. Тендерите кои фирмата Аитоникс ги добива се за лиценци за компјутерски програми и со тоа би требало да гарантираат сајбер безбедност. Како фирма која ја води конзул на друга држава би гарантирала сајбер безбедност во Македонија? Тотална неспособност и забеганост на владата на ДУИ и СДС е пресликана во целосната незбедност од сајбер напади врз државните институции кога блиски луѓе на Ковачевски ги добиваат тендерите кои треба да обезбедат безбедност на системите во Македонија. Владата на Ковачевски плаќа 40 милиони евра за софтвери за лиценци на фирма која ја води конзул на друга држава, а цела година училиштата беа цел на сајбер напади, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Институциите треба да се одважат и да постапат за овој случај, каде конзул на друга држава во Македонија добива тендери во износ од над 40 милиони евра. Тендери во кои постојат сериозни индиции за влијание и корупција, додаваат од опозциската партија.

The post Фирма во сопственост на странски конзул и колега на Ковачевски добива тендери во износ од 40 милиони евра за лиценци за комјутерски програми appeared first on Република.

]]>

Димитар Ковачевски на својот пријател и колега Марко Андонов преку фирмата Аитоникс директно преку два тендери му дава 40 милиони евра, се вели во партиското соопштение на опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Два тендера за софтверски лиценци во рок од 3 години, најпрвно 15 милиони евра во 2020 година и 25 милиони евра во 2023 година. Фирмата Аитоникс е во сопственост на Марко Андонов, кои владата го именувала за почесен конзул Грузија во Македонија, тоа значи дека истиот добива дипломатски статус со задача да ги промовира интересите на странска влада која го назначува. Тендерите кои фирмата Аитоникс ги добива се за лиценци за компјутерски програми и со тоа би требало да гарантираат сајбер безбедност. Како фирма која ја води конзул на друга држава би гарантирала сајбер безбедност во Македонија? Тотална неспособност и забеганост на владата на ДУИ и СДС е пресликана во целосната незбедност од сајбер напади врз државните институции кога блиски луѓе на Ковачевски ги добиваат тендерите кои треба да обезбедат безбедност на системите во Македонија. Владата на Ковачевски плаќа 40 милиони евра за софтвери за лиценци на фирма која ја води конзул на друга држава, а цела година училиштата беа цел на сајбер напади, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ. Институциите треба да се одважат и да постапат за овој случај, каде конзул на друга држава во Македонија добива тендери во износ од над 40 милиони евра. Тендери во кои постојат сериозни индиции за влијание и корупција, додаваат од опозциската партија.

The post Фирма во сопственост на странски конзул и колега на Ковачевски добива тендери во износ од 40 милиони евра за лиценци за комјутерски програми appeared first on Република.

]]>
СДС за 3 години на тендери за софтвери троши 40 милиони, а од болните се крадат цитостатици https://republika.mk/vesti/makedonija/sds-za-3-godini-na-tenderi-za-softveri-troshi-40-milioni-a-od-bolnite-se-kradat-tsitostatitsi/ Fri, 15 Sep 2023 07:07:58 +0000 https://republika.mk/?p=682051

СДС за 3 години на тендери за софтвери троши 40 милиони, а од болните се крадат цитостатици, нема инсулин, деца умираат зошто нема пари за лечење, велат во партиското соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.

Со 40 милиони колку што власта потроши на матните тендери за софтвери и 20 милиони дупка во Онкологија ќе се направеше половина Клинички центар, можеше да се опремат сите болници низ државата со најсовремена опрема, ќе се набавеа 1.200 болнички возила, ќе се купеа лекови за ретки болести.

Но наместо за народот власта краде од тендери, а краде и од болните, кои наместо терапија добиваат физиолошки раствор.

Македонија не може да тргне ни милиметар напред додека СДС и ДУИ се на власт, зошто додека тие крадат на тендери и од болните, деца умираат зошто нема пари за лечење.

Со СДС и ДУИ во Македонија базичните услуги кои треба да ги обезбедува системот стануваат луксуз. Потребни се промени. Потребен е рестарт на системот, стои во соопштението на партијата.

The post СДС за 3 години на тендери за софтвери троши 40 милиони, а од болните се крадат цитостатици appeared first on Република.

]]>

СДС за 3 години на тендери за софтвери троши 40 милиони, а од болните се крадат цитостатици, нема инсулин, деца умираат зошто нема пари за лечење, велат во партиското соопштение од ВМРО-ДПМНЕ. Со 40 милиони колку што власта потроши на матните тендери за софтвери и 20 милиони дупка во Онкологија ќе се направеше половина Клинички центар, можеше да се опремат сите болници низ државата со најсовремена опрема, ќе се набавеа 1.200 болнички возила, ќе се купеа лекови за ретки болести. Но наместо за народот власта краде од тендери, а краде и од болните, кои наместо терапија добиваат физиолошки раствор. Македонија не може да тргне ни милиметар напред додека СДС и ДУИ се на власт, зошто додека тие крадат на тендери и од болните, деца умираат зошто нема пари за лечење. Со СДС и ДУИ во Македонија базичните услуги кои треба да ги обезбедува системот стануваат луксуз. Потребни се промени. Потребен е рестарт на системот, стои во соопштението на партијата.

The post СДС за 3 години на тендери за софтвери троши 40 милиони, а од болните се крадат цитостатици appeared first on Република.

]]>
Затвор и веридба: Обвинет од „Софтвери“ клекна и ја праша обвинетата дали ќе се омажи за него https://republika.mk/vesti/makedonija/zatvor-i-veridba-obvinet-od-softveri-klekna-i-ja-prasha-obvinetata-dali-ke-se-omazhi-za-nego/ Thu, 06 Jul 2023 14:21:33 +0000 https://republika.mk/?p=658705

Четвртообвинетиот Даниел Станчев, четвртообвинетиот во случајот „Софтвери“ кој денес доби казна затвор од 4 години, ја запроси обвинетата Ирена Ивановска после изрекувањето на пресудите во случајот откако обвинителката побара притвор за него затоа што имало опасност да избега оти бил неженет. Обвинетиот се сврти кон обвинетата Ирена Ивановска која денес доби 3 и пол години затвор, кажа дека е вљубен во неа и ја побара за жена.

„Во однос на мојата семејна состојба која за обвинителката е околност дека како неженет би се дал во бегство, еве со моето срце јавно ја прашувам Ирена Ивановка дали ќе се омажи за мене. Дали ти после осум години ќе се омажиш за мене. Ти си единствената причина поради која останав во оваа земја“, клекна на колена Даниел, а Ирена Ивановска му одговори со „да“.

Судијката им честиташе пред да се повлече од судницата за да решава дали ќе им одреди притвор, а останатите во судница останаа со изненадени лица.

„Прекрасен момент за вас двајца, ви честитам“, рече судијката Фанка Јанчулева Михаиловска од Основниот кривичен суд Скопје.

По ова беше дадена пауза за да се одлучи на барањата за притвор.

The post Затвор и веридба: Обвинет од „Софтвери“ клекна и ја праша обвинетата дали ќе се омажи за него appeared first on Република.

]]>

Четвртообвинетиот Даниел Станчев, четвртообвинетиот во случајот „Софтвери“ кој денес доби казна затвор од 4 години, ја запроси обвинетата Ирена Ивановска после изрекувањето на пресудите во случајот откако обвинителката побара притвор за него затоа што имало опасност да избега оти бил неженет. Обвинетиот се сврти кон обвинетата Ирена Ивановска која денес доби 3 и пол години затвор, кажа дека е вљубен во неа и ја побара за жена.
„Во однос на мојата семејна состојба која за обвинителката е околност дека како неженет би се дал во бегство, еве со моето срце јавно ја прашувам Ирена Ивановка дали ќе се омажи за мене. Дали ти после осум години ќе се омажиш за мене. Ти си единствената причина поради која останав во оваа земја“, клекна на колена Даниел, а Ирена Ивановска му одговори со „да“.
Судијката им честиташе пред да се повлече од судницата за да решава дали ќе им одреди притвор, а останатите во судница останаа со изненадени лица.
„Прекрасен момент за вас двајца, ви честитам“, рече судијката Фанка Јанчулева Михаиловска од Основниот кривичен суд Скопје.
По ова беше дадена пауза за да се одлучи на барањата за притвор.

The post Затвор и веридба: Обвинет од „Софтвери“ клекна и ја праша обвинетата дали ќе се омажи за него appeared first on Република.

]]>
Одбраната на Рашковски побара ослободителна пресуда за случајот „Софтвери“ https://republika.mk/vesti/makedonija/odbranata-na-rashkovski-pobara-osloboditelna-presuda-za-sluchajot-softveri/ Mon, 12 Jun 2023 12:33:57 +0000 https://republika.mk/?p=650501

Мотивот колку што беше докажување на невиноста, толку беше и докажување на еден нов начин на водење на судска пракса, изјави денеска обвинетиот Драги Рашковски во своите завршни зборови за случајот „Софтвери“.

Во Основниот кривичен суд Скопје, Рашковски денеска детално ги образложи завршните зборови и ги изнесе аргументите со кои ги побива, како што рече, „седумте теории на Обвинителството“.

Рашковски се осврна детално на изведените докази за кои имаше забелешки за нивната исправност. Тој ги издвои сведочењата на вештите лица кои, како што рече, утврдија дека сите постапки се водени согласно Законот за јавни набавки.

Вештите лица на одбраната и вештите лица на Обвинителството, заклучуваат дека постапките се водени согласно Законот за јавни набавки, рече тој.

Во своите завршни зборови, обвинетиот Рашковски изнесе ставови за побивање на дигиталните докази, како и анализа на специфичните докази на Обвинителство.

Во целиот овој процес, одбраната беше таа која напаѓаше, а Обвинителството на таквите напади немаше никаков одговор. Девизата на одбраната е нападот е најдобра одбрана, стои во писмените завршни зборови на Рашковски кои тој ги проследи до Судечкиот совет и јавноста.

Тој побара Судот да донесе, како што рече, „правична одлука“.

Неговиот адвокат, Владимир Доневски, во завршните зборови посочи дека Обвинителството со ниту еден доказ не докажало дека Драги Рашковски не ги извршил своите обврски во извршувањето на четирите јавни набавки.

Тој истакна дека од обвинението изостануваат сите законски обележја за свест и намера за кривичното дело „злоупотреба на службена положба и овластување“, што му се става на товар на обвинетиот Рашковски.

Судот оваа постапка може да ја заврши само на еден начин, а тоа е донесување на пресуда со која обвинетиот ќе се ослободи од обвинението, бидејќи Јавното обвинителство не покажа дека обвинетиот ги сторил кривичните дела надвор од разумното сомнение, рече адвокатот.

На денешното рочиште завршни зборови даде и одбраната на обвинетиот Даниел Станчев, која, исто така, побара ослободителна пресуда.

Според обвинението, првообвинетиот Драги Рашковски, не ги извршил службените должности при спроведување на четири постапки за јавна набавка за систем за биометриска идентификација, јавна набавка на софтвер за определување на просечна брзина на возила во сообраќајот и изрекување на казни, набавка на АНПР камери за препознавање на регистарски таблички за возила и јавна набавка на метални кабини за потребите на системот на биометриска идентификација и систем за автоматско препознавање на регистарски таблици.

Рашковски е обвинет за кривичните дела „злоупотреба на службена положба и овластување” и „перење пари и други приноси од казниво дело”, а лицата Ивица Димитровски, Игор Христов, Даниел Станчев, Ирена Ивановска, Игор Ивановски и Маја Силјаноска се обвинети за „злоупотреба на службената положба и овластување”.

Случајот го води судијката Фанка Јанчулева Михаиловска, а застапник на обвинението е обвинителката Ивана Трајчева.

The post Одбраната на Рашковски побара ослободителна пресуда за случајот „Софтвери“ appeared first on Република.

]]>

Мотивот колку што беше докажување на невиноста, толку беше и докажување на еден нов начин на водење на судска пракса, изјави денеска обвинетиот Драги Рашковски во своите завршни зборови за случајот „Софтвери“. Во Основниот кривичен суд Скопје, Рашковски денеска детално ги образложи завршните зборови и ги изнесе аргументите со кои ги побива, како што рече, „седумте теории на Обвинителството“. Рашковски се осврна детално на изведените докази за кои имаше забелешки за нивната исправност. Тој ги издвои сведочењата на вештите лица кои, како што рече, утврдија дека сите постапки се водени согласно Законот за јавни набавки.
Вештите лица на одбраната и вештите лица на Обвинителството, заклучуваат дека постапките се водени согласно Законот за јавни набавки, рече тој.
Во своите завршни зборови, обвинетиот Рашковски изнесе ставови за побивање на дигиталните докази, како и анализа на специфичните докази на Обвинителство.
Во целиот овој процес, одбраната беше таа која напаѓаше, а Обвинителството на таквите напади немаше никаков одговор. Девизата на одбраната е нападот е најдобра одбрана, стои во писмените завршни зборови на Рашковски кои тој ги проследи до Судечкиот совет и јавноста.
Тој побара Судот да донесе, како што рече, „правична одлука“. Неговиот адвокат, Владимир Доневски, во завршните зборови посочи дека Обвинителството со ниту еден доказ не докажало дека Драги Рашковски не ги извршил своите обврски во извршувањето на четирите јавни набавки. Тој истакна дека од обвинението изостануваат сите законски обележја за свест и намера за кривичното дело „злоупотреба на службена положба и овластување“, што му се става на товар на обвинетиот Рашковски.
Судот оваа постапка може да ја заврши само на еден начин, а тоа е донесување на пресуда со која обвинетиот ќе се ослободи од обвинението, бидејќи Јавното обвинителство не покажа дека обвинетиот ги сторил кривичните дела надвор од разумното сомнение, рече адвокатот.
На денешното рочиште завршни зборови даде и одбраната на обвинетиот Даниел Станчев, која, исто така, побара ослободителна пресуда. Според обвинението, првообвинетиот Драги Рашковски, не ги извршил службените должности при спроведување на четири постапки за јавна набавка за систем за биометриска идентификација, јавна набавка на софтвер за определување на просечна брзина на возила во сообраќајот и изрекување на казни, набавка на АНПР камери за препознавање на регистарски таблички за возила и јавна набавка на метални кабини за потребите на системот на биометриска идентификација и систем за автоматско препознавање на регистарски таблици. Рашковски е обвинет за кривичните дела „злоупотреба на службена положба и овластување” и „перење пари и други приноси од казниво дело”, а лицата Ивица Димитровски, Игор Христов, Даниел Станчев, Ирена Ивановска, Игор Ивановски и Маја Силјаноска се обвинети за „злоупотреба на службената положба и овластување”. Случајот го води судијката Фанка Јанчулева Михаиловска, а застапник на обвинението е обвинителката Ивана Трајчева.

The post Одбраната на Рашковски побара ослободителна пресуда за случајот „Софтвери“ appeared first on Република.

]]>
Судењето на Драги Рашковски за случајот „Софтвери“ продолжува на 1 ноември https://republika.mk/vesti/crna-hronika/sudenjeto-na-dragi-rashkovski-za-sluchajot-softveri-prodolzuva-na-1-noemvri/ Thu, 13 Oct 2022 11:26:38 +0000 https://republika.mk/?p=560555

Судењето на поранешниот генерален секретар на Владата, Драги Рашковски, кој заедно со уште шест лица се товари за нелегалната набавка на софтвер, продолжува на 1 ноември, откако на денешното рочиште во Основниот кривичен суд – Скопје беа сослушани повеќе сведоци предложени од Обвинителството.

Судскиот процес се наоѓа во доказна постапка и го води судијката Фанка Јанчулева Михаиловска, а застапник на обвинението е Ивана Трајчевска.

За следно рочиште се повикани четворица сведоци, меѓу кои и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

На денешното рочиште, последен беше сослушан сведокот Анета Стефковска, која во 2020 година работела како економист во Генералниот секретаријат за јавни набавки на Владата, која во својот исказ пред Судот, рече дека набавката на софтверот за мерење просечна брзина не била предвидена во годишниот план, но бил во измената и дополнувањето, што е исто.

Сведокот рече дека првата постапка за јавна набавка била повлечена поради „основни и битни пропусти во првата јавна набавка“, а по укажување од кабинетот на Генералниот секретар. Втората постапка, пак била поништена заради ниту една прифатлива понуда, односно, како што рече сведокот, дека никој не го исполнил условот за техничка реализација.

Стефковска рече дека критериум за избор на сите три јавни набавки дека била најниска цена и дека не се сеќава на измени во бодувањето на критериумите.

Како и секоја техничка спецификација доаѓаше од кабинетот или лично од Генералниот секретар, а некогаш и од лицето Игор Христов. Целосната оценка се спроведува од комисијата формирана за тоа, изјави сведокот Стефковска.

Прашана дали во тендерската јавна набавка постоеле рокови до кога софтверот требало да биде ставен во функција, таа рече дека “да, мора да има, тоа е како задолжителна ставка за сите постапки”.

На повеќе прашања од Драги Рашковски, во насока дали додека бил генерален секретар на Владата секогаш ги исполнувал неговите обврски во делот на јавните набавки, сведокот одговори „да ги извршувате сите овие работи“.

Прашана од Рашковски „дали некогаш во постапките по предметните јавни набавки имала притисок од него како генерален секретар на Владата, Стефковска одговори „не“.

Сведокот, исто така, рече дека и додека Рашковски бил генерален секретар на Владата никогаш не и дал насока некого да дисквалификува од постапките за јавни набавки.

На прашање од Рашковски, дали како генерален секретар на Владата, го прифатил предлогот на Комисијата за јавната набавка, сведокот одговори потврдно.

Претходно на денешното рочиште, беа сослушани двајца сведоци – Иван Чорбев, професор на ФИНКИ, кој додека бил декан на Факултетот потпишал меморандум за соработка со фирми кои го контактирале професорот Ивица Димитровски од ФИНКИ, за соработка за софтвер за процесирање слики и видео и сведокот Кирил Самарџиоски, вработен како информатичар во Генерален секретаријат на Владата и член на Комисијата за евалуација на набавката на софтверот за определување на просечна брзина на возилата.

Според обвинителниот акт, Рашковски е обвинет за кривичните дела „ Злоупотреба на службена положба и овластување“ и „Перење пари и други приноси од казниво дело“.

Лицата И.Д., И.Х., Д.С., И.И., И.И. и М.С. се обвинети за „Злоупотреба на службена положба и овластување“ од КЗ.

The post Судењето на Драги Рашковски за случајот „Софтвери“ продолжува на 1 ноември appeared first on Република.

]]>

Судењето на поранешниот генерален секретар на Владата, Драги Рашковски, кој заедно со уште шест лица се товари за нелегалната набавка на софтвер, продолжува на 1 ноември, откако на денешното рочиште во Основниот кривичен суд – Скопје беа сослушани повеќе сведоци предложени од Обвинителството. Судскиот процес се наоѓа во доказна постапка и го води судијката Фанка Јанчулева Михаиловска, а застапник на обвинението е Ивана Трајчевска. За следно рочиште се повикани четворица сведоци, меѓу кои и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски. На денешното рочиште, последен беше сослушан сведокот Анета Стефковска, која во 2020 година работела како економист во Генералниот секретаријат за јавни набавки на Владата, која во својот исказ пред Судот, рече дека набавката на софтверот за мерење просечна брзина не била предвидена во годишниот план, но бил во измената и дополнувањето, што е исто. Сведокот рече дека првата постапка за јавна набавка била повлечена поради „основни и битни пропусти во првата јавна набавка“, а по укажување од кабинетот на Генералниот секретар. Втората постапка, пак била поништена заради ниту една прифатлива понуда, односно, како што рече сведокот, дека никој не го исполнил условот за техничка реализација. Стефковска рече дека критериум за избор на сите три јавни набавки дека била најниска цена и дека не се сеќава на измени во бодувањето на критериумите.
Како и секоја техничка спецификација доаѓаше од кабинетот или лично од Генералниот секретар, а некогаш и од лицето Игор Христов. Целосната оценка се спроведува од комисијата формирана за тоа, изјави сведокот Стефковска.
Прашана дали во тендерската јавна набавка постоеле рокови до кога софтверот требало да биде ставен во функција, таа рече дека “да, мора да има, тоа е како задолжителна ставка за сите постапки”. На повеќе прашања од Драги Рашковски, во насока дали додека бил генерален секретар на Владата секогаш ги исполнувал неговите обврски во делот на јавните набавки, сведокот одговори „да ги извршувате сите овие работи“. Прашана од Рашковски „дали некогаш во постапките по предметните јавни набавки имала притисок од него како генерален секретар на Владата, Стефковска одговори „не“. Сведокот, исто така, рече дека и додека Рашковски бил генерален секретар на Владата никогаш не и дал насока некого да дисквалификува од постапките за јавни набавки. На прашање од Рашковски, дали како генерален секретар на Владата, го прифатил предлогот на Комисијата за јавната набавка, сведокот одговори потврдно. Претходно на денешното рочиште, беа сослушани двајца сведоци – Иван Чорбев, професор на ФИНКИ, кој додека бил декан на Факултетот потпишал меморандум за соработка со фирми кои го контактирале професорот Ивица Димитровски од ФИНКИ, за соработка за софтвер за процесирање слики и видео и сведокот Кирил Самарџиоски, вработен како информатичар во Генерален секретаријат на Владата и член на Комисијата за евалуација на набавката на софтверот за определување на просечна брзина на возилата. Според обвинителниот акт, Рашковски е обвинет за кривичните дела „ Злоупотреба на службена положба и овластување“ и „Перење пари и други приноси од казниво дело“. Лицата И.Д., И.Х., Д.С., И.И., И.И. и М.С. се обвинети за „Злоупотреба на службена положба и овластување“ од КЗ.

The post Судењето на Драги Рашковски за случајот „Софтвери“ продолжува на 1 ноември appeared first on Република.

]]>